"Знаење и верување не е исто"

МАКЕДОНСКО ДЕЛО, БРОЈ 349/07.07. 2000

Александар Бонев
 

"Откритието, дека човек може да биде манипулиран од името на науката, дека владите можат како што сакаат да ги манипулираат широките маси во еден или друг правец, е една од причините за нашата беда". - Бетрант Расел
"Човек се горди, завиди, и неневиди, лукавуе и убива тело и душата, телото с орудие нож или пушка или секира, а душа с блуд и пога мисли и помрачение умно". - Џинот, на 13.4.1856 г. во Скопjе
 
Како што видовме во " научните објаснувања" за името на зборникот "Б'лгарски народни песни" интерпретирани од србијанскиот научник И. Иваниќ во 1908 г. и македонските академици Д. Митрев во 1962 г., X. Поленаковиќ во 1973 г., Б. Ристовски во 2000 г. и Великиот Цензор Јован Павловски, логично разумната интерпретација формално мисловно е логична, но има еден недостаток, нема аргументација што потврдува дека таа е изградена од утврдени вистини. А кога некој ја знае вистината и ја крие за да доведе некој друг во заблуда, тоа нешто се вика лага, поради што сите тие логичности конструирани од погоре споменатите имиња содржински се само лаги. Макар што е јасно како бел ден, дека нивните интерпретации за името на Зборникот на Миладиновци не го заслужуваат епитетот научни, оти цел на науката е знаењето, а не верувањето исткаено од лаги, сепак треба да се каже збор-два и за нивната "научна" методологија, која, според жанрот, е сосема истоветна со таа што ја препорачал во 1927 г. србијанскиот историчар д-р Земунски, во книгата "Историја цара Стевана Душана", која своевремено од српскиот окупатор во Македонија е раздавана како: "Поклон ѓацима у Јужној Србији". («Подарък за децата в Южна Сърбия», превод от сръбски Милен Радев.)

Д-р Владимир Николиќ Земунски во предговорот на таа "Историја цара Стевана Душана" - Белград 1927 г., напишана со цел "научно" да се образложи "супериоритет српске расе над осталим народима на Балкана" (стр. 7), го препорачал следното:

"Ми за ова наша гледишта немамо директних података у самим изворима оног времена, али она произилазе из опште ситуације тог доба. Па и традиција нам помаже да ситуацију донекле протумачимо... Историк не може да пита за сваку ствар своје старе изворе, јер они веќином немају ни најнужнијих података; а у тој оскудици не би се могло писање историје чак ни почињати, када оном који пише историју не би било дозвољено, да се послужи правом хипотезе, довијања и загледања у општу ситуацију... модерни историописац види, до којих закључака историографија сме иќи, у место да чека да јој оскудни извори метну све на стол као оно гладном јела на трпезу... И тек како онда, када нас од догаѓаја и људи раставља доба од више векова а за то доба имамо само неке бедне и оскудне изворе! Историк се мора држати извора до онде док му они градиво дају а мора остало просуѓивати из опште ситуације, колико то она могуќности даје". (стр.15)(За това наше становище ние не разполагаме с преки данни от самите източници от онова време, но то произтича от общата ситуация на епохата. Пък и традицията ни помага да проясним донякъде ситуацията... Историкът не може да се допитва за всяко нещо до своите стари източници, тъй като те в по-голямата си част не съдържат най-необходимите данни. При тази оскъдица просто не би могло да се започне с писането на история, ако на този, който пише историята не му се разрешава да използва истински хипотези, умозаключения и анализ на общата ситуация... съвременният историописец е в състояние да види до какви заключения има право да стига историографията, вместо да чака оскъдните източници да й поднесат всичко на масата, като ястие на трапезата на гладен човек... Още повече когато столетия ни делят от събитията и от хората, и имаме само бедни и оскъдни източници от дадената епоха! Историкът трябва да се придържа към изворите когато те му дават градивен материал, а останалото той трябва да извлича от общата ситуация, доколкото това е възможно»., превод от сръбски М.Р.)


Кажано со други думи, според д-р Земунски "историчарот" од фактографијата треба да си го земе по сопствен вкус, како од зелено пазарче, само тоа што може да го зготви при приготвувањето на формалната логичност на заклучокот за божемниот "супериоритет српске расе над осталим народима Балкана". Односно, според српскиот расист д-р Земунски, заклучокот не произлегува од изворите, туку "историчарот" манипулатор треба "фактографијата" да ја конструира според "заклучокот" што наумил да го сервира.

Тенденциозните историографи немаат за цел на јавноста да й презентираат одговор на прашањето што навистина се случувало во минатото, туку да измислуваат и сервираат логичко разумни верувања за настаните од историјата, согласно нивните креации за сегашноста и иднината. Проектирајќи ја посакуваната иднина во непроменливото минато, при креирањето на својата логично разумна интерпретација за верувањето што го проду-цираат како сурогат на вистината за минатото, за да го доведат својот објект на манипулација во состојба на верување, злоупотребувачите на историографијата не бираат средства: безмилосно ја масакрираат фактографијата; ја злоупотребуваат неинформираноста на објектот што е предмет на нивната манипулација; настапуваат сметајќи на изолацијата на јавноста од изворите на вистината што ги кријат; се трудат со сите сили да ја онеспособат јавноста критички да мисли за тоа што тие тврдат дека е вистина... Токму затоа, така изградената логично разумна интерпретација кога ќе дојде во допир со изворите на вистината се разлага на примитивни лаги и злонамерни манипулации во политички цели.

Сега се поставува прашањето како да се дојде до логично разумна аргументација на одговорот за прашањето зошто Зборникот на Миладиновци има наслов "Б'лгарски народни песни", кога сознаниата за настаните од минатото не стигаат до нас "стерилни", не гибнати, туку претходно "обработени" од нејзините запишувачи, кои исто така се производ на интеракцијата меѓу историјата и претходните запишувачи. Думата ми е, историјата не е егзактна наука, во историографијата фактите зборуваат само кога ќе бидат повикани, логично разумните "аргументации" можат да бидат конструирани и без содржински да кореспондираат со реалноста, од друга страна, читателот речиси секогаш не може да ја преиспитува содржината на вистината за тоа што му се кажува дека е вистина, читателот и да знае, не може да ја преиспитува содржината на вистината за тоа што му се кажува дека е вистина, читателот и да знае, не може да знае се, тоа е човечка ситуација. Па затоа кога се соочуваме со историјата, првото што треба да направиме е да најдеме валиден одговор на прашањето со каква цел ни се презентирани сознанијата за минатото, кој е тој штоја напишал таа историја, кои се неговите мотиви, кои се неговите желби и стравови, какви се неговите страсти и размисли, со склоност кон добро и зло, а при тоа не бива да заборавиме дека сите ние како луѓе, како мисловни суштества, сме производ на определен систем на верувања, односно треба да имаме на ум колку можеме да се издигнеме над нашите субјективни желби, стравови, страсти, предрасуди, за да бидеме објективни при восприемањето на фактите и донесувањето на заклучоците.
 

Интерпретации и аргументации
 

"Но и во тоа што Миладиновци сами се одредуваат како. Бугари - треба да се утврди една определена историска сушност. Па и тие самооиределувања да се постават во конкретен исшориски сооднос спрема времето во кое настанале". - Димитар Митрев ("Минато и литература", Скопје 1970, с. 211)
Од крајот на 18-ти до среди-ната на 19 век (sic!?? бел.М.Р)
"Карактеристично е дека етнографските разлики во Македонија кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век не претставува никаков интерес за европскиот свет. Иако Македонија тогаш беше во извесна мера снабдувач на многу гранки на европската индустрија... Европските трговци занесени со своите шпекулации и немаа некое посебно интересирање за ваквите прашања, а научниот свет на Европа, преку него и практичните политичари, врз база на старите историв и податоци, кои одделни патеписци ги добиваа од чичероните за Македонија, обично Грци или Власи. знаеја само толку дека Македониjа е "грчка" земја, населена со Грци со грчка историја, преданија в обичаи. Тие ја сметаа Македонија за составен дел на Грција и не знаеја дека мнозинството од населениетс во неа не е грчко, туку словенско" (Драган Ташковски "Раѓањето не македонската нација", Скопје 1970 с. 119)
Зборот "чичерони" (италијански cicerone), што го употребил Д Ташковски, значи водичи низ италијанските градови, подбивно наречени така по името на римскиот беседник Цицерон.

Па да видиме каков бил инте ресот на "европскиот свет" за "етнографските разлики во Македонија" при крајот на 18 и поче токот на 19 век, и што им кажувале на европејците чичероните, кои биле "обично Грци и Власи".

"Турскиот историчар и географ Хаџи-Калфа (или Ќатиб Челебија) којшто остави и патеписни белешки за своето патување по Европска Турција, кои беа издадени на германски јазик во Виена во 1812 г. под името "Румелија и Босна". Во овие патеписни белешки Хаџи Калфа вели дека "во планините на костурскиот кадил'к живеат Срби и Власи", понатаму тој напоменува дека областа на езерото помеѓу Серез, Солун и Сидерокапса, има село каде што живеат Грци, Срби и Вдаси. Давајќи кратки белешки за Битола, Билишта и Крупишта, тој вели:

"Манастир (Толи Манастир)... Жителите му се Бугари".
"Билишта, Околија... населби се: Костур, Корча, Преспа, Крупишта. Населен е со Бугари и Албанци".
"Хорпишта (Крупишта) на брегот на Костурското Езеро... Околу него се Костур, Билиште, Наслици. Жителите се Бугари".
Евлија Челебија, турски писател од 17 век, којшто многу патувал низ разните области на Турција, во својата книга "Сијахат наме", што подоцна е издадена одново во Цариград во 1879 г. дава низа податоци за краиштата на Македонија низ кои минувал. Меѓу другото тој ја опишува Преспа како населена "со чисто бугарско-каурско население", а најуг од Охридското Езеро "во казата Поградец и Старово има седумдесет села и целата раја се Бугари".

Според "Описот на провинциите на турската држава", напишана од последниот пеќски патријарх Василие Бркиќ во 1771 г. во околностите на Серез имало во мнозинство "бугарско население":

"Провинцијата македонска... Во големото место што се вика Серез има повеќе од дваесет илјади турски куќи, а исто така има и христијански-грчки и бугарски до илјада куќи. Во селата има Бугари и Турци, но бидејќи Бугари има многу повеќе од Турците, затоа во цела Македонија сите Турци знаат бугарски".
Архимандритот Герасим Зелиќ опишувајќи го Солун, што го посетил во јуни 1784 г. пишува:
"Во него најголем број се Турци; но има и Евреи, Грци и Бугари. Грците се толку многу измешани со бугарската нација, што не се знае кој е Грк, кој е Бугарин. Тука се зборува и грчки и бугарски, но најмногу турски".
"Англичанецот Лик ја посети Европска Турција во 1801 г., а во следната година доаѓа во Грција... Во својата книга "Иследувањата на Грција", издадена во Лондон во 1814 г. Лик зборува за областите во кои се распространува бугарскиот јазик:
"Најјужните окрузи каде што бугарскиот јазик е во општа употреба, се на западната страна на Македонија, неколку села во соседната Корча, а на Исток планините, што ги заградуваат големите рамнини солунска, ениџевардарска и воденска. Првиот округ (кочанскиот) е населен од Грци и Албанци, а последниот (воденскиот) треба да се смета како јужен крај на нова Бугарија, затоа што христијаните, што зборуваат бугарски дијалект се распространуваат оттука речиси непрекинато преку северниот дел на самата Македонија, како и на нејзините провинции Пеонија, Пелагонија и други натаму преку цела Мизија и внатрешноста на Тракија до Дунав и околината на Цариград. Само тракискиот брег може да се смета за дел од Грција..."
Феликс Божур беше француски конзул во Солун кон крајот на 17 век. Во 1820 г. во Париз излезе неговата книга "Воено патување низ Отоманската империја". Во неа сс наоѓа следниот податок за Воденско:
"Пела се издига амфитеатрално по склоновите на еден рид, на чија височина стоеше нејзината тврдина кај денешното мало село Аклисија, населено од Бугари - христијани".
(продолжува)

[Back]