Педесет и шест години премолчувањe на вистината

МАКЕДОНСКО ДЕЛО 11 ФЕВРУАРИ 2000

Александар Бонев

Kiril P'rlichev
Кирил Григоров Прличев е роден на 1.3.1875 г. во Охрид. Тој е син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова. Кирил Прличев умира во Охрид на 9.2.1944 година.
Како ученици во југословенските социјалистички манастири учевме за преродбеникот Григор Прличев, при што, за комунистичката власт беше најважно учениците да знаат дека мајка му на Григрр Прличев измеќарувала по богаташките куќи за да го одгледа својот син.
За Григор Прличев учевме дека е син на многу сиромашни родители, дека татко му го изгубил уште како дете, та останал на грижата на мајка си и својот стар дедо, дека сестра му станува слугинка за да го одгледа. Во комунистичкото разубавување на вистината. за Григор Прличев можевме да знаеме дека се оженил со Анастасија Узунова, но не требавде да знаеме дека тие имаат син.

Дали синот на Григор Прличев не заличи на својот татко и бил анонимен и незначаен лик, којшто со ништо не заслужил да биде спомнат пред учениците, студентите и целокупната македонска јавност, макар само како факт дека нашиот преродбеник Григор Прличев имал син?
Деновиве, по повод отворањето на новоизградената спомен-куќа на Григор Прличев, пошироката македонска јавност имаше можност да слушне дека на отворањето присуствувале и потомци на Григор Прличев, неговите внуци Кирил и Григор.
Зошто во СФРЈ пред македонската јавност беше премолчувано дека "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век, лавроносецот Григор Прличев имал син? Одгрворот на тоа прашање секако треба да се бара во револуционерната, општествено политичката, учителската, книжевната дејност на Кирил Прличев.

Револуционерна дејност
1894 - член на таен ученички револуционерен кружок во Солун.
1895 - четник во четата на дедо Стоју војвода.
1896 - делегат на оснивачкото собраниена ВМРО, раководител на Воденската и М'гленската околија.
1898 - заради учество во политичкото убиство на србоманот Грданов во Охрид (егзекутиран од Методи Патчев), Кирил Прличев лежи во затворите во Охрид и Битола.
1901 - член на ЦК на ВМРО во Солун.
1902 - член на градското раководно тело во Прилеп.
1902 - секретар на Задграничното преставништво на ВМРО, раководено од Гоце Делчев и Горче Петров.
1903 - учесник во Илинденското востание како војвода во обединетите чети под општо раководство на Христо Чернопеев.
1903-1905 - секретар на Задграничното претставништво на ВМРО, раководено од Христо Матов и Христо Татарчев.
1915-1921 - секретар на Задграничното претставништво на ВМРО, раководено од Тодор Александров и Александар Протоѓеров.
1921-1925 - извршител на должноста задграничен претставник на ВМРО.
1921-1931 - задграничен претставник на ВМРО, раководено од Ванчо Михајлов.

Општествено-политичката дејност
1894 - основоположник и секретар на ученичкиот сојуз во Солунската бугарска машка гимназија.
1903 - секретар на "Благотворително дружество" во Софија.
1908 - секретар на " Сојузот на бугарските конституциони клубови" во европејска Турција, т.е. Македонија.
1911 - секретар на "Управното тело на Учителскиот сојуз".
1923 - член и основател на "Македонскиот научен институт" во Софија. Член на Бугарската секција на Паневропскиот сојуз. Член на Масонската ложа "Светлина".
1935-1944 - директор на бугарскиот "Институт за слепи".
1942 - како директор на бугарскиот "Народен музеј " во Охрид, го открива гробот. на Свети Климент. Член-основоположник на фондацијата "Свети Климент" во Охрид.

Учителската дејност
Учител во градовите: Воден, Прилеп, Цариброд, Солун, Софија и Стара Загора.
Училишен инспектор во градовите: Воден и Солун.
Директор на пансионот за сираци во Софија.

Книжевната дејност
1896 - Воден, редактор на весникот "Борец".
1913 - Солун, редактор на списанието "Искра".
1916 - Скопје, редактор на списанието "Родина".
1922 - Софија, редактор на списанието "Македонија".
1930-1931 - редактор на весникот на ВМРО "Свобода или смрт".
Соработник на речиси сите весници и списанија на "македонските Б'лгари" и соработник на многу софиски весници.
Автор на:
"Ср'бскија режим и револуционата борба в Македонија 1912-1913 година", "Ср'бските жестокости в Македонија 1912-1915 г.", "Македонците в културно-политическија живот на Б'лгарија - 1918", "Истината за кризата в'в ВМРО-1929" и др.
Поет - Некои од неговите стихови се публикувани во в. "Право(1895г.)."
Преведувач - владее: француски, германски, грчки и латински. На бугарски преведува дела на: Волтер, К. Маркс, К. Кауцки, Ц. Милс, Г. Брандес, Г. Жули и др.
(Краткиот опис на импозантната дејност на синот на Григор Прличев и Анастасија Узунова е препишан од книгата: "Триесет и шест години во ВМРО - спомени на Кирил Прличев", Софија -1999г.).

Spomeni na Kiril P'rlichev
Кирил Прличев, исто како неговиот татко, себе си се смета за Бугарин од Македонија. Целата импозантна дејност на Кирил Прличев е посветена на борбата и слободата на "македонските Б'лгари". Токму затоа, како комунистички морално-политички непогоден син на "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век", Кирил Прличев во југокомунистичката пропаганда е премолчуван и третиран како непостоечка личност.
Во учебникот за втори клас на средните училишта: "Преглед на литературата со примери", издаден во Скопје 1971 година, на страна 370, во врска со националното чувство на "наjистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX в., лавроносецот Глигор Прличев ", Блаже Конески пишува: "Со тоа штo, ослободувајќи се од грчкото влијание, ја прегрнал бугарштината - тој не станува ни за малку поодалечен од нас, тој со ништо не ни се противставува, ниту пак одговара тој пред свеста на нашето време, кога е македонската нација веќе оформена, а одговара пред повелбите на својата доба, кога допрва нашето ослободителцо движење се оформуваше и требаше да ги бара своите патишта. Во тоа свое време, при оние услови во кои живееше, пред оние задачи што му се поставуваа - Прличев се покажа достоен народен син".

Тука имаме една парадоксална ситуација во комунистичката интерпретација на историските ликови од македонското минато. Пренебрегнувајќи го фактот дека и таткото и синот со еднаков занес ја прегрнуваат бугарштината, таткото Григор Прличев во комунистичката пропаганда е прифатен и славен како македонски "достоен народен син ", а синот Кирил Прличев, во комунистичкото шминкање на вистината недостоен ниту како најобичен син на својот славен татко.
Еднаков комуниетички однос имаме и кон двата сина на легендарниот Питу Гули, коишто загинуваат како телохранители на Тодор Александров. Третиот син на крушевскиоу војвода Питу Гули, Стериу Гули, бугарската фашистичка окупација ја доживува како ослободување, станува водач на контрачета и кога влегуваат партизаните во Крушево се самоубива во една кафана, кажувајќи: "зарем пак ќе не гази српската чизма". - "Глас", бр. 7. стр.47)

Во погоре спомнатото толкување на Блаже Конески, нема значение самиот чин на прегрнување на бугарштината од страна на Григор Прличев, туку најзначајното е времето во коешто тоа се прави.
Таткото Григор Прличев ја прегрнува бугарштината многу време пред да биде усвоено становиштето на Коминтерната дека постои македонска нација, додека синот Кирил Прличев, не само што не се вклучува во југословенското народноослободително движење, туку цврсто ја прегрнува бугарштината и по проѓласувањето на АВНОЈ-ска Југославија.

Кирил Прличев умира на 69 годишна возраст, на 9.2.1944 г. во Охрид, шест месеци пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Ймајќи ги на ум неговите 36 активни години во ВМРО, Кирил Прличев кон "Решенијата на Второто заседание йа АВНОЈ" најверо јатно би се однесувал слично на поведението на основоположникот и прв претседател на ЦК на ТМОРО, Христо Татарчев, или членот на Главниoт штаб на Илиндейското востание, Атанас Лозанчев. (Првиот претседател на ЦК на ТМОРО, д-р Христо Татарчев умира на 5.1.1952 г. во Рим, никогаш неподржувајќи ја лагата дека: "во Титова Југославија се остварени заветите на Гоце Делчев и Јане Сандански".
Членот на Главниот штаб на Илинденското востание, Атанас Лозанчев не ја прифаќа АСНОМ-ска Македонија и со перо пред ме ѓународната пйлитичка јавност се искажува против создавањето на АВНОЈ-ска Југославија. А. Лозанев умира октомври 1944 г. во Софија).

Ако Кирил Прличев поживееше во Титова Југославија веројатно би ја имал судбината на братот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, (Горги Карев, осуден на пет години затвор како "соработник на бугарскиот фашистички окупатор ", по издржуванjeто на казнатa, убиен во Титово Идризово) или, пак, судбината на гемиџијата Павел Шатев (умира од глад "во домашен притвор") или, пак, судбината на илинденецот Панко Брашнаров (убиен на Голи Оток, независно од тоа што го отворил Првото заседание на АСНОМ).

Вистината за синот на "најистакнатиот македонски преродбенски поет од XIX век, лавроносецот Глигор Прличев", денес дејствува шокантно, замајувачки. Таа не би имала такво дејство, ако не беше премолчувана закопана во окрвавените темели на комунистичката вообразена реалност како основа врз којашто требаше да се реализира Титовата идеја "за по добра и посреќна иднина". За жал, и по речиси една деценија од раздружувањето од СФРЈ, веќе како одамна оформена нација, во соочувањето со непријатните вистини од нашето минато имаме бурен отпор кон разоткривањето на комунистичките тајни, кое нешто, непријатните вистини ги прави уште поболни и уште повознемирувачки.

За да стане некоја единка здрела, интегрирана личност, а не да остане расцепкана личност, таа треба да биде способна да ги носи и интегрира во себе и непријатните, вознемирувачки содржини и сознанија за себе. Оттука, е неприфатливо поведението на тие што се спротиставуваат на разоткривањето на комунистичките тајни, а при тоа себе си, од заблуда или лицемерле, се рекламираат како единствени заштитници на честа и угледот на македонската нација. Аналопно на тоа, на колективен план, таквото комунистичко историско пуританство е пречка на вистинското национално созревање и интeгрирање на еден инаку веќе правно и политички конституиран народ.

[Index]