Историја на македонскиот народ. I. Од предисториското време до крајот на XVIII век

Михаило Апостолски (гл. ред.) 

 

ДЕЛ ВТОРИ. МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА РАНИОТ ФЕУДАЛИЗАМ

 

Глава I. Населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров (Д-р Стјепан Антолјак)  59

    1. Потеклото, старата татковина и занимањето на Словените
    2. Населување на Словените во дунавските области
    3. Византија во V и VI век
    4. Борбата на Словените за колонизација на Балканскиот Полуостров до почетокот на втората половина на VI век
    5. Економско-општествената структура кај Словените во времето на борбите за колонизација на Балканскиот Полуостров
    6. Аварите и нивниот однос спрема Словените по доселувањето во Панонската Низина
    7. Упади на Аварите и на Словените на Балканскиот Полуостров во II половина на VI век
    8. Неуспех и слом на византиската офанзива против Аварите и Словените (592—602)

 

Глава II. Населување на Словените во Македонија и создавање на Македонските Склавинии  79

    1. Населување на Словените во Македонија (д-р Орде Иваноски, 1.-4.)
    2. Борбите на Македонските Словени за завладување на градот Солун
    3. Економско-општествените односи кај Македонските Словени
    4. Воената организација и вооружувањето
    5. Обособување на склавиниите во Македонија
(Д-р Стјепан Антолјак)
    6. Ширење на бугарската власт во Македонија (
д-р Бранко Панов)

 

Глава III. Ширење на христијанството и книжевноста кај Македонските словени  97

    1. Раната христијанизација на Македонските Словени (д-р Бранко Панов)
    2. Почетоци на писменоста кај Македонските Словени
(д-р Харалампие Поленаковиќ, 2.-7.)
    3. Кирил и Методија и создавањето на словенската азбука
    4. Климент Охридски и формирањето на Охридската книжевна школа
    5. Учениците на Охридската книжевна школа
    6. Константин Презвитер
    7. Црноризец Храбар

 

Глава IV. Богомилското движење во Македонија (д-р Бранко Панов)  107

    1. Зацврстување на бугарската власт во Македонија
    2. Развој на феудалните односи во Македонија
    3. Појавата, ширењето и суштината на богомилското движење во Македонија

 

Глава V. Самуиловото царство (Д-р Стјепан Антолјак)  117

    1. Востанија против бугарската и византиската власт
    2. Создавањето и ширењето на Самуиловата држава
    3. Прогласување на царството. Неуспешни борби со Византија
    4. Битката на Беласица и смртта на Самуил (1014)
    5. Внатрешната ситуација за време на Самуиловото владеење. Создавање на Охридската архиепископија
    6. Распаѓање и крај на Самуиловото царство

 

 

ГЛАВА I. НАСЕЛУВАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ

 

 

1. Потеклото, старата татковина и занимањето на Словените

 

Словените под сигурно име во историските споменици можат доста доцна да се утврдат. Меѓутоа, постојат претпоставки дека тие се јавуваат уште порано под друго име.

 

Првите сигурни вести, пак, за Словените ги донесуваат римските автори Гај Плиниј — Постариот (во делото „Historia naturalis", околу 77 г. на н.е.), потоа Тацит (во делото „Germania“, околу 98 г. на н.е.), и Птоломеј (во средината на вториот век на н.е.). Но ни овие автори не зборуваат за Словените под нивното народно име, туку под името Венети, Венеди, како што ги наречувале нивните соседи. Се претпоставува дека тој назив има келтско т.е. несловенско а можеби и праиндоевропско потекло, а го употребувале Германите за Словените (со ова име Германците и денеска ги викаат некои Словени).

 

Името Словени првпат се јавува кај некој непознат византиски автор (Дијалози на Псевдо — Цезариј) од почетокот на V век како „Склавини“ (Σκλαυηνοι). Според овој автор, тие живееле некаде во близината на Дунав. Овој податок е скапоцен затоа што претставува не само најстаро споменување на словенското име, туку и најстар византиски податок за животот на балканските Словени, кои истиот автор ги наречува и Подунавци.

 

Подоцна во VI век византискиот автор Прокопиј (у. о. 565) е прв што ги наречува „Склабеони" (Σκλαβηνοί) или „Склабонои" (Σκλαβῶνοί) или „Склабои“ (Σκλαβοί).

 

Какво е значењето на ова словенско име уште не е сигурно и конечно објаснето. Истовремено со ова име кај византиските автори од VI и првата половина на VII век се јавува и трето име „Анти“ (Ἀνται) или, според Јорданес, „Antes“, кои заедно со Словените ги вбројува во Венетите. Тој наедно Антите, кои ги смета за најхрабри меѓу нив, ги поставува во просторот од Днестар и крајбрежјето на Црно Море па сé до Днепар. За нив знаат дури во X век некои арапско-персиски патописци кои ги наречуваат „Артања-племе“. Од ова се гледа дека помеѓу Словените, покрај главното и општото, постоеле и различни племенски имиња.

 

59

 

 

Прататковината на Словените најверојатно била помеѓу реките Висла, Днепар, Десна, Западна Двина и Карпатите, или пак во Полесје, во триаголникот Брест-Литовск — Мохилев — Киев.

 

Словените во својата европска прататковина живеле како другите соседни народи во организации основани на крвното сродство, во гентилни, родовски организации. Родот ги избирал и ги симнувал своите старешини, кои покрај советот, составен од сите членови на родот способни за работа, управувале со сите работи на родот и ги уредувале односите помеѓу членовите, што биле меѓусебно рамноправни. Родот ја имал сопственоста над средствата за производство, а бил должен да го штити секој свој член од какви и да било повреди што би му ги нанесол некод надвор од родот и за нанесените повреди да бара задоволување преку крвна одмазда.

 

Родовската организација била врзана за извесен степен од развојот и во начинот на набавувањето средства за живот. Словените, изгледа, живееле од ограбување само на оној простор на кој самите биле населени, а може да се претностави дека се занимавале и со лов, кој исто така не им бил исклучив извор за задоволување на животните иотреби. Од тоа произлегува дека Словените имале веќе постојани селишта: жените им ги чувале домовите и се занимавале со домашна преработка, додека мажите биле на своите ловечки и пљачкашки походи. Може да се претпостави дека Словените познавале и некое примитивно обработување на земјата околу своите куќи. Како градежен материјал за куќите доаѓало предвид единствено дрвото, па затоа тие и биле добри дрводелци, а како такви се истакнувале и за време на продорите на Балканскиот Полуостров, градејќи мостови и бродови. Го познавале и железното орудие. На походи оделе организирани во поголеми заедници. На таквиот степен од развојот најприродна и единствено можна била организацијата што почивала врз крвната врска, родовската организација.

 

 

2. Населување на Словените во дунавските области

 

Од својата прататковина словенските племиња се ширеле во сите правци, иако историските извори од II па се до VI век не донесуваат за тоа никакви вести. Во тоа време се решавала судбината на робовладетелската Римска империја, со настанувањата што се кријат под поимот на т. н. преселба на народите. Тие настанувања коренито ја измениле картата на Европа и нејзината политичка и економска ситуација, а т. н. преселба на народите е всушност долготрајна општа офанзива или револуција на варварските

 

60

 

 

народи и нивните сојузници робовите против Римската империја. Во последната фаза од таа офанзива, т. е. од половината на VI век, во неа земале учество и словенските народи, и тоа посебно во офанзивата против Источната римска или Византиска империја, која тие не ја собориле, но ја оневозможиле како европска велесила. Сите Словени (Венетите и Антите), според Јорданес, биле покорени од Источните Готи, кои имале своја држава помеѓу утоката на Дунав и Дон. Кога на источните граници на источноготската држава се појавиле Хуните, Антите дигнале востание против своите окупатори. Но наскоро биле поразени, а нивниот владетел Бож, тој прв Словен што го споменува историјата, бил погубен со своите синови и голем број племенски првенци.

 

Во 375 г. Хуните ја уништиле државата на Источните Готи и сега Словените (Антите и Венетите) потпаднале под врховната власт на овие азиски освојувачи. Со тие настани се завршува темната епоха на словенскиот праживот и почнува историската, а со неа и почетоците на движењето на Словените од прататковината кон југозапад.

 

Словените што им се покорувале на Хуните се наоѓале не само во денешна Русија, туку и во самиот центар на хунската држава, во сегашна Унгарија помеѓу Дунав и Тиса.

 

По распаѓањето на хунската држава, Словените покрај Тиса паднале под власта на Гепидите, додека оние другите и понатаму од исток се спуштале на брегот на Долни Дунав, и тоа едни како слободни и организирани на чело со владетел, а други како сојузници на уште заостанатите Хуни и Бугари (кон крајот на V век Бугарите се појавиле околу утоката на Дунав). Византиските автори од тоа време ги нарекуваат Словени оние што биле населени на левиот брег на Дунав, а Анти оние што престојувале источно од утоката на Дунав. Масовната преселба на Словените и компактното населување на левиот брег на Дунав паѓа, значи, во времето по пропаста на државата на Атила. Врз основа на Јорданес и Прокопиј може да се заклучи дека компактната словенска територија се проширила до Дунав во поречјето на Серет, а целиот крај северно од Долни Дунав (денешно Влашко) бил населен со словенски маси. Одделни византиски автори тој крај го наречуваат Склавинија. Во тоа време Словените населувале голем дел на некогашната Дакија (еден дел на Ердел), а по заминувањето на Лангобардите во Панонија и во областа околу Карпатите северно од Дунав, т. е. денешна Моравија, Словачка и Чешка.

 

Постарите теории појавата на Словените во историјата ја толкуваа обично со доселувањето на веќе формираната словенска заедница на просторот северно од Карпатите, од каде што се ширела на исток, запад и југ. Меѓутоа, современото проучување на настанувањето на словенската народност го донесе откритието дека старите Словени и во јазикот и во материјалната култура многу усвоиле од старото

 

61

 

 

праиндоевропско население зад Карпатите, што било важен елемент во нивното формирање по пат на постепено стопување и јазично изедначување на староседелците и доселениците. Сето тоа докажува дека Словените како такви се формирале дури во својата родина зад Карпатите.

 

 

3. Византија во V и VI век

 

Врз развојот на византиското царство, по Преселбата на народите, покрај воените судири, во значителна мера влијаеле и големите етнички промени. По хунскиот бран и век наскоро дошол нов германски бран. Силното влијание на Германите набргу се почувствувало во војската, во државата, па дури и при изборот на царот. Меѓутоа, за време на царот Леон (Лав) I (457—474), кој стапил на престол со поддршка на Германите, избувнало во Цариград антигерманско движење и наскоро, со поддршка на Исавријците, на власт дошол Зенон (476—491), и тоа токму во моментот кога во рацете на Одоакар паднало Западното римско царство. Со заминувањето на Германите во Италија само делумно се решил етничкиот проблем во Византиската империја, каде што сé повеќе почнале да се засилушаат верските спротивности.

 

Со доаѓањето на Анастасиј (491—518) на престолот бил навистина ликвидиран етничкиот проблем и Исавријците биле преселени во Тракија. За време на неговото владеење била подобрена администрацијата, биле доведени во ред финансиите и била стабилизирана вредноста на парите. Спроведен бил и нов начин на оданочување, што му користел на градското, а огромни штети му нанесувал на селското население, кое сега било притиснато со тешки парични обврски, зашто биле укинати наметите во натура. Сиве овие вешто спроведени мерки довеле до тоа што кон крајот на владеењето на Анастасиј државната благајна собрала запрепастувачко купиште злато.

 

Самиот Цариград, пак, како царска престолнина бил раскинуван со верски борби на демите или странките на т. н. „сини“ (припадници на грчкото православје) и „зелени“ (монофизити), спортско-политички организации, чии претставници имале доста забележана улога и во другите големи градови на имеријата.

 

Како монофизит, Анастасиј се определил за демата на зелените, чие водство ги застапувало интересите на новиот чиновнички сталеж и на крупните трговци. Владеењето на Анастасиј, значи, не го решило верскиот проблем, но етничката криза била совладана и затоа сега Византија можела да води посмела политика, настојувајќи да си ги поврати своите некогашни западни краишта, што веќе биле

 

62

 

 

во рацете на „варварите“. Имено, „василевсот" во Цариград сметал дека токму тој е определен да го поврати единството на римската држава, да ја воспостави империјата во нејзиниот стар опсег. Тоа било, всушност, политичка цел на владеењето на Јустин I (518—527), а овој смел правец го поставил неговиот роднина Јустинијан I.

 

Меѓутоа, во самиот почеток на царувањето на Јустин I настанале навлегувањата на „варварите" на територијата на Византиската империја, а меѓу првите се сосредоточува во непрекинати бранови навалата на Антите и Словените.

 

Со тоа се заканила нова опасност да се сруши во прав стремежот на Јустинијан, инспириран од желбите на Византијците за воспоставување на универзално римско царство. Затоа требало веднаш да се напрегнат сите сили на оваа млада империја за да се остварат тие планови, на „варварите“ да им се одземат краиштата што некогаш го сочинувале Римското царство, „варварите“ да се потиснат преку византиските граници, па дури и да се минат тие граници и „варварите" да се ликвидираат во нивните земји.

 

 

4. Борбата на Словените за колонизација на Балканскиот Полуостров до почетокот на втората половина на VI век

 

Кога јужниот дел од Словените стапиле во последната фаза на родовскиот поредок, и настанале зачетоците на општественото раслојување и засилување на родовско-племенските старешини, се создале поголеми племиња и привремени племенски сојузи. Тогаш дошло до борби од поголеми размери и успешни напади против римско-византиското робовладетелско општество и државата. Офанзивата на словенските народи била водена против Византиската империја и териториите дод нејзина власт, а траела цел еден век и завршила со нивна победа и со постојана колонизација на заземените области.

 

Словените уште околу 517 учествувале во борбите против Византија, иако не се споменуваат под нивното име, туку под името „Гети“. Тие во својот ограбувачки поход проникнале се до Термопилите. Првиот пак налет на Антите зрз византиската територија јужно од Долни Дунав се паѓа во времето на царот Јустин I.

 

Но Герман, Јустинов роднина и стратег на цела Тракија, ги победил и им влеал „голем страв“. Последицата на овој пораз била таа што Словените мирувале за време на целото зладеење на Јустин. Ова истовремено бил и единствениот забележан „варварски" напад преку Дунав во времето на Јустин.

 

Од стапувањето на престол на Јустинијан I (527—565) речиси секоја година, како што пишува Прокопиј, Хуните (т. е. Бугарите), Словените и Антите ја пустошеле Илирија, цела Тракија, односно сите краишта од „Јонскиот

 

63

 

 

Залив“ (т. е. Јадранското Море) до предградијата на Цариград, меѓу кои и Елада и подрачјето на Херзонес, така што на тамошното население му нанесле „страшни зла“. Трачкиот стратег Хилвуд со успех цели три години ги спречувал овие три народи да не го минуваат Дунав и да не војуваат против Византијците. Меѓутоа, самиот Хилвуд имал обичај да го минува Дунав и на спротивниот брег да убива и да ги заробува тамошните „варвари". При еден таков негов поход се развила страшна борба. Словените победиле и Хилвуд во борбите загинал. Потоа, Хуните, Словените и Антите, почнале да го минуваат Дунав по своја волја и, како што вели Прокопиј, ним не можело да им се опротивстави Византиското царство.

 

Но по извесно време завојувале помеѓу себе Словените и Антите. Победиле Словените. Тоа, пак, не ги спречило Антите наскоро да проникнат во Тракија (помеѓу 540—545), чии краишта ги ограбиле и зеле во плен голем број заробеници, византиски државјани.

 

Набргу, Словените и Антите се помириле и фатиле повторно да контактираат едни со други.

 

Приближно во истото време кога Бугарите (Хуните) проникнале во византиска Илирија (кон крајот на 544), Јустинијан стапил во директни преговори со Антите, нудејќи им територија и многу злато со услов како негови идни сојузници (федерати) да го спречуваат упадот на „Хуните“ во византиската држава. Иако Антите се согласиле со сево ова, изгледа дека преговорите не завршиле успешно, поради тоа што не биле задоволни со определеното земјиште, туку се стремеле да се населат во цела Тракија. Но и покрај тоа, тие не биле толку непријателски расположени спрема Византија како нивните соседи Словените, кои околу 545 г. го минале Дунав и фатиле да пљачкаат по тамошните краишта. Тогаш биле победени од Херулите, византиски платеници што живееле околу тогашен Белград.

 

Овој пораз не спречил веќе во 547 (или 548) новата словенска армија да го мине Дунав, да ја опустоши сета Илирија и да допре до Драч. Патем убивале, ограбувале и заробувале. Притоа, освоиле и неколку важни тврдини. Византиските стратези на Илирија, што ги следеле нив со голема војска, не се осмелиле да стапат во борба со Словените. Во 549 г. во вистинската смисла словенска војска од три илјади луѓе ја минала реката Дунав не среќавајќи никаков отпор. Штом ја минале реката Марица, тие се разделиле на два одреда. Иако по број биле послаби од Византијците, овие одреди првин ги победиле архонтите на византиската војска во Илирија и Тракија, а потоа и другите војсководители. После се фрлиле на ограбување на илирско-тракиските краишта, каде што вешто зазеле голем број тврдини. Навлегувајќи се до Егејското Море, по храбро и мудро замислен јуриш, го освоиле и тракискиот град Топер

 

64

 

 

(стар приморски град и тврдина во подножјето на планината Родопи). Таму, како што пишува Прокопиј, ги испотепале „сите мажи до 15.000 на број, сето богатство го ограбиле, а жените и децата ги претвориле во робови“. Кога се заситиле „од големата крв“, известува Прокопиј, се вратиле „по своите куќи со повеќе десетици илјади заробеници".

 

Идната година (550) преку Дунав продрела до околината на Ниш „толкава маса Словени како никогаш порано“, со цел да го заземе Солун и околните градови. Кога Јустинијан од заробените Словени дознал за нивните намери, тој му наредил на својот војсководител Герман, кој токму тогаш во Сердика (Софија) собирал војска за војна со Готите, да го одбие овој словенски напад. На веста за Германовите подготовки против нив, Словените се откажале, пишува Прокопиј, од заземањето на Солун и ги минале „по ред сите илирски брда“ па се нашле во Далмација. Кога Герман дознал накај тргнала славенската војска, ги прекинал своите подготовки против неа и ги насочил своите сили да се префрли во Италија против Источните Готи. Но притоа Герман одненадеж умрел (есента 550). Меѓутоа оние Словени, како и другите што малку подоцна го минале Дунав, сега се соединиле и во „полна слобода" крстосувале по Византиското царство. Тие дури и презимиле (550/1) таму „како во сопствена земја“ без некаков страв од Византијците.

 

Не среќавајќи никаков отпор, по себе воделе множество заробеници, добиток и разни видови богатство, па кај Едрене се сретнале со византиска војска што против нив ја испратил Јустинијан. Не само што ја поразиле неа, туку по таа победа стигнале до Долгиот Ѕид, оддалечен еден ден одење од Цариград.

 

Иако Византијците нешто подоцна разбиле еден одред на словенската војска, другите Словени успеале непречено да се вратат со пленот во своите куќи. Есента во 551 големо множество Словени пак навлегле во Илирија, долѓо време пљачкосувале и дошле до голем број робови и плен така што тогаш, по враќањето, пред очите на византиската војска, Гепидите ги превезле преку Дунав. Тие тоа го правеле и подоцна, иако му се обврзале на Јустинијан дека нема веќе Словените да ги пренесуваат преку реката.

 

Бидејќи Словените и Антите речиси секоја година откако Јустинијан ја презел власта, ги напаѓале краиштата од Јадранско Море до предградијата на Цариград, и одделни покраини ги претворувале во вистински пустини, Јустинијан во времето околу 530 до 552, или нешто подоцна, изградил на Дунав многубројни тврдини, стражарски кули и други пречки.

 

Покрај тоа, во Дарданија медитеранеа од темел ги обновил и многу подобро ги утврдил кастелот Бадеријана, и близу него местото Таврисиум, каде што бил роден. Покрај Таврисиум, што го обградил со ѕидови во вид на четириаголник

 

65

 

 

и со четири кули, тој изградил град што го нарекол Јустинијана Прима (Πρώτη Ἰουστίνιανή). Го украсил народ — пишува Прокопиј — со сите можни згради и храмови, како и со водовод, кој градот обилно и непрекинато го снабдувал со вода. Со неговото основање — вели понатаму авторот — царот на тој начин и се оддолжил на својата родителка. Со посебна царева новела од 535 г. ова место станало седиште на архиепископите на Илирија. Каде била точно оваа Јустинијана Прима, за која Агатијас вели дека тоа била Бадеријана, тешко е нешто поопределено да се каже, иако за тоа прашање има огромна литература. Во Дарданија Јустинијан го обновил стариот град Улпијана, во него изградил многу прекрасни градби, и го нарекол „Justiniana Secunda“. Во близината на ова место подигнал друг град во чест на својот стрико по име „Јустинополис". Покрај овие, ја поправил и ја утврдил Сердика, Наиоос и Германија (денеска Сапаревска Баша кај Дупница на Герман, притока на Струмица) и Павталија (денеска Ќустендил), кои ги направил неосвоиви за непријателите.

 

На подрачјето помеѓу овие градови од темел подигнал три гратчиша (Cratiscara, Quimedava, Rumisiana).

 

Со стремеж Дунав да го направи најсигурна заштита не само за овие места, туку и за „цела Европа“ го осигурил неговиот брег со многубројни тврдини — кастели и по должината на целиот брег разместил стражарници за така да го спречи преминот на Словените.

 

Овој негов начин на градење не бил нов, зашто и поранешните римски цареви и на едната и на другата страна на Дунав, заради заштита, подигале гратчиња и тврдини со многубројна посада. Имено, „варварите" тогаш уште не знаеле да ги освојуваат тврдините, па владетелите сметале дека таквите тврдини се доволни. Но Јустинијан во своите тврдини, какви што од Сингидунум до утоката на Дунав имало околу 80, оставил силни воени посади. Покрај нив изградил голем број кастели во Епир, Македонија и Дарданија, повеќето од кои ни денеска не можат да се убицираат.

 

На овој начин царот ја обезбедил сета внатрешност на Илирија и Тракија, каде што, според Прокопиј, обновил или изградил 600 тврдини од различен тип.

 

Од 552 па се до 558 (или 559) г. ниеден византиски извор не донесува никаква вест за продорите на Словените и Антите преку Дунав во внатрешноста на Балканскиот Полуостров. Во 558 (или 559) г., според Агатијас, продреле Словените заедно со хунските Кутригури низ Тракија се до Цариград и Галиполскиот Полуостров, а пред тоа во Грција до Термопилите. Меѓутоа, благодарејќи на воената интервенција на прославениот Јустинијанов војсководител Велизар, тие почнале да се повлекуваат.

 

Од описите што ни ги донесуваат современите византиски автори за борбата на Словените за колонизација на

 

66

 

 

Балканскиот Полуостров, паѓа в очи словенскиот ограбувачки карактер и основната цел: добивање плен во заробеници, добиток, скапоцености и други работи, со кои се враќале во својата прекудунавска татковина — Склавинија.

 

 

5. Економско-општествената структура кај Словените во времето на борбите за колонизација на Балканскиот Полуостров

 

За Словените од времето на нивната борба за колонизација на Балканскиот Полуостров наоѓаме малку вести кај византиските современици и подоцнежните автори (Прокопиј, Агатијас, Менандар, Псевдо-Маврикиј, Константин Порфирогенет). Од тие скудни вести се забележува дека Словените во текот на преселувањето на левиот брег на Дунав, а потоа на Балканскиот Полуостров за основа на стопанскиот живот ги имале земјоделството и сточарството, кое ваму го пренесле од прататковината. Значењето на земјоделството особено се одразило во стариот словенски календар (имињата на месеците според распоредот на земјоделските работи), потоа во словенската религија (боготворење на природните сили) и во заедничките словенски зборови за полските работи и домашните животни. Податоци за постоењето на сточарство (на пр. говеда) ни дава Прокопиј, додека археолошките податоци потврдуваат оти кај Словените сточарството било разновидно.

 

Словените живееле во земјанки и образувале мали населби или села. Живееле околу реки, по мочуришта и крај езера што биле тешко достапни. Правеле по повеќе излези од местото на својата живеачка поради страв од опколување од непријателот, што често им се случувало. Овие села на Словените и на Антите биле распрскани и оддалечени едно од друго. Својата земја Словените ја обработувале на палевински начин, а бил воведен земјоделски систем за кој се карактеристични уште неустановени ниви на отворено или сосем ископачено земјиште. Во обата система земјиштето било колективна сопственост на целата општина. Меѓутоа, кога колективното обработување и користење на земјата било заменето со привремена поделба за обработување и уживање на патријархалните големи „семејства" се создала и основа за раслојување на општеството и за опаѓање на родовските односи.

 

Словените уште во својата прататковина ја познавале обработката на металот, така што самите изработувале оружје и разни украсни предмети. Особено биле вешти дрводелци. Уште во првата полонина на V век византискиот автор Приско ја споменува нивната изработка на сплавови и чунови од едно дрво, т. н. моноксили. Ваков вид кораби им изработувале и на своите сојузници Аварите, па на тој начин им создале силна речна морнарица во која и служеле.

 

67

 

 

Произведувале ткаенини и грнчарски предмети. Занаетчиската работа била претежно работа на членовите на големото словенско семејство. Не се истакнувале со некоја особена хигиена.

 

Од списите на византиските автори се забележуваат кај Словените родовско-племенски обележја на општествениот поредок. Така, уште Псевдо-Цезариј пишува дека Словените се „диви, слободни и без главатар“. Според Прокопиј, со Словените и Антите не владеел еден ист човек, туку одамна живееле во демократија, а Псевдо-Маврикиј наведува дека племињата на Словените и Антите биле слободни, дека никако не допуштале да бидат заробени ниту некој да ги владее, особено во нивната земја, каде што живееле без власт и во меѓусебна омраза и неслога. Кај нив владеела крвната одмазда и имале голем број племенски главатари, кои меѓу себе исто така не се согласувале. Додека Прокопиј пишува за тоа како Словените и Антите на заеднички собир решавале за своите јавни работи, Менандар изнесува дека Словените на чело имале старешински совет, што го сочинувале еден вид наследни кнезови или племенски главатари (ἄρχοντες ἡγεμόνες), на чело со еден свој кнез. Угледот на овие кнезови растел особено за време на борбите со Византијците. Во времето на царот Маврикиј (582—602), Теофилакт Симоката во Влашко наведува три жупски кнезови или кралеви (φύλαρχοι ρἥξ) а Псевдо-Маврикиј, авторот на Стратегикон, ги прикажува Словените на Дунав како многубројни несложни племиња под голем број исто така несложни кралеви, (ρήγες) кои на границата можеле да се придобијат со подароци и убави зборови. За ромејската држава — вели понатаму — би било опасно единството на сите народи или монархии.

 

Во општата офанзива односно револуција на „варварските“ племиња против Римско-византиската империја земале учество во почетокот на VI век и Словените заедно со своите родовски организации. Таа револуција била предизвикана од нарушената економска рамнотежа во тој простор чии господари сакале да ги вовлечат сите „варварски“ народи во својот економски-експлоататорски систем, во кој им определиле место на робови. Но бидејќи под високиот притисок на воените настани процесот на развојот течел побрзо отколку во нормални услови, словенските народи, во текот на сто години војување против Византија, минувале во своето устројство една релативно брза еволуција и диференцијација што била условена од посебната воена економика на тоа време и воените услови воопшто. Средствата за живот сега се стекнувале не само со сопствено производство, туку со ограбување и со плен се присвојувале и оние средства што ги произвеле други. Потребата од се посилна економика, како и потребата од поголема воена сила во се посилните воени потфати неминовно предизвикала —

 

68

 

 

кај одделни родовски и племенски старешини, како способни војсководители, да се концентрира власта многу повеќе отколку порано. Сега тие добивале и поголем дел од пленот. На тој начин во родовските и племенските организации доаѓало, поради самите воени услови, до натамошна општествена диференцијација, иако самата родовско-племенска организација не била разбиена. Тој стадиум на развојот во родовско-племенските организации претставува воена демократија. Тоа значи дека на тој степен од развојот тежиштето за решавање на заедничките работи се уште лежело во демократски уредените совети на родовите и племињата, во кои учествувале сите членови на родот или племето. Сепак авторитетот на одделни, особено на добрите војсководители во толкава мера пораснал што нивните одлуки, односно нивните предлози, биле наполно меродавни. Според богатството и авторитетот, ваквиот војсководител сега се издвојувал од своите соплеменици и станувал несомнено primus inter pares. Ако се покажел неспособен или ако го изневерела воената среќа, тогаш родовскиот или племенскиот совет го отстранувал и го заменувал со друг.

 

Воената демократија е многу важен стадиум и значајна фаза во развојот на родовско-племенската организација. Тоа е прв степен на развојниот пат до државната организација и прв значаен степен во диференцијациониот процес во родовско-племенската организација. Родовскиот односно племенскиот војсководител, обезбеден со авторитет и богатство (робови и орудија), станувал свесен дека родовската и племенската организација со својата примитивна демократија и еднаквост, со заедницата на имотот, премногу го стега. Затоа настојувал со сите сили да се ослободи од родовските и племенските стеги, да се осамостои. Но тој процес на ослободување од родовските врски бил долготраен. Во оваа фаза дошле словенските родови или племиња при своето проникнување на Балканскиот Полуостров, а во судир со византиските армии, кои биле далеку подобро организирани и опремени. За да можат да ја продолжат офанзизата словенските племиња морале да извршат промени и да се организираат во правец на воената демократија.

 

Уште во текот на долготрајното војување словенските племиња се запознале со можноста за искористување на робовска работна сила, која ги ослободувала од непријатната должност да работат сами. Во таа смисла ги искористувале воените заробеници. Со заробените соплеменици — Антите, Словените постапувале како со слободни и тие можеле да се откупат. Заробениците од другите народности ги држеле во заробеништво точно до определен рок и тогаш ги оставале по волја со извесна откупнина да се вратат во својата земја или да останат кај нив како слободни и пријатели. Словените ги примале заробениците и во своите родовски односно племенсјки организации, бидејќи одделни родови, поради

 

69

 

 

долгото војување, значително ослабнале, особено што се однесува до мажите. Заробениците, пак, почесто ја примале оваа можност отколку што се враќале да живеат во византиското општество обременето со разни тешкотии.

 

Според наведената економско-општествена структура била усогласена и организацијата на словенската т.е. општоплеменска и народна војска, на која „Чудесата на Димитрија Солунски“ (Miracula S. Demetrii) и́ го даваат називот Фаланга.

 

Во своите воени походи тие настапувале здружени во племенски сојузи (антски и словенски), кои уште тогаш значеле само привремено здружување на племињата заради одбрана или напад, а не и некои постојни политички формации. Но овие сојузи секогаш биле во опасност да се распаднат или поради внатрешната антска и словенска неслога или поради воените неуспеси.

 

При нападот навалувале групно носејќи во рацете мали штитови (понекогаш по два), копја па и мечови, додека оклоп никогаш не облекувале. Се служеле со дрвени лакови и мали стрели, премачкани со отровна течност, што дејствувала многу силно ако оној што бил ранет од неа не се лекувал со лековита пијачка.

 

Словените, според Псевдо-Маврикиј, не го познавале воениот ред ниту концентрирано учествувале во бојот. На рамни и на голи места не се појавувале.

 

Против подобро вооружената византиска војска најмногу се истакнувале со воени лукавства (на пример, со испраќање воени шпиони во извидување на византиската војска, со ненадејни напади, со борби по шумите и клисурите); а при одбраната врз византиска територија се служеле со тактиката на натрупување на коли во круг и така создавале еден вид бедем. Кога влегувале во борба, силно викале и, ако противникот се исплашел, напаѓале со сета жестокост, а ако не успееле во тоа, тогаш веднаш отстапувале. Овој начин на борба бил условен од економско-политичката структура на словенското општество, како и од природата на нивното земјиште. Ова не значи дека Словените и Антите не биле и многу храбри и вистински јунаци. Византија сфатила колкава опасност и́ се заканува од Словените, па против нив применувала специјална и точно разработена воена тактика, поврзана со ненадејни напади, пљачкосување, убивање до истребување и со продирање напред без задржување.

 

Словените посебно биле вешти при преминувањето на реките, а на своите моноксили и чунови гусареле по Егејско Море, непречено ограбувале во Дарданелите и во Мраморно Море. Го опседнувале Солун и Цариград, а понекогаш, како на пр. во 626 г., учествувале и нивните жени.

 

Веќе во првата половина на V век Словените освојуваат византиски тврдини, служејќи се со разни лукавства, а во

 

70

 

 

втората половина на истиот век употребувале и опсадни направи, што сами ги измислувале и ги граделе. Така во почетокот на VII век значително напредувале во воената вештина и станале првостепена воена сила за што секако придонесол и нивниот воен сојуз со Аварите. Инаку и Словените и Антите речиси секојдневно војувале и ограбувале, а служеле и како платеници во служба на Византија, на чија страна се тепале против Источните Готи, Персијците и Аварите, а се бореле дури и под свој самостоен заповедник кој се викал стратег на Словените (στρατήγος τῶν Σκλάβων)

 

Според Прокопиј, Словените биле слабо облечени (не носеле кошули ниту наметки, туку само бечви). Имале висок раст и биле необично силни, а во поглед на бојата на кожата и телото не биле ни премногу бели, ни премногу црни, туку сите биле руси. Поради својата силна конституција лесно можеле да ја поднесат секоја временска ситуација, да трпат недостиг на храна и облека. Се хранеле со сите полски плодови, со риба, дивеч, месо, овошје, а пиеле млеко, медовина и варено пиво од јачмен; сирење исто така правеле. Прокопиј ја фали нивната нарав и простосрдечност, а Псевдо-Маврикиј нивната речиси претерана гостољубивост, пријатното однесување со странците, чија смрт повлекувала одмазда. Се занимавале со музика, од инструментите ја познавале тамбурата (kithara). Византиските автори ја фалат чесноста на нивните жени и верноста спрема мажите.

 

Но покрај овие убави особини, Словените и Антите имале и негативни страни. Биле неверни (во поглед на договорот), несложни, живееле во караници и нетрпеливост, па дури и во омраза, што ги следела и при нивната колонизација на Балканскиот Полуостров. Тие нивни слабости Византијците знаеле многу добро да ги искористат.

 

Инаку словенските племиња, како што пишува Псевдо-Маврикиј, меѓусебно не се разликувале по начинот на живот и по обичаите. Словените, колку што е познато од делото на Теодор Синкел, писател од првата половина на VII век, ги гореле своите мртви.

 

За словенската вера од тоа време само Прокопиј известува, и тоа доста сиромашно. Тој пишува дека Словените и Антите верувале оти еден од боговите е анонимен творец на молњата и единствен господар на светот. За жртва му поднесувале говеда и секакви други жртвени животни. Според тоа, богот на громот бил највисоко божество за обете племиња, а покрај тоа имале и некои други високи божества. Иако со основа се претпоставува дека Словените дошле на Балканскиот Полуостров како политеисти, факт е дека од нивниот пантеон ниедно друго име не е утврдено освен божертвото на громот, кое кај Јужните Словени се викало Перун.

 

71

 

 

Ни Словените, ни Антите не верувале во судбината, туку ако се разболеле или ако мислеле дека смртта им се приближува, кога тргнувале во војна и сл., тогаш се заветувале оти ако излезат среќно од ситуацијата ќе му принесат на богот жртва. Верувале дека со таа жртва го искупуваат својот спас.

 

Освен тоа, ги боготвореле реките, нимфите, (самовилите) и некои други пониски божества. На сите им принесувале жртви и според тие жртви потоа гатале (вражале). Ова сведоштво на Прокопиј се потврдува неколку векови подоцна, во цела низа извори — руски, бугарски, чешки и балтички. Сите тие донесуваат дека Словените ги боготвореле пештерите и брдата, изворите и езерата, огнот, ѕвездите, месечината и сонцето, и тоа не како мртви нешта, туку како суштества со душа, како демони. Инаку иранското влијание врз словенската митологија е денеска непобитно докажано. Познато е и тоа дека кај Словените не постоеле исти облици на вера.

 

 

6. Аварите и нивниот однос спрема Словените по доселувањето во Панонската Низина

 

Кога во средината на VI век дошло до раздор во аварско-турскиот племенски сојуз и западните алтајски Турци ја урнале превласта на Аварите (552—555), еден дел од Аварите побегнале кон запад, и под водството на каганот Бајан стигнале во крајот околу реката Кума и Терека на западниот брег на Каспиското Море, т.е. во Европа. Во понтската степа ја совладале моќта на Хуните и ја пустошеле соседната земја на Антите. Во почетокот на 558 тие му понудиле на Јустинијан сојуз и своја служба со услов да им даде годишни војнички плати, скапоцени подароци, како и плодна земја на која би живееле. За противуслуга се обврзале да му помогнат во уништувањето на сите негови непријатели. Царот им дал само подароци. Аварите наокоро ги заробиле Антите и им ја запустиле земјата. Веќе во 562 тие допреле во денешна Добруџа и во Влашката Рамнина на подножјето на Југоисточните Карпати и така им станале непосредни соседи на Византијците. На нивното барање да им се даде погодно земјиште, Јустинијан им ја понудил Сремска Панонија. Тие го одбиле тоа, зашто сакале да се сместат на десниот брег на Дунав (во денешна северна Бугарија), од каде што би можеле полесно да навлегуваат и да ограбуваат по Балканскиот Полуостров. Кога царот дознал за овие нивни намери, наредил да се утврди дунавската граница, и сега било само прашање на време кога меѓу Аварите и Византијците ќе пламне непријателството.

 

72

 

 

Во меѓувреме умрел Јустинијан, а го наследил неговиот воинствен внук Јустин II (565—572), кој на секој начин сакал да им ја покаже на Аварите силата на византиското оружје. Затоа тој решително ги одбил аварските барања и му се заканил на каганот, кој набргу заедно со Лангобардите ја уништил гепидската држава во Панонската Низина, источно од Дунав (567). Кога Лангобардите идната година се иселиле од Панонија во Италија, Аварите загосподариле и во таа покраина. Тогаш броеле околу 20 илјади борци, а откако им се придружиле хунските и бугарските племиња, се зголемиле на околу 50.000. Уште додека биле на Долни Дунав таму потчиниле разни словенски племиња, од кои некои со нив се доселиле во Панонската Низина. Овде Аварите, покрај Гепидите, ги подложиле под своја власт и Словените затекнати во тој предел. Инаку Аварите, кои биле од шаманска вера, се распаѓале на племиња и родови, на чие чело стоел кахан или каган, што покажува дека Аварите веќе го имале достигнато степенот на воената демократија.

 

Аварите, како што изгледа, претставувале племенски сојуз а уште не единствен народ. Поради тоа концепцијата за „варварска држава“ и „аварско-словенско кралство“ во кое овие номади би им биле господари на поробените и разединети маси на Словените не одговара на историската вистина. Словените, како колективни племиња, со Аварите сочинувале аварско-словенски сојуз, во кој Словените биле навистина решавачки фактор. Бидејќи словенските племиња во својот внатрешен развиток уште не биле дојдени до формирањето на постојани, цврсто поврзани племенеки сојузи, воената премоќ на Аварите уште била голема. Подредената положба на Словените се одразувала во тоа, што каганот, под чие водство била цврсто обединета аварската војска, располагал и со нивната племенска војска, ги испраќал на воени походи, што се бореле во првите редови, им давале на Аварите дел од својот плен и данок.

 

Подреденоста на Словените била до толку поголема до колку тие биле поблиску до Аварите, додека оние што биле подалечни (на пр., во планинските делови на Балканскиот Полуостров) биле со нив во порамноправен сојуз, кој и така како целост бил ограничен на едно извесно време. Кога здружените Авари и Словени заеднички ја напаѓале Византија, поради силните родовско-племенски облици, уште не можело да дојде до настанување на голем, траен и самостоен племенски сојуз, зашто племињата не биле единствени. Но Аварите, собирајќи под свое водство голем дел од словенските племиња за заеднички напад на Балканскиот Полуостров и Источните Алпи и не сакајќи придонесле за нивниот конечен успех и колонизација. Во тоа и се состои големата улога на Аварите во историјата на Јужните Словени.

 

73

 

 

Панонската Низина, центар на аварската моќ во текот на повеќе децении пред словенското населување на Балканскиот Полуостров, била база за напади против византиската држава. Првите воени акции на Аварите по доселувањето во Панонската Низина биле сосредоточени на Сирмиум, кој го зазела Византија а на кој Аварите полагале право, сметајќи се вистински наследници на Гепидите. Аварскиот каган Бајан сакал по секоја цена да се дофати до Сирмиум, затоа што тоа би му била отскочна стратегиска штица накај Далмација и Цариград. Затоа и со преговори и преку пратеници директно барал од византискиот цар да му го предаде овој град. Конечно Јустин II се согласил да склучи мир со Аварите, му дал голема годишна субвенција на каганот и овој се откажал од Сирмиум (574/5).

 

 

7. Упади на Аварите и на Словените на Балканскиот Полуостров во II половина на VI век

 

По долгогодишно мирување, Словените пак нападнале на Балканскиот Полуостров. Поради тоа, новиот цар Тибериј (579—582) го наговорил Бајан да тргне против Словените преку Дунав. Овој каганов потфат на Долни Дунав доживеал успех, зашто Бајан во словенското подрачје, во кое дотогаш никој од другите народи не влегол, дошол до голем плен и од словенско ропство ослободил голем број Византијци, а, што е најважно, успеал да ги присили Словените да плаќаат годишен данок. Сега каганот се свртил против Сирмиум, којшто потајно го опседнал и од копно (со војска) и од Дунав (со воени кораби). Но кога Бајан ги открил своите вистински намери Цариград го спречил во тоа. Во ова време Словените пак пустошеле по Илирик (579), а веќе во 581 година преку 100.000 Словени се собрале во Тракија со цел да ја ограбат оваа земја, како и други предели. Тибериј бил зафатен со Персиската војна и сите свои воени сили ги префрлил на исток, така што Словените сега имале можност во текот на четири години да пљачкосуваат, да пустошат, па дури и да населуваат одделни краишта во Грција.

 

Во меѓувреме Аварите и нивниот каган решиле да го докрајчат сирмиумското прашање. Во тоа наскоро успеале преку преговори. Византискиот цар наредил, тој неколку години опседнат град, да им се предаде под извесни услови. Наедно меѓу нив бил склучен мировен договор, според кој цариградскиот двор се обврзал на Аварите да им плаќа годишен данок во пари и предмети. Аварите како вратка им ветиле по стариот обичај, дека ќе мируваат.

 

Со освоениот Сирмиум каганот добил важно воено упориште за своите диви походи на Византија, а мировниот договор траел само две години, т. е. додека живеел царот Тибериј. Кога место него дошол на престол Маврикиј, каганот и́ го зголемил годишниот данок на Византија и царот се согласил со тоа. Потоа Аварите го освоиле Сингидунум, како и другите соседни градови. Во својот незадржлив ограбувачки налет тие пројуриле низ Илирик и Елада во два

 

74

 

 

наврата и дошле до Долгиот Ѕид (584), 30 километри оддалечен од Цариград. Искористувајќи ја зафатеноста на византиската војска на исток, Аварите во ова второ разурнувачко проникнување низ Грција стигнале дури до Пелопонез, којшто претежно со Словените го населиле и тука останале подолго време не покорувајќи му се никому, па ни на византискиот владетел. Но веќе во 585 г. каганот склучил примирје со Маврикиј со обврска на Византијците да им го покачат годишниот данок на Аварите. Но оваа мировна состојба имала кус век и додека кагановата војска пустошела еден дел од денешна Бугарија, во истото време Словените, со молчеливо одобрување од Аварите, опустошиле поголем дел од византиската територија и безуспешно го нападнале Солун. Но наскоро Византијците извеле ненадејна противакција и страшно ги поразиле нив во Тракија на Ергинија, притока на реката Марица. Исто така близу до Едрене византиската војска победила големо множество Словени под водство на Ардагаст, кои биле полни со плен и заробеници.

 

Сега повторно се појавиле Аварите на бојното поле, па заедно со Словените го опседнале Солун. И овој пат Солун се спасил, а аварско-словенската војска се повлекла. Конечно, Аварите биле поразени под Едрене во 587 г. и со тоа барем привремено со нив била завршена војната, но не и со Словените, кои и понатаму жестоко ограбувале низ Тракија. Според тоа, византиската армија и нивните војсководители постигнале само привремени и сразмерно мали успеси, зашто пределот помеѓу Дунав и Балканските Планини останал и понатаму повеќе години во рацете на Аварите и Словените, а надвор од дофатот на царската власт.

 

 

8. Неуспех и слом на византиската офанзива против Аварите и Словените (592—602)

 

Кога Маврикиј ја завршил дваесетгодишната војна со Персија (591), Византија имала поголема можност, сега со поголема воена сила, да им се спротивстави на новите провали на Аварите и Словените. Така, во следната (592) година царот започнал војна против нив. Тоа наедно бил и последниот обид на Византија својата власт над Балканскиот Полуостров да ја обнови непосредно пред завршната колонизација на Словените на тоа подрачје. Војната започнала во пролетта на 592 г. и борбите со наизменична среќа се воделе најмногу околу Сингидунум, покрај Долни Дунав и Тракија. Имено каганот успеал да продре до бреговите на Мраморно Море (593), но набргу се вратил назад. Сега византиската војска под искусниот војсководител Приско го минала Дунав и така започнала свирепа војна против тамошните Словени (594).

 

75

 

 

Каганот сметал дека Приско започнал војна против неговата земја и неговите поданици Словените, па барал од Приско со него да го дели воениот плен. Предадени му биле пет илјади заробени Словени. Тој со тоа се задоволил и дозволил византиската војска да мине преку неговата територија. Но веќе во 595 г. место Приско царот го поставил својот брат Петар, кој се покажал наполно неспособен, а Словените токму тогаш се наоѓале длабоко во Тракија и се готвеле да ја нападнат Византија. Кога тргнал кон Дунав, кагановите Бугари го поразиле, а потоа словенските чети на филархот или егзархот Пирагаст му испотепале илјада војници. Сега го минала Дунав сета војска на Петар и притоа бил убиен Пирагаст, а неговата војска се разбегала. Наскоро на Долни Дунав Словените го победиле Петар и на негово место дошол Приско (596). Тој започнал нови борби со Аварите за Сингидунум и поради тоа каганот ги прекинал мировните договори и со својата војска тргнал на „Јонскиот Залив“ (Јадран), во чие подрачје лежела Далмација, каде што редовно ги уривал византиските утврди и пљачкосувал.

 

По ова Аварите година и пол седеле мирни на Дунав, каде што се наоѓале и Византијците. Годината 588, освен мали престрелки, минала во мир, но веќе во пролетта на 600 година каганот тргнал кон Цариград, каде што завладеала паника. И додека Маврикиј подготвувал одбранбени мерки кај Долгиот Ѕид, пламнала чума во аварскиот логор, на која и́ подлегнале голем број аварски војници и седум синови на каганот. Сега каганот бил присилен да склопи мир според кој било определено граница помеѓу Аварите и Византијците да биде Дунав, преку кој Византијците можат да минуваат во борба против Словените. Но истата година царот го прекинал договорот со Аварите (на кои дотогаш им плаќал зголемен трибут) и по негова наредба Приско влегол на територијата на каганот, кога во неколку битки едноподруго го победил. Особено крвава била повторната битка на Тиса, каде што Приско тешко ги поразил Аварите и заробил 3.000, а покрај нив и 8.000 Словени. Меѓутоа, по царевата наредба Приско наскоро морал да му ги врати на каганот неговите Авари и потоа пак за кусо време завладеал мир. Веќе во 601 г. царот повторно го поставил Петар на местото на Приско за „стратег на Европа“. Тој многу бргу почнал да се повлекува пред Аварите од „областите на Дарданија" во Тракија. Следната 602 г. Маврикиј дознал дека каганот систематски се подготвува да го нападне Цариград и дека само чека византиската војска да се раздели по разни области. Царот му наредил на Петар да го мине Дунав и тој започнал да подготвува поход „против множеството склавинии“. Конечно византиската војска го препловила Дунав, ги совладала Словените и дошла до голем број заробеници. Маврикиј му наредил на Петар византиската војска да презими во „земјата на Словените". Војската

 

76

 

 

се побунила против оваа одлука, зашто земјиштето од другата страна на Дунав било преплавено со „варвари" и откажала послушност, го минала Дунав и го избрала за водач Фока, а Петар побегнал во Цариград. Ова било тежок удар за Византија и со тоа биле уништени сите дотогашни воени успеси. Побунетата византиска армија сега влегла во Цариград, го убила Маврикиј и за цар го прогласила својот водач Фока (602—610).

 

Така пропаднал последниот обид на Византија да ја сочува и одбрани својата граница на Дунав, па Византијците морале да се повлечат длабоко во внатрешноста на земјата. Со тоа им бил отворен патот на Словените непречено да ја завршат колонизацијата на Балканскиот Полуостров. Византија наскоро била присилена молчеливо, дефинитивно и без никакви обврски да им го препушти на Словените.

 

77

 

 

 

ГЛАВА II. НАСЕЛУВАЊЕ НА СЛОВЕНИГГЕ ВО МАКЕДОНИЈА И СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СКЛАВИНИИ

 

 

1. Населување на Словените во Македонија

 

Најсигурни податоци што говорат поопределено за започнатиот процес на словенската колонизација на Македонија датираат дури од 80-тите години на VI век. Византискиот писател Јован Ефески во 581 година известува дека „Словените на Полуостровот живееле сосем слободно, без страв; збогатени со злато и сребро, ергелиња коњи и многу оружје, а научиле да војуваат подобро и од самите Ромеи“.

 

Како и во другите делови на Полуостровот населувањето на Словените во Македонија врвело спонтано, преку долготрајни и продолжителни борби. Тие обично и најчесто се спуштале по моравско-вардарската долина како најпогодна трансверзала, а оттука вдолж и вшир се распространувале по сите нејзини делови. Притоа некои словенски племиња како Милинзите и Езерците се спуштиле најјужно и се населиле дури на Пелопонез. Во резултат на многубројни долготрајни и жестоки напади за релативно кратко време, односно до 20-тите години на VII век, цела Македонија била населена со многубројни словенски племиња. Најјужно, по текот на реката Бистрица а западно од Солун до Бер, се населиле Драговитите. Веднаш до нив биле сместени Велегезитите, северно од овие, на просторот помеѓу Охрид, Битола и Велес се наоѓале населени Берзитите (Брсјаците), чие име и денеска е зачувано во народот. Близу до Солун живееле Сагудатите, а источно од градот накај р. Струма и Халкидичкиот Полуостров — Ринхините. По долините на реките Струма и Струмешница се населиле Струмјаните, а источно од реката Места — Смолјаните. Еден дел од Драговитите подоцна се населиле и во Полог.

 

Словенските племиња, најмногу и најчесто се населувале по рамнините, покрај реките и езерата. Обично се населувале покрај старите, а формирале и нови населби.

 

Населувањето на Словените во Македонија довело до длабоки етничко-социјални промени. Еден дел од староседелците изгинале во борбите, некои се повлекле во приморските градови и планинските места, а пак некои биле

 

79

 

 

покорени и вклопени во словенската симбиоза. Ова мешање на Словените со затеченото месно населенме, како и со грчкото население зачувано во приморските градови имало доста важно значење за понатамошниот општествено-економски развој на Македонските Словени. Тие усвоиле доста елементи на нивната материјална култура, на производството и градскиот живот. Но, бидејќи како завојувачи, Словените од староседелците барале покорност и плаќање на данок.

 

 

2. Борбите на Македонските Словени за завладување на градот Солун

 

Меѓу многубројните борби што ги воделе Македонските Словени за завладување на Македонија, најжестоки и најдолготрајни биле борбите за градот Солун. Меѓутоа, од нив се познати само еден мал број, и тоа оние што се опишани во „Чудата на Димитрија Солунски“, кого солунчаните го славеле како заштитник на својот град.

 

Солун во VI век претставувал мошне важна военостратегиска опора на Византиската империја на Балканот. Бил најголем град на Полуостровот, а по Цариград — втор во Империјата. Подигнат амфитеатрално, врз една од благите падини на планината Хортач, во длабината на питомиот Солунски Залив и на излезот на важната вардарска долина, тој претставувал основна раскрсница на најважните сувоземни и водни патишта, преку кои Византија комуницирала со своите северни и западни провинции. Поради ваквата своја воено-стратегиска и економска важност, Солун бил постојано укрепуван, така што за време на словенските напади на Балканот тој бил заштитен со висок, масивен, кружен одбранбен ѕид, кој, заедно со морето, го правел една од најјаките и тешко преземливи тврдини на Полуостровот.

 

Како мошне богат град, Солун многу рано почнал да им го привлекува вниманието на Македонските Словени. А кога останал вклештен длабоко во нивните поседи, претставувал главна опора и исходна база на византиските напади. Освен да го заземаат него, Македонските Словени се стремеле и географско-политички да ги дооформат своите територии, а со тоа и економско-политички да си ги зацврстат воено-племенските сојузи.

 

Нападите на градот Македонските Словени во повеќето случаи ги вршеле сосем самостојно, а понекогаш и во заедница со Аварите. Тие се карактеризирале со добра претходна подготвеност и биле водени речиси по сите тогашни правила на војувањето. Од многубројните напади што ги извршиле Македонските Словени на Солун, зачувани се описи само за пет.

 

Првиот, најрано забележан цапад, се одиграл на 26. X. 584 година (стар стил) за време на прославувањето на Митровден,

 

80

 

 

патрониот празник на градот. Го извршиле близу 5.000 храбри, искусни борци, кои претставувале одбран цвет на словенскиот народ, како што се изразува архиепископот Јован, еден од авторите на „Чудесата на Димитрија Солунски“.

 

Нападот не бил успешен, и тоа од повеќе причини. Пред сé, поради фактот што напаѓачите биле релативно малобројни за заземање на јако утврдениот град. Освен тоа, тие не биле доволно вооружени со опсадно оружје, кое во тогашните борби било неопходно потребно за успешното совладување на тврдината.

 

Само по две години, Солун повторно бил нападнат, но овој пат под раководство на Аварите. Напаѓачите ненадејно се појавиле пред градот и со општ јуриш се обиделе да го заземат, но претрпеле полн неуспех. Располагајќи со различни опсадни балисти и катапулти, тие не се обескуражиле, туку градот го подложиле на опсада. На третиот ден од опсадата тие го обновиле нападот, ставајќи најпрвин во дејство многубројни подвижни кули, овни, желки и каменофрлачки, кои непрекинато го опстрелувале градот со вистински дожд од камења и предмети и предизвикувале паника и страв кај градското население. Еден дел од напаѓачите, сместени во своите желки и овни, под заштита на каменофрлачи и стрелци, се обиделе со рушење на одбранбениот ѕид да направат премин во градот, но во тоа не успеале. Згора на тоа, во редовите на напаѓачите се појавила чума, која предизвикала силен немир и паника, што ги натерало, по осумдневни напади, да ја прекинат опсадата.

 

Следниот напад на градот, забележан во изворите бил извршен во 616 година. Тој бил подготвен и изведен од воено-племенскиот сојуз на Македонските Словени, на чело со кнезот Хацон, како врховен водач на сојузот. Во нападот зеле учество окоро сите македонски словенски племиња (Драговитите, Сагудатите, Велегезитите, Брсјаците и други). Пред тоа, во 614 година, Хацон презел опсежна комбинирана воена акција по суво и по море против Византија, која траела скоро цели две години и која на крајот завршила со целосен успех. Потоа Македонските Словени ја ограбиле околината на Солун, а најпосле го нападнале и самиот град. Меѓутоа овој пат напаѓачите не извршиле веднаш јуриш на градот, туку најнапред темелно го опкружиле од сите страни. Бидејќи градот откај морето бил недоволно бранет, Хацон се решил главниот удар да го изврши токму од таа страна, но бранителите ја сфатиле неговата намера и веднаш презеле мерки да го заштитат и откај морето. Македонските Словени, овој пат биле толку сигурни во успехот на својот потфат, што со себе ги довеле и своите фамилии и покуќнина, со намера, по заземањето на градот, да се населат во него.

 

Четвртиот ден од опсадата, по завршувањето на сите подготовки, напаѓачите, како што наведуваат „Чудесата",

 

81

 

 

со сложни викотници од сите страни се нафрлиле на градскиот ѕид: едни фрлале камења од каменофрлачките, други, со скали се качувале по ѕидот и се обидувале да нападнат, трети палеле оган над градските порти, а другите војници ги опстрелувале бранителите на ѕидовите со снопови стрели. Источремено со јуришот, откај морето стапила во дејство словенската флота, составена од многубројни еднодрвни чунови. Но штом навлегле во градското пристаниште, поради одбранбените подводни шилци и стапици, чуновите почнале да се превртуваат и да тонат, заедно со своите посади. Во истиот момент одеднаш се појавила силна бура, која внесла уште поголема забуна и неред во словенската флота, та оваа го прекратила натамошниот напад и се повлекла. Нејзиното повлекување деморализаторски влијаело врз другите напаѓачи. Тогаш Хацон, со цел да ги ободри своите војници, сам извршил јуриш на градот откај морето, но притоа бил заробен, а потоа и убиен. По убиството на Хацон, опсадата била прекратена и напуштена.

 

Неуспешниот напад на градот не ги одвратил Македонските Словени од натамошните обиди за неговото завладување. Чувствувајќи се недоволно силни за самостојно војување, поради претрпените загуби во последниот напад, тие решиле да ги повикаат на помош Аварите. За таа цел до нив било испратено едно словенско пратеништво со богати дарови и порака до аварскиот каган за давање сојузничка помош во замена за големо количество злато и дел од пленот што би паднал при преземањето на градот. Аварите, привлечени од примамливите понуди, веднаш се согласиле да учествуваат во новиот напад на Солун. Во 618 година, по двогодишни подготовки, нивните војски се јавиле пред ѕидините на градот, каде што желно биле очекувани од Македонските Словени.

 

Напаѓачите и овој пат веднаш не јуришале на градот, туку најпрвин го опседнале од сите страни со своите многубројни опсадни справи. Цели 33 дена, од рани зори до доцна вечер, со сите расположиви средства и сили, се вршеле обиди за заземање на градот, но поради јаките одбранбени ѕидини и одличната византиска одбрана, тој и понатаму се држел.

 

Аварите, ненавикнати на такви долготрајни опсади, водени од инстиктот за лесни грабежи, ја напуштиле опсадата и се вратиле во своите земји зад Дунав. По нивното повлекување Македонските Словени склучиле примирје.

 

Исцрпени од долгогодишните борби, Македонските Словени ги прекратиле своите напади и, како што наведуваат современите извори, одржувале релативен мир, кој траел се до 674 година, кога градот повторно бил нападнат. Повод за обновување на борбите овој пат било пленувањето на водачот на Македонските Словени — кнезот Пребонд

 

82

 

 

или Првуд), кој, под обвинување дека крои нов напад на Солун, истата година бил погубен.

 

Пред главниот јуриш Македонските Словени најнапред го опседнале градот од сите страни, со намера да не му допуштат никакво снабдување однадвор и преку глад да ги принудат граѓаните на предавање. Потоа се дале на грабеж во неговата поблиска и подалечна околина. Тие нивни акции временски траеле скоро цели две години и предизвикале опасен глад во градот, што довело до масовно бегство и предавање на Византијците. Најпосле, на 25 јули 677 година (стар стил), Словените навалиле на градските ѕидини. Меѓутоа, од непознати причини, токму во моментот на јуришот, Струмјаните не стапиле во дејство. Тоа во прилична мера го намалило интензитетот на ударот, но сепак другите племиња не го измениле своето решение, па со несмалена жестина цели три дена јуришале на градскиот ѕид. Меѓутоа, сите нивни обиди да провалат во градот останале безуспешни. Со тоа и оваа опсада, која била со најголеми изгледи за успех, бесповратно пропаднала.

 

Во текот на сите овие борби, кои со прекини траеле скоро сто години, дошле до најостар израз тогашните словенско-византиски противречности. Додека Македонските Словени со завладувањето на градот се стремеле да ја истиснат Византија од една важна опора на Балканот, последнава во неговото задржување гледала излезна точка за повторно обновување на својата изгубена власт на Балканскиот Полуостров. Но иако во борбите градот не можел да биде освоен, подоцна, под дејството на економските фактори, Словените сепак ќе навлезат во него.

 

Овие борби на Македонските Словени, како дел од општите борби на Јужните Словени, одиграле голема улога во рушењето на робовладетелскиот поредок на Балканскиот Полуостров. Тие едновремено придонесле за меѓусебното зближување на Македонските Словеки и за нивното поврзување и обединување во пошироки племенски заедници.

 

 

3. Економско-општествените односи кај Македонските Словени

 

Уште зад реката Дунав кај Словените било присутно ропството, а во текот на војните со Византија тоа достигнало до патријархалната фаза од својот развиток. Робовите главно се ползувале како домашна работна сила, но при доселувањето на Полуостровот ропскиот труд бил користен и во областа на стопанството. Тоа го потврдуваат доста јасно некои византиски писатели. Така на пример, анонимниот автор на „Чудесата на свети Димитрија Солунски“ споменува дека во времето на најдолгата словенска опсада на

 

83

 

 

Солун во 674—677 година, Македонските Словени заробените солунчани им ги продавале на своите соплеменици во внатрешноста на Македонија, а овие ги користеле во домашните и полските работи. Притоа, не се имало никакви обѕири: заробувајќи го во 685 година епископот Кипријан, Македонските Словени го користеле него како коњушар. Слични наводи за користење ропска работна сила од страна на Македонските Словени има и кај цариградскиот патријарх Никифор, кој соопштува дека во 678/9 година византискиот цар Константин V за свилени облеки откупил од нив 2.500 свои поданици кои веќе од поодамна се наоѓале кај нив во ропство.

 

Повеќе фактори и околности влијаеле ропството кај Македонските Словени да не се доразвие. Пред се, кога Македонските Словени се населиле во новите земји, тука ропството било во распаѓање и во голема мера заменето со колонатот, предвесник на феудализмот. Македонските Словени не само што не можеле да ги вратат назад затечените одчоси во областа на стопанството, туку, напротив, со својата слободна селска општина дале нов импулс за установување и развивање на новите, феудални односи.

 

Основа на општествениот поредок кај Словените во времето на нивното доселување во Македонија била воената демократија, како последна етапа на родовското устројство и премин кон формирањето на класното општество и неговата државна организација. Во резултат на воените грабежи и пленот дошло до зголемена имотна нееднаквост, која нужно довела и до поголема социјална диференцијација во родовската општина. Значително влијание врз разлагањето на родовските односи кај Македонските Словени имало и нивното мешање со староседелското население. Словените во Македонија дошле разделени по племиња, кои при населувањето се испомешале, поради што настанале нови племиња, како што е случајот со Струмјаните и други. Притоа, племињата се населувале во географско-политички целини што од Византијците биле наречени Склавинии.

 

Според тоа старата основа на производствените односи, која уште пред словенската преселба била поткопана, се повеќе се стеснувала и исчезнувала. Основна општествено-економска заедница кај Македонските Словени сега претставувала не родовската, туку територијалната селска општина, со своето патријархално семејство. Крвната врска на членовите на општината сега не била примарна, туку пред се нивната територијална припадност. Во нејзината основа лежеле не родовските односи, макар што тие уште долго време се провлекувале, ами чисто економските односи, кои заедно со територијалната врска ја сочинувале колективноста на заедничкиот живот на членовите на општината. Нејзините членови заеднички се користеле со општинската

 

84

 

 

земја до прибирањето на летнината. Подоцна, кога индивидуалното производство излегло од рамките на патријархалното семејство и се проширило на полето, орната земја започнала периодично да се разделува помеѓу општинарите на привремено користење. Заедничката сопственост над орната земја била поткопана и почнала да се распаѓа. Сето тоа довело до нови промени во земјишните односи меѓу општината, од една, и нејзините членови, од друга страна. Орната земја сега преминувала во трајна и конечна сопственост на општинарите. Во VII век кај Македонските Словени тој процес почнал да пушта се подлабоки корени. Покрај орната земја, која била омеѓена, лична сопственост на општинарите станале и лозјата и градините. Нивниот сопственик можел со нив слободно да располага, па дури и да ги отуѓува. Така, на пример, во 897 година некоја жена од племето на Драговитите извршила продажба на својата нива и лозје сосе инвентар. Само шумите, пасиштата и водите подолго останале заеднички, т.е. општински. Меѓутоа, овој разложувачки процес не се одвивал со ист интензитет кај сите македонски словенски племиња. Најрано тој ги зафатил и побрзо се развивал кај оние племиња што биле населени во околината на Солун и кај оние што биле почесто подвластувани од Византија. Кај другите племиња што живееле во внатрешноста на Македонија, тој процес се појавил многу подоцна, а и побавно се развивал. Во процесот на утврдување на приватната сопственост во областа на производството кај Македонските Словени настанале значителни економски разлики, кои од своја страна довеле и до класно раслојување.

 

Како резултат на забрзаното класно-социјално раслојување, уште во црвата половина на VII век кај Македонските Словени почнале да се појавуваат видни првенци и кнезови, како што биле Хацон, Пребонд, Акамир и други, кои од својата средина се разликувале не само по својата општествено-политичка улога, туку и по своите културни навици.

 

Во новите земји земјоделството и понатаму останало основно и главно занимање на Македонските Словени. Земјата ја обработувале со поусовршени алати одошто во старата татковина. Главни орудија им биле: плугот, дрвеното рало, дикелот, мотиката, казмата, секирата, српот, копачот и др. Плугот почнал се повеќе да ги потиснува мотиката и дрвеното рало. Во освојување на нови обработливи површини, покрај копачењето се применувал и стариот, палевински систем.

 

Во обработката на земјата Македонските Словени, покрај донесеното искуство го користеле и искуството на староседелците, со што значително било проширено и збогатено одгледувањето на различните житни култури. Со се подоброто обработување на земјата тие почнале да добиваат

 

85

 

 

значително повисоки приноси, кои не само што ги задоволувале домашните потреби, туку ја овозможиле појавата и на производни вишоци за размена, меѓусебна или со соседните народи. Освен со сеење житни култури, Македонските Словени се занимавале и со сточарство и градинарство. Во 677 година, за време на најдолгата и најсилната опсада на Солун, што ја организирал воено-племенскиот сојуз на Македонските Словени, Велегезитите ги помагале опсадените солунчани со сушеници и зеленчук. Покрај тоа, Македонските Словени се занимавале и со лозарство и пчеларство.

 

Друга важна гранка на нивното занимање било сточарството. Богатите пространи пасишта, со кои обилувала Македонија, им давале одлична можност и услови да одгледуваат крупен и ситен добиток, од кој добивале млеко, месо, кожи и волна. Оние пак што биле населени крај реките и езерата се занимавале и со бродарење и риболов.

 

Паралелно со развојот на земјоделството се развивало и занаетчиството. Неговиот развиток првенствено се должел на потребата од изработка на орудија за обработување на земјата, како и на оружје за самоодбрана и напад. Веќе во VII век постоела извесна внатрешна поделба на професионалните занаетчии. Најмногу биле развиени ковачкиот, дрводелскиот, јажарскиот, кожарскиот, ткајачкиот, оружарскиот и други занаети. Македонските Словени биле вешти и во правењето чунови изработени од едно дрво (моноксили). На Халкидик, кај Ринхините, било развиено рударството и топењето на железна руда. Подоцна Македонските Словени почнале да се занимаваат и со трговијата. Стопанството на Македонските Словени во овој период било од затворен тип и долго време имало чисто натурален карактер.

 

 

4. Воената организација и вооружувањето

 

Во времето на населувањето на Македонските Словени во Македонија, најголеми промени настанале во нивната воена организација и во вооружувањето. До такви промени првенствено дошло поради постојаните борби што ги воделе со Византија, како во времето на пљачкашките напади, така и по доселувањето. Уште во старата татковина Словените се одликувале со својата физичка сила и издржливост. Поради неразвиеноста на производните сили, нивното вооружување било релативно заостанато, а политичката и воената организација многу слаба.

 

Основно вооружување им биле лакот, копјето и штитот. Она што не можеле да го постигнат во вооружувањето го надоместувале со својата масовност и итрина. Имено, непријателот најчесто го напаѓале ненадејно на нерамен и

 

86

 

 

тешко прооден терен. Меѓутоа, заедно со прогресивните промени во нивните производки сили, догало до натамошни значајни промени и во нивната воена организација и во вооружувањето.

 

Тие немале постојана народна војска, која би служела како вооружена заштита на племенската самостојност, од една, и како вооружена сила за завојување на туѓи територии, од друга страна. Во војска оделе сите мажи способни да носат оружје. Таа била организирана по племиња, и се делела на одреди и чети. Четата била составена од војници на селската општина, на чело со војводата. Неколку чети од едно племе ја сочинувале племенската војска, на чие чело обично стоел еден или повеќе племенски кнезови. Така, во времето на словенската опсада на Солун во 677 година на чело на војската на Драговитите стоеле повеќе кнезови.

 

Во зависност од вооружувањето Македонските Словени постојано ја развивале и воената организација. Таа била заснована на десетинскиот систем. Нивната војска се состоела од стрелци, штитоносци, лесно вооружени одделенија, копјеносци, праќи и екипажи на опсадните справи. Основен род војска била пешадијата. Таа била мошне лесно подвижна, што и овозможувало брзи движења и маневрирања. Подоцна била воведена и тешката пешадија (хоплити). За време на една борба со Византијците во 680 година на страната на Ринхините и Струмјаните учествувала и тешка пешадија. Појавата на овој вид пешадија укажува на постоењето на воено-политичка организација, на приличен степен на материјалната култура, како и на економско-општествена издиференцираност на племињата кај Македонските Словени. Македонските Словени ја усвоиле и вовеле и „артилеријата", која во тоа време се состоела од разни катапулти и балисти. Доста добро ја познавале и вештината на пловењето. Тие располатале со голем број чунови (моноксили), кои освен во секидневниот живот ги ползувале и во поморските напади. За време на борбите тие биле користени за самостојни и комбинирани поморски напади. Освен тоа Македонските Словени со овие чунови преземале и смели воени напади по крајбрежјето и внатрешноста на Егејското Море. Таков комбиниран напад по суво и по море тие извеле во 674 година. Во тие напади нивните моноксили достигнувале дури до Дарданелите и соседните егејски острови. Во нивното вооружување во тоа време основно оружје и понатаму останале стрелата, копјето, мечот и штитот. Во текот на војувањето постојано биле воведувани нови видови оружје. Така, при опсадата на Солун во 677 година, Драговитите во борбите употребиле нов тип стрели и други нови оружја, кои солунчаните за прв пат тогаш ги виделе и не знаеле какви имиња да им дадат.

 

87

 

 

Македонските стрелци во текот на овие долготрајни борби многу ја усовршиле и стрелачката вештина.

 

Прилично висок развој кај нив достигнала и опсадната техника. Тие имале разнообразни опсадни справи, како што се каменофрлачките, пламенофрлачките, јуришните скали, овните, желките, кулите и други направи. Така, при опсадата на Солун во 686 година Македонските Словени само на источната страна имале поставено над 50 вакви опсадни направи. Изработката на овие сложени опсадни направи тие делумно ја научиле од Аварите, а делумно и од Византијците. Меѓутоа, при нивното изработување Македонските Словени дале и свој придонес.

 

Паралелно со усовршувањето и унапредувањето на своето вооружување, Македонските Словени ја имале усовршено и бојната вештина. Своите напади ги изведувале не случајно и стихијно, како во прво време, туку сосем плански, подготвени и со однапред определена цел. Најчесто напаѓале самостојно, а понекогаш и во заедница со други племиња. Вакви заеднички напади биле организирани при опсадите на Солун во 586 и 618 година, во кои учествувале и Аварите како нивни сојузници. При нивното изведување Македонските Словени се служеле со разни лукавства. Најчесто вршеле ненадејни напади, кои имале за цел да предизвикаат страв и да внесат збрка во редовите на непријателот. Вакви ненадејни напади биле извршени на Солун во 584 и 618 година. Понекогаш нападите ги изведувале со претходни извидувања и одбележувања на лесно освоивите места. Така, во борбите за Солун во 616 и 677 година, пред да извршат јуриш на градот, спровеле детални извидувања и обележувања на слабите места на градскиот ѕџд. Јуришале одеднаш, со сите расположиви воени ефективи. Ако притоа не можеле да ја преземат непријателската тврдина, тие не се повлекувале, туку борбата ја продолжувале со опсада и настојувале со глад да на скршат отпорот на бранителите. Нивните опсади временски траеле различно. Понекогаш тие престанувале по неколку дена, а понекогаш траеле и по неколку години, во зависност од конкретната ситуација и околностите. Кога Солун во 586 година бил подложен на опсада, таа траела само осум дена. Најдолго пак тој бил опседнуван при нападите од 614 до 616 и од 674 до 677 година. Тогаш опсадите траеле по цели години. Македонските Словени своите напади најчесто ги изведувале денски. Борбите ги започнувале уште во зорите, а со настапувањето на ноќта ги прекратувале.

 

Македонските Словени во борбите со непријателот се истакнувале како смели и бестрашни борци, особено кога ја бранеле својата племенска слобода и самостојност.

 

88

 

 

5. Обособување на склавиниите во Македонија

 

Во врска со борбите помеѓу Византија и Македонските Зловени неколку пати се споменуваат склавиниите. Првиот извор што споменува склавинии, поправо Склавинија (Σκλαυηνία) е византискиот автор Теофилакт Симоката (II половина на VI—VII в.). Во тоа време под овој поим очигледно се подразбирало неорганизираното и необединето словенско подрачје, прекудунавска Склавинија, т.е. денешно Влашко. „Чудесата на Димитрија Солунски“ (II деценија на VII в.) веќе го познаваат популарниот облик на ова име (Σκλαβινίαι), со кое се опфатени и уште некои склавинии, што кон крајот на VI век ја признавале власта на Аварите и нивниот каган. Според тоа, може да се претпостави дека византиските автбри од втората половина на VI и почетокот на VII век ова име го употребувале како општ назив за секој предел населен со Словени.

 

Македонските склавинии прв ги споменува Теофан Конфесор (околу 760 до околу 818) и тој е всушност единствен византиски автор што ги наречува „Склавинии во Македонија", (τάς κατα τήν Μακεδονίαν σκλαυίνίας), а така ги вика и Анастасиј Библиотекар (800—880).

 

Во писмото на византискиот цар Михаил II, упатено до Лудовик Побожни (814—840), изречно се зборува за склавиниите што се наоѓале околу Тракија, Македонија и Солун.

 

Сево ова потврдува дека не само склавиниите покрај брегот на Јадранското Море, за кои опширно пишува единствено Константин Порфирогенет, туку и на другиот дел на Балканскиот Полуостров се наоѓале, исто така, цела низа склавинии. Нив ги имало во Грција, Епир, Тесалија, Пелопонез, Тракија, а посебно во Македонија.

 

Може да се претпостави дека македонските склавинии како организирани родовско-племенски заедници постоеле уште од 80-тите години на VI век. Тие биле некое време во извесна зависност од Аварите.

 

Аварите уште кон крајот на VI век незадржливо продирале сé до работ на Пелопонез и до Цариград (584 г. и натаму). Притоа тие им помагале на Словените да се зацврстат за постојано и сигурно во поголемиот дел на Балканскиот Полуостров, каде што тогаш одделни словенски племиња формирале свои склавинии.

 

Македонските склавинии (под ова се подразбираат склавиниите во поблиската и подалечната околина на Солун) отпрвин служеле како огромен резервоар на воена сила со која биле извршувани разни стратегиски операции на еден дел од Балканскиот Полуострсв, за потоа сета моќ да ја сосредоточат против Солун. Во секоја од овие склавинии, како оние во некогашна Русија и на брегот на Јадранското Море, обично било населено по едно словенско племе, кое

 

89

 

 

по својата бројност не можело да се спореди со германските племиња.

 

Како и во својата прататковина, Словените живееле по села и општини. Така, склавинијата во која живеело племето Драговити, се простирала западно од Солун. Подоцна оваа склавинија, во втората половина на IX век, го добила името според тоа племе — Драговитија. Таа имала и свој бискуп. Свои склавинии имале и Сагудатите, Велегезитите, Вајунитите, Берзитите (за кои некои тврдат дека се Брсјаците).

 

Покрај овие, имало и други македонски склавинии населени со нам познати македонски племиња. Во тие склавинии покрај Словените, живееле уште и други тука одамна населени народи. Овие староседелци отпрвин не се мешале со Словените, на чие чело, во склавиниите, стоеле архонти или егзарси, или пак со одделни словенски племиња управувале регеси (ῥῆγες). Посебна титула е егзархонт, што ја имал еден анонимен словенски водач, на чело на некоја македонска склавинија. Сите овие биле титули што византиските автори им ги давале на водачите или на водачот на Словените воопшто во Македонија, или на одделни тамошни племиња, како и на оние што стоеле на чело на една тамошна склавинија. Како се викале тие на словенски јазик не се знае.

 

Вака наречуваните „архонти“ означувале повеќе или помалку зависни или независни главатари на Словените во одделни склавинии и тие со нив управувале онака како и некогашните словенски кнезови преку Дунав во VI век.

 

Според пишувањето на Константин Порфирогенет, и на овие македонски склавинии, како и на оние на Приморјето, отпрвин на чело им стоеле жупани — старешини. Нив подоцна ги замениле нови управувачи со византиската титула архонт. Тие заедно со своето племе во одделна територијална единица барем формално ја признавале власта на византискиот цар и со тоа ги примале врз себе сите оние обврски што произлегувале од тој однос.

 

Во Македонија византиските извори општо споменуваат архонти на Словените, а само еднаш се дава титулата „архонт на Словените на Велзитија“, т.е. на една македонска склавинија. Тоа укажува дека и овие архонти биле еден вид наследни главатари на одделни племиња во своите територијални единици и дека овие племиња нив ги избирале од родот што го сакале и милувале, како што пишува Константин VII, кога зборува за архонтите на приморските склавинии.

 

Архонтите на македонските склавинии биле главно независни и од Византија и од Бугарија, што најдобро го

 

90

 

 

илустрира нивниот однос спрема овие држави. Владетелот на едно македонско племе се викал „ῥήξ". Имало и повеќе регеси (ῥῆγες) што владееле со едно племе (на пр. Драговитите). Овие владетели (главатари) биле меѓусебно сложни, а посебно во војната. Биле поврзани со другите „регес“ што стоеле на чело на одделни многубројни племиња во Македонија, така што на повик си доаѓале едни на други на помош. Овде не можела да успее византиската тактика на разединување и поткопување, што ја препорачувал т. н. Псевдо-Маврикиев Стратегикон. Но тоа не значи дека овие „регес“ останале и натаму воинствени. Имено, во солунската околина имало и такви што повремено одржувале мирољубиви односи со Солун, каде што се зборувало словенски, а стоеле и во извесна зависност од византискиот цар (на пр. Првуд — Пребонд).

 

Што значи „егзархонт“ на една склавинија во околината на Солун, за која пишува Игнатиј Ѓакон, тешко е нешто поопределено да се каже. Кон крајот на VI век, склавиниите на Балканот, па според тоа, се разбира, и во Македонија, веќе претставувале силна воена моќ и под водството на Аварите постојано ја загрозувале нивната ѕаедничка почетна цел — Солун, а потоа и подалечната — Цариград.

 

Овие склавинии претставувале војнички уредени единици што давале првокласно извежбани, искусни и најмодерно вооружени војници.

 

Склавиниите што се наоѓале на територијата на префектурата на Илирик со седиште во Солун одржувале разновидни односи со оваа воена институција.

 

Наскоро овие склавинии, кои непрестајно го загрозувале Солун, и самите доживеале голем напад врз своите територии. Тоа бил прв успешен напад против нив, а го извел цар Констанс II (641—668), во 658 година. Тој им нанесол страшен удар и заробил огромно многу луѓе. Сега склавиниите наместо номинално ја признале вистински врховната власт на Византија. Но ваквата покорна состојба не траела долго време. Ринхинскиот главатар Првуд се нафатил да ги обедини сите соседни и блиски склавинии, со цел на крајот да се дофати до Солун, но поради тие негови намери бил погубен (674). Тогаш се дигнале оние склавинии во кои живееле Стримонците, Сагудатите, Драговитите и други. Нивното востание било безуспешно, но со ова бил формиран првиот силен воен сојуз на македонските склавинии.

 

Освен непрестајните напади од балканските склавинии сé до Хелеспонд, положбата на Византија уште повеќе ја комплицирало доаѓањето на Бугарите, кои со Словените во североисточниот дел на Балканот формирале држава.

 

91

 

 

Веднаш по своето доаѓање на Балканскиот Полуостров, Бугарите присилиле одделни словенски племиња и Византија да им плаќаат данок. Но царот Јустинијан II (685—695, 705—711) ги запрел тие плаќања. Откако се осигурил во грбот од Арапите на Исток, тој се потпрел врз својата силна коњица, удрил на Бугарите и ги победил. Охрабрен од успехот сега тргнал против склавиниите, па допрел до Солун (688/9). Притоа покорил голем број словенски племиња, а еден голем број населил во темата Опсикија во Мала Азија.

 

Оттогаш овие главно покорени склавинии мирувале долга низа години. Кон крајот на VII век, за што поефикасна одбрана, се формирала, покрај темата Тракија, и темата Елада, во Средна Грција, а делокругот на илирската префектура се сведувал на Солун со околината.

 

Наспроти тоа, надвор од дофатот на византиската власт и понатаму останал најголем дел од Балканот што го држеле Бугарите и склавиниите. Но иако Цариград не успеал наполно да ги стави под своја власт сите склавинии, сепак тој успеал во луѓе нив значително да ги ослабне. Имено, нешто без сила, нешто со сила, Византија ги преселила Словените од овие единици во своите новоооздадени теми, каде што тие станувале војници и земјоделци. Со тоа империјата на евтин начин ја зголемувала својата војска и привремено ги зајакнувала оние предели што страдале поради долготрајните војни.

 

Ваквиот вид преселување на Словените и колонизацијата на Византијци и други народи подоцна се посилно продолжувал. На ваков систематски начин биле потискани Македонските Словени од југ кон северна Македонија, а се обидувале дури и да ги асимилираат. Меѓутоа, војните не престанувале. Византија и во VIII век ги водела против својот главен непријател Бугарија. Во тие борби новиот цар Константин V (741 — 775) ги придобил на своја страна Словените, кои во огромни маси ја напуштале Бугарија и преминувале кај Византијците; овие пак потоа ги населувале нив по малоазиските теми.

 

Но Константин, за време на овие војни, ги напаѓал и склавиниите по Македонија (758/9), кои ги поробил а нивното население го покорил. Ова не им попречило на архонтите на Словените од другите склавинии (од приморските делови на Грција, источно од Солун) и понатаму да гусарат и да заробуваат жители од егејските острови, и тоа во толкава мера што царот бил присилен преку своето пратеништво од нив да ги откупува своите поданици (768/9).

 

Кога Бугарите, пак, се обиделе да поробат една од тие склавинии („Велзитија") и нејзиното население да го преселат во Бугарија, во тоа ги спречил цар Константин, кој ги победил кај Литхосорија. Така овој „василевс“ станал еден вид заштитник на македонските склавинии што, во извесна мера, ја признавале неговата власт. Но веќе во

 

92

 

 

времето на Ирена (780—797), која управувала со царството како регент на малолетниот син Константин VI, внук на Константин V, биле преземени воени мерки да се покорат и присилат на послушност словенските племиња во околината на Солун и во Грција (Елада). Овој поход во целост успеал (783), со продор дури до Пелопонез.

 

Словените, а посебно водачите на македонските склазинии, не можеле да ја заборават оваа експедиција на Ирена. Еден од водачите, Акамир (по се изгледа, од антско потекло), архонт на Словените на „Велзитија“, започнал да се меша во династичките прилики на византиското царство (околу 799), па тоа морал да го плати со ослепување.

 

Но веќе во 802 година избувнал државен удар и Ирена била симната од престолот, а на нејзино место дошол Никифор I (802—811).

 

Таа година првпат се споменува Македонија како посебна тема, што го опфатила западниот дел на Тракија. Во неа, како и во Тракија, на чело на војската бил моностратег. Приближно во исто време била основана и темата Пелопонез, а во првите години на IX век — темата Кефаленија, што ги опфаќала Јонските Острови. Но и покрај тие реформи, Словените тогаш и натаму го држеле цел Епир, дел од Елада, Пелопонез и Македонија. Во почетокот на IX век тие на Пелопонез дури и дигнале востание што зело големи размери, но набргу биле поразени.

 

Со намера да ја смири земјата, Никифор наредил „христијаните" да се преселат од темите на неговото царство во склавиниите и нивните имоти да се продадат. Ова присилно и бескрупулозно преселување било спроведено во рок од неколку месеци.

 

Во склавиниите овие нови жители добиле земја и морале да вршат должност како стратиоти. Овој податок за преселувањето на населението од разни краишта е карактеристичен по тоа што докажува, дека Словените во тие склавинии уште биле повеќето пагани, дека и биле наполно покорни на византиската власт, инаку царот не би можел да спроведе толку драстични мерки без никаков отпор од нивна страна. Со раселувањето Византија ја разбила компактноста на македонските склавинии, во чија оданост не верувала. Крајната цел на оваа колонизација пак била да се забрза процесот на потчинување и грцизирање на словенското население и со новите жители да се ослабне етничката монолитност.

 

Иако повеќето склавинии биле под посилно или послабо влијание и власт на воинствениот Никифор I, тие сепак во судирот на Византија со Бугарија (809—811) одиграле решавачка улога. Имено, бугарскиот хан Крум ги придобил на своја страна, покрај Аварите, склавиниите, како и нивните архонти, па заедно со нив решително ја поразил византиската војска. Во бојот загинал и самиот

 

93

 

 

Никифор (811). Овој пат Крум најмил во војската Словени од тие склавинии, како и Авари. Тоа јасно укажува дека овие склавинии биле наполно независни од Бугарите и дека стоеле во интересната сфера и под власта на Византиската империја.

 

Под Крум Бугарите се повеќе ја пројавувале својата надмоќ над Тракија и Македонија. Така, во пролетта на 814 г. ханот Крум тргнал на Цариград со голема војска кон која ги приклучил Аварите и сите склавинии. Во таа невола византискиот владетел преку своите пратеници барал помош од Лудовик Побожни против „Бугарите и другите варварски племиња“, мислејќи, секако, на склавиниите.

 

Што не дошло до опсада на Цариград, треба да се заблагодари на ненадејната смрт на бугарскиот хан. Од еден изворен податок може да се забележи дека Крум успеал да ги поврзе во еден сојуз сите склавинии кои веќе само номинално ја признавале византиската власт, и да ги придобие за својот план — освојувањето на Цариград.

 

Меѓутоа, походот на Цариград под водството на Крум во 814 г. претставувал измена на нивните дотогашни стремежи: на Солун му отстапила место една поширока, но затоа и понеблагодарна задача со чие извршување требало да се ликвидира центарот на византиската држава. Мислеле дека на овој начин сосем ќе се ослободат од туторството на „василевсите“, кое сега било претежно од формална природа.

 

По смртта на Крум, Бугарија мирувала долга низа години, а на Балканот владеел период на мир што бил нарушен со доаѓањето на Михаил II (820—829) на византискиот престол.

 

За време на неговото владеење македонските склавинии пристапиле кон востанието на Тома Словен, кој од 821—823 г. го опседнувал Цариград. Значи, тие и овој пат се раководеле од истата цел како и за време на Крум, та притоа, макар привремено, ја отфрлиле византиската власт и станале сосем самостојни.

 

Но бидејќи движењето на Тома било наскоро наполно совладано, склавиниите автоматски морале да се вратат во истиот однос спрема Византија што го имале и пред востанието.

 

Меѓутоа, за време на царот Теофил (829—842), син на Михаил II, Словените на најјужниот дел од Балканот масовно се дигнале против Византија. Имено, во 836/7 г. непознатиот егзархонт на оваа склавинија што се наоѓала во планинскиот предел на Солун подигнал востание од големи размери. Според пишувањето на еден современ опишувач на овој настан „крв течела со потоци, а околината ја горел оган“. Тешко е да се определи која била таа склавинија. Се знае само дека во неа, како и во другите склавинии, се влегувало со царски пасош (со печат и царско

 

94

 

 

одобрение) или со пропусница, како што се гледа тоа од истиот извор.

 

Може да се претпостави дека ова востание наскоро било задушено, како и сите други, зашто Византија во тоа време била доволно силна да го совлада успешно секој обид за отпор.

 

По ова време, во византиските извори веќе не се споменува ни една македонска склавинија.

 

Секако може да се претпостави дека македонските склавинии престанале да постојат откако во првата полознна на IX век биле организирани како посебни теми и области на Солун и Драч, тие главни вазинтиски упоришта на Егејско и Јадранско Море. Малку подоцна со основањето на темата Никопол во Епир била воведена тематска управа, а со основањето на Струмската тема, Солунската тема била поврзана со трачките теми Тракија и Македонија (нејзиниот прв стратег се знае од 813 г. и се викал Иван).

 

Изградување на ваков тематски систем на Балканскиот Полуостров укажува на процесот на постепено воспоставување на византиската власт во одделни балкански предели, од кои таа била истисната со колонизацијата на Јужните Словени. Го одразува процесот на политичката реокупација на тие области како и на нивната културна реелинизација. Со вековната изградба на ваквите теми Византија во крајбрежните предели на Балканот успеала да ја воспостави својата власт и својот управен систем, но затоа внатрешноста на Полуостровот и понатаму останала надвор од дофатот на оваа империја. Па сепак, токму јадранските склавинии малку порано се формирале во држави и државички. Тоа не се случило со македонските склавинии, затоа што тие биле многу поблиску до влијанието и центарот на воената и политичката сила на Византиското царство и многу повеќе зависни од Цариград.

 

Затоа е и сфатливо што Византија доста лесно успеала за век и пол да го осуети формирањето на тие склавинии во здделни државни творби или во македонска држава.

 

 

6. Ширење на бугарската власт во Македонија

 

Кога на чело на бугарската држава застанал ханот Пресијан (836—852), дошло до заострување на бугарско-византиските односи. Не придржувајќи се кон никакви договори склучени од неговите претходници, Пресијан ја исползувал зафатеноста на Византија и со голема војска, предводена од каганот Избул, навлегол во византиските територии. Зафатеноста на Византија во борбите со Арабите, а и споменатото раздвижување на Македонските Словени во околината на Солун, биле поволни услови што ги искористила Бугарија, за да го наруши Триесетгодишниот мир

 

95

 

 

со Византија. На напади од Бугарија биле изложени повеќе македонски области. Каганот Избул со голема војска навлегол во земјите на Смолјаните со цел да ги освои овие македонски територии. Врз база на оскудните вести може да се утврди дека тогаш под бугарска власт паднале повеќе области од северна Македонија. Бугарските освојувања во Македонија продолжиле и во времето на Борис (852—889). Во житието на Тивериополските маченици, што врз база на постари извори го напишал Теофилакт Охридски, има податоци што говорат дека поголемиот дел од струмичката област била заземена од страна на владетелот Борис. Во врска со тоа Теофилакт истакнува дека на Бориса „не малку народи му се покориле“. Тогаш, се вели во житието, и Словените од струмичката област биле натерани да се признаат „себеси за робови“ и да ги исполнуваат наредбите на бугарскиот владетел.

 

Во времето на Бориса била дефинитивно потчинета под власта на Бугарите брегалничката област. Тој успеал да се прошири и преку Вардар, во западномакедонските области. Тоа се гледа од податоците на Климентовото житие, каде што се наведува дека Борис ги освоил Охрид, Главиница, Девол и други места.

 

Кога во 864 година дошло до склучување мировен договор меѓу Бугарија и Византија, голем дел од територијата на Македонија бил веќе завладеан од страна на Бугарите. Според одредбите на договорот, Борис се обврзал да го прими христијанството од страна на Цариградската патријаршија за државна религија. Овој услов не бил случајно поставен од Византија. Римската и Цариградската црква во овој период употребувале секакви начини за да ги затврдат своите црковни позиции на Балканот. Затоа, примањето на христијанството за државна религија на бугарската држава, што како услов го поставила Византија во договорот, имало чисто политички карактер.

 

Сакајќи на својата држава да и даде позначајно и признато место меѓу европските држави, а на претставниците на феудалната класа едно силно орудие во рацете, Борис ја прифатил христијанската религија за државна вера.

 

Бугарската држава, која во времето на владеењето на Борис успеала да се прошири и да стане моќна и голема балканска сила, се борела за поголема не само политичка, туку и црковна самостојност. Нејзината политика била доста променлива, како спрема Германската империја и Римската црква, така и спрема Византија. Со цел да ја задржи во сферата на своето влијание, Византија морала да води доста попустлива политика. Таа почнала да попушта не само во однос на ширењето на словенската писменост, туку и во отворањето на словенски цркви и изградувањето на голем број словенски свештенички кадар.

 

96

 

 

Кирил и Климент — фреска од црквата Света Софија во Охрид (XI век)

 

 

ГЛАВА III. ШИРЕЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО И КНИЖЕВНОСТА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ

 

 

1. Раната христијанизација на Македонските Словени

 

Со населувањето на Словените, скоро насекаде во Македонија била сериозно погодена постојната црковна организација. Напаѓајќи ги градовите во заедница со Аварите, Словените покрај другите згради, ги рушеле и „божјите храмови" — се вели во житието на Тивериополските маченици. Тоа е разбирливо, бидејќи Словените дошле во Македонија со своја многубожна вера, со свои обичаи и бит, кои не им биле својствени на староседелците — христијани. Населените Словени — пишува Теофилакт — „не знаеле за Христовото име, му служеле на скитското безумие, како на сонцето, така и на месечината и на другите ѕвезди, а некои пак им принесувале жртва и на кучињата“.

 

Извршената христијанизација на староседелците била еден од факторите што влијаеле и Македонските Словени да ја примаат христијанската религија. Друг фактор што уште посилно и организирано влијаел Македонските Словени да го примаат христијанството била византиската држава, со својата неразделна помошничка — црквата. Едно од главните орудија за потчинување на Словените инивното претворување во послушни ромејски поданици било христијанството. Заедно со преземањето на воени походи и колонизаторски мерки, се вршело и покрстување на оние Словени што потпаѓале под византиската власт. Со тоа на голем број Македонски Словени им бил нанесуван удар, не само во однос на нивната верска, туку и народносна и културна самобитност и се создавале услови за нивно елинизирање. Особено активна политика почнала да води Византија за покрстување на Македонските Словени во времето на владеењето на императорите — иконоборци. Во една хроника на атонскиот (светогорскиот) манастир Кастамони се вели дека „во времето на неблагочестивите иконоборци василевси биле покрстени т.н. Ринхини и попросто Влахоринхини и Сагудати“. Од еден список пак од VIII век, што ги содржи епархиите во балканските поседи, се гледа дека постоела и епархијата Македонија управувана од митрополит,

 

97

 

 

а со Центар во градот Солун. Во списокот се наброени народ 18 македонски градови, кои станале центри на епископи, потчинети на солунскиот митрополит. Меѓу другите, такви градови биле: Хераклеја (Лерин), Кастра (Костур), Едеса (Воден), Серез и др. Толкавиот број епископски центри во Македонија јасно говори дека византиската држава водела засилени акции и на црковен план, преку примањето на христијанската вера Македонските Словени да се натераат да станат послушни ромејски поданици.

 

 

2. Почетоци на писменоста кај Македонските Словени

 

Од пишувањето на првиот бранител на словенската азбука и писменост, Црноризец Храбар, во единственото зачувано негово сочинение трактатот „О писменех“, се дознава фактот дека Словените, уште додека биле многубошци и немале книги, употребувале „црти“ и „решки“ за запишување на некои работи што им биле потребни. Иако Црноризец Храбар го нема определено времето кога Словените се служеле со „црти“ и „решки“, секако станува збор за еден долг период што трае не само за времето додека Словените се наоѓале во старата татковина, туку се продолжува и по нивното доаѓање на Балканот, па и по нивното покрстување.

 

Ако се следи кажувањето на Црноризец Храбар, се дознава нешто и за втората етапа од развојот на писменоста кај словенските народи, до колку употребата на „цртите“ и „решките" ја сметаме за прва етапа во развојот на писменоста.

 

Откако Словените биле покрстени, — пишува Црноризец Храбар — тие се мачеле со помош на римски и грчки букви да пишуваат на словенски јазик, но без некои правила. Употребата на римската и грчката азбука траела многу години. Тешкотијата со употребата на овие две азбуки била особено голема кога требало да се означуваат оние гласови од словенскиот јазик за кои ги немало потребните букви во римската и грчката азбука.

 

Ова кажување на Црноризец Храбар за употребата на римската и грчката азбука кај Словените е едно од несомнените сведоштва за постоењето на некаква словенска писменост пред создавањето на словенската азбука. Меѓутоа, употребата на грчката азбука не престанала со изнајдувањето на словенската азбука; ред појави во текот на вековите укажуваат на тоа дека таа продолжила и понатаму.

 

98

 

 

3. Кирил и Методија и создавањето на словенската азбука

 

Во славистиката и историската наука постои мислење дека во Византија кон средината на IX век се вршени подготовки за создавање словенска азбука и писменост и дека за таа работа можеле да бидат ангажирани познатите византиски учени луѓе и мисионери Методија и Константин, кои, како солунци, го знаеле словенскиот старомакедонски јазик.

 

Се знае дека словенската азбука ја создал Константин (Кирил), а дека брат му Методија заедно со него и со некои други ученици, ги превел потребните богослужбени книги од грчки на јазикот со кој говореле Македонските Словени, од околината на Солун, а којшто во најстарите словенски преводи е наречен словенски.

 

Според поголемиот дел од научниците, Кирил најпрвин ја составил глаголицата; има доста научници, кои мислат дека кирилицата е прва словенска азбука, а има и такви мислења дека обете азбуки Кирил ги составил едновремено.

 

Со помошта на овие азбуки и служејќи се со словенскиот јазик, старомакедонскиот, што тие добро го знаеле, браќата Кирил и Методија, издигајќи го македонскиот говор од Солунско на степен на прв книжевен словенски јазик, ги превеле нужните богослужбени книги, при што ја користеле, секако, и помошта на некои помошници, ученици, добри познавачи на старомакедоискиот јазик. Разбирањето на овој старомакедонски јазик не можело да претставува некаква особена тешкотија ни за другите словенски племиња, бидејќи во тоа време уште не постоеле значителни разлики меѓу словенските говори, како што е тоа случај денеска.

 

Откако ги подготвиле потребните преводи, византиските мисионери Константин и Методија, со групата ученици, отишле во Велика Моравија, каде што ја започнале својата дејност на организирањето просвета на словенски јазик и богослужба со употреба на словенскиот јазик, којшто им бил разбирлив на Великоморавците.

 

Позната е доста добро судбината на таканаречената моравска мисија — низата перипетии низ кои минала таа, успесите, прогоните, за да и дојде крајот по смртта на нејзините водачи Константин (Кирил) во 869 и Методија во 885 година.

 

По смртта на водачите на моравската мисија настанале тешки денови за словенската богослужба и просвета и за учениците на солунските браќа. Дел од овие ученици биле продадени како робови; позначајните, меѓу кои спаѓаат Климент, Наум, Ангеларија, биле изгонети од Велика Моравија, а за поголемиот дел од учениците изворите ништо не говорат.

 

Иако дошло до пропаѓање на моравската мисија, последиците од неа биле од епохално значење за идниот културен развиток на словенските народи: останала словенската

 

99

 

 

азбука, која понатаму ја користеле поголемиот дел од словенските народи, останал словенскиот книжевен јазик, кој, исто така, долго време се користи од многу словенски народи, и, на крајот, останале најзначајните ученици на солунските браќа: Климент, Наум, Константин Презвитер, кои го продолжиле делото на великите учители, во околности што биле поволни за развојот на словенската писменост и богослужба.

 

 

4. Климент Охридски и формирањето на Охридската книжевна школа

 

Смртта на архиепископот Методија, долгогодишниот водач на моравската мисија, ја ставила во тешка положба словенската богослужба во Велика Моравија и двестете ученици, негови и на Кирила. Од страна на непријателите на словенската богослужба било сторено сé да се уништи делото на солунските браќа. На рака на непријателите на славенската богослужба им одел и великоморавскиот кнез Светолик, кој не бил доволно свесен за нејзиното значење. Во одбрана на словенската богослужба и просвета се дигнале учениците на солунските браќа на чие чело застанале Горазд и Климент. Горазда, како Моравец, Методија го наименувал за свој наследник на архиепископскиот престол во Велика Моравија, но латинско-германското свештенство одбило да го признае решението на Методија, а презело последна и решавачка борба против словенските учители и словенската богослужба. Безуспешни биле напорите на Горазда и Климента да го одбранат правото на постоење на словенска богослужба. Со молчелива согласност на моравскиот ннез Светолик, латинско-германските свештеници ја уништиле словенската просвета и богослужба во Велика Моравија (и Панонија) на тој начин што ги разбркале учениците на Кирила и Методија на сите страни.

 

Во групата од најпознатите словенски учители што биле изложени на тешки прогони и малтретпрања се наоѓале Климент, Наум, Ангеларија. Нив латинско-германските свештеници ги изгониле од главниот град на Велика Моравија на југ, кон Балканот, кон Бугарија.

 

Спуштајќи се на југ, словенските учители пристигнале во бугарската држава и кај бугарскиот кнез Борис, кој знаел добро да ги пречека и да ги искористи за потребите на ширењето на словенската писменост и богослужба во новоосвоените области од Византија, во Македонија.

 

Ставајќи му се на располагање на бугарскиот кнез, Климент бил упатен за учител во областа Кутмичевица, што зафаќала дел од денешните гранични области на Југославија, Албанија и Грција, со главните места Девол, Главиница и Охрид. Добивајќи можност да ги разгрне своите

 

100

 

 

учителски способности, Климент успеал во текот на дваесет и три години (како учител во Кутмичевица до 893, а цотоа епископ во областа Велика, до крајот на својот живот, 916, во Охрид) да издигне во описменувањето голем број луѓе, свештеници и учители, чиј број оди до околу 3.500 и да го воведе во богослужбата словенскиот јазик, со кој говорел големиот дел од населението на овие области. Распределувајќи ги своите ученици по областите Кутмичевица и Велика, тој успеал овие области на бугарската држава да ги издигне на највисоко просветно ниво.

 

Освен со просветителската и верска работа, учителот и епископот словенски Климент Охридски за сето време на својот живот се занимавал и со писателска работа. Климент Охридски е првиот оригинален словенски и македонски поет, беседник и просветител. Тој работел на збогатувањето на најстарата старомакедонска книжевност со преводи од грчки јазик и со оригинални творби. Биографот негов Теофилакт за тоа оставил низа податоци. Така, Теофилакт кажува дека со преведувачка работа Климент Охридски се занимавал до последниот час на својот живот, привршувајќи го на болесничката постела преводот на богослужбениот текст на „Цветниот триод“. Многу позначајна е оригиналната работа на Климент Охридски. Тој составува низа беседи, молитви, химни, похвали и други псалмоподобни песни испеани во чест на Исуса Христа, Богородица, Јован Крстител и други дејци на христијанската црква. Најголемиот дел од овие стихотворби на Климент Охридски се слеале со богатата црковна поезија од најстариот период на словенската поезија, што е преведена од византиски јазик. Покрај поезија, Климент Охридски составил голем број „слова“, беседи, со кои го поучувал населението како правилно ќе ги исполнува верските обреди и како ќе живее еден хуман живот. Според пишувањето на неговиот биограф Теофилакт, Климент Охридски составил беседи за сите празници во годината. Во големиот фонд од беседи во старословенската книжевност, на Климента му се припишуваат нешто под 50 беседи, од кои над 14 се сигурно засведочени како Климентови, со неговото име во заглавието на беседата.

 

Творбите на Климент Охридски се едностанни, непосредни и разбирливи за секого. Исполнети се со топлина и лиричност. Со топлина и неизмерна љубов особено се истакнува прочуената Климентова прекрасна „Похвала на нашиот блажен татко и учител словенски Кирил Филозоф". Поради својата непосредност, таплина и едноставност, творбите на Климент Охридски набргу стануваат достоинство на скоро сите словенски книжевности. Нив ги препишуваат разни словенски писатели во текот на повеќе столетија.

 

Со името на Климента Охридски е поврзано и издигањето на многубројни цркви и манастири во Охрид и во областите Кутмичевица и Велика. Вториот Климентов биограф,

 

101

 

 

охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, на Климента му ја припишува заслугата за создавањето на една нова азбука, полесна за пишување од таа што ја создал Кирил. Во науката се поделени мислењата во поглед на ова укажување на Хоматијана. Со својата просветителска, верска и книжевна дејност Климент Охридски стои на чело на творците на најстарата словенска и македонска книжевност. Тој станува заштитник на Охрид и неговиот култ, изразен во разни манифестации, живее кај населението до нашиве денови.

 

Во часот кога на Климента му било оддадено признание од страна на бугарскиот кнез со тоа што бил назначен за епископ во Велика, во 893 година, на неговото место за учител во Кутмичевица бил поставен Наум, собрат и сподвижник на Климента од најраните години на животот. Во науката има мислења дека овие двајца биле дури и родени браќа. По напуштањето на Велика Моравија и доаѓањето кај бугарскиот кнез, кога Климент бил испратен во Кутмичевица 886, Наум останал да работи некаде околу кнежевскиот двор. За Наум Охридски постојат две доста скудни биографии. Доаѓајќи во Кутмичевица како учител, тој го продолжува делото на својот голем претходник. Го просветува народот и станува популарен меѓу населението. Како учител Наум останува седум години. Се повлекува во манастир (веројатно кај Климента, во Охрид), за, со помош на бугарскиот кнез, во 905 година да го изгради својот манастир, денешниот Св. Наум. Наум Охридски починал во 910 година и е закопан во својот манастир. На неговиот закоп присуствувал и епископот словенски Климент Охридски. Со името на Наум Охридски се врзани низа народни преданија, но не е конкретно познато некое негово книжевно дело, иако би можело такво нешто и да се очекува.

 

 

5. Учениците на Охридската книжевна школа

 

По смртта на Климент Охридски и Наум Охридски, во овој крај на Македонија книжевната работа, повеќе препишувачка, ја продолжуваат учениците на Охридската книжевна школа, како што е наречена школата на Климента и Наума. Познати се неколку анонимни автори на биографиите на Климент Охридски и Наум Охридски, токму од редот на тие ученици. Пред сé тоа се авторите на незачуваните опширни словенски житија на охридските просветители. На постоењето на овие биографии на Климента и Наума укажува анонимниот биограф на Наума во зачуваното Прво Наумово житие. Во ова житие анонимниот составувач на Наумовата биографија кажува, дека, по наредба на деволскиот епиакоп Марко, ученик на Климент Охридски и Наум

 

102

 

 

Охридски, се зафатил со пишувањето на биографијата на охридските просветители, бидејќи, и покрај големите усилби што ги вложил во барањето на опширните житија на Хлимента и Наума, тој нив не можел да ги најде. Од зачуваната Наумова биографија лесно се разбира дека, пред да ја напише оваа, тој напишал слична за Климент Охридски. И оваа втора Климентова биографија не е зачувана.

 

Друг еден многу талентиран, но таков анонимен автор и вистински продолжувач на Климентовата книжевна традиција е оној благороден и благодарен Климентов ученик што, веројатно, по повод годишнината од смртта на Климент Охридски, ја составил прекрасната Служба на Св. Климент Охридски, зачувана во еден препис од XV век. Петте столетија што го делат настанувањето на овој поетски текст од времето во кое е зачуван преписот со кој располага науката, е убаво сведоштво за почитта што му е укажувана на охридскиот просветител и исто така доказ за книжевната вредност на делото. Наполно подражавајќи го Климентовиот начин на пишување и искажување, анонимниот ученик и почитател на Климент Охридски ги истакнува големите заслуги на Климента, кој „како гром загрме со своето учење“ и „ги напои со книжевни слова и го просвети целиот свет со духовни лачи“ ...

 

Главна работа на учениците на охридските просветители била препишувањето на делата на Климент Охридски и на многубројните богослужбени и теолошки списи. Благодарејќи на нивната дејност, ние денеска можеме да укажеме на најстарите словенски текстови што настанале на теренот на Охридската книжевна школа.

 

Најстарите словенски текстави што ја сочинуваат книжевноста (писменоста) на старомакедонскиот период се: Асемановото евангелие, Зографското евангелие, Мариинското евангелие, Синајскиот псалтир и Синајскиот еухологиј. Овие текстови се од крајот на XII век. Пишувани се на македонскиот терен или носат во себе траги од старомакедонските оригинали. Сите се научно обработени и печатени. Пишувани се со глаголица, што претставува сведоштво за долгиот живот на глаголицата на теренот на Македонија.

 

 

6. Константин Презвитер

 

Додека во западна Македонија работела Охридската книжевна школа, некаде во источна Македонија, извесно време работел еден од помладите ученици на Кирил и Методија и соработник на Наум Охридски, Константин Презвитер, подоцна и епископ. Дејноста на Конетантина е, изгледа, извесно време врзана за Брегалничко. Подоцна, како епископ, тој можел да дејствува некаде и во пределите на Бугарија (оттука е наречен и Преславски; некои научници

 

103

 

 

го нарекуваат и Константин Помладиот, односно и на македонскиот Константин Брегалнички). Самиот Константин Презвитер изјавува на едно место дека е ученик на Методија, што ќе рече дека е од помладите ученици на словенскиот просветител. Се прават разни претпоставни во науката за тоа што бил Константин и како дошол до Бугарија од Моравија. Повеќето од научниците се на мислење дека е тој еден од оние Методиеви ученици што по распаѓањето на Методиевата црква во Велика Моравија и Панонија им бил продаден како роб на Евреите во Венеција, од каде што бил откупен од некој пратеник на византискиот цар и бил вратен во Цариград. Откако се созел и ги добил назад функциите што ги имал во Велика Моравија, Константин бил испратен во Бугарија, за да ја шири славенската богослужба. Постои и друто мислење, доста осамено — дека во лицето на Константин Презвитер треба да се гледа оној поп, ученик на Методија, кој, заедно со еден ѓакон, беше останал во Цариград при посетата на Методија на овој град во 882 година. Од Цариград Константин му бил ставен на располагање на бугарскиот двор. И во едниот и во другиот случај Константин Презвитер преку Цариград доаѓа до бугарскиот двор и ја шири словенската богослужба и писменост во разни области на тогашната бугарска држава. Од едно негово кажување се гледа дека тој со пишување се зафатил по наредба на кнезот Борис и по совет на Наума (се мисли на Наум Охридски). Со ова се утврдува времето кога тој се зафатил со пишување: тоа можело да биде пред одењето на Наума за учител во Кутмичевица, во 893 година. Делото што го составил до таа година е познатото Поучително евангелие, кое има неколку состави. Во зборникот Поучително евангелие, во некои преписи, на прво место доаѓа познатата Азбучна молитва, за која некои во поново време мислат дека му припаѓа на Константин — Кирил, а не на Константин Брегалнички. Покрај Азбучната молитва, која претставува своевиден израз на одушевување со успесите на просветувањето на словенскиот народ, во овој зборник се наоѓаат едно Црковно сказание за устројството на литургијата и Историкии (хронолошки таблици). Основното во зборникот Поучително евангелие се 51 беседа. Меѓу беседите 42 се оригинални творби на Константин Презвитер, додека за другите тој составувал уводни партии и заклучоци. Беседите се превод од византиската литература: 38 беседи се од познатиот беседник Јаван Златоуст, а 12 се од беседите на исто така знаменитиот беседник Кирил Александриски. За словенската книжевност е ова Константиново дело значајно, независно од тоа дека станува, главно, збор за еден превод од византиската книжевност.

 

Како епископ, Константин ги преведува Четирите слова против аријаните од Атанасија Александриски, во 906 година, по наредба на кнезот Симеон. Кон овој превод се

 

104

 

 

Црквата Свети Климент во Охрид (XIII век)

 

---------------

 

наоѓа и преводот на посланието за празникот Пасха. Во науката е докажано дека Константин Брегалнички го дал преводот на Катехезите на Кирил Ерусалимски (станува збор за 24 поученија и согласија за разни прашања од христијанската религија), а во старословенската Служба на Методија, во акростихот, е откриено името на Константин. Со името на Константин Брегалнички се поврзува и поетскиот Проглас кон евангелието, во кој се дава изблик на радост дека и Словените го добиваат евангелието на свој јазик. Како и со Азбучната молитва, и во прашањето за авторството на овој текст, се јавува дискусија во науката: дали е тоа дело на Константин — Кирил или на Константин Брегалнички.

 

 

7. Црноризец Храбар

 

Додека со успех се развивала словенската просвета и богослужба во бугарската држава, во чиј состав се наоѓала и Македонија, во неа и во соседството нејзино, во Византија, каде што имало немал број несловенско население, се јавува отпор против словенската писменост. Отпорот се јавил кај луѓето кои со ширењето на словенската просвета и богослужба започнале да ги губат командните, и не само таквите, позиции во црковната хиерархија. Грчкиот јазик, неразбирлив за населението, се повеќе се истиснувал од словенските цркви и словенскиот јазик го заземал неговото место. Илјадници ученици изградени во Охридската книжевна школа и во школите на Константин Брегалнички и на Иван Егзарх се поупорно ги истиснувале грчките духовници од позициите што ги држеле дотогаш, со што, природно, ја предизвикувале и нивната реакција.

 

За оваа реакција против словенската писменост имдаме јасно сведоштво во делото „О писменех“ на недоволно познатиот бранител на словенската писменост Црноризец Храбар. За биографијата на Црноризец Храбар не може ништо конкретно да се каже: кој е, од каде е, каде и кога живеел, дали напишал некое друго дело освен списот „О писменех“.

 

Се што може да се рече за Црноризец Храбар се извлекува од неговото дело, кое е зачуваво во голем број преписи. Во делото „О пиаменех“ е изнесена развојната линија на словенската писменост, започнувајќи со употребата на „црти“ и „решки“ кај старите Словени — додека биле тие многубошци — па, преку користењето на римската и грчката азбука, до изнаоѓањето на словенската азбука од страна на Кирила Филозофот.

 

Полемизирајќи со критичарите на словенската азбука по разни прашања, Црноризец Храбар пишува за тоа дека Кирил ги составил словенските букви угледувајќи се на

 

105

 

 

историја грчките, како што Грците ги сочиниле своите букви угледувајки се на еврејските. Сочинувајки ја словенската азбука од 38 букви, Кирил „некои ги изработи според обликот на грчките букви, а некои според словенските зборови".

 

Одговарајќи им на забелешките на некои критичари за големиот број од 38 букви во словенската азбука, Црноризец Храбар вели дека и Грците се служат со 38 букви: покрај 24 букви, тие имаат и 11 дифтонта и три букви за означување на бројна вредност.

 

Овој состав, со кој се бранеше словенската азбука од нападите на грчките критичари, во словенската книжевност претставува прв досега познат напишан полемичен труд посветен на делото на словенската просвета. Многу интелигентно, документирано првиот бранител на словенската азбука, Црноризец Храбар, достојно ќе го заземе почесното место во историјата на словенската книжевност, непосредно до Климента, Константин Брегалнички и другите словенски писатели што произлегле од нивните школи.

 

Брз база на делото „О писменех" во науката се прават претпоставки за тоа кој бил Црноризец Храбар, кога живеел, каде дејствувал. Постојат многубројни мислења, според кои, Црноризец Храбар би можел да биде секој од основоположниците и ширителите на словенската писменост, започнувајќи со Константин — Кирил, преку Климента и Наума, па потоа преку Симеона, Иван Егзарх и др.

 

Од една реченица во списот „О писменех“, која гласи „Има уште живи луѓе што ги виделе“ солунските браќа, во науката се претпоставува дека Црноризец Храбар не бил директен ученик на Кирила и Методија. Понатаму се тврди дека сепак тој ги познавал учениците на Кирила и Методија и дека можел да живее додека тие (Климент, Наум, Константин Брегалнички) биле живи, а тоа било некаде кон крајот на втората деценија на десеттиот век. Во однос на пределот во кој работел превладува мислењето дека тоа била Охридската книжевна школа.

 

108

 

 

 

ГЛАВА IV. БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

1. Зацврстување на бугарската власт во Македонија

 

Новите бугарски походи што ги презел бугарскиот владетел Симеон (893—927) против Византија во почетокот на X век попречиле Византија да воспостави стабилна власт над оние Словени што останале во нејзините граници. Симеон настојувал дури и да го земе византискиот престол. Во летото на 913 година неговите војски се приближиле до Цариград. Во меѓувреме други бугарски војски продреле кон Драч и Солун. Симеон ги напаѓал и Србите и во 924 година успеал да ја направи Србија бугарска провинција. Откако ја проширил и зајакнал својата држава, Симеон во 927 година презел нов поход за завладување на Цариград. Меѓутоа, истата година по патот умрел и со тоа биле прекинати победоносните походи на Бугарите во византиските територии.

 

Како резултат на бугарските завладувања во времето на Симеон, бугарската власт се проширила на нови области од Македонија. Според еден пограничен столб, пронајден во селото Нарш (јужна Македонија), бугарската граница се протегала на 22 километри од Солун.

 

По смртта на Симеона, бугарсќиот престол го наследил син му Петар (927—969). Во почетокот на неговото владеење меѓу Бугарија и Византија бил склучен мир во 927 година. Според одредбите на мировниот договор, Бугарија се откажала од голем број завладеани византиски територии. Византија официјално го признала Петра за „цар на Бугарите".

 

Мировниот договор не ги засегнал многу зафатените бугарски позиции во Македонија. Завладеаната македонска територија од страна на бугарските владетели Пресијан, Борис и Симеон, сега била официјално призната од Византија за бугарска провинција. Од овој момент биле преземени ред мерки за да се претворат потчинетите Словени во послушни бугарски поданици. И во официјалните византиски документи од овој период потчинетите Македонски Словени почнале да се третираат како бугарски поданици.

 

107

 

 

Ваквиот третман подоцна бил прифатен и од страна на византиските историчари и хроничари.

 

Уште во почетокот од наложувањето на бугарската власт, Македонските Словени давале отпор. Тоа го кажува Теофилакт во житието на Тивериополските маченици, кога истакнува дека населението од струмичката област уште во времето на владеењето на Борис било склоно кон „дрскост и бунт“, поради што Борис морал да биде доста „кроток и благ“.

 

Со цел што поуспешно да ја наложат својата власт во потчинетите македонски области, Бугарите ги вклучиле нив во воено-административните единици на кои била разделена бугарската територија уште во времето на Борис и Симеон, а кои се викале комитати, управувани од комити. Овие комити стоеле на чело на цивилно-административната власт во својата област. Во почетокот еден дел од комитите се избирале од средината на македонското население. Тие служеле како врска меѓу потчинетото население и органите на централната власт. Но со текот на времето кога централната власт на Бугарија се повеќе се наложувала и се затврдувала, карактерот на нивните функции претрпел измени. Тоа не биле веќе некогашните племенски кнезови, самостојни или полусамостојни, што ги управувале своите области, туку се претвориле, како што се вели во житието на Тивериополските маченици, во „служители и исполнители на наредбата“ на владетелот за држење во покорност на подвластеното население и за казнување на „нарушителите на царските наредби". Тие комити, како органи на бугарската држава, биле поставувани од владетелот и тој можел секогаш да ги смени. Таков е примерот со комитот Курт кој ја управувал Кутмичевица и кој бил сменет од Борис, а на негово место бил поставен Домета.

 

Покрај комитите постоеле и други органи на власта. Тоа биле т. н. таркани, кои, најверојатно, вршеле воени должности по комитатите. Освен овие органи на бугарската држава, по комитатите постоеле и голем број судии, даночни и друти чиновници.

 

Наспоредно со световната власт, бугарските владетели настојувале да ја уредат и црковната управа во потчинетата Македонија. Преку отворањето на голем број цркви и поставувањето на добро обучен клир во нив, бугарската централна власт настојувала, да ја ангажира и црквата во зацврстувањето на бугарското господство во Македонија.

 

Истовремено со наложувањето на бугарската власт, бил забрзан и процесот на воспоставувањето на феудалните односи во Македонија.

 

108

 

 

2. Развој на феудалните односи во Македонија

 

И покрај тоа што Македонските Словени во IX и X век потпаднале под бугарско-византиско господство, феудалните односи во Македонија, за разлика од Византија и Бугарија, останале послабо развиени се до почетокот на XI век. Иако голем дел од Македонските Словени биле потчинети од Бугарија, а над Словените што останале под византиска власт се вршеле жестоки насилства за да се претворат во верни поданици на Империјата, компактноста на населението што живеело во рамките на племенските кнежевства не се разбивала толку лесно. Во почетокот на X век сé уште биле на видело родовско-племенските односи меѓу Македонските Словени. Тоа се потврдува од вестите на Јован Каменијат, кој наведува дека Словените по Струма биле разделени на голем број племенски кнежевства, управувани од племенски кнезови. Тие кнезови — истакнува Каменијат — повеќе гледале да на задоволат своите племенски отколку општите интереси. Тие живееле во постојани меѓусебни караници и несогласија. Од Каменијат се дознава дека и Словените што живееле во околината на Солун биле предводени не од еден, туку од повеќе кнезови. Сево ова покажува дека во рамките на оваа племенска раздробеност, земјоделската општина, како преодна форма меѓу родовската и територијалната (соседска) општина, можела и понатаму да се задржи. Но тоа не значи дека процесот на загосподарувањето на територијалната општина во Македонија не бил забрзан во текот на X век. Напротив, со зајакнувањето на централната власт на бугарската и византиската држава, се отишло многу напред во укинувањето на племенската самоуправа на Македонските Словени.

 

И покрај тоа што во овој период земјоделските општини во Македонија сé уште не биле наполно ликвидирани, тие во своето мнозинство веќе биле претворени во територијални општини, каде што се чувствувал забрзаниот процес на разложување на задругата, на родовските врски, на задружната сопственост. Сето тоа значело дека основите на новите феудални општествени односи веќе биле поставени.

 

Со конечното потпаѓање на Македонија под византиско-бугарско господство започнатиот процес на воспоставување на феудалниот општествен поредок добил нов позасилен замав, бидејќи во Бугарија и Византија во IX и X век веќе биле формирани феудалните општествени односи.

 

Во освоените македонски области бугарскиот државен апарат се повеќе ги потиснувал самоуправните традиции, особено во рамките на општините, и со тоа ја наметнувал феудалната експлоатација. Поради зачестените војни, грабежи, убиства, насилства на администрацијата, наложените даноци, природните непогоди и сл., голем дел од селското население осиромашило, ги изгубило своите имоти и орудијата за производство. Голем бил бројот на оние што биле продавани во ропство. Во тоа особено предничел бугарскиот

 

109

 

 

владетел Симеон, кој, според вестите од едно писмо испратено до него од византискиот император Роман Лакапин (920—944), го „опустошил целиот запад (т. е. европските провинции на Византија) и ги одвел во ропство неговите жители“. Од истото писмо се дознава дека заробениците им биле „продадени на неверните племиња и подложени на робување".

 

Од Климентовото житие се гледа дека во Македонија постоеле кнезови кои добивале даноци од подвластеното население, што значи постоеле претставници на феудална класа и феудалнозависно население. Ова население било регрутирано предимно од опустошените општини. Класното раслојување нашло одраз и во житието на Тивериополските маченици. Наспроти младата феудална аристократија комити, црковен клир и луѓе „кои се гордееле со своето богатство" — житието споменува и такви што се претвориле во „сиромаси“ и потчинети на претходните. Тоа биле безимотни луѓе, одделени од општината, принудени да бараат работа и заштита од феудалните господари.

 

Во Македонија започнал да се создава и крупен феудален земјопосед. Голем број феудалци се појавиле во резултат на разложувашето на слободните селски општини, но не бил мал бројот и на оние што добивале имоти и зависно население од страна на бугарските односно византиските владетели. И македонските кнезови што се ставиле во служба на византиската односно бугарската држава добиле како награда земја и работно население во трајна сопственост. Исто така, во Македонија надошле голем број туѓинци кои, добивајќи земја, работно население и привилегии, израснувале во крупни феудалци.

 

Паралелно со растежот на крупниот световен феудален земјопосед во Македонија започнал да се формира и да расте крупниот црковно-манастирски земјопосед. По примањето на христијанството за државна религија на Бугарија, и особено по враќањето на учениците на браќата Кирил и Методија, во Македонија почнал да се зголемува бројот на црквите и манастирите што се здобиле со огромни имоти и голем број работно население. Во житието на Климента се кажува дека бугарскиот владетел Борис, откако го испратил Климента за учител во Македонија, му подарил „места за почивка" околу Охрид и Главиница, а три куќи во Девол, што ги одзел од претставниците на комитскиот род. Освен тоа, Борис наредил жителите од овој крај „да му доставуваат на Климента се во изобилство“.

 

Растежот на црковниот земјопосед се вршел и преку конфискување на селски имоти. Од таквите мерки особено биле погодени селаните-јазичници, кои во Македонија ги имало се уште многу.

 

Иако во Македонија во IX и X век дошло до формирање на антагонистички класи, слободните селски општини

 

119

 

 

не биле насекаде разбиени. Општинците се уште во своето мнозинство претставувале слој на слободно селанство. Овие селани им плаќале даноци на државните даночни чиновници. Селаните, пак, што потпаднале под феудална зависност, за кои бил употребуван називот „парици“ и „клирици“, им биле директно потчинети на феудалните господари и преку нив ги регулирале даночните обврски.

 

Населението било терано да извршува бесплатна работа (ангарија) за државата и феудалците: изградба на патишта, тврдини, мостови, цркви, манастири и сл. Тоа било обременувано и со натурални давачки од производството на вино, жито, мед, млеко и друго. Особено биле зголемени давачките за бугарскиот царски двор.

 

Положбата на потчинетото македонско население се влошила особено во средината на X век, во времето на владеењето на царот Петар, кога доходните завојувачки војни престанале за бугарската држава, па сега преку наметнување на дополнителни давачки и засилување на феудалната експлоатација требало да се задоволуваат потребите на огромниот воено-административан апарат на дворот и црковните великодостојници. Сево ова, од своја страна, довело до осетно заострување на класната борба и до појавата на богомилското движење.

 

 

3. Појавата, ширењето и суштината на богомилското движење во Македонија

 

Богомилството во Македонија за првпат се појавило кога на чело на бугарската држава стоел царот Петар, иако предзнаци за него имало и порано. Од ова време не се зачувани никакви богомилоки книги, кои, според известувањето од други автори, ги имало доста. За појавата на богомилството, за суштината на ова движење и слично се знае главно од делата што ги напишале противниците на богомилите, како и од апокрифните книги напишани во подоцнежниот период.

 

Основен извор за појавеното богомилско движење во X век е Беседата против богомилите од Презвитер Козма. Како заштитник на интересите на бугарската црква, Козма го напишал ова дело со цел да ги разобличи богомилите, да го осуди нивното движење и да ги оттргне масите од нив, да не станат „еретици" — богомили.

 

Во Беседата против богомилите Козма истакнува дека прв учител и распространувач на богомилството бил попот Богомил.

 

„Се случи во годините на правоверниот цар Петар — вели Козма — во бугарската земја да се појави поп по име Богомил, а поточно кажано Богонемил, кој прв почна да проповеда ерес“.

 

111

 

 

Поради скудните изворни податоци, тешко е да се каже нешто повеќе за првиот распространувач на богомилското учење. Сепак, во науката нема никакво сомневање за постоењето на попот Богомил. Тој сигурно му припаѓал на нижиот клир, бил во допир со масите и затоа мислел како нив. Бидејќи го знаел многу добро учењето на Христа, кое го проповедала официјалната црква, тој, под влијание на старите учења, павликијанството и масалијанството, можел да оформи такво учење што одговарало на стремежите на потиснатиот народ.

 

Во кои области се појавило богомилството, тешко е точно да се каже. Во науката превладува гледиштето дека богомилското движење за првпат се појавило во Македонија, бидејќи таму населението најтешко го чувствувало феудалниот и политичко-духовниот гнет. За појавата на богомилството во Македонија има вести во Пространото Климентово житие, од кое се дознава дека, по својата смрт, Климент како светец се ангажирал да ја избрка лошата ерес од Македонија, што се ширела меѓу народот. Во една стара икона во Охридската црква Св. Богородица и Наум е претставен како светец — борец, кој се борел против богомилите. Од содржината на текстот на Дечанскиот Синодик, составен подоцна, исто така се дознава дека богомилското движење се појавило во „Македонија бугарска" и Тракија.

 

За попот Богомил, како учител на богомилското учење, е зачувана и една легенда меѓу населението од селата во планината Бабуна. Според името на планината, подоцна богомилите ги викале уште и бабуни. Легендата укажува дека поп Богомил бил роден во селото Богомила, каде што живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во т. н. „црквиште" (“'параклиште“), изградено во земјата, кое на богомилите им служело како молитвен дом. Свое скривалиште богомилите имале и во пештерата до селото Нежилово. Иако овие податоци не наоѓаат потврда во пишаните извори, тие сепак укажуваат дека богомилството можело да се појави и распространи најпрвин во овие македонски краишта. Впрочем, самото име на с. Богомила и на планината Бабуна говорат за зародувањето и дејствувањето на богомилите во Македонија.

 

Оформено како учење и движење во услови кога во Македонија со сета тежина се наложила феудалната експлоатација, кога христијанската религија се уште насекаде не господарела, зашто дел од македонското население продолжувало да ги одржува јазичните обреди, богомилството претставувало нова и оригинална појава, макар што доста елементи усвоило од постарите учења, павликијанството и масалијанството. Овие учења во Македонија биле ширени од страна на колонистите кои византиските императори ги населиле од Мала Азија, со цел да ја разбијат компактноста на Македонските Словени. Значајна

 

112

 

 

улога во оформувањето на павликијанската и масалијанската ерес одиграло манихејството, па затоа често павликијаните и другите еретици биле одбележувани како „манихеи". Многу од дуалистичките, антицрковни и антифеудални црти на овие учења биле земени предвид кога се изградувала богомилската идеологија.

 

Дуалистичките разбирања за доброто и злото влегле и во основата на богомилството. Богомилските пропагатори учеле дека постои борба меѓу доброто и злото и дека на храјот ќе победи доброто. Тие им проповедале на своите слушачи дека богатите и управителите се слуги на ѓаволот, па кој им се потчинувал, тој всушност му се спротивставувал на бога. Ваквите разбирања на богомилите биле по својата суштина револуционерни, зашто ги терале масите да се борат против оние што ги владееле и експлоатирале.

 

Борбата на богомилите била, пред се, свртена против црквата, која се претворила во моќно орудие на државата, за затврдување на нејзината власт, а и на феудалците (световни и црковни), за наложување на нивното господство над зависното население. Нападите на богомилите биле управени против христијанството, како раководна црковно-феудална идеологија. За да ги оправдаат своите социјални погледи, насочени против феудалното општество, во кое сите материјални блага се одземале од страна на државата, црквата и феудалците, богомилите учеле дека сиот видлив свет со неговите закони и поредоци не бил создаден од бога, туку, напротив, се јавувал како рожба на ѓаволот. Според Козма, богомилското учење било причина „многу лаги и неправди“ да се појават на земјата. Тој жестоко ги напаѓал богамилите, зашто учеле дека „бог не го создал небото, ниту земјата, ниту се што е видливо“.

 

Раководејќи се од своите дуалистички погледи, богомилите стоеле на гледиште дека треба да се исполнува само она што го пропишушало евангелието. Тие не го признавале Стариот завет и ги напаѓале сите обреди на официјалната дрква. На пример, за нив било бесмислено да се верува во чудата на светците. Тие го отфрлале митот за „воскреснување“ на телата при второто пришествие, т. е. митот врз кој се крепела основата на христијанската религија. Воопшто богомилите биле против постоењето на црквите и манастирите. За нив официјалната црква била дело на ѓаволот. Затоа тие биле против богослужбата во црквите и манастигите, против крстовите, иконите, празниците, и сл. Според богомилите, овештениците биле непотребни. Тие пропагирале дека секој може да му се моли на бога и без свештениците.

 

Богомилското движење било насочено и против световните феудалци, државните органи, како и против самиот цар.

 

„Еретиците — пишува Козма — ги хулат богатите, ги учат своите да не им се потчинуваат на своите господари. Не го поднесуваат царот. Ги ругаат старешините. Мислат

 

113

 

 

дека му се омразни на бога оние што му работат на царот. и му заповедаат на секој роб да не му работи на својот господар“.

 

Борбата на богомилите против духовниците, старешините и царот нашла одраз и во апокрифните (забранетите) книги. Во нив било предвидено место во пеколот за сите оние против кои се бореле богомилите.

 

Во организационен поглед богомилите се делеле на три категории: „совршени богомили“, „обични верници" и „слушатели". Раководната улога ја имале „совршените богомили“. Тие се сметале за вистински христијани. Во нив — тврделе тие — живеел „светиот дух“, кој ги поттикнувал да ги подучуваат луѓето да се борат за доброто. Тие најдобро го познавале богомилското учење и затоа со своите проповеди ги освојувале масите. Богомилите од оваа категорија не се женеле или, пак, до колку пред тоа биле оженети, ги расипувале браковите. Тие не јаделе месо и се друго што го предвидувале догмите на нивното учење. Овие богомили немале време сами да си обезбедат исхрана, туку со храна ги снабдувале нивните следбеници. Презвитерот Козма ова нешто најжестоко го осуди. Тие оделе, истакнува тој, „од куќа в куќа за да го јадат лебот на луѓето измамени од нив“

 

За разлика од „совршените богомили", „обичните“ не биле задолжени да го спазуваат строгиот аскетски морал. Но затоа пак требало да се држат за извесни религиозно-морални принципи. Тие биле примани за членови на братствата (општините).

 

Припадниците на третата категорија богомили, т. е. „слушачите", не биле членови на братствата и од нив не се барало да живеат некој посебен живот. Но иако не биле членови на братствата, тие биле должни да ги слушаат проповедите што се одржувале во рамките на братствата. По својот социјален состав „слушачите" богомили биле предимно селани, градски сиромаси и робови, што се восхитувале од проповедите на „совршените богомили“, кои нив ги поттикнувале да се борат против нивните екоплоататори односно против богатите господари, митрополитите и епископите, претставниците на световната власт и царевите.

 

За успешно дејствување, богомилите создале свои религиозни општини, кои биле организирани по примерот на ранохристијанските општини. Од подоцнежните извори се дознава дека на територијата на Македонија биле образувани такви општини, како што биле „Драговичката“, „Мелничката" и други. Тие како изворни жаришта укажале силно дејство за натамошното ширење на богомилството.

 

Вестите од Козма зборуваат дека на чело на богомилското движење стоел единствен водач, а тоа бил попот Богомил. Тој дејствувал со помошта на голем број помошници, т. е. „апостоли“.

 

114

 

 

Поради брзото ширење на богомилокото движење уште во почетокот на неговата појава, царот Петар бил принуден да бара помош и од моќната византиска држава, која исто така била заинтересирана да се уништи оваа „заразна болест“ уште во самиот нејзин почеток. Бидејќи богомилите под форма на религиозна борба се бореле против целиот општествено-политички поредок, царот Петар побарал совети и помош од самиот цариградски патријарх Теофилакт (933—956). Го запрашал какви мерки би требало да преземе за да се искорени новопојавената ерес. Патријархот одговорил дека треба да се употребуваат различни мерки против еретиците. Спрема оние што се покајале казните требало да бидат поблаги, додека за оние кои останале „во злото“ и боледувале „од нераскајување" „божјата црква“ предвидувала построги мерки. Нив црквата ги прогласувала како „гнили и наполно штетни членови“ и ги предавала на редовен суд, а „граѓанските закони“ за нив предвидувале дури и смртна казна.

 

Откако добил инструкции за пресметка со опасните богомили, бугарскиот цар ги ангажирал сите расположиви сили за да се ликвидира нивното движење. Според извесгувањето на Козма, во резултат на преземените акции настрадале илјадници богомили. Голем дел од нив биле фрлени во затвори. Но и покрај строгите казни, богомилсгвото не спласнувало. Ниту затворите, ниту ликвидирањето на голем број богомили не помогнало да се уништи движењето, бидејќи тоа се претворило во ошптонародно. Дури Презвитерот Козма морал да признае дека мнозинството од населението ги сметало богомилите „за луѓе што страдаат за правда“.

 

Со својата остра критика и дејност против феудалниот политичко-духовниот гнет, богомилите одиграле значајна  лога во историјата на македонскиот народ

 

115

 

 

 

ГЛАВА V. САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО

 

 

1. Востанија против бугарската и византиската власт

 

Македонија наполно влегла во склопот на бугарската држава за време на Симеон (893—927) и така тоа траело се до крајот на владеењето на неговиот син Петар (927—969). Тогаш бугарското царство било поделено, секако по углед на византиската држава, на неколку комитати на чие чело стоеле т. н. комеси или комити. Тие и припаѓале на онаа класа великодостојници што византиските автори од IX и X век ги викале “Βοιλάδες“ или „Βολιάδες", т.е. болјари. Овие комити биле управници или заповедници на одделни окрузи или градови и биле изедначени со честа на архонтите и хегемоните. Според тоа, комитите ја имале во своите раце цивилно-воената власт. Во 965 г. цар Петар барал преку своите пратеници од византискиот цар Никифор Фока, голем борец и освојувач, да му плаќа данок, како што неговите претходници му плаќале на Симеон. Како одговор на ова барање разбеснетиот Фока наредил да се измаваат пратениците на Петар, а потоа ги истерал во Бугарија со навреди и заканувања.

 

По малку време византиската војска навлегла во самата Бугарија, во која, од името на Фока, и Русите длабоко проникнале. Имено, ова брзо напредување на Русите го изменило ставот на Фока спрема Петар, кој по смртта на својата жена, некогашна византиска принцеза, склучил мир и сојуз со Цариград и ги дал како заложници своите синови Борис и Роман. Но наскоро умрел „царот на Бугарите“ Петар (30. I. 969), па цариградскиот двор ги вратил во Бугарија двата негови сина. Тие требало, во прв ред, да го заземат татковиот престол, а потоа да го спречат ширењето на востанието што го организирале Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, наречени комитопули (млади кнезови), а синови на кнезот Никола, кој бил многу моќен во бугарската гржава и, секако, верен на својот господар царот Петар.

 

По прашањето за тоа од каде потекнува Никола и неговите синови долго време владееја различни мислења. Денеска сепак превладува ставот дека се тие од ерменско потекло.

 

117

 

 

Давид, Мојсеј, Арон и Самуил ја согледале безизлезната ситуација во која се нашла бугарската држава по смртта на царот Петар, па се обиделе да се одметнат и да подигнат востание.

 

Секако, бугарското царство, кое останало без владетел, т. е. централна власт, однапред било осудено на тоа да им стане лесен плен на Русите, кои незадржливо и се подлабоко проникнувале во Бугарија.

 

Од друга страна, и Византија набргу увидела какви последици ќе предизвика руското систематско навлегување, олеснето со состојбата без владетел во осакатената бугарска држава, та решила веднаш да интервенира и со своја помош да им го осигури царскиот престол на Борис и Роман. И навистина Борис II станал цар (969—971).

 

По кратко време рускиот кнез Свјатослав го заробил Бориса и брат му во бугарската престолнина Преслав (969).

 

Според тоа и двајцата браќа византиски штитеници не успеале да го спречат одметништвото на синовите на комесот Никола, кој, по се изгледа, тогаш бил жив и со својот авторитет ги поткрепувал синовите во нивниот потфат.

 

При тоа „комитопулите" успеале во дигањето на востание. Каде престојувале тие дотогаш и кои предели на бугарската држава ги завладеале — тешко може нешто определено да се каже. Но, според тоа во кој правец Русите проникнувале и како ја заземале Бугарија, можеме да претпоставиме дека тоа биле југозападните делови (од Средец — Софија надолу). Натаму овие браќа во своите изолирани подрачја (до кои византиско-руската војна не допрела) некое време непречено и мирно можеле да ја посматраат огорчената борба до која наскоро дошло помеѓу Свјатослав и новиот византиски цар Иван I Цимиско (969—976), претставник на едно ерменско благородничко семејство.

 

Се разбира, синовите на Никола биле забележани од страна на обајцата противници и секој од нив сакал да ги привлече на своја страна. По се изгледа дека тие во непоштедната, гигантска и решителна борба за Балканот и за Цариград останале неутрални.

 

Населението на Бугарија, пак, што било под власта на Русите, се борело заедно со нив против Византија, од која Свјатослав барал да се повлече во Азија и европскиот дел на својата држава заедно со Цариград да му го препушти нему. На овој начин византиското господство на Балканот би се претворило во руско.

 

Меѓутоа, во пролетта на 971 г. преку Едрене и низ клисурата на Балкан провалил Цимиско во Бугарија и го зазел Велики Преслав. Сега на Бугарите, а секако, и на комитопулите им било јасно дека Свјатослав нема што повеќе да бара на Балканот.

 

118

 

 

Цимиско го опколил Свјатослава во Силистрија (Дрстар) на Дунав, та Свјатослав морал да се предаде, да ја напушти Бугарија и да се откаже од сите свои планови (јули 971).

 

При тоа Цимиско го ослободил од руско заробеништво Бориса и жена му со децата, како и неговиот помлад брат Роман. Истовремено тој со многу внимание и почит се однесувал спрема Бориса кого го ословувал со „цар на Бугарите" (Βασιλέα Βουλγἄρων). Сите други Бугари ги пуштил да одат каде што сакаат, нагласувајќи дека не дошол да поробува, туку да ги ослободи и дека единствено Русите ги смета за непријатели.

 

По оваа решавачка победа, Византија ја присоединила кон својата држава Бугарија, па го симнала Бориса, кого, заедно со Роман, Цимиско во триумфот го довел во Цариград. Потоа пред народот му ги симнал на Бориса царските знаци (златната круна, гримизната тијара и црвените чизми), и бугарската круна и ја подарил на црквата.

 

Што правеле синовите на Никола за целото време на владеењето на Иван Цимиско, каде престојувале и какво држење имале опрема Византија и спрема Ерменецот Цимиско, современите извори ништо определено и директно не кажуваат. Едно е јасно: дека царот, откако ја покорил Бугарија и им ја одзел на Русите, не можел да дозволи како победник и далекувиден државник и другите делови на Балканот да останат надвор од влијанието и власта на неговата империја. Затоа, се зафатил, и во тоа успеал, пред неговото враќање во Цариград да ги потчини и другите делови на некогашното бугарско царство. Не долго време потоа неговите војсководители ја зазеле и целата област Рашка.

 

Откако вака ја средил ситуацијата на Балканот, кој сега сосема потпаднал под интересната сфера на Византија, Цимиско ги поправил односите со германскиот цар Отон I.

 

Од 973 до 976 г. во изворите не наоѓаме ништо за комитопулите што Цимиско ги оставил на мир.

 

За сето тоа време синовите на царот Петар — Борис и Роман — живееле во Цариград. Борис имал добиено чест на магистер, а Роман бил кастриран и со тоа автоматски оневозможен за престолот.

 

Кога умрел Цимиско, на 11. I. 976 година, двајцата браќа успеале да побегнат од Цариград, и тоа тогаш кога младиот цар Василиј престојувал во Тракија.

 

Бидејќи Борис за време на бегството бил облечен во византиска облека, на минување низ некоја шума го убил нехој глув „Бугарин", кој не слушнал кога Борис му го кажал своето име.

 

Сепак Роман успеал да се спаси и да стигне во Видин, од каде што подоцна морал да се врати во Цариград.

 

119

 

 

 

2. Создавањето и ширењето на Самуиловата држава

 

Во истата година, кога умрел Цимиско, четворицата браќа Давид, Мојсеј, Арон и Самуил подигнале востание. Во новосоздадената држава, која со востанието сосем се ослободила од византиското господство, отпрвин сите четворица браќа владееле заеднички. Тоа било т. н. тетрархија. Не е познато какви титули имале и дали одземените и ослободените предели од Византија си ги поделиле меѓу себе на четири области.

 

Но оваа тетрархија имала кус век, зашто наскоро Давида го убиле некои Власи — пастири помеѓу Костур и Преспа, а Мојсеја го убил некој од придружбата на византискиот дук Мелисен при опсадата на Сер. Значи, сега дошло до дијархија, т. е. на чело на новата државна творба останале само Арон и Самуил. Тие имале сосем спротивни поими за власта и управата над државата, што набргу довело до неминовен судир помеѓу нив. Всушност, Арон се стремел сета власт да ја приграби за себе и поради тоа им се приближил на Византијците. Во таа борба за престолот Арона го ликвидирал далеку поталентираниот војсководител и државник Самуил. Во Разметница со Арон бил убиен сиот негов род, освен син му Иван Владислав, за чиј живот се зазел и го спасил син му на Самуил Радомир Гаврил.

 

Така го започнала својот живот новата монархија, која се покажала цврста и способна не само да се одржи, туку и со извојуваните победи низа години да се шири на сметка на Византија.

 

Во тоа време на византискиот престол седеле Василиј II и Константин VIII. Со државата поправо управувал само Василиј. За разлика од својот брат, тој брзо се покажал необично енергичен, работлив и надарен со големи државнички способности. Иако владеењето на Василиј II се сметало уште од 976 година, неговото самостојно управување со царството започнало дури во 985 година, т. е. тогаш кога го отстранил својот вујко и тутор паракимоменот Василиј, кој него непрестајно го запоставувал.

 

Во тој период Самуил, кого Кекавмен го нарекува „генијален војсководител", а Скилица „воинствен човек што не трпи мир“, ја искористил зафатеноста на византиската војска на исток против Склер, и го напаѓал „целиот запад“, и тоа не само Тракија, Македонија и најблиската околина на Солун, туку и Тесалија, Грција и Пелопонез. При тоа зазел многу утврдени градови а меѓу нив и Лариса, чие опседнување траело неколку години. Имено, во Лариса се наоѓало седиштето на Кекавмен, стратегот на Елада, кој на разни начини долго време го одлагал заземањето на градот, па дури прв од византиските војоководители, заедно со тамошното население, го признал Самуила за свој цар. Тој на овој начин свесно го предал својот владетел Василиј II, кој ова лукавство и му го одобрил. Така жителите на Лариса некое време живееле во мир. Но по малку време царот го отстранил

 

120

 

 

Самуилово царство

 

-----------------

 

 

Кекавмена и наименувал нов стратег за Елада. Овој не му бил дораснат на Самуил, кој со глад ја присилил Лариса да се предаде а нејзините жители ги претворил во робови, ги преселил во внатрешноста на својата држава и ги внесол во воените списоци како свои војници. Од Лариса ги пренесол и моштите на Св. Ахил во Преспа, каде што имал своја престолнина и каде што изградил прекрасен дворец (разурнат и изгорен од византиските платеници Германите и Франките во 1072 година).

 

Кога дознал што се случило во западните предели на негавото царство, Василиј решил да му се одмазди на Самуил за сите негови „недела“. Без претходно советување со своите војсководители, тој собрал војска и упаднал преку граничните предели на Родопите и реката Марица со Бугарија, а во заднината го оставил магистерот Леон Мелисен за да ги чува теснините. Се запрел во местото Штипон близу до Софија и таму направил логор, па почнал да врши подготовки за заземање на градот. Меѓутоа, дознал дека сите околни брда ги има запоседнато Самуил и секаде наоколу има поставено заседи, зашто се чувал од судир на отворено поле. Кога Василија започнале да го напаѓаат „Мизите“ од заседа, тој бил присилен да отстапува. Но тогаш со големи викотници повторно го нападнале „Мизите“ и направиле страшен колеж во византиската војска, при кој загинала речиси целата нејзина коњица, како и голем дел од пешадијата. „Мизите“ притоа го заплениле сиот багаж и самиот царев шатор, благајната па дури и кралските знаци. Овој пораз го доживеал Василиј кај т„н. Трајанова Врата (денеска Ихтиман), и тоа на 17. VIII. 986 година. Во тој судир одвај и самиот ја избегнал смртта од „скитскиот меч“. Очевидецот што ја опишува оваа битка е Лео Гакон, а Иван Кириотес наречен Геометрес (10 в.) составил песна за „поразот на Ромејците во бугарската теснина".

 

Василиј одвај се измолкнал низ теснините и стигнал во Пловдив (Филиполис), та за извесно време не можел ни да мисли за реванш, зашто во Византија повторно избувнала граѓанска војна. Според кажувањето на Асолик, тој се обидел преку свој пратеник да склучи мир со Самуил. Меѓутоа, до тоа сепак не дошло.

 

Бидејќи внатрешните судири во Византија траеле неколку години, Самуил непречено можел да си ја шири власта. Византиските велможи, пак, го искористиле овој неуспешен поход на Василиј, па Барда Оклер повторно се прогласил за цар а потоа се крунисал и неговиот истоименик Барда Фока (15. VIII. 987). Бидејќи Фока во Мала Азија имал многу поширока поткрепа отколку Склер, тој наскоро го отстранил него и така станал единствен претендент на царската круна. Во почетокот на 988 г. тој веќе како господар на Мала Азија се готвел да го опседне Цариград и од

 

121

 

 

копното и од морето. Но со помошта на Русите Василиј го поразил кај Абидос и самиот Фока загинал (април 989). И Склер наокоро му се потчинил на Василиј, така што граѓанската војна доживеала слом, а сите противници на царот биле совладани.

 

За време на воената пауза (987—990) Самуил, т.е. неговите „Мизи“ го зазеле градот Верија (Бер) во летото на 989 година. Би можело да се претпостави дека Самуил по својата блескава победа кај Трајанова Врата одненадеж навлегол со голема војска во делови на Далмација и започнал да ја напаѓа земјата на младиот крал Владимир. Овој владетел ја имал под своја, макар и номинална власт, Рашка, која по смртта на Цимиско се ослободила од византиска власт, а Рашаните, според Поп Дукљанин, ги убиле сите Византијци. Рашкиот жупан своевремено избегал во „Горна Далмација", т.е. Дукља и при тоа се вратил во својата Рашка.

 

Откако Самуил навлегол во Дукља, Владимир се повлекол во планините. Кога Самуил увидел дека младиот крал не може да го добие со сила, се обидел тоа да го постигне по дипломатски пат, преку свои пратеници кои преговарале во таа смисла дека на кралот нема да му се направи ништо лошо ако се реши со своите да слезе од планините. Бидејќи му пропаднал и тој обид, тој стапил во врска со еден жупан на Владимир, кој му ветил дека ќе му го предаде кралот. Жупанот успеал да го наговори Владимира да се жртвува за сите и да му се предаде на Самуил, кој веднаш го прогнал во „охридскиот предел", во местото наречено Преспа, каде што бил дворецот и седиштето на царот.

 

Самуил потоа продолжил со своја војска да го опколува Улцињ. Минало доста време во тие настојувања, и, на крајот, не успеал. Гневен поради неуспехот, тргнал оттаму и фатил да руши, да пали и да ограбува по цела Далмација. Градовите Котор и Дубровник ги изгорел, а селата и целата покраина ги опустошил така што изгледало како да е земја без население. Вака, уништувајќи, царот ги минал приморските, како и загорските области сé до Задар. Исто така, тој страшно ги опустошил Босна и Рашка.

 

Самуиловиот напад на приморските градови, а посебно на Котор, длабоко им се врежал во паметта на тамошните жители. Тоа го сведочи старата „Легенда на Св. Трифун“, протектор на Котор, во која се опишува што се му направил на градот „овој свиреп тиранин".

 

Каков бил неговиот став спрема Дукља и нејзиниот владетел, живо е изнесено во легендата зачувана кај Поп Дукљанин, а се однесува на Косара и Владимир. Имено, Владимир не останал долго време затвореник, зашто во него се вљубила ќерката на Самуил Косара (според Скилица, црковното име и́ било Теодора) и таа го наговорила татка си да го

 

122

 

 

пушти Владимира на слобода. Царот веднаш и ја задоволил желбата и пред болјарите на својата држава (magnatibus regni sui) му ја дал на Владимир ќерка си за жена. Откако на кралски начин било извршено венчавањето, царот го прогласил Владимира за крал и му ја дал земјата и кралството на неговите претци, а покрај тоа уште и Драч со сета негова територија. Потоа на Владимировиот стрико Драгомир му ја вратил неговата земја Трибуња, т.е. Требиње. На овој начин, Владимир му станал предан вазал на Самуил, кој него во текот на целиот свој живот го чувал. Според тоа, Владимир не можел да му биде сојузник или да бара сојуз со Василиј II. Тоа можело да го прави само Рашка, која Самуил толку немилосрдно ја запустил. Исто така Самуил ја имал пред себе и Хрватска, која ја нападнал од непознати причини. Би можело да се претпостави дека Хрватите тогаш му биле сојузници на Василиј II, кој, како што кажува Тома Архиѓакон, му испратил кралски знаци на тогашниот хрватски владетел Стјепан Држислав, така што тој е прв што се нарекувал крал на Хрватска и Далмација. Истовремено византискиот цар го наименувал него за епарх, т.е. намесник на Далмација и го одликувал со титулата „патрициј".

 

Бидејќи во поглед на Далмација имал аспирации и Самуил, разбирливо е дека не му одгаварал ваквиот став на хрватскиот крал и неговите врски со Византија, чиј владетел го сметал за свој заколнат непријател. Притоа, ако има и малку вистина во оној документ од 9. II. 994, Држислав му се замерил на Самуила што им укажал гостопримотво на неговите блиски роднини што тој ги истерал од својата земја. Тие првин биле дојдени во Мизија (Мезија), што ја опфаќала Северна Србија, подунавска Бугарија и Романија, а потоа наскоро се упатиле понатаму и стигнале во Хрватска. Држислав ги сместил во предградието на Клис и така им дал сигурност и заштита.

 

И Самуил, секако, имал причини овој пат да тргне против Хрватска, низ која пројурил пустошејќи се до Задар. Но бидејќи немал морнарица, ни еден приморски град, а особено остров не можел да заземе и сета оваа негова експедиција се свела на брзо враќање со богат плен.

 

Самуил и неговите топарси вешто ги искористувале династичките борби во Византија и му нанесувале не помали штети на ромејското царство, вели Скилица. Затоа Василиј, штом се ослободил од грижите во поглед на граѓанската војна, размислувал да му се одмазди на Самуил.

 

Кога ги завршил подготовките, Василиј првин стигнал во Тракија и Македонија, а потоа дошол во Солун, наречен метропола на Македонците, за да му се заблагодари на Свети Димитрија. При тоа му дал задача на Гргур Таронит со јака посада да ги сузбива нападите на Самуил.

 

123

 

 

Пред да го напушти Солун, Василиј го зел за свој придружник Св. Фотиј Тесалски за со „своите молитви“ да му помага во војните против поданиците на Самуил. Значи, резултат на неговото кусо престојување во Солун било тоа што се погрижил за одбраната на овој град, кој бил осетлива точка на Самуиловите напади. Покрај тоа, овој сомничав и недоверлив владетел конечно во црковната личност нашол искусен советник за водење на борбите против Самуил, со кого војувал четири години (990/1—994/5) и му пленил, зазел и разурнал неколку тврдини.

 

Некаде кон крајот на 994 или 995 Самуил тргнал против Солун во чија близина ги поставил своите чети во заседа, а само неколку одреди провалувале до самиот град. Заповедникот на Солун Грегориј Таронит го испратил својот син Ашот да ја извиди бројната состојба на противничката војока. При тоа Ашот паднал во заседа и го заробиле. Грегориј се обидел да го ослободи сина си, но во борбата и самиот храбро загинал.

 

Кога Василиј дознал за поразот на својот војвода (дукс), го упатил во Солун врховниот заповедник на Западот магистерот Никифор Уран. Тој дознал дека Самуил по борбите со Грегориј ја напуштил околината на Солун, ги минал реките Темпе и Пенеј, и дека пљачкосува и пустоши по Тесалија, Беотија и Атика, како и на Пелопонез, откако го минал Коринтскиот Провлак. Затоа Уран веднаш отишол во Лариса, каде што ја оставил воената комора, па набрзина минал низ Тесалија и Фарсалската рамнина, се превезол преку реката Апидан и пристигнал до брегот на Сперхеј, каде што се улогорил. Меѓутоа, Самуил веќе имал направено логор на спротивниот брег од реката која била толку надојдена, поради големите дождови, што изгледало дека за некое време не ќе биде можно да ја започне борбата. Сепак Уран пронашол погоден премин преку надојдениот Сперхеј, и ноќта ја уфрлил својата војска меѓу мирно заспаните Самуилови војници. Овој ненадеен напад ги обезглавил византиските противници; одвај некој да можел да се брани и огромен број паднале. При тоа бил тешко ранет Самуил и неговиот син, а ако не се скриеле меѓу мртвите војници ќе биле живи фатени. Следната ноќ скришум побегнале преку Етолските Планини и Пинд, та се вратиле во Македонија. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани Самуиловите војници, ги ослободил заробените Византијци и со огромен плен се вратил во Солун.

 

Иако Скилица не го донесува датумот на оваа борба врз основа на податоците од делата на истиот автор, таа може да се стави во 995 или 996 година.

 

Оваа ненадејна и неочекувана победа на Уран скапо му се фатила на Самуил, зашто изгубил со илјадници војници, чии глави тој војсководител ги испратал во Цариград со 12.000 заробеници, како што пишува Јахја. Освен тоа,

 

124

 

 

Самуил сега толку се понижил, што на Василиј писмено му ветил послушност. И кога изгледало дека византискиот владетел ќе ја прифати понудата за мир, Самуил се прогласил за цар.

 

 

3. Прогласување на царството. Неуспешни борби со Византија

 

Интересно е дека Самуила ни еден современ византиски извор директно не го наречува цар, т.е. василевс, туку, како на пример Скилица „Μόναρχος” т.е. монарх или владетел.

 

Дека Самуил бил крал т.е. цар, сведочи кореспонденцијата што се водела помеѓу бугарскиот цар Иван Калојан (1197—1207) и папата Инокентиј III (1198—1216). Од неа може да се види дека, покрај Петар, од папата добил круна и Самуил, како и уште други. Со тоа е јасно дека на Самуил не му дал круна царот Василиј II, со кого живеел во постојано непријателство.

 

Исто така е сигурно дека круната на бугарските владетели Цимиско ја дал на чување во Цариград и Самуил до неа не можел никако да се дофати. Затоа е очигледно, дека патот за добивање круна му бил нему отворен единствено спрема Рим.

 

Кога, каде и кој го извршил крунисувањето на овој владетел во името на Гргур V (3. V. 996—13. II. 999) може само да се претпоставува. Но дека бил крунисан и дека носел круна (круна во вид на тесна лента, над која се издигала полутопка украсена со бисери и скапоцени камења) сведочи и наодот на Василиј II во некогашната Самуилова царска ризница на „круни составени од зрна бисери“, како што раскажува Скилица, како и извештајот на шпанскиот Евреин Ибрахим Ибн-Јакуб, кој исто така наведува дека овој владетел имал круна.

 

Секако, со ова крунисување Самуилавото царство добило меѓународен карактер и признание.

 

Приближувањето на Самуил кон Рим му одело во корист и нему и на папата, зашто заедничка им била и крајната цел — што повеќе да ја ослабнат и намалат Византиската империја.

 

Кога дознал за прогласувањето на Самуил за цар, Василиј повторно го испратил Уран во војна против него. Секаде палејќи и пљачкосувајќи без да наидува на отпор, Уран продрел до средината на неговата земја, а потоа по три месеци се вратил во Цариград.

 

Меѓутоа, штом Самуил пристигнал во Преспа, морал да даде согласност за венчавање на својата ќерка Мирослава со неговиот земјак Ашот, во кого таа била вљубена, како нејзината сестра Косара. По извршеното венчавање, Самуил

 

125

 

 

го упатил Ашота и ќерка си во Драч и му ја доверил командата на тој крај.

 

Овој податок за Драч, кој му бил предаден на Ашот, не се коси со Самуиловото подарување на Владимир, зашто тоа тој, секако, го направил во спогодба со дукљанскиот владетел. Штом Ашот дошол таму, тој ја убедил и жена си да му помогне во остварувањето на неговите планови; потоа двајцата пребегнале на византиски кораби што тогаш крстосувале за да ги чуваат границите и пристигнале кај Василиј, кој на Ашот му дал титула на магистер, а на Мирослава назив дворска дама. При тоа Ашот му донесол на царот писмо од Хриселиј, еден од првенците на Драч, кој се понудил да му го предаде Драч на царот под услов нему и на неговите синови да им подари патрициски титули. Се разбира, царот за ова дал и писмена согласност. Хриселиј наскоро умрел, но неговите синови му го предале Драч на патрицијот Евстахиј Дафномил и за тоа ја добиле ветената титула.

 

Јасно било дека Драч, поради предавството на Ашот, за Самуил морал за некое време да биде изгубен.

 

Но затоа, благодарејќи на својата пропаганда, Самуил на друга страна постигнал делумен успех. Имено, во истото време магистерот Павел „Бобус“ (Тептавиот), првенец на Солун, и протоспатарот Малакен, и двајцата познати поради својата мудрост и красноречивост биле обвинети дека му се наклонети на Самуил. Затоа едниот бил испратен во Византија, а другиот во Тракија. Овој пример во Едрене (Адријанополис) толку исплашил некои осомничени великодостојници што тие пребегнале кај Самуил а меѓу нив бил и Ватац со целото семејство и Василиј Главас, додека син му Никета бил затворен и дури по три години бил ослободен по заповед на царот Василиј.

 

Овие два примера јасно укажуваат дека на клучните точки на византиското царство власта на Василиј била лабилна и дека тогаш против него биле највлијателните личности. Тие истовремено укажуваат на тоа колкава поткрепа уживал Самуил во тие градови и предели, така што само малку недостигало, па овие два отскочни навални центри да минат во негови раце. Што не се случило тоа, треба да и се заблагодари на постојаната будност од страна на Цариград. Сево ова го натерало Василиј да преземе нова офанзива врз Самуиловата држава, и тоа преку Пловдив, што му го доверил за чување на патрицијот Теодорокан.

 

Откако разурнал многу градови во подрачјето на Софија тој се вратил во Мосинопол. Ова било увод во спроведувањето во дело на неговиот систематски разработен воен план, т.е. од сите страни да започне општа офанзива против Самуиловата држава и нејзиниот центар. Така веќе во 1000 година Василиј испратил голема војска на чело со војсководителите патрицијот Теодорокан

 

126

 

 

и протоспатарот Никифор Ксифиј против утврдените градови од другата страна на реката Марица. При тоа, тие го освоиле Велики и Мал Преслав и Плиска, така што сега византиската војска се вратила дома како победник. Кога Василиј склучил примирје со египстакиот калиф Ал-Хаким, тој лично се упатил во 1001 год. преку Солун во правец на Верија, што му ја предал катархонот Добромир, оженет со Самуилова роднина. Него царот го одликувал со титулата антипат (проконзул) и тој сега минал на страната на Византијците. По предавањето на Верија Василиј пристигнал тогаш до Колидрон (денешен Колиндрос недалеку од Верија), чиј заповедник Димитрија Тихона (Τειχωνἄς) не сакал сам да го предаде градот, туку барал слободен премин за себе и за својата војска. Тогаш царот се повлекол и го пуштил Тихона со својата војока да оди кај Самуил. Василиј минал кон опседнувањето на Сервија. Нејзин заповедник бил Никола, кого поради ниската става го викале Николица. Тој порано бил стратег на темата Хеладика и него уште во 980 Василиј го поставил за заповедник на Власите. Од Сервија морал да се повлече кога тоа место Василиј го зазел, а потоа минал во кастелот, каде што храбро и среќно им се спротивставувал на византиските напади. Но и овој кастел паднал во рацете на Василиј, а со него и Николица. При тоа царот ги преселил бранителите на таа тврдина на друго место, а таму оставил византиска посада.

 

Кога одовде отишол во Цариград со себе го повел и Николица, на кого му ја подарил честа патрициј. Но Николица побегаал од престолнината и потајно стигнал до Самуил, со кого ја нападнал Сервија. Меѓутоа, Василиј навреме го спречил ова опколување и Самуил и Николица се разбегале. Тогаш еден одред на Василиј успеал да го зароби Николица и окован го испратил во Цариград, каде што бил заточен.

 

Од Сервија царот се упатил кон Тесалија и ги поправил тврдините што ги имал разурнато Самуил, а ги освоил оние што уште биле под негов посед. Потоа од тие утврдени места ја префрлил нивната посада во Волер (Βολερὸν), место во Тракија на реката Марица, а сите овие кастели ги осигурил со византиска посада. Кога воинствениот заповедник на градот Воден катархонот Дражан (Δραζάνος) не сакал да го предаде тој веќе по природа силно утврден град, Василиј со сила го зазел и сета негова посада ја преселил исто така во Волер. Воден, пак, го обезбедил со своја силна посада и пристигнал во Солун заедно со Дражан, кој то замолил за дозвола тука да се насели.

 

Истовремено царот поради Арапите го преместил Урана од Солун во Антиохија, а на негово место го поставил патрицијот Давид Аријанит. Во следната година (1002) Василиј тргнал на север и по цели 8 месеци го зазел силно утврдениот Видин (15. VIII. 1002). Во истиот ден, по забрзан

 

127

 

 

марш низ Тракија Самуил влегол во Едрене (Адријанополис), од каде што демонстративно се вратил назад со многу плен. Но овој Самуилов препад не го опречил Василија и понатаму да ги продолжи освојувањата и пљачкосувањата на неговите тврдини. Правецот на патот му бил Скопје. Таму го наоѓа Самуила, улогорен на другата страна на Вардар, каде што се чувствувал сигурен, зашто бил уверен дека не може да се мине преку оваа тогаш надојдена река. Но Византијците пронашле некаде плитко, па Василиј ги префрлил своите чети. Поради овој неочекуван напад, вчудовидениот Самуил побегнал со своите без да даде некаков отпор. Како плен на Василиј му паднал во рацете целиот Самуилов логор и неговиот шатор. За заповедник на Скопје во тоа време Самуил го поставил Романа, синот на Петар, кого по дедо му го викале Симеон. По Самуиловиот пораз на Вардар Роман му го предал Скопје на византискиот цар. Поради тоа Василиј то именувал него за патрициј и препозит и го поставил за стратег во Абид. Од Скопје Василиј дошол до Перник, кој го бранел големиот воин Кракрас (Κρακρἄς). Но при опседнувањето на оваа тврдина, изгубил и доста време и доста луѓе. Откога увидел дека Перник е неосвоив и дека нема Кракраса да го придобие ни со ласкање ни со ветување, ја оставил таа залудна работа и тргнал пак за Пловдив, од каде што се вратил во Цариград. Со тоа привремено бил завршен победоносниот поход на Василиј против Самуил.

 

Не се знае точно кога, а можеби токму во овој период Самуил дошол во судир со уште една држава, а тоа е Унгарија. Имено, неговиот син што бил оженет со унгарска принцеза, најверојатно ќерка на кнезот Гејза (972—997) ја вратил својата жена во нејзиниот род. Срдечните односи помеѓу Самуил и син му на Гејза кралот Стефан I (997—1038) поради ова како и поради тоа што Самуил се согласил со еден кралски вазал се прекинале. Како последица на тоа дошло до приближување на Стефан I кон Василиј, кој го повикал на помош. Стефан то победил Самуила. Го зазел неговиот „цароки град“ и со безбројно богатство се вратил во Унгарија и ја обдарил базиликата во Столни Биоград.

 

 

4. Битката на Беласица и смртта на Самуил (1014)

 

Токму тогаш кога византискиот цар испраќал од Македонија чети во јужна Италија за да помогнат за задушување на бунтот на тамошното население против Цариград, секоја година, како што пишува Скилица, овој владетел војувал, пљачкосувал и пустошел. Самуил веќе не се осмелувал денски да се улогори или да се опротивстави на отворено поле. Бидејќи на сите страни губел сили, а знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимбалонга и Клидион, тој ги опколил нив со шипок опкоп, ги

 

128

 

 

Доагање на ослепените Самуилови војници пред својот цар — минијатура во Манасиевиот летопис (XIV век)

 

-------------

 

затворил и ги обезбедил со силна посада. Кога царот стигнал до тие клисури и сакал да мине низ нив, во тоа го спречиле одозгора Самуиловите војници. И додека Василиј комбинирал како ќе мине, наскоро во неговиот табор пристигнал стратегот Теофилакт Ботанијат, наследник на Давид Аријанит. Тој го победил најмоќниот Самуилов велможа војводата Несторица, кој со голема војска бил испратен конечно да го заземе Солун. Доаѓањето на Ботанијат во родопските клисури ги охрабрило Византијците, чии бојни редови сега биле зајакнати. И додека Василиј по совет на пловдивскиот (филиполскиот) стратег Никифор Ксифијас го напаѓал опкопот, Ботанијат со брз марш ја заобиколил со својата војска планината Беласица, која била од спротивната страна на клисурата на југ. И на 29. VII. 1014 година од висовите на таа планина, одненадеж и со голема викотница Никифор ја нападнал од зад грб Самуиловата војока, која фатила да бега. Василиј го разурнал опкопот, напуштен од неговите бранители, и продолжил да ги прогонува бегалците; имало многу убиени, а уште повеќе заробени. Самуил пак се спасил благодарејќи на својот син, кој храбро ти одбивал напаѓачите, а потоа го качил татка си на коњ и го одвел, во утврдениот град Прилеп. По извојуваната победа Василиј наредил на заробените Самуилови војници да им се извадат очите. Се раскажува дека имало околу 15.000 и дека на чело на секои сто од овие бедници бил оставен по еден со едно око. Така унесреќени му ги испратил на Самуил. Кога ги видел нив така осакатени, Самуил паднал во несвест. Со вода и со мириси, успеале малку да го повратат, но два деца потоа умрел, според Скилица, од срцев напад на 6. X. 1014 година. По поразот и трагичната смрт на Самуил неговото царство се уште се држело цврсто. Значи, Василиј сега морал добро да промисли како што побрзо и конечно ќе ја урне таа голема државна творба со која неговиот упорен и заколнат непријател Самуил владеел цели 38 години.

 

 

5. Внатрешната ситуација за време на Самуиловото владеење. Создавање на Охридската архиепископија

 

По победата над Василиј кај Трајанова Врата (986) и натамошните освојувања на Балканот, Самуиловото царство ја опфатило цела Македонија (освен Солун), цела Тесалија и Епир, Албанија и некогашните приморски склавинии: Дукља, Травуња, Захумле и неретванската област (без островите) до Цетина, од каде што почнувала Хрватска. Потоа Србија (која граничела со Дукља, Травуња и Хрватска), т.е. Рашка, Босна, како и еден поголем дел на Бугарија.

 

Секако овие граници не можат приближно да се определат, како што се мислеше досега, според оние т.н. три

 

129

 

 

повелби (сигилион) на Василиј II во корист на Охридската архиепископија, зашто се фалсификушани во втората половина на XIII век, што е очитледно, ако малку подетално се погледа на нивната содржина, на надворешните и внатрешните одлики.

 

Врз оонова на Скилица и Поп Дукљанин „Бугарија" граничела со Хрватска, па под тоа име се подразбирале сите оние земји што Самуил со добро или со сила ги присоединил кон своето царство. На тој начин и на овие краишта се проширило името „Бугарија", која современиот автор Лео Гакон ја вклучува во називот „Μὐσία”.

 

Но наспроти тоа се знаело и за бивши држави и предели како и за народи опфатени под тој поим, каков што бил случајот со називот „Румелија“, која за време на Турците се простирала од Босфор (со Цариград) до Косовска Митровица. Се разбира дека со време престанало ова име „Бугарија" и дека подоцна голем дел од Бугарија или целата таа земја понекогаш се викала „Македонија", т.е. Бугарија била вклучена под поимот „Македонија".

 

Познато е дека во втората половина на X и XI в. византиските автори веќе не го употребуваат називот „Словени" или за словенските племиња зборовите „ἕτη᾿” и „γενέα”. Тие сега наведуваат поопределени имиња на словенските народи како што се, на пр., Срби, Хрвати итн. Затоа е разбирливо што тие поданиците на Самуиловата држава ги викаат „Бугари", а Поп Дукљанин единствен — „Булгари" и „Булгарини“. Тој не останува само на тоа, зашто и Словените и Бугарите ги наречува Готи а Лео Ѓакон — „Мизи“. Византиските автори одат и понатаму. Тие Бугарите ги викаат уште и Скити (8—14 в.), Хуни (8—10 в.), Мизи итн. Но Скити ги вика Србите и Хрватите и Теофановиот продолжувач, како и самиот Константин Порфирогенет.

 

Бидејќи зборот Булгарин доаѓа од Булга + ар, што значи човек од Волга — Волжанин, а тоа го тврди и Дукљанин, значи дека Македонците (Македонските Словени) не би можеле да бидат така наречувани, зашто тие дошле од страната на Дунав, а Бугарите од исток. Познато е дека во Самуиловата држава биле први и најбројни Македонците (Македонските Словени), Словените во Грција и Пелопонез, па дури потоа Бугарите, а по нив Србите, Хрватите и најпосле Ромејците (Византијците), Албанците и Власите (во Тесалија, Акарнанија, Епир и Етолија, во еден дел на Тракија итн.); потоа: Романите (во приморските краишта), Турците Вардариоти, Ерменците, кои уште Самуил ги населил во Пелагонија, Преспа и Охрид, а ги имало исто така и во Тракија.

 

На чело на ваквиот конгломерат од народи, меѓу кои далеку понадмоќни биле Македонците, стоел „царот на Бугарија“

 

130

 

 

Самуил „раб божји“. Неговата титула наполно одговарала на титулата „Βασιλεύς”.

 

На Самуил византиските современи извори не му ја даваат соодветната титула „цар“ (Βασιλεύς), туку намерно одбегнуваат така да го наречат и му даваат сосем други наслови.

 

Па сепак во Византија, а и во другиот свет, владеело мислењето дека ова царство е просто продолжение на она пропаднатото „прво“ бугарско царство, зашто само таква држава, покрај Византиската империја, во овие предели можела да има цар. За таквиот став придонесол и самиот Самуил кој, следејќи го духот на своето време, не сакал поинаку да се наречува. Сепак, тоа била сосем нова државна творба.

 

Имено, јадрото на неговата држава било сосем друго, а внатрешната и надворешната политика на неговото царство во суштината различна и поинаква.

 

Круната што ја примил Самуил од папата била кралска, како и титулата „рекс“. Имено, Рим немал обичај да дава друг наслов, со исклучок на оној, царскиот, што бил резервиран и доделуван единствено на владетелите на Франките (од Карло Велики) а потоа на германските владетели, кои наспроти тоа цариградскиот двор ги титулирал со насловот „крал“, а не „цар“. Поради тоа, и Самуил можел со право себеси да се смета за „василевс“, т.е. за цар како своите претходници и наследници, иако Византија, со која бил во перманентно непријателство, не го признавала.

 

Со формирањето на вакво царство се случило она на што Византијците најмалку мислеле. Имено, тие своевремено се плашеле да не се создаде во склавинијата преку Дунав словенска монархија, што сепак не се случило. Но затоа таа сега била создадена токму во оној предел што Византијците го сметале за свој, а тоа е територијата на некогашните македонски склавинии, која така станала фокус на Самуиловото царство. Овој државен центар бил далеку на југ од Балканот во денешна Македонија со неколку царски подвижни престолнини што имале повеќето прекрасно уредени владетелски дворци, како оние во Преспа, Охрид, Прилеп, Битола, Прониште, Сетина итн. Како биле градени и уредени овие цароки дворови не е познато. Но, тие, секако, биле богато украсени, за што сведочи наодот на Василиј II во Сетина и Охрид. Сите тие метрополи и дворци биле на подрачјето на некогашните македонски склавинии. Но, наспроти тоа, Самуил ја поддржувал традицијата на поранешното бугарско царство заради својот престиж. И додека речиси никаква грижа не покажувал за подрачјето на денешна вистинска Бугарија, од кое дел по дел систематски му одземала Византија, на македонско-грчките предели бил и премногу чувствителен и борбен.

 

131

 

 

Во времето на Самуил настанала т.н. Охридска архиеиископија (во историската литература позната како патријаршија). Но покрај неа имало уште две, и тоа Драчката и Дубровничката надбискупија. Секако, границите на Охридската архиепископија во времето на Самуиловото царство и по неговото паѓање биле сосем поинакви. Разбирливо е што Самуил сакал за своето царство да има архиепископија, и тоа во она место каде што му била престолнината. Само, како што од папата добил кралска, а не царска круна, така било и со таа црковна установа. Имено, папската курија, како и порано во IX век така и сега, не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх (чиј број бил непроменет) туку архиепископ. Службениот назив на Самуиловиот црковен врховен великодостојник бил “ἀρχιεπίσκοπος Βουλγαρίας”, а седиштето отпрвин му било Преспа. Подоцна, кога Самуил минал во Охрид таму се преселил и врховниот црковен главатар. На тој начин Охрид станал, за прв и последен пат, црковен центар и престолнина на едно царство што траело само до 1018 година.

 

Бидејќи охридскиот архиепископ не бил признат од византискиот двор, тоа веројатно го сторила римската курија, која го крунисала Самуил и со кого имала најдобри односи.

 

Овој нов архиепископ под своја надлежност ги имал оние епископии што биле во склопот на Самуиловото царство. Меѓу нив се истакнувале: Средечката (Софиската), Дрстарската, Могленската, Велбуждската, Главиничката, Белградската, Нишката, Призренската, Липлјанската, Рашката, Скопската, Морозвистката, Битолската, Воденската, Драмската, Србичката, Стагската, Вериската, Струмичката и Костурската.

 

Секако Драчката архиепископија не била зависна од оваа централна архиепископија на царството, зашто имала своја територија, како и новооснованата Дубровничка надбискупија. Нејзиното основање е извршено со одобрение на Самуил. Имено, Самуил завладеал со Дубровник и со поблиските и подалечните предели, во кои имало уште некои бискупии. Веројатно затоа по негова молба папата Гргур V ја подигнал Дубровничката бискупија на надбискупија. На оваа нова митрополија и́ биле доделени бискупиите во Стон, Требиње, Котор и Бар, како и бискупијата во Рас.

 

И додека за политичката ситуација во, времето на Самуил има доволно податоци, изворите за општествено-економската состојба, како и за уредувањето на оваа државна творба се премногу скржави и скудни.

 

Се претпоставува дека повеќето селани во Самуиловото царство биле слободни, а бројот на зависните селани — ограничен. Зависните селани биле парици или клирици. Париците работеле и на световните и на црковните имоти, а клириците само на црковните.

 

132

 

 

Бројот на париците и клириците во одделни епископии, за чудо, бил доста мал (12—40). Клириците за време на Самуил биле, секако, во подобра положба отколку париците. Имено, тие, изгледа, биле ослободени од икомодија (ὀικομοδίον, и денеска не се знае што значи, всушност, тој израз), како и од сите вонредни давачки (ἀπερεῶν). Овие зависни селани, подарувани на одделни црковни достоинственици, не плаќале државни давачки, но затоа спрема своите господари имале работни и други обврски, за кои ништо не се знае каков карактер имале.

 

Жителите на градовите (κάστρα) сигурно се викале „κραστρήνοἴ” (како во своите писма ги наречува Теофилакт Охридски) или „кастрини". Но населението живеело и во обични населби, по утврдените места, како и во тврдините.

 

Посебна феудална класа сочинувале првенците или велможите (μεγιστὰνες, δυναστείαι) и болјарите (оптиматес).

 

Мнозина од овие болјари постојано престојувале на Самуиловиот двор. Тие секако му биле верни нему и во целост задоволни со надворешната и воената политика на својот владетел, со која подолго време постигнувал значајни успеси и довел до проширување на своето царство, како и до добивање нови земји и богатства. Но штом умрел Самуил, тие велможи повторно почнале да си ги гледаат само своите интереси, што ги одвело во таборот на Василиј, каде што биле опсипани и придобиени со подароци и почести.

 

Ропството имало патријахален карактер и робовите се продавале надвор од земјата или пак биле ослободувави со откуп. Познато е дека Самуил жителите на еден град (на пр. на Лариса) ги претворувал во робови.

 

За време на Самуил, црквата била фаворизирана. Самите свештеници тогаш, како и подоцна, имале повластена положба, а посебно архиепископите и епископите. Меѓу сиве овие црковни институции се истакнувала Охридската архиепископија. Нејзиниот архиепископ уживал специјална положба на дворот на Самуил и тој во 1018 година ќе одигра пресудна улога.

 

Во времето на Самуил даноците се плаќале во натура, т.е. секој што имал ѕевгар волови морал да дава модиум (мат) жито и просо, како и стомна вино. Покрај тоа, имало и други непознати видови данок, давачки и подароци во натура. Овој данок, изгледа, го собирале посебни чиновници.

 

Приходите на владетелот, пак, биле од царските имоти, од неговиот добиток, од казните при судењето, од ограбувањето во војните итн. Се разбира дека Самуил, како и другите владетели во Европа, во тоа време сметал дека државната благајна е истовремено и царска. Инаку, Самуиловата ризница, како и таа на неговите наследници, била полна со разни скапоцености, злато и пари.

 

133

 

 

Парите што врвеле во Самуиловото царство биле византиски, зашто, колку што е познато, тој не ковел свои пари.

 

Какво било земјоделството, трговијата и занаетчиството во тоа време, не може ништо да се каже, зашто не постојат никакви изворни податоци.

 

Како превозно средство населението ги употребувало коњите, кои биле на висока цена и служеле за во војна и за на лов.

 

Во времето на Самуил и на неговите наследници војската ја сочинувале слободните и зависните селани, како и жителите од населените градови. Таа, секако, била мошне бројна, што го потврдуваат современите византиски извори. Оваа огромна армија била составена од пешадија и коњица; во неа биле застапени разни народи, но сепак надвладувале Македонците. Врховен заповедник бил самиот Самуил, кој во текот на долгите војни со Византија покажал големи стратешки способности, учествувајќи лично во неколку најсудбоносни битки.

 

Самуиловите војници биле облечени главно како византиските. Облеката им се состоела од кус горен фустан, под кој носеле панталони а на нозете — обувки цврсто припиени и со врвци врзани околу прасците на нозете. Горниот дел на телото бил облечен во кошула од железо. На главата имале шлемови со различен облик. Од шлемот кон плешките и под брадата се спуштал панцир. Од оружје имале штит (тркалест или елипсовиден), како и долго копје (обично со знаменце), а поретко долг меч. Дополнителна опрема на војската биле уште трубата и знамињата.

 

Покрај оваа војска, Самуил имал уште и телесна гарда или стража. Инаку немал воена морнарица или бродови иако владеел со некои приморски градови. Според тоа и на Јадранското и на Јонското, како и на Егејското Море апсолутна надмоќ имала византиската воена морнарица. На чело на одделни помали или поголеми одреди стоеле виши или нижи заповедници а можеби постоел, како во византиската армија, началник на воениот штаб, кој на грчки се викал комес (κόμης τῆς κόρτες).

 

Дали Самуиловата држава се делела на одделни области, тоа од изворите не се дознава. Во тоа царство имало разновидни населби. Така имало неколку вистински градови (πολυς), голем број места или градови што обично биле утврдени со ѕидови (κάστρα) како и тврдини (φρούρια).

 

По своето значење меѓу нив се истакнувале градовите и местата во јужните предели на државата, т.е. во Грција и во приморските предели (на пр. Драч, Котор, Дубровник). Покрај т. н. бугарска кастра, преку реката Марица, како и бугарските тврдини, кои така изречно ги наведува. Скилица, во јужниот дел на Самуиловото царство се познати како вистински градови (αόλυς): Скопје, Охрид (истовремено

 

134

 

 

и царска престолнина), Касторија и Верија. Град и тврдина (φρουριον) е Меглен (Моглен), а само тврдини се Волер, Воден, Перник, Прилеп, Штип, Просек, Мацукион (кај Струмица), Мелник, Нотија, (Нотје близу Меглен), Термица, Бисеградон, Сетина (во неа им:а царски дворец), Стаг, Сервија и Сиско (Ѕуѕко). Покрај тоа во самата околина на Перник имало уште 35 тврдини, што Скилица не ги изнесува по име.

 

На чело на сите овие градови и предели стоеле заповедници со разни називи, и тоа единствено познати на грчки јазик. Така со Верија и Воден заповедал катархон, со Сервија филатон, со Перник филакс, со Белград, Меглен и веројатно со Скопје архонт, а топарх со т.н. внатрешни градови на царството.

 

Имало и стратези кои, според Кекавмен, на словенски јазик се викале “челници“(τξελνίκός). Дали Самуил имал свои советници (consiliares) како Михаило Борис (852—889) или како неговиот син Гаврил кој имал свој советник (συμπάρεβρος) може само да се претпоставува. Сите тие го сочинувале царевиот воено-административен апарат.

 

Шпанскиот Евреин Ибрахим-Ибн-Јакуб пишува дека Самуил имал круна, секретари и регистри. Тоа докажува дека имал своја царска канцеларија и дека во неа издавал документи (на словенски и на грчки јазик). Се разбира дека Самуил овие свои повелби морал да ги заверува со печати. Тие биле претежно оловни, зашто такви употребувале, колку што се знае, и Симеон и Петар, Давид, Алусијан, синот на Иван Владислав и други. Но тоа не значи дека, покрај овие, не можеле да бидат во употреба и златни или восочни печати, како и во византиската царска канцеларија на тоа време. Какво било судството во Самуиловата држава не може ништо определено да се каже. Секако врховен судија бил самиот владетел, кој имал врховно право за помилување или казнување. Така Самуил ги пуштил од затвор Владимир и Ашот, а ги казнил со најтешка казна сите градски жители на Лариса, со тоа што ги претворил во робови и присилно ги запишал во својата војска. Разбирливо е дека и Самуиловите заповедници на градовите и областите имале, покрај цивилна, воена и судска власт. Исто така, судска власт над своите парици и клирици имале и црковните великодостојници и одделни манастири.

 

Дали било раширено богомилството во државата на цар Самуил и неговите наследници, од изворите може само да се претпостави. Имено, за тоа движење во ова време постојат само два податока, доста различни и од проблематична вредност. И двата се зачувани во преписи од XVII век. Првиот е исправа на латински јазик, датиран со 994 година. Во неа се зборува како неколку бугарски велможи на чело

 

135

 

 

со Пинциј, роднина на унгарокиот цар „Стефан", дошле во Хрватска и со дозвола на кралот Држислав се сместиле во околината на Клис. При тоа ја примиле „правата вера католичка според установата на римската црква“. Таквиот податок укажува дека тие можеле да бидат богомили или, можеби, што е помалку веројатно, припадници на грчко-источната црква.

 

Вториот податок е животописот на Св. Иван Владимир од XVII в., напишан на грчки јазик. Во него се раскажува како Самуиловирт син Гаврил со жена си бил приврзаник на богомилите, кои заедно со жителите и другите еретици ги уништил Св. Владимир. Тоа би значело дека на Самуиловиот двор оваа секта имала највисока поткрепа и дека затоа ни царот не ја прогонувал. Меѓутоа, ни од изворните податоци не може ништо сосем сигурно да се каже во поглед на богомилството во Самуиловата државна творба. Единствено се знае дека имало павликијанци веќе во IX век во Тракија. Таму во 970 Цимиско преселил големо множество павликијанци од Понт и Ерменија, и тоа во околината на Пловдив (Филипол).

 

Бидејќи токму во тоа време живеел и пишувал Презвитер Козма, кој ја побивал ереста на богомилите, изгледа дека постоеле односи помеѓу обете секти. Според тоа, може побргу да се каже дека постоело павликијанство на ограничен простор на Самуиловата држава, каде што покрај него растело и, незабележано и тивко, се повеќе јакнело богомилството.

 

Службен јазик во Самуиловото царство бил словенскиот. Тоа го сведочат оние споменици што ги подигнал царот и кои се споменуваат од неговото време. Но се разбира дека на царскиот двор во употреба бил и грчкиот како дипломатски јазик. Во поглед на градителството во Преспа се истакнува базиликата на Св. Ахил, што ја изградил Самуил. Имало изградено и други цркви, што како оние во Преспа и Охрид, се искитени со фрески и плетер. Покрај тоа, развиена била посебна градежна дејност, за што сведочат многубројните дворци на цар Самуил, растурени по јужните делови на негавата држава.

 

 

6. Распаѓање и крај на Самуиловото царство

 

Самуил го наследил неговиот оин Гаврил Радомир, кого Скилица го вика и Роман. Според изјавата на тој автор, Гаврил бил посилен од татка си, но многу помалку мудар. Гавриловата храброст и сила ги фали и Поп Дукљанин, а посебно во однос на Византијците. Тој во 1014 г. го убил Теофилакт Ботанијат, заповедникот на Солун — пишува Скилица.

 

138

 

 

Натпис од надгробната плоча на Самуиловите родители (993 година)

 

Натпис на столбот на црквата Св. Архангел во Прилеп (996 година)

 

--------------------

 

 

Мајка му на Радомир се викала Агата, ќерка на Иван Хриселиј, заповедник на Драч. Гаврил бил оженет двапати. Првата жена му била ќерка на унгарскиот крал која, не се знае зошто, ја замразил и ја истерал, иако тогаш очекувала дете (таа подоцна отишла во женскиот манастир во Весприм што за неа го основал брат и́ Стефан I). Потоа Гаврил се оженил за убавата Ирена, заробена во Лариса.

 

По битката кај Беласица, Василиј II престојувал во Мосинопол, каде што при крајот на октомври 1014 г. дознал за смртта на Самуил. Тогаш се упатил првин во Солун, а потоа кон Полог. Тој тогаш, навистина, го изгорел Царскиот дворец во Битола, но тој град не го зазел. Во меѓувреме, пак, неговите чети ги запоседнале Прилеп и Штип. Во почетокот на јануари 1015 г. Василиј се вратил пак во Солун. Во пролетта одовде тргнал за Воден, каде што тамошната посада и населението се побуниле против Византијците. Откако го присилил градот да му се предаде, неговите жители ги преселил во Волер. Во самиот Воден, пак, населил Византијци — копјаници, кои биле познати по својата суровост и дивјаштво. Откако изградил во клисурата близу Воден две тврдини, повторно пристигнал во Солун. Таму го чекало писмо и пратеникот на Радомир, кој му порачувал дека ќе му биде „слуга и поданцк" т.е. вазал. На оваа мировна понуда, Василиј одговорил со нови напади и упатил двајца свои војсководители — Никифор Ксифиј и Константин Диоген, нов стратег на Солун и наследник на Теофилакт Ботанијат, во пределот на Меглен. Минувајќи по ова подрачје, Византијците пљачкосувале се и конечно почнале да го опколуваат Меглен, каде што покрај бројните велможи престојувал и заповедникот (ἄρχων) на тој град Илица.

 

Бидејќи ова опседнување се одвивало многу полека, под Меглен пристигнал од Солун Василиј, под чие раководство, по извршените многубројни подготовки, биле разрушени ѕидините на овој град и неговите жители се предале. Меѓу нив биле заробени и Илица, и Гавриловиот советник Дометијан Кавкан. Заробените жители на Меглен што биле способни за оружје се префрлиле по царевата заповед во ерменската област Аспраканија, а блиската мала тврдина Нотија (Нотје) била изгорена.

 

Наспроти овие претрпени неуспеси, Гаврил Радомир во меѓувреме и натаму војувал со Византијците и длабоко продирал во Византиското царство дури до Цариград, како што, по малку претерано, пишува Поп Дукљанин. Истиот овој автор оди толку далеку што малку потоа изнесува дека царот Василиј поради тоа се исплашил да не го изгуби „царството", па потајно му испратил пратеници на Иван Владислав, внук од брат на Радомир. Преку нив го наговарал него да ја одмазди смртта на татка си и да го убие својот

 

137

 

 

владетел, па да ја преземе Самуиловата држава и натаму да живее во мир со Византија.

 

За да го придобие што побргу за овој свој план, Василиј му понудил злато и сребро колку што сака и му ветил дека ќе му го предаде Драч. Кога Иван Владислав се согласил со сето тоа тој на лов го убил Радомира, кој не владеел ни една година, пишува Скилица.

 

Тоа се случило (според Скилица) на 15. IX. 1015 година, и тоа најверојатно во местото Петриск кај Острово.

 

По убиството на Радомир, кој некогаш несебично му го спасил животот, Владислав наредил да се убие и жена му на Гаврил, а неговиот најстар син да биде ослепен.

 

Кога седнал на престолот, Иван Владислав писмено го известил Василија дека го убил Гаврила и ветил дека ќе му биде „слуга и поданик", т. е. верен вазал. Меѓутоа, на Владислав му пречела упгге една личност, а тоа бил Владимир, като на доверба го намамил во Преспа и таму бил убиен. Во овој гнасен акт зеле учество и високи црковни личности, па и самиот архиепископ Давид. Притоа Василиј дознал од Теодор, братот на Дометијан Кавкан, дека Владислав не мисли да се придржува кон она што го ветил. Поради тоа тој тргнал против него со војска и дури се согласил со планот што го направил Теодор за да се убие Владислав. Но Теодор бил убиен кај Штип од неговиот придружник, кој му бил слуга на Владислав. Со тоа Иван Владислав избегнал сигурна смрт. Но затоа не ја избегнал и војната што Василиј ја повел против него со сета жестокост. Имено, овој цар сега преку Воден се упатил во блиското Острово, од каде што неговите војоководители почналеда пустошат по Пелагонија. Но и самиот Василиј секаде каде што минувал за Охрид исто така пустошел и наредувал на заробените да им се вадат очите со цел да завладее поголем страв.

 

Штом го зазел Охрид, тој се подготвувал одовде да му дојде на помош на Драч, којшто Владислав и неговите војсководители непрестајно го напаѓале. Но оваа замисла му ја попречила веста дека војсководителот на Владислава Ивец ја победил неговата војска во Пелагонија толку силно, што никој од неа не се спасил. Поради тоа Василиј сега тргнал директно против Ивец. Бидејќи не можел ништо да му направи, царот се вратил првин во Солун, а потоа во Мосинопол. Одовде ги упатил своите две војски: едната под водството на Давид Аријанит ја испратил кон Струмица, а другата под Никифор Ксифиј спрема Софија. Но овие војсководители постигнале само локални успеси и не можеле да ги извршат определените задачи.

 

Со тоа била завршена офанзивата против Владислав во 1015 година и во јануари 1016 Василиј се наоѓал во Цариград, каде што бил зафатен со воените подготовки против Хазарите, на Крим. Откако успешно ја завршил оваа воена операција, некаде кон средината на 1016 г. на чело на својата

 

138

 

 

војска, во која имало и руски одреди, Василиј упаднал преку Пловдив во софискиот предел и повторно го опколил, по 14 години, утврдениот град Перник. Бидејќи ни овој пат не успеал да го заземе, се вратил во Мосинопол, во кој фатил да врши нови воени подготовки. Така во пролетта на 1017 година од Мосинопол преку Солун влегол во јужна Македонија. И додека повторно ги упатил Давид Аријанит и Константин Диоген во Пелагонија, самиот тргнал кон „непобедливата" Касторија (Костур), која исто така не успеал да ја освои. Притоа добил вест од дрстарскиот (силистрискиот) стратег Цицикиј дека војводата Кракрас се соединил со Владислав и дека двајцата со огромна војска, на која и ги придружиле и Печенезите, имале намера да провалат во византиското царство. Поради тоа, царот веднаш фатил да се враќа и притоа освоил и разурнал неколку тврдини, а меѓу нив и Вишеград. Откако стигнал во Верија, се упатил од неа кон Север, и во околината на Острово разурнал неколку места. Тука застанал кога чул дека Печенезите се одметнале од Владислав, кој веќе се имал приближено до тврдината Сетина (околината на Острово), каде што уште Самуил имал свој дворец и големи магацини со жито.

 

Штом Василиј ја освоил Сетина, веднаш своите најелитни одреди ги упатил против Владислава и неговата војска. На чело на своите одреди го поставил Константин Диоген, кој штотуку се имал вратено од Пелагонија, каде што со Аријанит страшно ограбувал и палел. Но Владислав на овој војсководител му поставил толку вешта заседа од која тешко би се извлекол ако Василиј не му дојдел на помош.

 

Покрај своите војници, во настанатата паника подлегнал и Иван Владислав, кој почнал во неред да се повлекува и одвај се спасил со бегство. Диоген го искористил овој метеж и се фрлил во потера по бегалците. При тоа успеал мнозина да зароби, а меѓу нив и еден одред од двесте Владиславови оклопници, како и коњи, и багажот на самиот владетел, па дури и неговиот братучед.

 

Па сепак Василиј не ја искористил оваа победа над Владислав, туку преку Воден со бавен марш пристигнал во Цариград во јануари 1018 година.

 

Но затоа во времето на оваа пауза што му ја овозможил Василиј, Владислав вешто се снашол. Тој тогаш успеал не само да задржи некои територии, туку и некои други што веќе биле загубени си ги повратил. Наедно сега минал во офанзива, и тоа така што отишол таму каде што Византијците најмалку го очекувале. Имено, тој со својата војска тргнал токму „кога телото на Владимир било преместувано од Преспа во Краина“, да ја запоседне земјата на овој владетел и Драч, како што му ветувал Василиј. Но при опсадата на тој град, во борбата со Никета Пегонит,

 

139

 

 

заповедник на Драч, го убиле двајца војници или пак некои од неговите сопствени поданици.

 

По себе, Владислав ја оставил сопругата Марија, шест синови и шест ќерки. Ниеден од синовите не се прогласил за цар.

 

Василиј, пак, штом дознал од Никета Пегонит дека загинал Владислав и штом примил писмо од неговите водачи што му се нуделе себеси, своите тврдини и области, тој тргнал од Цариград во Едрене (Адријанополис). Таму го чекале брат му и син му на Кракрас, кои му го предале Перник со 35 тврдини. Како вратка за тоа царот ги одликувал, а на Кракрас му ја дал титулата патрициј. По тоа после пристигнал во Мосинопол, каде што го пречекало пратеништвото од Пелагонија, Морозвизд и Липљан, и му на предало овие предели. Оттука пристигнал во Сер (Серес), каде што веќе го чекал Кракрас со заповедниците на оние триесет и пет тврдини, како и Драгомуж, заповедник на Струмица. Кога му го предал тој град, царот исто така го одликувал со титулата патрициј. Притоа Василија во близината на самата Струмица го сретнал охридскиот архиепископ Давид, кој му го предал писмото од царицата — вдовица Марија. Во него таа ветувала дека ќе му ја предаде земјата, ако ги исполни нејзините барања. Тука го поздравил и Богдан, топарх на внатрешните градови, кого исто така го наименувал за патрициј. Кога од Струмица стигнал близу до Скопје, тука му се предал и младиот Николица, храбриот Самуилов војсководител (тој не е идентичен со Николица бившиот заповедник на Сервија), кој добил од царот титула протоспататор и стратег. Во Скопје царот го поставил за стратег автократаторот Давид Аријанит, ограбувачот на Пелагонија, на кого му го дал називот катапан. Од Скопје отишол во Штип и Просек, насекаде пречекан со „извици и честитања од страна на поданиците". И, најпосле, влегол во Охрид, каде што Самуил и неговите наследници ја имале сместено својата необично богата ризница. Кога Василиј ја отворил, во неа нашол големо количество пари, круни опточени со бисери, облеки извезени со злато, како и 100 центи (10.000 литри) злато, со кое ги дарувал своите војници. Откако на чело на Охрид го поставил патрицијот Евстахиј Дапхомел, на кого му даделил силна посада, го напуштил градот и отишол во својот табор. Таму повторно ја примил вдовицата на Иван Владислав со три сина и шест ќерки. Со себе таа го довела и вонбрачниот Самуилов син, двете ќерки и петте синови на Радомир, од кои едниот го имал ослепено уште Владислав. Потоа во својот шатор ги примил велможите Несторица, Цариќ и помладиот Добромир, кои го помагале со своите чети во војната против Владимир.

 

Василиј, кој насекаде бил пречекуван со слава, сепак, не успеал да го скрши отпорот уште на неколкумина великодостојници. Така, Фружин, најстариот син на Владислав,

 

140

 

 

со двајца свои браќа што имале логор во планината Тимор (Τμῶρος) давал отпор се додека царот таму не ја упатил својата војска. Тогаш Фружин со своите браќа се предал и царот го наименувал за магистер, а друтите браќа за патриции. Сега преостанале уште храбрите војводи Ивец и Николица. Првиот имал логор во јужна Преспа, каде што собирал чети и постепено се подготвувал за дигање востание.

 

Кога Василиј од Охрид пристигнал во Девол, оттаму му упатил писмо на Ивец наговарајќи го да се предаде. Но веќе Евстахиј Дапхомел во договор со Василиј успеал со измама да го фати Ивец, на кого му ги извадиле очите и во таква состојба го довеле пред царот. Дапхомел бил награден со поставување за драчки стратег, а Ивец бил фрлен в затвор. Во меѓувреме византиската војска успеала во планините да го опколи и Николица. Немајќи каде, тој една ноќ дошол во логорот на царот и му се предал. Василиј не сакал да го прими и го испратил в затвор во Солун. Така кон крајот на август во 1018 година царот Василиј можел да се пофали дека успеал дефинитивно да ја покори Самуиловата држава.

 

Во меѓувреме царот пристигнал во Касторија (Костур). Тука му биле претставени ќерките на Самуил, кои ги дарувал а вдовицата на Владислав Марија ја испратил во Цариград, каде што станала дворска дама.

 

Спуштајќи се од Касторија кон југ, влегол во Стаг. Таму го пречекал, облечен како роб, Елемаг, заповедникот на епирскиот град Белград (Берат) со своите другари и му се предал. Тој бил последна воена личност што без давање отпор капитулирала пред византискиот цар. Но токму овој Елемаг (наречуван и Елемаг Францес) заедно со Габрас наскоро сковале заговор со цел пак да воспостават независно господство. Кога бил откриен заговорот, Габрас при бегство бил фатен и ослепен, а Елемаг, кој ни при мачењето не го признал учеството во заговорот, бил ослободен и повторно му било вратено старото достоинство.

 

Уште по смртта на Владислав, Василиј успеал да ги освои Рашка, Босна и сите приморски области до „границите на долна Далмација". Истовремено на царот му се предал и соседниот народ Хрвати и неговите архонти, на кои тој им поделил почести и богати подароци. Единствениот што уште не ја признал царската власт бил Сермо, господар на Срем. Тој бил наполно независен владетел како од Самуил и неговите наследници, така и од Василиј. Но Сермо наскоро со измама бил убиен од страна на Константин Диоген, стратег на соседната покраина. Потоа царот го поставил Диогена за прв византиски намесник во Срем.

 

Со тоа била завршена борбата за Балканот во корист на Византија, под чија власт, покрај Македонците, дошле и Бугарите, Србите и еден дел од Хрватите. Сите тие извесно време ја делеле истата судбина.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]