Директни интервенции со раскази во анатомската структура на историјата

 

Љупчо Георгиевски

 

 

Книгоиздателство “Феникс

Скопје, 1994

 

Сканове в .pdf формат (4 Мб)

Љупчо Георгиевски е роден на 17.01.1966 година.

1989. дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, Општа и компаративна книжевност.

1988. во издание на КММ ја објавил стихозбирката "Апокалипса"

1992. го објавил романот во стихови "Град", издание на Независни изданија "Ѓурѓа"

Содржина

(1) За Човекот што живееше пред Исуса  5

(2) Школата што ги пишуваше и разместуваше пластовите на историјата  7

(3) Бесот на Иван Грозни  18

(4) Невозможен расказ  30

(5) Концерт  48

(6) Последен ден  53

(7) Со партизаните  60  ("прочут разказ, който предизвиква скандал в македонското постюгославско общество", А. А.)

(8) Во името на Организацијата  71

(9) Список  83

(10) Летни разговори во 910-та година  88

(11) Неколку наминувања на авторот низ историјата  92

(12) За Второто пришествие Христово  101

 

 

(1) За Човекот што живееше пред Исуса

 

Десетина години пред мачното и крваво распетие на Исуса во римската провинција Јудеја, во еден петок римските војници по наредба на Ирод (истиот оној за чие владеење се роди Исус и го нареди колежот во Витлеем) беше распнат еден Човек. За жал Неговото име правта на историјата веќе одамна го има покриено.

 

И тој Човек исто како и Исус се роди во Витлеем, а татко му Јосиф и мајка му Марија се населија во градот Назарет за да се исполни кажаното преку пророците, дека Он ќе се нарече Назареец.

 

И Он појде во пустината за да биде искушуван од ѓаволот и кога поучуваше во синагогите го проповедаше Евангелието на Царството небесно и лекуваше секакви болести и немоќ кај народот.

 

И за Него се разнесе глас низ цела Сирија и ги доведуваа пред Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, и бесни, и месечари и фатени - а Он ги лекуваше.

 

И по Него одеше многу народ од Галилеја, од Ерусалим и од Јудеја, отаде Јордан. И Он исцелуваше лепрозни, и го излекува фатениот слуга на стотникот и ја смири бурата.

 

И Он отиде во домот на еден мртов човек и го разбуди од мртвите.

 

5

 

 

И пред Него слепите прогледуваа и немите прозборуваа, а народот се чудеше и говореше: " Никогаш такво нешто не станало во Израилот".

 

И Него го презреа во неговиот роден град и на едно место само со пет леба и две риби нахрани пет илјади луѓе и дојде до своите ученици одејќи по море.

 

И Него го предаде еден од учениците, а Римскиот управник лично го испитуваше. И Него откако го бичуваа, го соблекоа, му облекоа багреница; исплетоа трнов венец, му го кладоа на главата и му дадоа во десната рака трска.

 

И плукаа врз Него и го удираа по главата; и кога дојде на местото наречено Голгота, му дадоа да пие оцет измешан со жолчка.

 

И Човекот го распнаа како што го распнаа Исуса, а со Него распнаа уште двајца разбојници, едниот од десната, другиот од левата страна.

 

И сите нешта што ги направи Исус ги направи и Човекот пред него, а сепак Неговото имего заборавија, а сепак Тој не стана Бог.

 

6

 

 

 

(2) Школата што ги пишуваше и разместуваше пластовите на историјата

 

Првата дилема што си ја поставувам самиот себеси во почетокот на овој расказ произлегува од самиот наслов на книгата, дали на ова дело да му се посветам како на научно-историски труд или да го оставам на ниво на книжевност. Од проста причина што ми е полесно да пишувам раскази, а и од причина што забуната е поголема. А впрочем, преку расказот и трагите можат полесно да се скријат.

 

Прашањето, каде се вистинските граници меѓу вистинската, документирана историја со легендата или митот и со книжевноста, отсекогаш во мојата мисла претставувало една голема загатка, неистражена сфера на мистерии. На овој мој интелектуален проблем во последните години му додадов уште еден: моќта на креирањето на историските факти, како на оние што доаѓаат така и на оние што веќе одамна поминале. Овој интерес посебно ме опседна по неколку случајни контакти, или поточно никако случајни контакти, што уште еднаш ми потврдија колку е опасно книжевник да се меша во политиката или, ако сакате, политичар да се меша во книжевноста.

 

7

 

 

Првата таква случајна средба беше со едеи англиски лорд при неговата посета на нашата земја, контакт што подоцна се разви во уште неколку средби и негова покана да учествувам на една средба во дворецот Виндзор близу Лондон, со познати европски имиња од политиката и науката.

 

Вториот контакт, се оствари при мојата втора посета на Соединетите Американски Држави, конкретно на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, посета за која ни самиот до денес не сум свесен како се оствари, како одеднаш пред мене се отворија сите врати, разговори со претставниците на најголемите светски сили, контакти со директори на различни одделенија, упатства, совети и информации.

 

И третиот контакт, неколку дискретно понудени книги, да ги прочитам, за мое сознание, наслови што ги нема во градските и националните библиотеки.

 

Световната конспирација постоела отсекогаш, од почетокот на градбата на Соломоновиот храм, појавата на Христијанството, потрагата по Светиот Грал, Темпларите, Кабалистите, Розенкројцерите, Слободните ѕидари (Масоните), Големите светски религии, Илуминатите, Комунистите, односно Коминтерната, Фашистите, Финанските олигархии и конечно ООН и меѓу овие глобални стожери на светската политика и историја уште десеттина скоро незначајни за глобалните движења како Карбонарите, Скопците, Римскиот клуб, Кју-Клукс Клан, Мафијата...

 

Од почетокот на светот, поконкретно од почетокот на дефинираната интелектуална надмоќ, што многу често се среќава под името

 

8

 

 

"мудрост на одредени луѓе над други", почнува идејата за световната конспирација. Страста и волјата на најмудрите да го владеат светот, да управуваат со секој негов дел, концентрацијата на политичката одлука и финансиската моќ да бидат во рацете на неколкумина најмудри.

 

Борбата за световната превласт може да ја замислиме како обичен мит каде се борат доброто и злото. Историјата досега немалку пати не учи за такви борби за светска превласт. Меѓутоа, овој пат таквите битки за превласт со оружје конечно се завршени. Се што ќе се случува со војна по двеилјадитата ќе биде само обичен експеримент на нечија докторска дисертација.

 

Конечниот договор на световната конспирација е постигнат, со единствен репрезент и единствен центар, зградата на ООН. Последните светски експерименти ќе бидат завршени до 2000та, за веќе 2010-та да профункционира првата легална светска влада во со векови подготвуваниот НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК.

 

Процесот на губење на суверенитетот на нациите во сопствените држави е веќе одамна започнат, а понекаде и завршен. Се повеќе ќе гледаме влади што не можат да управуваат со сопствените држави, обезличени нации кои својата сувереност ја подариле или на некоја регионална заедница или директно на новата светска влада со седиште во ООН. Обединетите нации, долго време потценувана институција, конституирана по принципот на секоја државна власт, со Генерално собрание како светски парламент, Советот за безбедност како влада и конечно, Генералниот секретар како светски претседател. Власт со свое знаме, грб, војска,

 

9

 

 

комитети за сите сектори од животот, образованието, здравството, земјоделието, човековите права.

 

Според плановите почетокот на Новиот светски поредок со единствена светска влада треба да започне со голема светска благосостојба и мир под кој дефинитивно ќе зацарува светската диктатура на најмудрите, со дефинитивно сконцетрирана моќ на политичка и финансиска контрола над светот. Новиот светски поредок конечно ќе биде воспоставен и секој ден индивидуалниот интелект ќе гледа настани и донесени одлуки кои ќе немаат никаква логика, а што ќе ги одобруваат и прифаќаат и самите и покрај сиот внатрешен отпор.

 

УНЕСКО на прекрасен начин веќе ги подготвува децата од сите континенти, успешно ги усогласува образовните системи според еден шаблон, додека сите непослушни ќе бидат казнети или уништени. Да го споменеме само примерот на Ирак, каде цел свет беше свидетел на моќта на ООН и на еден преседан, при што со одлука на ООН цел свет и објави војна на една држава, за да ја уништат. Ваквите светски одлуки во иднина ќе бидат се позачестени кон оние кои треба да се казнат. Одлуките на ООН се повеќе и повеќе ќе имаат сила на конечни и задолжителни за секоја држава, а владите на поодделните држави не ќе можат да донесат ниту една одлука, парламентите не ќе можат да донесат ниту еден закон без претходно да се консултираат со Службениот весник на Советот за безбедност.

 

Веќе во овој момент сите главни информативни програми на националните телевизии,

 

10

 

 

ако како прва вест ја даваат одлуката на сопствената влада, втората вест веќе е некаква одлука на Советот за безбедност (светската влада). Како подготвителна фаза до моментот кога прва вест на сите национални програми ќе биде што денеска расправала светската влада.

 

Над сето тоа, кризата на светските политички лидери, безличноста на претседателите на државите уште повеќе ќе станува практика. Со еден збор политичката контрола на светските збиднувања е веќе видлива, невидливи се само механизмите и светските заговорници.

 

Силата на финансиската олигархија, контролирана од световната конспирација е уште повидлива, а со воспоставувањето на Новиот светски поредок станува застрашувачка. Сите светски финансиски текови ќе бидат контролирани преку Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Принципот на владеењето е едноставен, истиот оној образложен во книгата на Сионските мудреци за завладување на светот преку капиталот. Наметнување долг на сите држави и со политика на уцени, со држење под контрола и директно мешање во националните интереси. Не постои европска држава што не е задолжена по неколку милјарди долари или примерот на најбогатата држава на светот САД, која има долг од четиристотини милјарди долари. Се поставува едно логично прашање во светот на нелогичноста: која сила се повеќе управува со светот? Спрема кого се тие долгови? Најлесно, но и најтешко прашање на кое се нема одговор? Сиот тој долг е спрема невидливи институции со сомнителни имиња од типот на Светската банка, Меѓународен монетарен фонд, Лондонски клуб на банкари, Париски клуб на банкари, еден

 

11

 

 

апстрактен свет без конкретни имиња и презимита, невидлив свет на финансиската олигархија што управува со светското богатство и го прелива по сопствено наоѓање.

 

Или кога сме веќе кај финансиската моќ, ќе спомнам уште еден пример на кој сеуште нема одговор ниту еден обичен смртник, па макар да биде и најталентираниот познавач на економијата. Многу кратко и едноставно прашање: зошто еден обичен работник за иста работа во една држава добива 50 долари, а во друга држава 2500 долари? Кој е тој што ја управува вагата на правдата и врши такви прелевања на богатствата на државите.

 

Дали се работи за економијата или пак некоја висока недостижна политика? Овде не постои економски одговор, овде одговорот можете да го добиете само ако некој Ви го каже, ако решат да Ви го кажат, ако треба да Ви го кажат.

 

Новиот светски ред и новата светска влада, само ќе го доведат до перфекционизам механизмот на финансиската сила и неговиот закон.

 

Но, целта на овој расказ никако не е политичката, а уште помалку финансиската моќ која настанува со Новиот светски поредок. Целта на моето испитување е контролата на историјата и литературата како посебно одделение за кое ќе се грижи новата светска влада.

 

Старо е правилото дека победникот секогаш ја пишува историјата. Значи за релативно кратко време не очекува почетокот на пишувањето на финалната историја, во која многу предавници ќе станат херои, многу херои ќе станат предавници, многу досегашни главни

 

12

 

 

историски настани ќе бидат заборавени, многу настани за кои досега никој не знаел ќе се откријат и ќе станат основи за новото сметање на историјата.

 

Иако не толку видливо, од настанувањето на световната конспирација до денес, една од најголемите нивни опсесии била токму тоа. Завладувањето и контролата над светската историја и книжевност.

 

Веќе се во полн погон школите што ја пишуваат и ги разместуваат пластовите во историјата, веќе се направени многу успешни експерименти, повеќе од задоволителни за да можат да гарантираат прекрасни финални резултати. Ќе бидат отворени досега непоимливи граници на човековиот ум кои засекогаш ќе ја избришат границата меѓу историјата и книжевноста. Историските факти ќе бидат толку интересни, колку што ќе можат да го направат едно книжевно дело поестетско, а одредени книжевни дела ќе бидат промовирани како историски факти и едноставно од учебниците по книжевност ќе бидат префрлени во учебниците по историја. Пластовите во историјата ќе бидат разместувани по естетскиот критериум на литератите. Строгите историски датуми ќе бидат само доказ колку човечкиот ум може да го обликува минатото. Впрочем, зарем за тоа нема доволно докази и денес, дека со нас веќе некој експериментира. Например, кога ќе откријат на некој простор скелет, денешните контролирани научници веќе другиот ден ќе дадат оцена во која никој несмее да се сомнева, дека скелетот е стар, ни помалку - ни повеќе, туку точно 245 000 години. И целиот свет ги прифаќа тие бројки што влегуваат во сите историски атласи, како необично историсќо откритие.

 

13

 

 

Те уверувам, мој драг читателу, дека сите досегашни проденки од ваков вид се најобични мистификации, историско-пропаганден тест, колку далеку може да се манипулира со човековата интелектуална немоќ да се спротивстави. А колкава може да биде лагата во контролираните научно-историски методи зборува токму овој пример каде разликата меѓу фалсификатот и вистината е приближно сто, до сто и педесет илјади години. Така ако прочиташ дека научниците староста на некој скелет ја процениле на 245 000, години веднаш сметај дека те излажале барем за сто илјади години. А колку поголеми бројки слушаш, знај дека и фалсификатот е поголем. Така, ако во некоја енциклопедија прочиташ дека е откриен некој животински фосил, стар пет милиони години, сметај дека научниот фалсификат е најмалку четири милиони години.

 

Ако, пак, како читател си го поставиш прашањето зошто да му веруваш на еден обичен расказ што има амбиции да ја креира историјата и да внесува забуни во твојот ум, тогаш веднаш постави си го и обратното прашање; Зошто да му веруваш на еден научник кога ќе ти каже дека тој и тој фосил е стар три милиони години? Зарем сепак тезата на еден обичен расказ не ти изгледа пологична од тезата на еден научноисториски заснован став?

 

Колку што историската дисциплина е поголема, толку е поголема и моќта на мудреците да ја креираат таа историја. Така, ако го земеме моментот на царството на антички Египет што траел три илјади години, можеме со часови да расправаме за сите спекулации што во овој момент се прифатени како историски факти. Уште повеќе да ги разместиме пластовите како што

 

14

 

 

сакаме на тој три илјадитгодишен период. Она што било во првите триста години да го ставиме во шестотата годишнина, она од шестотата да го вратиме во двестотата, или пак она што би се случило по илјада години да го темпираме како да се случило во двеилјадитата. Комбинации има стотици, колку ни е побогата фантазијата и колку е подобра програмата на компјутерот. Историските пластови од по сто години можеме да ги вртиме колку што сакаме и да ги редиме како што сакаме.

 

Како прво, се уште не постои ниту еден доволно дефиниран научен метод кој ќе ни покаже дека нешто што се случило пред 2500 години пред нашата ера не е книжевен еп, туку историски документ. Второ, ако како историчар се дрзнете да направите историски фалсификат, кого ќе го интересира дали е тоа историски факт или фалсификат случен пред 2500 години п.ње.? Веројатно никого!

 

Исто така, како што по пет века никого нема да го интересира дали класицизмот бил пред романтизмот или романтизмот бил пред класицизмот или футуризмот, или пак импресионизмот - пред експресионизмот, или дали Првата светска војна била во осумнаесети или деветнаесети век, каков ќе биде финалниот историски распоред на овие настани зависи од волјата на креаторите на финалниот дел на историјата.

 

Да го погледнеме примерот на Француската буржоаска револуција, што е влезена во сите европски национални истории како еден од најсветлите мигови на европската цивилизација. Како врв на успехот таа е претставена и во самата француска историја. Еден од најжестоките

 

15

 

 

чинови на крвопролевање и грозомора на тогашна Европа, денес во свеста на секој европеец е асоцијација за светлина, прогрес, возвишеност. Франција во 1789 година, е една од најорганизираните држави во Европа, империјална сила со амбиции за освојување барем на половина од американскиот континент, носител на сите европски културни текови и, конечно, држава чиј селанец живее побогато отколку неговата класа во соседните држави. Една организирана вештачка криза за леб во Париз е доволно да отпочне еден крвав пир, наречен Револуција во кој за кратко време Бастилија и останатите затвори ќе бидат десет пати пополни, цветот на францускиот народ измаскиран, ќе се формираат воени судови чија задача ќе биде што повеќе жртви и колежи. Страв и трепет ќе завладее низ цела Франција. Еден класичен пример како еден бесцелен масакар создавачите на историјата можат да го претворат во величенствен и светол настан.

 

Моќта на историјата, посебно цинизмот, потребата за чиста лага, можеби обратно, со осветлување на настаните, подлоста, потребата за уживање во драматичните моменти се повеќе ќе станува книжевност и обратно, моќта на книжевноста за користење на фактографијата, описите на настаните, осветлувањето на сите аспекти на еден настан од психолошки, етички, естетски, научно-фантастичен, реалистичко-магичен, ќе и отворат на историјата неисцрпни извори за напојување на својата енергија. Границата меѓу историјата и книжевноста дефинитивно ќе биде избришана, секој историски документ од Херодот, Птоломеј, Буркхард, Лефевр, патопис или војнички извештај може да се прогласи како книжевно дело и со сласт да се чита. На ист начин секое книжевно дело може да

 

16

 

 

се прогласи како историски документ. "Војна и мир" од Толстој веќе сега можеме да ја прогласиме за дебел, понекогаш здодевен историски документ за француско-руската војна.

 

Крајот на историјата се приближува, Хегел го предвиде тој крај за што беше многу и критикуван, денеска истата теза ја исфрли и американскиот филозоф Френсис Фукојама, гледајќи го крајот на историјата во прифаќањето на либералната демократија од сите држави во светот како државен модел со апсолутна трајност.

 

Крајот на историјата е пред нас, бришењето на границата меѓу историјата и книжевноста е повеќе од сигурно, од тука и потребата од директни интервенции со раскази во анатомската структура на историјата. Потребата од забуна на читателот пред секој текст, дали се наоѓа пред научно-историски втемелен документ или пред обичен книжевен експеримент.

 

17

 

 

 

(3) Бесот на Иван Грозни

 

Некој му шепна на кнезот Иван Грозни дека болјарите од Новгород шушкаат против неговата светост...

 

Новгород. Неизмерно голем и убав град. Го живее летото 1570-то. Болјарот Борис Николаевич како и секое утро се разбуди рано, ги подели задачите на слугите, на жена му, ги бакна двете ќерки и излезе. Живееше на десниот брег од реката Волхова, во таканаречениот трговски дел. Неговиот пат, како и секое утро го водеше на спротивната страна од Волхова, кон Софиската страна, каде што се наоѓа огромната соборна дрква и Новгородскиот кремаљ; каде што како еден од повидните граѓани треба да решава за судбината на градот. И беше се така мирно и тивко, и беше се толку вообичаено...

 

Москва. Три дена пред она утро кога болјарот Борис Николаевич се разбуди последен пат во Новгород. Кнезот Иван живее недалеку од Москва, во својот дворец во Александрискиот кварт.

 

Осамена и непристапна тврдина. И овде животот тече секојдневно по ист ред. Кнезот Иван, многу богобојажлив човек, станува во праскозорието и оди со придружба на молење во црквата што се наоѓа во дворот на дворецот.

 

18

 

 

По него врвеа двата сина и целото дворско свештенство. Таму, со неподносливото биење на камбаните, Кнезот паѓа на подот и во силен занес му ги кажува на Господа своите маки, желби, страсти и гревови. Неговиот занес на студените плочки е толку голем што не ретко при клањањето си го разбива челото од каменот пред олтарот. После завршеното утрење, по мал одмор, Кнезот со придружбата, околу осум часот повторно се враќаше в црква. Уште една молитва за да ја стекне божјата милост. На појадок Иван по обичај седнуваше последен, по долгото читање на молитвата пред маса. И после сето тоа, веќе смирен ја правеше првата посета на мачилиштето, сместено во дворот на самата црква. Тоа го правеше често, зборувајќи дека гадостите му го помагаат варењето на храната. Таму ги чуваше своите најжестоки, најбогати и најомилени противници.

 

Во придружба на својата верна војска опричници што ја создаде од разбојници, убиј ци, крадци, најмногу татари, влегуваше во губилиштето. Верна војска која се движи сегде со него, која има право да заколе секого што ќе се намурти пред кнезот Иван Грозни. А, прекарот Грозни што го носеше, со право му даваше слобода да убие секого. Во мачилиштето имаше престол наместен посебно за Кнезот кој уживаше во стравотните глетки на камшикување, черечење, кршење. Ги гледаше своите довчерашни пријатели, благородници, офицери, феудалци кои ги доведе тука за само една погрешна насмевка, за само еден невкусен збор. Тој уживаше во тоа сам да ги извршува казните, бидејќи Иван беше повеќе од кнез, тој беше Бог. За време на еден ручек лично го забоде ножот во срцето на кнезот Овчинјин, друг болјар, го

 

19

 

 

удави во буре со вино на забава. Новгородскиот епископ Леонид го навлече во мечкина кожа и му пушти кучиња да го раздерат, тој го уби со сопствени раце и родениот син. И после секое злосторство одеше в црква и таму долго остануваше, зашто знаешеде ка Бог ќе му прости се.

 

Така, и тој ден во царскиот двор се течеше вообичаено, но од негде, некој, дали ветерот, дали Бог, му шепна на Кнезот...

 

Борис Николаевич, весел и приказлив човек не можеше да помине низ трговскиот дел, а да не ги зазборува сите.

 

- Добро утро Борисе! - доаѓаше од сите страни.

 

- Бог да ви даде добро - им одговараше насмеан на кожарите, грнчарите, котларите, крзнарите, златарите, на сите трговци кои беа донеле ова утро свежа риба, месо, мед, восок, брашно... А од сето тоа овде имаше многу. Во Новгород се прекрстуваа сите патишта. Селаните се натпреваруваа кој, што повеќе и поубаво да донесе на пазарот над пазарите, што можеше да се види во сите поголеми улички. И болјарот Николаевич со неискрена гордост што е толку познат и омилен продолжуваше со чекорот по прашливата улица, молен од сите страни да земе по парче од најслаткото.

 

Пристигна до дрвениот мост на реката по кој се движеа коњските запреги на селаните, по некој болјар и по некое момиче. Застана за моменти го фрли погледот во водата каде утринските зраци ги позлатуваа белите грбови на рибите. Се загледа во проѕирната вода, мислата го однесе негде залутано, неколку секунди... Се свести и конечно го премина мостот...

 

20

 

 

Очите му засветкаа со чуден сјај, ги собра веѓите, го крена челото, ја преапа горната усна. Казнените коњички одреди беа построени, петнаесетилјадна машка сила, што ја собра по патот од Москва до Новгород. Секој со обесена песја глава, знак на песја верност кон својот господар. Ивановите опричници, воини без совест, без разум, без сожалување. Родени ѕверови, еден знак од својот господар и - крв.

 

Стои кнезот Иван Грозни со својот бел коњ над градот Новгород, стои и размислува кој тоа таму се нашол да проговори против неговото име. Кои се тие бунтовници и на кои треба тој да им пресуди. Не, тој нема да ги бара водачите! Тој ќе ги казни сите одеднаш и засекогаш. А, коњаниците чекаат на ветениот грабеж, ветените жени, крв и злато. Божјата војска е подготвена.

 

- Напад, кучиња мои! - се провикна Кнезот.

 

Коњите сржаа, татарите ги стегнаа уздите, ги извадија сабјите, удрија во коњското месо и збоднаа кон градот. Илјадници коњи со разулавени, гладни стрвници летнаа кон тишината што ја разбиваше само викотот на трговците кои ја фалеа стоката. Рамницата пред градот зачуре од прашина и од тап звук на коњски топот. Топот кој се повеќе се засилуваше и доаѓаше со ветрот до ушите на пазарџиите, домаќинките, децата, болјарите кои расправаа во Новгородскиот кремаљ. Дојде и до ушите на Борис Николаевич.

 

Од која страна на градот, дали исток, север, југ или запад влезе првата група. Никој не забележа. Впрочем тоа не е ни значајно! Улиците почнаа да се полнат со коњаници: црни, големи, мускулести, одвратни, наоружани до заби со сечила, ножеви, секири, копја, сабји, буздогани,

 

21

 

 

камшици. Ја затнаа со својот кас главната градска улица; најнапред, чиниш оние најстрашните, кои единствено јаваа и прострелуваа со очите; тие не убиваа, тие само газеа и рушеа се што ќе им излезе на патот. Пробиваа пат. По нив јаваа телесно послабите, но еднакво расположени. Тие убиваа. Понапред сечеа глави заскитани, а поназад фрлаа со копја и со остриците ги приковуваа селаните на портите и диреците. Тезгите се ронеа само од еден удар со тешката извежбана чизма; удар со топук и неколкуте прикрпени штичиња летнуваа сосе вреќите храна што потекуваше низ земјата и се мешаше со правта. Медот, виното, житото се разлеаваа, стоката донесена запродавање се растурааше на сите страни. Народот го фати паника, се растрча за спас на својата кожичка: занаетчиите се затвораа во своите дуќани, пазарџиите по ќошињата, граѓаните во своите куќарки. Ги затвораа портите, прозорците, ако воопшто можеше да се затвори нешто. Војска имаше доволно за никој да не може да се сокрие. За секого имаше по еден судија. И сите имаа еден заеднички: големиот руски кнез Иван Грозни. Тој стои надвор од ѕидиштата со придружбата. Стои и ги наслушнува првите болни крикови, првите плачови... Им даде слободни раце на милениците, без никакво ограничување; секое од кучињата може да каса колку што сака, да краде, пали, силува, тепа... Сите беа слободни во ѕверствата, само да му бидат што поверни и да ги уништуваат неверниците. Ги благослови, ги нас'ска и ги пушти.

 

А, тие знаеја да уживаат, да пијат и да милуваат. Прво требаше да убиваат и затоа тоа го правеа веднаш, на лице место без избор.

 

22

 

 

Флуууус!!

 

Удар со сабја и главата на непознатиот летна; неприхрабри, изгубени човечиња што ќе се најдат на нивниот пат ја доживува истата судбина. Брза смрт, ококорени очи запретани в земја и труп кој трепери уште неколку секунди. Тела кои се движат без глави, фатени во трк.

 

Каде да се скријат? Во домовите? Во црквите со кои е преполн Новгород; богопослушните луѓе изградија храмови и светилишта на сите страни, а Бог ги казнува; да трчаат кон другиот крај? А тие од другиоткрај кон овој? Коњите го поплавија градот, распрскани и во најскрити аголчиња, веќе можеа да почнат со плевење на "каколот". Додека најголемата група ја тераше толпата во правец на средиштето од градот, другата група скокна од коњите и се пушти кон вратите, во претрес на куќите. Пукаа, куќите гореа, се покажуваше сила над немоќни луѓе. Оние што успејаа да фатат оружје се спротивставуваа на самиот праг. Дуел и во кои домаќините завршуваа на под од ножот од извежбаниот пес. Потоа ножот влегува в куќа, внатре се коле се што е живо. Младите моми и жени се оставаат за враќање. Време за грабеж нема; излегува крвникот и преоѓа во друга куќа, и се така по ред расштркани по двајца или по тројца.

 

Маса новгороѓани се кријат во црквите, во светилишта каде што бараат спас. Борис Николаевич како и останатите болјари ја виде опасноста од прозорецот во големата соба на зданието. Врвот на градот збунет од настанот се ѕвереше надвор во колежот меѓу сограѓаните. А таму тие бавно го полнеа празниот простор од двете страни на мостот; илјадници човечки глави се гмечеа опколени од сите страни.

 

23

 

 

Трааас - пукна вратата.

 

Десетина татари ја исполнија големата сала во кремаљот и без чекање почнаа со сеча. Но, некои од овие интересни личности треба да се сочуваат за Кнезот. Стаклото до Николаевич пукна, тој се сврте, а врз него веќе лежеше во срчи испосечен болјарот Јурјевич со врв од копје излезено низ грбот. Борис се побуни и без оружје тргна во борба. Тргна, но набргу му се стемни, доби тупаница в тил, замижа и се струполи на подот...

 

Оние што се испопикаа в црква, веднаш паѓаа на колена за да молат; но, молитвата никој не сакаше да ја чуево црквата Свети Димитриј. Стариот побелен поп, Николај Осипов застана пред отворената врата и со споени раце на гради реши да го брани влезот. Татарите кои за цел ја имаа оваа порта го гледаа со потсмев, почнаа да се подбиваат со исповадените црни заби, и да ја носат црната мантија, а тој остана спокоен, се додека еден мустаклија не ја зафуче секирата и не му ја распука старата глава. Железото продре се до вратот, создавајќи отвор од месо и коса. Влезот е слободен, наскокаа внатре и со врисок на пијанчишта ги надвикаа децата и мајките...

 

Крв. Крв. За крв овде е дојден кнезот Иван Грозни; за млада, стара, женска, неверничка крв. И неговите кучиња го наплаќаа заостанатиот данок. Колежот в црква започна, се расмавтаа со секири, топузи, чекани: еден по еден, по ред кој каде што клечеше таму и умираше. Нож в грб, глава в раце или недоволно силен удар и квичење по патос. И никој несобра храброст да се поткрене. Секој ја чека смртта со затворени очи, со молитва за спас на горниот свет. Иконите студено гледаа. Ниедна не се помрдна. Ниедна не заплака.

 

24

 

 

Од спротивната страна во Богородичната црква маките се теглеа на друг начин; таму се сетија да ја потпрат портата однадвор. Натрупаа запалена слама. Огнот се фати брзо, запуцка најпрвин од покривот, чадот се рашири, навлезе преку пукнатините и го застраши народот што јурна кон излезот. Можност за избор меѓу двете зла немаше, вратата не можеше да се отвори. Тие чукаа по ореовото дрво, а надвор одекнуваше смеата на опричниците. Димот се погуст, пискотот се посилен, а излез - од нигде.

 

Но најголемата сеча на глави се случуваше на Волхова. Опкружени од двете страни на реката, разголени до појас и задушени во крв, ѓаволовите сојузници напредуваа. На по некои места: појавата на слаби отпори само предизвикуваше поголемо ѕверство. Столарот Петар Столипин извади нож и тргна на еден стомак, го чешна скраја и за момент се најде на земја, со десетина чизми в тело, во очи, во стомак, во јајцата; непослушните ги казнуваа со долга и болна смрт. Го испободеа со копја, му оставија едно во стомакот и го фрлија на страна, бавно да умира.

 

Дрвениот мост, на кој утрово болјарот Борис Николаевич застана за момент загледан во проѕирната вода, стана олтар за колеж на жртвени јагниња. Воини ги режеа грлата на еретиците и ги џиткаа во вода. Кога се појави Кнезот на крајот од најдолгата и најширока улица колењето беше во најголем ек; чекореше неговиот коњ достоинствено, научен на скапоцено седло; гадоста му помагаше полесно да ја вари храната. Ова утро за закуска имаше крв. Неговите очи никаква глетка не може да ги згрози.

 

25

 

 

Јава спокојно и гледа бесно на труповите околу себе; колку повеќе трупови, толку поголема слава. Убивајте!!!

 

А, за тоа време народот во богородичниот храм се пече, паника на стаорци, луѓе, животни, барање отвор, но од сегде бели варосани ѕидови со насликани ликови на светци. Печење на човечко месо, задушување и смрт.

 

И колежот од сите страни на Новгород продолжува, се сече се додека има групички нескриени или посебно избрани. Реката Волхова се преполна сотрупови човечки, крв, место вода носи.

 

И колежот продолжи, цел ден Кнезот не рече доста, цел ден се насладуваше, а дури во приквечерината им даде вино и жени. Многугодишното слатко црвено вино потече од визбите на новгороѓани; секири затропаа по бочвите и плисна вино. Војската локаше вино, за убивање немаа волја, за грабеж имаше време. Сега им требаа жени, голи и топли. И се втурнаа во куќите: секој си имаше забележано по некоја, заклучена негде. За оние пак што немаше, чекаа ред. Прва ја најдоа Арина Родјонова, ќерка на болјарот Алексеј Родјонов, благородничка, мајка на две малолетни деца. Ги оставија да гледаат; ја кренаа и ја приковаа за една парчосена тезга. И тргнаа еден по еден четириесет и тројца по лична наредба на Кнезот. Тој уживаше во своите наредби. Дивјачки, валкани мажи го распоруваа нежното телце на Арина, ја штипеа, плукаа, тепаа. Болно плачеше... Тие се изживуваа, се додека имаше сила во неа, се додека и ја држеа главата, се додека не ги рашири очите.

 

- Ха, Ха, Ха, Ха... се смееше задоволно Кнезот.

 

26

 

 

И во сите куќи исто, обесчестува без ред: мајки, ќерки, баби. Влегоа во куќата на Борис Николаевич, ги најдоа неговите две ќерки. Еден ја држеше нивната мајка, петмина ги развлекоа алиштата на младите девојки, ги шлакаа, гмечеа, ги качија врз маса и ги расчеречија. Се тресеа над нив, а мајка им колнеше; Завршија. На помладата и ја отсекоа левата, а на постарата - десната цицка. Си ја задоволија страста и си излегоа. Војска која господарот ја задоволуваше со смрдеа. Пиеја, свиреа, лумпуваа до доцна во ноќта, осветлена од пожарот во далечина...

 

Следното утро Иван Грозни го разбуди ветре од подотвореното прозорче; се разбуди со намуртеност што го пропуштил утринското молење. Сите многу пиеле, мора сите околу него да спијат. Го отвори прозорецот во чудесното руско утро. Мрши го покриваа градот, реката уште се преливаше од своето корито, во далечината малечка група преостанати; во средината на ширината: дваесетина столбови на кои заврзани стојат најугледните луѓе на градот. За главните заговорници има подготвено посебни изненадувања. Се облече, и свика на свитата и тргна кон соборната црква; влезе и од прагот се фрли. Се свитка големиот кнез да моли, а Бог да му простува...

 

Нов ден, нова крв. Војската се разбуди и појде на сркање крв и свежо човечко месо. Се направи голема трпеза околу главните заробеници. Запалија оган, на чело седна Кнезот. Гозбата започна. Камшикување како најблага болка, сецкање со ножеви, плукање. Никој немаше храброст да праша Зошто? Никој немаше храброст зашто знаеја дека е непотребно, зашто се е веќе решено!

 

27

 

 

Ти! - згрме Кнезот и покажа кон Глејб Ставрогин, сопственик на најголемиот имот околу градот.

 

Двајца го зграпчија и го закачија на ченгел да виси со нозете горе, а главата долу; го познаваа добро својот занает. Не им е потребна никаква наредба; ги зарија камите во неговата кожа.

 

- Одерете го!

 

И камите притиснаа; го дереа ко прасе, брзо, невнимателно, остро, ја дереа човечката кожа; тој мавта со нозете, со главата, а тие го држат и го дерат жив. Му ја свлекоа кожата пред да се истргне; ја свлекоа и принесоа на маса: стуткана, испободена. А, Иван Грозни покажа на вториот; го грабнаа и го довлекоа на маса пред него. Еден шибна со сабја и главата се истркала во чинијата пред Кнезот. Крв го прсна неговото лице; тој ја излижа.

 

Волјата за убивање го раздвижи, стана и тргна кон столбовите; со нож кој го зарива во секое срце. Убод, крик и цинична насмевка, очи в очи додека овој се уште трепери. Ги нишанеше предавниците в срце, се додека ни го фати умор и застана пред Борис Николаевич. Му се џорна со носот в очи:

 

- Хулиш против Кнезот?

 

Овој немаше сила да одговори.

 

- Изделкајте го!

 

Го грабнаа воините со секири и почнаа со делкањето ко да е дрво. Веројатно не им е прв пат. Лактите, коските, стапалата. Рацете до мускулите, па до рамењата. Нозете до колената, па до колковите. Го одврзаа и се струполи на стомак врз земја. Се уште е жив и чувствува болки,

 

28

 

 

нешто меѓу човек и полжав кој може да се дере. Ја зграби секирата, се расчекори над трупот и замавна, раскршувајќи го градниот кош, распарувајќи ги белите дробови, а таа се зари длабоко в земја. Нов фиук малку подолу и расцепени црева; уште еден и располовени полови органи; уште еден и тело поделено на две исти половини; во болјарот веќе немаше живот...

 

Три недели слугите на големиот руски кнез Иван Грозни палеа, убиваа, грабеа во Новгород; сто илјади души испратија по Волхова што три недели се излеваше од своето корито. Казнатаја изврши, бесот се стивна. Кнезот се помоли за последно, го јавна белиот коњ и го напушти Новгород.

 

29

 

 

 

(4) Невозможен расказ

 

Состанокот заврши дури во пет попладне. Три часа седевме и дробевме празна слама. Прво ми беше здодевно, потоа одвратно, а на крајот ми се повраќаше од сето она што го гледав и слушав. Крајот го дочекав речиси мртов. Денес ми се собраа околу десет часа добро седење што никако не се согласува со мојата програма за што повеќе движење и спортување. Канцеларијата ме парализира од ден на ден се повеќе и повеќе, ме прави мрзлив и бавен бирократ по кој сите викаат и го презираат, а на тоа морав да се спротивставам самиот.

 

Ена знаеше дека сум на состанок, дома не ми се одеше веднаш и тргнав малку да се прошетам низ градот, а конкретната цел беше: Трговскиот центар. Одев и се уште ја чувствував занесеноста од состанокот, се фатив како зборувам самиот со себе, најверојатно пцуев некого. На тоа не се чудев премногу, човек има голема шанса да полудее во овој град, на моето работно место и во моите години. Ми беше веќе страв да се гледам во огледало наутро, моите четириесетина години ми изгледаа како педесет. Побелена коса, збрчкано лице, стуткана кожа, вистинска слика на старец. Очекував секој миг да ме удри инфаркт или да ме прегази автобус.

 

30

 

 

Ме нервираше се и сешто, се запоставував, се занимавав со работи кои не ми беа воопшто важни.

 

Одев брзо, речиси трчав. Застанав. Сфатив дека сега шетам и не треба нигде да брзам. Го забавив малку чекорот и тоа ми дојде како олеснување. Почнав да свирам со устата една стара македонска песна на чии што зборови не се сеќавав, но мелодијата одлично ја знаев што придонесе да ја сталожам мојата психа.

 

Штотуку го поминав плоштадот и стапнав на тротоарот, пред стоковната куќа, забележав нешто чудно. Во прв момент тоа не го прифатив и за да се уверам застанав до зелениот киоск од каде што мирисаше на свежо испржени компирчиња и се загледав. Мојот заклучок е точен.

 

Лицата, движењето, погледите на луѓето не беа оние исти што ги знаев досега. Сите како да трчаа негде, што впрочем го правев и јас до пред мал ку, но, тие имаа нешто заедничко, нешто што тие го знаеја, а јас не. Стоев уште некое времена своето место и конечно решив да прашам некого, што се случува овде. Не се осмелував да запрам никого од оние што минуваа покрај мене. Барав некого сличен на мене што би можел да го прашам.

 

И конечно го видов тој што ми требаше, стоеше на дваесетина метри на десно од мене и исто така збунето ја гледаше толпата како што ја гледав јас. Значи, мојата забелешка е сосема точна, постои уште некој што го забележил истото. Се приближив до човекот што можеше да има нешто заедничко со мене, со кој можевме нешто заеднички да дознаеме. Беше мој а возраст (ако не онаа од четириесет, тогаш сигурно онаа

 

31

 

 

од педесет) малку здебелен и набиен, лицето му оддаваше строгост на провинциски политички функционер, а во десната рака држеше црна акт-чанта што ми ја докомплетира сликата за него. Можеби во друга ситуација би му пришол со малку формалност, но ситуацијата воопшто не го наложуваше тоа и затоа веднаш започнав, накашлувајќи се при тоа:

 

- Кха,кха... што се случува на овие наши улици? - реков сигурен во себе.

 

- А, да, да... - ми одговори со занесеност, збрканост и професионална загриженост, на што не можев да не се насмеам малку. Па, откако "повисев" уште малку до непознатиот од кого немав никаква полза, решив да си го продолжам патот. А, впрочем и што можеше да се случи толку интересно; војна не избила сигурно; никакво поскапување не можеше да ме изненади или можеби некоја голема распродажба; да не умрел некој висок политички фунцкионер или пак откриле епидемија на Сида во Скопје и сега сите се кријатдома. Но, што и да беше повеќе не ме интересираше, ако е нешто навистина големо вечерва ќе чујам на телевизија. И тргнав со спокоен чекор кон влезот на трговскиот со намера да излезам од другата страна и тука да фатам "50" задома.

 

На патот до влезот неколку момчиња ме погледнаа малку чудно како да сакаа да кажат "Ебати флегмата, овој ништо не го интересира". Г о примив тоа малку навредливо, но што можев, не знаев што се случува, а никој не сакаше да застане и да ми каже.

 

Кога веќе влегов, се судрив со неочекуваната празнина од луѓе во долгите ходници во ова време од денот. Се движев од левата страна и

 

32

 

 

веднаш во почетокот застанав кај аголот на салонот на "Мисла", барајќи некоја нова книга.

 

Беше затворено. Чудно. Погледнав наоколу, се беше затворено. Беше четврток, работен ден, непостоеше никаков празник, ни верски ни световен поради кој не би се работело. Тоа беше уште едно чудо на овој ден. Ден кој како да сакаше да ме опкружи од сите страни со својот таинствен шарм.

 

При излезот на трговскиот наидов уште на едно задишано момче кое во трк ме праша колку е часот, а откако му реков дека шест помина, ми дофрли малку со загриженост: "Имате уште дваесетина минути, побрзајте малку!"

 

Како? Уште дваесетина минути? Што е сега тоа? Најверојатно има нешто на телевизија, одмана немам гледано фудбал, можеби некој од нашите тимови игра во големо финале?

 

Излегов на улица и поминав од спротивната страна, каде што требаше да помине мојот автобус. На станицата немаше никој. Сите подраниле да бидат дома навреме. Помина една "16" празна, па "26" и таа празна, дојде и "50". Единствен патник бев јас. Возачот ми покажа дека не треба да го фрлам жетонот како еден знак на заедничка судбина.

 

- По се изгледа ќе задоцниме за почетокот - со тага на извесна помиреност - но, да се надеваме дека нема да се случи ништо интересно.

 

- Да, да сигурно, тоа секогаш е така - не сакав да го искажам моето незнаење - почетокот е секогаш помалку здодевен, највозбудливото се случува на крајот.

 

Зградата и улиците што ја заобиколуваа дишеа со непозната тишина, што можев некако

 

33

 

 

и да претпоставам по она што ми се случи денеска. Имав уште петминути до почетокот, според моја претпоставка и затоа се качував бавно до четвртиот кат. Во ходникот извадив ладно пиво од фрижидерот кое ме поврати малку во живот и ми даде нова сила пред возбудувањата што ме очекуваа.

 

Отворајќи јавратата на дневната соба каде што беше телевизорот наидов на ретко видена слика: жена ми и двата сина седнати заедно, загледани во екранот. За Ена не ми беше многу чудно што ја видов дома, но за синовите тоа е навистина и нешто ново. На екранот пак, го забележав само за момент ликот на една млада спикерка од која само чув:" ...ви посаќуваме добар прием". Потоа се изгуби од екранот и наиејзино место се појави знакот на МРТ со бучна музика која го најавуваше почетокот на натпреварот. По него дојде една слична најавна шпица на англиски јазик придружена со уште посилно свирење на фанфари од која разбрав само дека станува збор за директен сателитски пренос.

 

Откако увидов дека присутните не го ни забележаа моето присуство, или ако го забележаа не му придадоа значење, решив да се сместам. Избрав место на троседот, од каде што можев добро да гледам во црната кутија пред мене.

 

Штотуку заврши шпицата, се појави едно симпатично машко лице со чудно сплескан нос, што го правеше необично смешен, зборуваше на, за мене непознат јазик. Набргу се чу глас на наш познат спикер, кој почна да го преведува она што го зборуваше странецот, во почетокот малку несигурен, но подоцна се посигурен во своето знаење на овој, за мене непознат јазик. Го слушав со внимание, сакав да разберам што повеќе за натпреварот.

 

34

 

 

"Драги гледачи, добровечер! По желба на многумина од вас и вашите многубројни писма и повици, Интернационалното телевизиско студио реши да ви излезе во пресрет и во пет директни сателитски преноси да ви пренесе невидливи слики, плод на креативноста на човековата фантазија. Нашата програма ќе можете да ја следите секогаш во исто време од пет различии земји чии демократски влади ни го дозволија снимањето. Емисијата е придружена и со многу награди, затоа внимавајте добро..."

 

Тоа мора да е нешто ново, невидено досега, па добро е што стигнав на самиот почеток. Малку со завидување гледав на семејството кое знаеше за што станува збор, а јас се уште седев во неизвесност.

 

И конечно долгоочекуваниот пренос започна откако пред тоа ни сервираа реклама за чоколадо со лешници од земјата домаќин. Првата слика што јавидовме беа околу стотина војници наредени во пет долги редови, сите беа облечени во црвени униформи скроени во најновиот моден крик, така што повеќе личеа на манекени отколку на војници. А дека беа војници се препознаваше по оружјето кое што го беа закачиле на себе и кое се разликуваше од она на ситедруги армии на светот. Имаше на нив пушки, автомати, бомби, ножеви и безброј други ситни нешта што би им помогнале во евентуалната борба.

 

Камерата ги следеше редовите, прво од птичја перспектива, а потоа бавно се спушти во височина на нивните очи и така минуваше меѓу редовите млади момчиња, покажувајќи ни го секое посебно. Додека траеше тоа се чу повторно

 

35

 

 

гласот на оној симпатичен спикер, но нашите за жал не го преведоа. Откако заврши камерата со својата смотра, режисерот ни прикажа две нови личности во прв план оставајќи ги во заднина со цврст војнички став, младите момчиња.

 

Двете нови лица беа една млада девојка со микрофон во раце и едно воено лице кое по изгледот, разликите во униформите и еполетите на блузата, им беше најверојатно некаков командант. Девојката која, морам да признаам беше страшно парче, по кусата најава се обрати кон старешината: "Господине мајоре, милиони гледачи од сите страни на светот го очекуваат почетокот на акцијата што Вие по малку треба да го најавите, но, пред тоа би ги оставиле уште малку нашите гледачи во неизвесност, и би Ве прашале за моменталната состојба во составот на Вашите единици, за моралната подготвеност, за структурата и за некои податоци кои мислите дека ќе бидат интересни за нашите гледачи".

 

Мајорот кој беше доста висок човек со правилни и цврсти линии на лицето што оставаа впечаток на интелектуалец, беше малку нервозен. Тоа го заклучив по постојаното вртење на шапката во раце и немирното вртење на очите, но, спротивно од тоа имаше голема спокојност во говорот и прецизност во изнесувањето на фактите:

 

"Морам да истакнам дека сите момчиња што овде ги гледате се на возраст од осумнаесет до дваесет и пет години, што е многу значајно за успехот на акцијата. Сите тие се доброволци со голема желба за самоистакнување и докажување, луѓе од акција и победа. Нивната националност е различна, од преку триесет земји од целиот..."

 

36

 

 

Тука нашиот спикер се вмеша во преводот и истакна малку со гордост дека има и две момчиња од нашата земја "... но тоа воопшто не пречеше за нивното другарство во текот на триесетината дена колку што траеше нивната обука. Има ученици, работници, студенти, а еве јас сум професор по психологија на факултет и, се надевам дека искуствата од денес ќе ни помогнат многу во мојата идна работа со студентите.

 

На крајот сакам да кажам за целосна информација на гледачите дека противникот во овој случај не знае ништо за оваа акција така што, очекуваме напнатоста да биде максимална.

 

Благодарам."

 

Откако режисерот му даде знак на мајорот дека може да почне, тој ја даде последната команда и војниците почнаа да скокаат во џиповите, камионите, борните коли, имаше два тенка, специјални мотори. Водителот на програмата ни објасни дека треба да се воздржиме уште неколку минути, а за тоа време камерата ни ја покажа и техниката со која учествуваше телевизијата. Имаше четиринаесет камери на разни подвижни средства и две камери што ќе го следат сето тоа со помош на хеликоптери од воздух. Потоа, дојдоа пак некои здодевни рекламни спотови каде што видовме нов вид на сок од компири, специјални клинци што се коваат со удар на дланката и нов компјутерски систем за кршење ореви. Откако загрши и тоа, на екранот почнаа да излегуваат имињата на фирмите кои учествувале во финансирањето на оваа не така ефтина нрограма. На крајот телевизијата уште еднаш и се заблагодари на земјата домаќин за добрата волја на нејзиниот народ и нејзината влада.

 

37

 

 

Откако заврши и тоа повеќе ништо не не делеше од големиот почеток, а времето додека се уште траеше најавата, јас го искористив да донесам уште едно пиво и да отворам пакетче кикирики за грицкање.

 

Тогаш почна.

 

Првата слика беше хеликоптерска панорама на едно село. Се уште не можев да претпоставам за што станува збор, но сепак чувствував некоја необична напнатост која не ме оставаше повеќе да седам мирен во место. Како да почнав и да се нервирам за сето тоа. Да ги прашам моите што се случува сега би им било сигурно смешно. Затоа најдобро ќе биде да се воздржам и да видам самиот што ќе се случи.

 

Во селото имаше можеби околу триста колиби, се гледаше дека местото е доста сиромашно. Колибите беа расфрлани без никаков план низ улиците што беа покриени со кал. Се гледаа ретки минувачи, под едно дрво режисерот ни покажа група деца кои си играа нешто на земјата. Беа поделени во две групи и мавтаа со гранки од дрвјата. Играта ми беше непозната, но ме потсети за малку на моето детство.

 

На друго место ни покажаа неколку старци седнати на една клупа кои бурно расправаа со мавтање на рацете на разни начини. Отспротива, пак, видовме редица жени, повеќето девојчиња кои со садови на глава чекаа ред пред една цевка од која течеше, најверојатно вода.

 

Се на се немаше ништо интересно ако не се земе предвид сиромаштијата, бедата на овие луѓе кои живееа во ова село. И додека овие слики течеа на екранот, во долниот дел минуваше лента со информации за животот во селото. Запаметив

 

38

 

 

дека има 1853 жители кои ги броеле вчера, од кои повеќето се жени и деца. Имаше и некои други информации за животот во селото, но тоа веднаш го бришев од главата како нешто неважно. И овде барав некој податок кој барем малку од малку би ми покажал некаков посебен пат по кој би тргнал, но, за жал и овде немаше ништо посебно.

 

Од друга страна на лицата од преостанатите членови на фамилијата гледав се поголема напнатост и заѕвереност во сликите што се менуваа со доста голема брзина, не многу поврзани. Одеднаш режијата направи остар рез на она што ни го нудеше досега и не префрли на местото каде што почнуваше или можеби завршуваше селото. И така, пак се сретнавме со нашите стари познаници, момчињата со црвени униформи и решителни изрази на лицата.

 

Нешто што им падна во очите на гледачите во тој миг беше оној ист мајор со кој другарувавме до пред малку, но сега качен на бел коњ. Тоа навистина беше една романтична слика во споредба со студениот метал што беше нареден зад неговиот грб и бедата на селото пред неговите очи. Правев споредби меѓу неговиот војнички лик и неговите професорски ставови.

 

Појавата на војската која во овој момент изгледаше малку морничаво најпрвин ја забележаа децата, кои веднаш дотрчаа и со љубопитство и со малку страв гледаа од далечина. Набргу од старите трошни куќички излегоа и неколку старци кои на своите лица наместија изрази на чудење по многу нешто, слични на мојот. Беше очигледно дека и тие, како и јас не знаеја што се случува, се судривме со ист проблем. Бев сигурен дека во своите глави бараа

 

39

 

 

одговор на многу прашања, како што ги барав и јас. За неколку секунди сменив десетина мисли и идеи. И застанав на една. Но, тоа не беше можно! Каква луда идеја! Како само можев да замислам толку морничава слика?

 

Писокот што дојде од телевизорот ме прекина во моето размислување. Еден старец одеднаш почна да "се дере" ко мало дете. Неверојатно! Кода дошол на истата идеја како мојата. Да бев на негово место, со оваа идеја што ја имав веројатно ќе го правев и јас истото што го правеше и тој, можеби дури и посилно би пискал. Но, сепак, се уште не ми беше така вистинито. Сакав да не верувам во она што знаев дека мора да се случи.

 

Конечно, потврдувањето во исправноста на мојата претпоставка дојде уште еднаш од екранот што во крупен план го претставуваше профилот на мајорот со некоја метална сериозност. Не беше оној ист човек кој телевизијата ни го претставуваше до пред малку, тоа беше нов човек во исто тело. Ѕверски искри се забележуваа во очите на човекот кој како да го гу беше својот разум и се препушташе да го носат непознати сили. Неговото лице оддаваше смиреност на ѕверка пред лов. Оние црти што ја истакнуваа неговата интелигенција сега како уште повеќе да се врежаа во него. Изгледаше ко човек кој целосно се познаваше самиот себеси, со контрола врз своите мисли и израз. Човек кој научил доста од овој живот и сега бара нешто ново од него. А новото беше пред него.

 

Ја поткрена полека раката горе и ја задржа таму се додека не се чу плотун од пет-шест орудија. Грмотевицата што дојде до нашите уши беше пресилна, тонот се уште не беше најдобро

 

40

 

 

синхронизиран. Од секаде се крена прашина од трошните колиби, а кога таа се исчисти остави зад себе полусрушени колиби на влезот од селото.

 

Значи, тоа што го мислев беше точно, сакав во еден момент да извикам "чекајте!". Но, тоа беше невозможно, тоа што почнуваше не можеше повеќе да се спречи; можеби тоа никој и не сакаше да го спречи ризикувајќи го расположението на милиони гледачи од целиот свет.

 

Не ми преостануваше ништо друго освен да и се препуштам на програмата и едноставно да го чекам нејзиниот крај. А можеби сето тоа ќе биде доста добро направено.

 

По првиот плотун на целото село му се разјасни во што е работата, иако не го знаеше одговорот на многу прашања. Од каде? Кој? Зошто?... Прашања кои очигледно беа премногу глупави за да се занимаваат со нив во тој момент. Телевизијата повторно го докажуваше предимството на сеопфатноста. Имавме можност да ја добиеме сликата на целото село кое почна да писка и бега. Се гледаше добро дека од секоја колиба, која до пред малку не оддаваше поим за живот, летаа надвор луѓе. Селото за малку време изгледаше ко кошница со подлутени пчели кои летаат без никаков ред, во хаотично движење. Од таа маса луѓе се оддели една река која потече во спротивен правец на оној од кадешто доаѓаше грмењето; но и нејзиниот тек завршуваше некаде при другиот крај судирајќи се со исти такви лица. Потоа се враќаа назад и се расплинуваа по многубројните улички меѓу колибите, барајќи излез секој за себе, а ние гледачите знаевме дека и тоа е бесцелно. На младите момчиња не им беше тешко со брзината на своите моторни средства да го заобиколат селото од сите страни, не оставајќи премногу простор за надеж.

 

41

 

 

Сето тоа ми изгледаше како добро изрежиран филм, просто не ми се веруваше дека присуствувам на директен пренос од еден масакр. Изгледаше нестварно сето тоа да биде предизвикано од напредното, цивилизирано човештво за задоволување на своите потреби за атрактивни новости. Новост која беше нај добар начин за разбивање на светската монотонија во која години по ред ништо не се случува, но задоволувањето на своите страсти на таков начин навистина беше нискост за цивилизираниот свет. Тоа го мислев, но чувствував од друга страна дека нешто во мене и го одобрува сето тоа, како да се топев со милионската маса луѓе кои со глад го гледаа масакрот, среќни што се мирни во своите фотелји и што утре ќе има за што да зборуваат.

 

Младите луѓе, охрабрени од хаосот што ги снајде нивните жртви, со нетрпение (кое се пренесуваше и на нас) го очекуваа вториот знак на командантот, а потоа тргнаа и тие. Секој за себе посебно, но со иста цел.

 

Прво тргнаа тенковите правејќи пат преку малите колиби, срамнувајќи ги со земјата без некоја посебна тешкотија. По нив веќе идеа други моторни средства и на крај војниците-пешаци наоружани до заби. Првата жртва која добро можевме да ја видиме беше еден маж на околу триесетгодини кој излегувајќи од своето живеалиште налета на двајца црвенокошулци, дури и се судри со едниот, но тоа не можеше да ги збуни ни малку момчињата кои наидоа на својата прва жртва. Момчето што беше "закачено", веднаш го врати ударот во противничкиот стомак со кундакот од својот автомат. Човекот свиткувајќи се од болка доби уште еден удар, но, сега во забите така што го задржа својот пат кон

 

42

  

 

земјата и се врати во спротивен правец, исправувајќи се за момент и паѓајќи на спротивната страна. Сето тоа имавме можност да го следиме во тотал, сниман од еден камион, преку зумирање. На екранот остана само телото кое почна да се витка од куршумите што паѓаа врз него правејќи безброј отвори од кои во млазеви бликаше крв.

 

За тоа време камерите се распрскаа низ селото трудејќи се да ни го доловат секој момент. Покрај нив во сиот тој метеж се врткаа и голем број репортери кои бараа спектакуларни композиции за своите фото-апарати. Особено беше примамлив еден настан што се случуваше, по моја проценка, некаде во центарот на селото.

 

Една жена која држеше дете во своите раце, беше опкружена со четворица од "нашите" кои ја тегнеа, влечеа на сите страни, соголувајќи го нејзиното тело. Настанот беше следен со три до четири камери кои од разни агли ни ја доловуваа живописноста на акцијата. А, меѓу нив се бркаа и десетина репортери трудејќи се секој на посебен начин да ја фати трагичноста на сцената. Во крупен план го видовме малото главче на детето кое плачеше на сиот глас. Морам да признам дека режисерот имаше добар нерв за драматичност. По еден удар со нога, мајката го испушти детето и сега забавено гледавме како малото тело лета кон земја, заривајќи се во калта. Мајката и таа како детето врискаше на сиот глас вртејќи се во круг меѓу луѓето кои си играа со неа. Тогаш, еден од нив кој имаше осумнаесет или седумнаесет години остро ја привлече кон себе и и ја втера цевката од автоматот во устата. При првиот обид не нишанише добро и ја погоди в заби при што еден испадна веднаш надвор. При вториот обид беше поуспешен и сега ја влечешежената со цевката

 

43

 

 

в уста меѓу репортерите кои се местеа и бараа подобри позиции за своите објективи.

 

Потоа, момчето ја врати на средина како да сакаше да им каже да се подготват за крајот. Жената која сето време се тресеше, гледаше со раширени очи во камерата ко да бара милост од публиката која седеше во арената; меѓутоа гледачите го спуштија прстот надолу. Момчето, за кое со сигурност веќе претпоставував дека не постои гледач кој не го симпатизира, го затегна прстот. А, со тоа како да ги задолжи сите телевизиски работници, сите научници кои се занимаваат со сликање и снимање со еден нов проблем. Откривање на некоја нова камера која ќе може да снима внатре во човечкиот организам. Замислете каков подарок ќе беше за сите нас да можевме да го следиме патот на зрното од излегувањето од цевката; кршењето на забите; пробивањето на кожата и коските, летот низ мозокот и крајното излегување од черепот; но тоа беше прашање за експертите на телевизијата и филмот, а јас сепак се задоволував со понудената слика.

 

Тука, уште еднаш дојде до израз пожртвуваноста и подготвеноста на младите сниматели. Тилот на жената во нормален ракурс го следеше другата камера која го снимаше патот на зрното со забавеност после пробивањето на черепот. Го гледавме како леташе бавно кон нас носејќи на својот врв парчиња од крв и кашава маса. Во прв момент не ни беше јасно како го снимаат тоа, но дури кога видовме парчиња стакло пред она на екранот ни се разјасни се. Набргу еден друг камерман се сврте кон својот колега кој лежеше на земја и преташе во калта со скршена камера в раце и дупка меѓу очите од која шиштеше крв; човекот од што поголема желба за истакнување,

 

44

 

 

за да постигне што поголем ефект, застанал на патот на зрното.

 

Тоа беше и првата невина жртва, првата трагична жртва за која затреперија срцата на многу од нас; меѓутоа, сигурно знаев дека соодветни признанија и награди уште утре ќе им бидат врачени на жителите на неговиот роден град, а посебно на станарите од неговата зграда. А на нас пасивните набљудувачи ни преостануваше единствено да бараме заборав во нови слики.

 

Режисерот наоѓајќи се во голема тешкотија при избирањето на кадрите за нас, ги менуваше со доста голема брзина, не сакајќи да одмине ниедна атрактивност на боиштето. За многу малку време видовме најразлични сцени; две прекрасни момчиња со голема љубов и среќа стрелаа во масата што трчаше пред нив; едно друго слично на нив, пак, фрли бомба во толпата која се разлета. Посебно беше симпатична сцената на напредувањето на еден тенк, кој откако сруши неколку трошни колиби излезе на една слепа уличка каде наиде на петмина старци кои се надеваа дека овде нашле спас. Но тука ги снајде страшна смрт под гасениците на железната грдосија која со посебна сласт ги прошкемби старите тела со звук на кршење коски и черепи, сличен на оној при кршење ореви. Имаше доста сцени на поединечни колежи што секој за себе претставуваше мало ремек-дело и многу од нив секако ќе влезат во годинашнава антологија на светски садистички настани. А самиот настан, неминовно ќе биде запишан во "Гинисовата книга на рекорди".

 

Камерата се врати назад, на почетокот на местото од кадешто почна целата акција. Таа со благо движење ни ги претставуваше разрушените

 

45

 

 

колиби кои сега покажуваат тотално мртвило и спокој на некој дамна разорен град, спокој кој единствено го нарушуваше пукотот и писокот во далечината.

 

И тука повторно се појави онаа привлечна девојка со шармантна насмевка на лидето, најавувајќи големо изненадување за нас гледачите. Прво ни го претстави момчето што стоеше до неа, војник на осумнаесет години, а потоа ни објасни дека играта за нас се состои во тоа да погодиме колку мртви остави зад себе тој. Наградите беа големи и разновидни од спојнички за листови од круши, ситни уникатни украси од човечки очи, трактори за орање камења, бесплатно убивање на наградениот, па до премијата, а тоа беше директно присуство на големото финале кое ќе биде уништување на град од сто илјади жители и дозвола на наградените да убиваат, силуваат, мачат колку што сакаат. Ни ја даде и точната адреса каде што требаше да ги доставиме одговорите на прашањето и потоа се изгуби.

 

Акцијата, односно програмата траеше 45 минути. Беше исполнета со дотогаш невидени атракции. Навистина прекрасна замисла на телевизијата. Од кадрите кои ги покажаа подоцна за спомнување беа и силувањето на едно девојче од страна на десетина црвеноуниформирани манекени; черечењето со коњи на еден старец и кршењето на главата со камења на еден средновечен човек.

 

По истекот на времето предвидено за програмата на ТВ гледачите, командантот даде знак за прекин, а неговите војници дисциплинирано се собраа во средината на селото. Утврдија дека нема жртви и бавно тргнаа кон

 

46

 

 

излезот на селото, а на нивно место почнаа да пристигнуваат возила со знакот на црвениот крст.

 

Спикерот, најавувајќи го крајот на емисијата соопшти дека бројни хуманитарни организации ширум светот сега ќе настапат за спасување и лекување на жртвите, и дека малото сиромашно место ќе биде помогнато во својот развој со големи финансиски средства и дека набргу ќе стане привлечно туристичко место.

 

Одјавната шпица течеше, режијата даваше последна панорама на местото, а јас го довршував своето пиво.

 

47

 

 

 

(5) Концерт

 

Звук на виолина во испразнетата концертна сала, шуштење на воздухот, бучење на дрвото. Ниту еден гостин, ниту едно ракоплескање. Само тој со "Малата ноќна музика". Реминисцентно на враќање на детството. Жал за иднината. Плач кон сегашноста.

 

Легии на емотивна набрекнатост во отворот за испуштање гласови го кинат неговиот разум. Обземеност со плач. Ноктите го гребат гудалото, жиците пукаат и се забодуваат в месо. Препржено, исцрвенето свинско месо во преполната концертна сала; начукана до претпоследниот ред, а на последниот изгладнети критичари. Некој напрвата пауза им вети препечено свинско месо и тие стрвно гледаа во нозете на виолинистот.

 

Господинот од шестиот ред, четврто место, партер лево, кивна; го извади шамивчето, се ишмрка претпазливо, го собра мрсолот и го залепи на панталоните.

 

АПЛАУЗ:

 

Плас...плас...плас...плас...

 

Каква изведба! Каква репродукција! Каква маестралност!

 

48

 

 

Брилјантен.

 

Величествен.

 

Божествен.

 

Повторен аплауз.

 

Тоа е неповторливо!

 

Смирување. И публиката повторно почна со џвакањето свинско месо. И колку повеќе јадеа свинско, толку повеќе се претвораа во свињи. Првиот ред, па вториот, па шестиот, па сите до последниот се преобразија во свињи. На сцената настапи свински гудачки квартет со изведба на "Бумбаровиот лет".

 

- Гро...гро...грах!! - се прокашла господинот од ложата со двете дами од левата страна.

 

Носталгични звуци ја исполнуваат полупразната сала мешајќи се со "Панаш", "Кристијан Диор", "Пјер Карден", со свински измет и мочка - анализирана во лабораторијата преку пат... Мешањена аристократски-буржоаски со работничко-комунистички прдежи и застрашувачко кркорење на цревата на критичарите од претпоследниот ред.

 

Виолината ја свири својата тажна музика, жиците се натегаат, протегаат, оптегаат. Каква ангажирана звучност? На човек му доаѓа да излезе надвор и да дигне револуција...

 

АПЛАУЗ:

 

АПЛАУЗ:

 

АПЛАУЗ:

 

Браво маестро!!!

 

Колку повеќе одминува времето уште толку публиката ја преполнува салата; на секое место веќе седат по двајца, еден со друг се налегаат на

 

49

 

 

глава држејќи се за рамења. А трет лежи меѓу редови и се воодушевува. Толпата повторно надојдува, се бесат по завесите, по високите прозорци; на лустерот петмина, по таванот одржуваат рамнотежа и сите занемени, однесени, вкочанети се ѕверат во виолинистот и во неговата виолина. Од свинско повеќе немаше ниту траги, ниту глас. Единствено критичарите во претпоследниот ред гледаа тапо.

 

Внатрешноста се пумпа со човечки тела. Ѕидовите се ипапчуваат кон надвор, напукнуваат и се тресат, но сите зашеметени, вџарени во виолината не се помрднуваат.

 

БРУУУУУУУМ!!!

 

Експлозија. Бомба меѓу третиот и четвртиот ред. Летаат трупови, вилици, коски, месо и крв. Атентат на министерот за свинска енергетика; симпатично човече на свои педесетина години и сто и педесетина килца жива мера. Тајна револуционерна организација на екстремната десница. Набргу комисијата преброи триесетина трупови. Гледачите собираа сувенири: око, заб, кременадла, дробче, полов орган. Дел од нечиј мозок го испрска лицето на виолинистот кој исто така како и публиката не дозволи да го растревожи болничко-мртовечката екипа што ги собираше мртовците.

 

Луѓето пак, што чекаа надвор, радосни што се испразнија неколку редови, налетаа кон вратата; ко стампедо ги проѕврцкаа коските на неколкуте редари во темно-сини униформи и запливаа во салата. Воздухот отежнува и се згустува; атомите се чукаат, раскинуваат создавајќи нови молекули на непознати соединенија кои се јадат меѓусебно. Тело до тело.

 

50

 

 

Редарот ги сместува водорамно, вертикално, дијагонално во апсолутниот квадрат.

 

Каква музика...

 

Една мува го полази по уво, го зголеми брмчењето, зеде да се вртка околу него, му влезе во увото, па во носот, се шетка меѓу очите. Ги возбудува неговите полни страсти, а тој студен тој мртов-ладен тип. Па, тој навистина е мртов. Дојдоа двајца, го наместија удобно во ковчег со закопчана кошула, го кренаа и го однесоа.

 

ПАУЗА:

 

- Чувте дека виолинистот умрел?!

 

Разговор

 

Мрморење

 

Поезија

 

Убиство

 

Размена на восхитување, неколку озборувања, пиење бело вино со кисела вода, наздравување, по некој бакнеж, борба на мислења. Танчерска група го пополнува просторот со изведба на стрип-тиз, соблекување на гол маж пред ококорени очи. Лет на ластовичка во ходникот.

 

Во меѓувреме го заменија виолинистот. Изборот падна врз работникот од шеснаесети ред, партер десно, место број 2; улица "Песна на гулабите"; регистрација СК 806-591; лична карта 34 562; број на чизмите 42, со небесно сини очи. Скромно се накашла, се поклони, го зграпчи гудалото и почна да сече дрва...кх,кх... пардон!... да свири на виолина.

 

Критичарите од првиот ред промрмореа, ја нарушија тишината, а во замена добија скапан патлиџан во глава и застарено јајце во вратот.

 

51

 

 

Еден од нив се разбунтува, малечко дебелникаво, ја подигна главата од меката фотељичка. Доби куршум в чело и пак си седна на своето место. Ги заврте очите, зелена крв му зашурка од носот, образите му се набумбарија и зацрвенија од срам. Оној до него се прекрсти, се направи дека не го виде и продолжи да слуша.

 

За тоа време свирачот на виолина го пресоблекоа, му го симнаа синиот работнички комбинезон, му навлекоа светли буржоаски гаќи, бела раскопчана кошула, црна машна го стегна исушениот врат и со длабоко сериозно лице продолжи со свирењето.

 

Штама. Публиката паѓа во транс, оној на лустерот се заборави, ги затвори очите, заспа и се откачи расплеснувајќи се врз задремената дама. Салата ја опфати дремка, музиката ги пренесуваше во сон, доброволна колективизација на потсвеста во испразнета сала. Виолинистот и виолината закачени и приклештени на ѕидот

 .

52

 

 

 

(6) Последен ден

 

(Ова е приказна за еден човек кого жив го закопале в сандак. Приказна за него, а истовремено и упатство за Вас, доколку ви се случи некогаш тоа.)

 

 

Ѓорѓи се преврте во својата постела и го побара покривачот за да се покрие подобро. Му беше некако необично студено ова утро. Нешто го глодаше одоздола. Му се спиеше уште. Клепките не му се одлепуваа. Му се пристори дека не е дома, во својот познат кревет. Некаква необична, смртна тишина го опкружуваше од сите страни.

 

Утрото му изгледаше необично. Нешто го давеше во воздухот, дишеше отежнато. Ја поткрена раката, но, удри во нешто тврдо што стоеше над неговото тело. Изненаден, бргу ја крена главата да види што е тоа, но доби нов удар во челото и бргу се врати на старото место. Веднаш замижа и почна да се превиткува правејќи масажа на местото каде се потчукна.

 

Откако му помина болката со чудење ги подотвори очите правејќи бавни движења, плашејќи се од некое ново изненадување. Ги отвори очите и имаше што да види! Во мракот, по целата должина на неговото тело се протегаше некаква дрвена штица.

 

53

 

 

"Што е ова?" - се праша со вчудовидување Горѓи, не можејќи да си објасни каде се наоѓа? Ги преврте очите и виде дека од сите страни е ограден со некакви дрвени штици, премачкани со црна боја.

 

Му падна на ум стравична идеја. Тоа не може да биде точно! Ги свитка рацете и почна да го крева дрвото, да тропа по него, но безуспешно. Се заврте и почна да ги турка штиците од другите страни околу него, но ниедна од нив не се помрдна. Го опфати одеднаш голема нервоза. За миг се препоти! "Да не сонувам!?" - се праша и почна да се штипе и удира по телото. Го фати некаков непознат страв. Посака да вика, да се дере. За тоа му требаше храброст. Се вртеше на сите страни, колку што му овозможуваше просторот. Замафта со рацете по штиците, ко да сакаше да ги скрши! Се беше безнадежно!

 

Виде дека со вакво лудување не ќе може да направи ништо и затоа реши да се смири, да размисли малку. Срцето му чукаше брзо и силно. Г о чувствуваше неговото движење без да го допре со рака. Беше тоа страв, страв што дотогаш го немаше осетено. Ги собра рацете на гради и полека го смируваше биењето на срцето, ги запираше расфрланите мисли, сакаше да се самоконцентрира.

 

И конечно почувствува некаков мир. Очите повторно му беа затворени. Се плашеше да гледа во едноличната боја на штицата што беше испружена над неговото тело.

 

Од она што го опкружуваше, што го гледаше, сфати дека се наоѓа во мртовечки сандак. Ја мирисаше влажноста на земјата. Беше закопан. Да, жив - закопан! Колку беше страшна помислата на тоа. Не можеше да ја прифати

 

54

 

 

вистината, иако сите докази зборуваа за тоа. Беше облечен во најубавата облека што ја имаше дома. Тој не ја облече. Значи некој друг му ја облекол. Беше закопан, место за сомнеж нема. Врз неговото тело имаше два метри земја натежната врз дрвениот сандак.

 

Се стресе, му идеа студени морници низ целото тело, повторно го обзеде страв.

 

"Помош, помош, еееееј жив сум" - почна да вика, удирајќи, а звукот на викот само тапо се одбиваше од штицата и се враќаше назад давајќи му до знаење дека со тоа само ја стеснува и така малечката просторија во која се наоѓа. Но, со тоа не можеше да се смири. Горѓи продолжи да тропа и да вика иако увиде дека нема фајде. Продолжи, се додека не почувствува умор од викањето и болка во рацете од ударите. Се преврте во тесниот простор, иако беше, речиси невозможно. Дишеше бавно, воздухот околу него беше се погуст.

 

Повторно се смири, зашто немаше повеќе сила. Гледаше тапо со очите во единствениот пејзаж што му стоеше на располагање: во штиците и во влакната на дрвото. Мислеше... Бргу отфрлаше секаква можност дека е мртов и дека господ веќе го прибрал кај себе. Веќе му беше јасно дека е жив и дека се наоѓа на земјата или поточно под земјата. Не знаеше како се најде овде; дали некој намерно му го сторил тоа, дали навистина помислиле дека е мртов и го закопале? Се присети дека последните денови нешто го притискаше во градите. Го проколнуваше Господа зошто тоа токму нему му го сторил, бараше некој грев поради што би го казнил толку страшно, а подоцна го молеше да го спаси од оваа ситуација, ги кажуваше сите молитви што ги знаеше и чекаше спас, но, него го немаше.

 

55

 

 

Страшни идеи почнаа да му се мотаат по глава, се плашеше од смртта. Не сакаше да умира вака! Времето минуваше бавно. Од време на време ќе чукнеше по сандакот и ќе се провикнеше. Но, како што времето минуваше, така се повеќе му стануваше јасно дека нема кој да му помогне, дека никој нема да го чуе неговиот крик, неговите удари!

 

А, ако е надвор ноќ сигурно нема никој низ гробиштата. И да го чул некој сигурно би помислил дека е некој дух и би побегнал. Единствено што му преостана е да чека што побргу да му дојде смртта.

 

Се помируваше со фактот дека ќе мора на ваков начин да му ја предаде својата душа на Бога. Кога веќе не може да ја спречи смртта барем, побезболно да дојде до неа.

 

Затоа реши да ја отфрли смртта од своите мисли и да се препушти на некои други фантазии...

 

Му дојде сликата на жена му. Беше млада и убава. Кога би можел сега да ја види, да ја разголи, за последен пат да ја..., смртта би му била некако полесна. Си мислеше: по мојата смрт веднаш ќе и се нафрлат безброј кучиња, а таа еден ден ќе мора да падне во нечии раце. Ќе биде млада вдовица по која ќе трчаат многумина. Би бил среќен кога би нашла некој добар маж кој би ја прибрал со децата. Му беше жал за нив. Неговите браќа сигурно ќе сакаат да земат дел од имотот. Сето тоа му создаваше болка во душата.

 

Смртта беше мошне близу. Посака да заборави на неа, посака да мисли на нешто убаво, нешто што ќе може да го направи среќен, барем за момент среќен.

 

56

 

 

Одеднаш му падна на ум една спасоносна идеја, на која мораше и самиот да се насмее. "Тоа е единственото добро што можам да го направам во оваа состојба,..." си помисли. Беше сам со себе и навистина немаше никаква причина да се срами од кого било, а тоа му беше и последната радост што можеше да си ја подари.

 

Дишеше се потешко, но намерата повеќе несакаше да ја отфрли. Се подигна, колку што можеше побргу и се поразврте, небаре во црниот мрак имаше уште некој. Ја поткрена раката и ги насети копчињата на отворот од пантолоните. Ги раскопча... Ги свлече некаде до подколената и го напипа тоа што го бараше... Сакаше да... Последното задоволство што можеше да си допушти самиот ка себе. Но, нештото што го држеше в рака како да не го делеше истото мислење со него. Со познатото движење на раката сакаше да го разбуди, но тоа не му успеваше. Мораше да најде некоја добра слика во главата, најпрвин да набрекне тој.

 

Ја повика повторно својата млада женичка. Беше во својата соба и се врткаше нешто околу огинот. Тој и пријде бавно од грб и а го прилепи телото до нејзиното. Ја крена и ја понесе во стариот трошен кревет. Светлоста доаѓаше единствено од огинот што гореше на сред куќа. Жената кротеше, немаше никакво право да се противи.

 

Сети како почна да се движи, неговата големина растеше. Не чекаше премногу, го зграби со десницата. Ги чувствуваше набрекнатите жили во својата рака. Почна да ја движи во познатиот ритам горе-долу.

 

57

 

 

Ја навали жена си по стомак на креветот, ги откопча пантолоните и и залегна отпозади, заривајќи ги усните во нејзиниот врат. Прво со рацете ги дофати градите кои почна да ги превртува и меша задавајќи слатка болка... Ритамот на движењето не го забрзуваше. Сакаше да го продолжи задоволството до бескрај. Го повлече дебелото здолниште нагоре и набрекнатиот се сретна со големите бели бутови на невестата. Нозете и беа стегнати како да и беше првпат. Ја погали со раката по газот и ја спушти подолу разделувајќи ги стиснатите нозе. Таа, чувствувајќи го неговото влегување, почна да се дави во воздишки и да меша со бутините... Брзината на неговата рака се повеќе го зголемуваше неговото задоволство, експлозијата се приближуваше... лежеше над неа и ја притискаше со својата тежина... Семето избувна... Тој почувствува олеснување... Се залепи некаде на штицата, чувствуваше уште задоволство... Дишењето беше уште потешко. Како да изгуби половина од воздухот со кој располагаше. Тој почна да се смалува. Работата беше свршена. Ги повлече пантолоните и ги закопча. Патот до смртта беше скратен. Можеше да почне последната агонија.

 

Сега не знаеше што да прави! Кога би имал сила да го повторува тоа до крајот, би била најубавата смрт што би можел некој да ја добие. Таква сила, во него не постоеше.

 

Бавно почнуваше да се задушува, воздухот исчезнуваше. Почна да кашла, се напрегаше да дише, телото се грчеше... го гребеше грлото, го стегаа градите... очите лутаа без контрола, смртта беше премногу близу до него. Умирањето започна, а колку ќе трае, не знаеше...

 

58

 

 

И додека тој умираше, два метри над него, како единствен сведок на неговиот живот, остана да стои под налетот на ветрот, дрвениот крст на кој со бели букви пишуваше:

 

О.П.

АРСОВ ЃОРЃИ

1645

1676

 

Сведок на неговата грозна смрт - немаше.

 

59

 

 

 

(7) Со партизаните

 

 

Том во трк го собра ќилимот, летна на него се до почетокот на скалите, потоа на нос, на глава, на газ се лизна по нив и се расплесна на подот; собра нова сила, ги наостри мустаќите и одново јурна. Налета на кора од банана, тресна на чело, отскокна од гумената топка, се одби од неа и се најде на прекрасно поставената маса за гости, каде што се зари во тортата. Зар‘жа, направи два круга околу масата во нов трк од кој едниот го заврши во поставената тава од неговиот непријател. На крајот со сплескано лице се фрли и, промашувајќи ја дупката на Џери, се склопи покрај ѕидот...

 

Елена и Никола за таа вечер изгледаа навистина специјално. Таа во бел, долг, деколтиран фустан со дијамантски накит, три капки "Кристијан Диор" и како секогаш, насмеана.Тој во црн смокинг, бела свилена кошула, со бела пеперутка машна, кратка, зачешлана фризура и сериозно лице. Веќе две недели се подготвуваа за овој прием: подготовка на гардероба, патување во странство, избор на гости, организирање програма. Впрочем, сите поканети се нивни луѓе, пријатели, но сепак, треба да изгледаат "нај"! Зарем тоа не е нивен прием...

 

60

 

 

Том доби нога во задникот, летна од вратата на куќата и тресна во кантите за смет, капакот се отвори, задрнка и го тресна по главата. Се крена со модрица на окото, а Џери од прозорецот на топлата собичка слатко се насмевна.

 

Цртаниот филм заврши. Започна економско пропагандната програма, интересни реклами, од кои најмногу вниманието му го привлекуваа оние со нови чоколади... Исти лица, исти разговори, исти шеги, но, што се може, тие се тука. Не можат да бегаат од ова друштво со кое пораснаа, со кое одеа во исти училишта, од кое фаќаа девојки и фраери. Беа осудени од нивните татковци да живеат покрај овие луѓе,а всушност и не им беше толку лошо! Опкружени со богатство, добри функции, прекрасни вили, скапоцена гардероба, учество во власта, епитет на врв во градот, па и во државата. Навистина во последно време нивниот углед се повеќе паѓа, народот шепоти, ги пцуе, зад грб, но тие се уште се мирни, војската е нивна, милицијата - исто така, тоа им дава мир, ги смирува, ги прави студени. Зарем така лесно ќе го продадат идеалот на татковците...

 

Бевме... да, бевме четворица... Некако залутавме... Зошто залутавме!? Се изгубивме во таа страшна бела планина, никој не го знаеше патот, никој не поминувал одовде. Зад нас тие - фашистите; пред нас - стравот, студот и гладта. Зошто не пишував за тие моменти? Зошто го прескокнав најтешкиот дел од мојата борба? Се срамев ли? Се плашев ли? Се мразев ли? Пишував за толку неважни нешта и случаи, а тоа го прескокнав. Толку многу време помина и мислев дека ќе го заборавам... А тоа со староста се повеќе ме притискаше со умирачката се

 

61

 

 

подлабоко се врежуваше. Дали ќе умрам со тој настан во очите, дали не ќе можам да се ослободам од него? Каде е сега мојот син да ми ја отера мората, каде е внукот да ми се насмевне...?

 

Чаша коктел подготвеи со шампанско, доста вкусеп и пивлив. Зедоа и двајцата, неговиот син и неговата снаа. Вечерта навестува дека забавата ќе помине одлично. Издавачот на книгата поставил се во највисок стил, со предзнаење дека е забрането да има недостатоци кога станува збор за татко му. А киигата, денешната промоција, се е тоа веќе заборавено; никој не ја прочитал, никој не ја ни отворил, а секој од нив ја добил на подарок. Да, тие старите борци знаат да се чуваат меѓу себе; "Со партизаните", бомбастичен соц-реалистички наслов. Толку време го разубедуваше својот татко да не ја пишува, а тој беше упорен да остави трага од својот живот. Во ред, вечерва никој и не праша каде е авторот, тој остарен борец, веќе одамна оддалечен од власта, но затоа син му е тука како добар заменик и затоа лицата се свртени кон него..

 

Глад. Од кога немам почувствувано глад, можеби од таа вечер, таа далечна вечер во планината, на која никогаш не и го научив името, ниту се вратив некогаш. Бевме другари, фабрички работници, неразделни, подготвени да загинеме за идејата со која тргнавме во борба. Ја изгубивме четата по една битка, се одделивме и лутавме сами, баравме трага, баравме патче што ќе не одведе до нашите. Одевме цела ноќ, се движевме во снег до коленици, со опасност која демне од сите страни. Имавме парче лепче, го штедевме и стававме трошка по трошка во уста мокрејќи ја со растопен снег. И тогаш одеднаш во темнината; контури на некаква колиба; се приближивме

 

62

 

 

бавно, со внимателност. Болест, тешка болест ме притетнала во моето тело, ме мачи, ме боли, ме умира секојдневно, бавно, со секој миг нов знак на умирачка... се ближи крајот, го насетувам, се каам, барам прошка, но од кого? Оној што треба да ми прости го нема...

 

Тато и мама пак ме оставија. "Сине, ти си голем, немој да се плашиш, гледај телевизија, повтори ги домашните задачи и кога ќе се замориш легни си." Секоја вечер исто, секоја вечер излегуваат, а јас сам дома. Тие ќе се дотераат, тато со сериозност, мама со насмевка ќе ми го повторат истото. А, јас клечи дома, моткај се по собата, чувај го тој здодевен старец, кој постојана бара де вода - де апче, де ова - де она, стар здодевен дедо. Добро е што веќе барем тешко зборува, инаку уште ќе ме тормозеше со своите приказни за војната. Пха... почнаа вестите... Кој ќе ги слуша пак нив сега? Познавал некое дете како мене, познавал добро, ама што туку ми зборува за него; било како мене во косата, било во очите, било во образите, како мене да ме интересира сето тоа; еве му ја собата и таму нека си прикажуаа колку што си сака сам со себе...

 

И го видовме таму, премалено, стуткано во ќош, уплашено, покриено со брашнена вреќа и отспротива човек убиен, испружен на кревет. Веројатно поминала фашистичка патрола барајќи партизани, барајќи не нас. Човекот не знаел ништо, то тепале, то убиле, го оставиле детето и заминале. Срамежливо, десетгодишно, зацрвенето дете. Почна да ни зборува: потерата поминала утрово, а тоа цел ден не мрднало од место, огледнето, уплашено, чекало таму. Решивме да преспиеме во колибата...

 

63

 

 

Никола веднаш најде партнери за разговор, политичари. Некои се умилкуваа, некои даваа знак дека имаат свој грб. Разговор како и секогаш: кој каде ќе замине, кој каде ќе отпатува. Неговата сопруга со сопругите на другите функционери кој каде ќе летува, која фамилија во која земја го праќа синчето, кој кројач ја диктира моменталната мода, која љубовна афера е актуелна.

 

Муабети од сите страни, се точи шампањско, разни коктели, богати слатки. Издавачот не пропушта да заработи поени повеќе во очите на собраните политичари, да му се исплати инвестицијата. Следуваа политички вицеви...

 

Заспавме сите без да оставиме стража, оставени на планината се разбудивме рано, размислувавме, а излезот само еден: враќање назад нема, мораме напред. А, таму поголем снег и студ, без храна, без познавање на теренот. Единствен излез, да се помине планината, напред, напред, без запирање... Да оставиме се на случајот?! Тој да не спроведе?! Можеби ќе наидеме на некое селце, на некои запустени колиби и на човек кој ќе ни помогне. И тргнавме во студената дивина. Малиот го поведовме со нас, можеби ќе му биде потешко без нас, ќе се измачи, но да го оставиме овде е рамно на смрт; избор не постоеше ни овде, го зедовме н тргнавме. И одевме, одевме, одевме...

 

Да, тој многу добро знае дека се што поседува на овој прием е заслуга на татко му: и власта, и парите, и мирисот, и жената, и црниот мерцедес надвор; се му е подарено од татко му - висок државен функционер. Никој во тоа не може да го разубеди и покрај тоа што отсекогаш сите по ред му повторуваа дека е паметен, дека е

 

64

 

 

убав, шармантен, талентиран. И сето она што нему му го редеа, сега му го редат на неговиот син, а тој им враќа на нивните синови. Круг на генерации започнат од нивните татковци...

 

Го изгаси телевизорот. Го фрли поѓледот врз играчките расфрлани по подот: булдожер, лого - коцки, авионче, бротче, најразлични типови пиштоли, електрични аатомобили... Секоја вечер затворен дома со играчките. Да го прочита четивото уште еднаш пред спиење или да помисли уште еднаш на неа: една клупа пред него, долга црна коса исплетена во плетенкн, зацрвенето лице и широка насмевка. Денеска се сврте пет пати да погледне кон него. Се правеше дека е случајно, но тој јасно забележа дека гледа во него. Колку сини очи има, ќе и ги побарам утре задачите по математика, божем да проверам...

 

И одевме преку целиот ден и секаде само белина, белина и студ; во далечина волк, уште еднаш нешто шушна; никој не смееше да пука, а гладот не стегна. Веќе два дена без храна, цревата свират, гркланот боли, а детето мирно чекори по нас. Никој немаше желба да го праша што му е? Како му е? Го сожалувавме молкум, на начин на кој се сожалувавме самите себе, не му обрнувавме посебно внимание. Дојде ноќ, легнавме потпрени врз еден голем бор што со своите иглички ни даваше топлина; студот го надвладеавме за малку, уморот го одложивме, а гладот не приклешти. И заспавме, и дојде новиот ден и пак тргнавме и секаде повторно исто. Како да се вртиме во круг. Од сите страни борови, снег, фиук на ветер, студ, препознатливи трагчиња и глад. Се движевме, се одморавме и се повеќе ја губевме силата, и се повеќе не снемуваше. А, тоа не следеше во секој чекор,

 

65

 

 

бараше заштита во нас; не плачеше, а толку многу и нам ни се плачеше. Се движевме и веќе полумртви бладавме; одморнте се подолги, движењето се пократко; чекорот се забодуваше и остануваше. На студот отрпнавме, но гладот не не оставаше. За момент, само за момент чувство дека си сит, дека си прејаден. И пак глад. Празнина во стомакот, од која горчина се крева, ти удира в уста и ја пушташ да се меша со замрзнатиот воздух. И во сите прашања: каде е патот? Уште колку до нашите? Веќе со часови никој глас не пушта, само молк, молк, и фиук на ветерот...

 

Тој никогаш немал храброст да го прекине, никогаш неможел да се спротивстави, продолжи по стапките на таткото, понекогаш го презираше, се презираше себеси, му било и одвратно; секогаш остануваше на истото место, меѓу истите луѓе. Сјај, богатство, лага; а сега го подготвува и својот син да тргне по дедовиот пат. Дали тој ќе собере сила да се противстави на семејната традиција, ќе покаже времето, а зошто и да се менува кога е толку удобно...

 

Продолживме до крајот на виделината во тој ден; една долга ноќ; едно ново утро; уште еден бескрајно долг ден во кој го носевме се она што не следеше во претходниот и дури го зголемивме во јачина... Присеќаваше на единствениот фрагмент испуштен во мојата книга... Стапка по стапка, се потешка, се поболна. Почеток на нездрава фантазија, халуцинации: дека оган избива од снегот, да одиме да се нагрееме; видовме зајак и скокавме по снегот. Се фрлавме! Па печен зајак, па топла погача, месо, компири, јадење, јадење... опколени од сите страни со јадење, со она што сакаш најмногу да го имаш. А добиваме единствено борови иглички

 

66

 

 

и разгазен снег. Стомакот е залепен, од час во час се спижуруваме, стануваме невидливи, сенки што се движат. Стануваме налик на мрши. Некој ќе пушти непрепознатлив крик, плачевме во себе - уште колку? И пак напред во бескрајот. Уште една ноќ на испокршени соништа, и едно ново утро и нова ноќ и уште колку други - не знам. Дали имаше нови утра и нови ноќи? Заборавено, но беше многу, несфатливо долго, долго. И дојде нова приквечерина, и повеќе не можевме да издржиме, ни стапка; тоа седна, па полегна на снегог, пребледнето, надеж во детето немаше...

 

Реши да оди на спиење, ги изми запчињата, ја облече пиџамата, во полумракот се довлечка до креветчето; очите му се затвараа. Се поразврте во неѓовата собичка и откако се увери дека е се затворено и дека целосно е безбедно се мушна под јорганчето...

 

Зборувавме без зборови, единствено очите мрдаа, зборувавме исто, непознати слики летаат и сите мислиме исто; дали тоа е спасот? Дали тоа е излезот и за него и за нас? Преостаната плунка ни се цеди од устата, одвај лежиме, смртта ни се приближува, а можеме да ја одложиме само на еден начин. Вресок од некоја страна, од студ, од болка, од глад, лудило и лудачка идеја?

 

Скршивме четири гранчиња; најкраткото кај мене. Го кренав на раце, се припи во моите прегратки, а очите светнаа, инстинктот ме поведе; се оддалечивме десетина метри во густежот. Бевме сосема сами. Го спуштив. Малку од она што се нарекува човек имаше во мене. Или пак тоа е вистинското лице. Металот светна во приквечерината, му ги затворив очите со рака, го свртев на другата страна, рацете се тресеа, лиги ми течеа...

 

67

 

 

Ја гледа крадешкум од времена време, да не го дабележи, веќе му здодеа со таа нејзина одвратна и лажлива насмевка. Во последно време се повеќе и посветува внимание на својата сопруга: ги следи нејзините разговори, излегувања, купувања, интриги. И открива голема превртливост, подмолност, лакомост, глума, вистински воспитаник на овој круг. Без мерка во се што работи, купува или живее. Незаситница која го подбуцнува, го тера да се жртвува, да граба што повеќе. Во последно време почна да забележува се почест контакт со мажите, почесто слуша муабети за еманципација, непознати излегувања. Како да е заситена по малку од својот маж; како да бара промена; љубовна афера за која би се шушкало. Се поневнимателна, нељубезна, дрска. Како да ја скроти?

 

Го зарив ножот. Дишењето престана, од младото грло шикна крв. Се раскока во моите раце, го притегнав, го зарив ножот до дршка. Устата му е затната, телото се тресе, моето тело трепери. Има уште малку живот во детето; без размислување, само животински нагон за опстојување. Омлитави, тежината ја навали врз моите раце; другарите чекаа; виеја ко волци. Ножот продолжи во круг, младите жили напукнуваат, се одлепуваат. Што побрзо да се отарасам од страшната главичка, од тие две очи што жигосуваат. Трупот се слизна, падна на снегот, а главата остана. Ја засукав со сета преостаната сила. Го кренав телото и го вратив кај другарите. Стравичен изглед на скелетите што чекаа парче месо. Да се стави парче во уста. Личеа на ѕверови, а веројатно јас им изгледав како најголем ѕвер. Го спуштив, а тие наскокаа врз него, ги раздрпаа неговите алишта... Матни

 

68

 

 

слики, изјаснети од далечината на времето, помраченост на умот... молкот зборува, преостанатиот разум го одбива месото живо. Сеништа во белината што собираат суви гранки, оган, исекување на две ослабени ножиња на човекот што до пред малку беше наш другар. Поставени околу огнот и танц на лудаци. Бевме лудаци ги броевме секундите, го јадевме со очи... џвакавме со празни усти. Крв испомешана со чад се цеди до нашите стапала. Со раширени усти чекавме, ние не мислиме, ние чекаме...

 

Во колор, исечен постер на Штрумф, му го подарија за роденден. Залепен е на зидот токму над неговата глава. Секоја вечер заспива со него, го гледа, се пренесува во земјата на цртаните филмови...

 

Еден го грабна месото, со очи закрвавени, истечени до половина, го грабна и наби во раширената вилица. Го погледнавме, откина парче и почна да џвака полуживо детско месо, да џвака брзо. Со страв да не му го грабне некој. Сите бевме непријатели, се фрливме и ние, кој што докачи. Ги отсековме и рачињата и, додека глодавме од бутовите, трупот го ставивме да се пече. Јадевме само месо, никој не помислува од што, битно е што е месо, што нема да умреме од глад, што ќе поживееме уште некој ден. Во некој мало чувство на срам, во друг ни малку, сите го правиме истото: лапаме. Што побргу, што поживотински. Некој се цери од смев, друг плаче, трет блада, јас џвакав. Го тегневме суровото мевце од коски, го одделувавме со заби. Непознат вкус дотогаш, непозната миризба. И се привикнувавме и баравме уште, уште... четири стрвници и изглодани коски...

 

69

 

 

"Што туку се дере овој старец одсиротина, сега најде да ми вика кога си легнувам. Квичи! Не одам, па што сака нека се случи. Како да не, ќе му станувам!..."

 

Приемот заврши...

 

Старецот умираше...

 

Детето заспиваше...

 

70

 

 

 

(8) Во името на Организацијата

 

 

- Име и презиме?

- Љупчо Георгиевски.

- Дата и место на раѓање?

- 17.01.1966 година.

- Оженет?

- Да.

- Занимање?

- Писател.

 

И уште неколку формални прашања помеѓу овие. Ме префрлаат во друга просторија, три фотографии. Овие двајца што ме доведоа овде сега ме изведуваат. Шетаме меѓу сивите ходници. Отклучуваат врата, ме втеруваат поттурнувајќи ме малку. Ме оставија сам. Ќе имам време за размислување, ми вели нешто во мене. Доволно време за се што е потребно.

 

Затворската ќелија на локален затвор, пријатна просторија за неколкудневен престој. Без нервоза, без јад, се убедувам, - се ќе се среди! Веројатно само нагодуваат или паксум премногу сомнителен.

 

Времето тече, ме фатија уште на спиење, денот поминува. Никој не доаѓа да ме распраша,

 

71

 

 

да ме пофали, да ме потчукне. Се замрачува; се стемнува; ми донесоа ручек, сега и вечера; невкусно, но сепак добро. Никој ништо не ми кажува, не ми зборува, чуварите одбиваат да зборуваат. Очекував затвор, можеби и го посакував. Човек кога има триесет и шест години се уште бара авантури, истражување, новини. Затвор. Институција за која знам единствено од филмовите, од телевизијата, од по некој напис и од школските учебници. Таму пишуваше дека некогаш многу порано во нашата земја постоел диктаторски режим кој ги тепал и мачел прогресивните луѓе. Места на пекол каде што се калеле нашите водачи. Големиот водач, поминал дури десет години во занданите пред големата војна. Тоа неминовно мораше да го знае секој ученик. Да, и таму пишуваше бескрајно многу за таа голема војна пред многу, многу години. Велат, треба да остане во сеќавање, треба да ја славиме.

 

Дојде ноќ и заспав.

 

Ме разбудија мошне рано. Денот сеуште не се разбудил. Чуварот, некој добар човек, ми се извини и ми објасни дека таква била наредбата и тој тука не може ништо да стори. Во ред, и така и така студот ќе ме разбудеше. Мошне студено летно утро. Седам и чекам. Денеска конечно ќе дознаам што е и како е. Дали ме заборавиле или намерно оставиле. Да размислам добро, да го почувствувам студот, да се смекнам.

 

По неколку нови часа чекање, конечно првата официјална посета. Добро испеглан маж за две-три години постар од мене, избричен два сантиметри под кожа, замазнета фризура, сако, пантолончиња, кожни чевли, добар парфем. Во негово друштво уште еден, најверојатно шминкер или педер. Влегува, седнува на креветот и

 

72

 

 

почнува како со стар другар. Ми нуди цигара, ми кажува дека се ќе биде во ред, дека бргу ќе излезам, дека тој ќе се заложи за мене. Само да му кажам се во врска со случајот. А јас не знам ништо. Ми се смее симпатично. На дискретен начин ми дава до знаење дека тие имаат време, дека не им се брза и дека поубаво за мене ќе биде да пропеам побргу и да си одам дома. Излезе, ме поздрави и пак останав сам. Уште еден ден во самотија, со две прекинувања од страна на чуварите за да ми дотурат јадење. Барам телефон, не ми допуштаат. Се уткам низ ќелијата, ми фрлија некаква здодевна книга за системот во нашата држава.

 

Со новиот ден дојде и нова посета од страна на вчерашниот другар.

 

- Размисли добро?

- Размислив, но немаше што да му речам. Во собата влече нов: буцкаст, постар, строг, поискусен.

 

- Чув дека се уште молчиш?

- Не знам што треба да кажам! - му реков, а тој се подналути со забележителна глума во изразот. Веројатно до сега во својата професија го има добро извежбано предавањето.

 

- Знаеме се за тебе и за вашата организација. Најдобро ќе ти биде да се исповедаш, само да ни потврдиш, бидејќи ние знаеме да бидеме и многу лоши, особено за оние, како тебе, што сакаат да се прават многу тврди - почна со заплашувањето од далеку и се поконкретио. По се ичгледа дека времето поминато до сега овде ќе биде поубавнот дел од затворскиот стаж, за кој појма немав колкав ќе биде.

 

73

 

 

- Слушај, не сакаме да бидеме груби спрема тебе. Млад си, имаш убава жена, сакаш да читаш и да пишуваш, сакаш да патуваш и да слушаш музика... сакаш да живееш, нели? И зошто тогаш да дозволиш најубавиот дел од животот да ти помине по овие мемливи затвори. Како што гледаш, ние не бараме многу од тебе.

 

Ми поттури фотографија под нос. Дали го познавам? Реков не. Ме погледна подналутено. Ми чакрцка со забите, како бес да го обзема. Му климна со главата на помладиот и двајцата се повлекоа. Истиот тој ден поручек, дојдоа двајца во униформи, ме грабнаа и ме извлекоа низ ходникот, во дворот ме натоварија во комбе и заминав. Мојот престој овде заврши. Ме чека нов затвор, посигурен. Многу поголем од стариот. Прв впечаток при движењето во новиот сив кулоар. Врати со затвореници од сите страни. Тука ќе биде жешко. Преспивам една ноќ. Мислите ме измачуваат. Од утре веројатно почнуваат со испробани методи, ќе бидат немилосрдни. Како да чувствувам удари по мене, како да ме печат...

 

- Се уште не мислиш да проговориш, нели? - ми се обрати оној ист буцкаст маж од вчера, негов случај сум. Доста свинска фаца на втор поглед. Ке ми биде задоволство да го зафркавам.

 

- Знаеш дека си доста голема свиња? - тој мене - не тераш да се малтретираме со тебе, во ред. Веќе избор на зборови нема, ми приоѓа со интимност, си стануваме блиски.

 

Од мојата нова ќелија ме префрлуваат во уште понова соба, нималку привлечна. Само бело варосани ѕидови и студен бетониран под, без прочорец, со светлина од една светилка. Ме оставаат сам. Навикнувам на самотијата. Според

 

74

 

 

она што досега го имам прочитано од затворската литература оваа би требало да биде соба за тепање. Нешто во мене се побуни...

 

Влегоа двајца... со маски на лицето, со пендреци во рацете... тие се. Одеднаш студена пот ме обли, нозете ми се затресоа. Крупни капки солена пот ми потекоа, очекувајќи ваква работа, очи во очи со пендреците. Доста ги имам гледано на филмови, имам слушано. Но, зошто сето ова, дали е потребно... Зголемување на температурата во должина од дваесетина сантиметри на грбот... Започна. Повеќе удари, еден по еден, се размавтаа. Ги прибирам пендреците на грбот; ја впивам нивната должина. По неколку удари се струполувам на подот. Во раце, во ребра, во нозете, во газот, фрчат без одмереност, удари и крај.

 

Ме оставија сам, се вртам на подот. Модрици кои сведочат за поминатото време. Жегнувањње на месото каде што го допирам со прст. Вештачка напумпаност на кожата. Пребиено тело што одвај се поткренува, тело што бара поткрепа во празнотија.

 

Вратата се отвора, влегува познатата свинска фаца, ми иде да го опцујам в лице. Умот ми зборува дека само за мене може да биде полошо. Со него уште двајца нови четириесетгодишници, испробани синови на власта.

 

- Па како што гледаш синко, ние овде не милуваме, нема шега со нас. Се надевам дека те затоплија малкуцка, ти го разбистрија мозочето. Сакате да рушите држава, е не иде тоа така. Па ќе зборуваш ли конечно?

 

Го гледам тапо, му кажувам дека сево ова е забуна, дека немам врска со никаква организација, дека немам причина, дека ја сакам оваа

 

75

 

 

држава, дека ми дала се што ми е потребно. Имам стан, кола, видео, добри примања, дека го сакам Водачот. Зошто не би ја сакал државата кога е се толку убаво во неа.

 

- Се подбиваш, глумиш?

 

И одново го разубедувам дека погрешиле. Мора да е грешка, мора да станува збор за некој друг човек, проверете уште еднаш.

 

- А си пишувал песни?

- Да... понекогаш!

- Таквите се најопасни, поет а?... а сакаш да рушиш држава, подбуцнуваш, хулиш, ве знаеме таквите убаво, не си ни ти прв!

 

Ме грабна, ми удри два бокса во стомак, ми ги склопи влакнестнте раце околу вратот и ме закачи на ѕидот.

 

- Кажуваш или не кажуваш?

- Не знам.

- Кажи! Туп, туп. Кажи!

- Што?

- Добро...

 

Тие излегоа, а влегоа нивните маскирани другари. Сите овде сме другари. Ме подбраа повторно со палки погрубо од преѓеска, ѕвекаат со чизмите по стомакот, главата, бубрезите, клоцаат со сласт, клоцаат клоцаат...

 

Мало ќелиско прозорче. Отвор кон парче небо. Лето. Звук на штурци. Пеперутки. Јас - претепан. Лежам. Со одмор ги лекувам модриците. Борбата почна. Уште колку време ќе трае? Уште колку вакви удари? Таму, во слободата се сомневав дека тоа уште постои, дека во затворот се тепа. Тоа ми беше некако

 

76

 

 

обвиткано со магла. Мислев дека чизмата е исфрлена од употреба пред педесетина години. Мислев дека само "тие" тепале, дека нашите не можат да маваат или барем дека поблаго удираат. Окото ми е отечено. Мускулите набабрени...

 

Ќотекот продолжи. Нов ден, нова тортура. Залудно ги убедувам инспекторите дека се во заблуда. Не знам за никаква организација, ја сакам државата. А тој ќе ги испрати двајцата маскирани типови. Се прашувам, дали се истите? Зошто со маски? Се плашат да не ги начекам утре да им вратам?

 

Седмицата продолжува со ќотек. Залудно се дерам дека немам врска со никакви луѓе, со имиња кои ми ги спомнуваат, со документи кои ми ги донесуваат. Ми одредија термини, претпладне од десет и петнаесет до единаесет и попладне од пет и десет до десет до шест, во истата таа соба со свежо варосани бели ѕидови. И го научив релјефот на подот, изгледот на ќошињата, мирисот на варта. Доаѓаа секогаш по двајца и удираа, клоцаа каде што ќе стигнеа. По нос, по јајца, во око. Извежбани тепачи, можеби сум школска вежба на овие двајца балвани. И требаа такви луѓе на државата. Им кажале дека сум крадец, терорист, убиец, уривач на системот и сега ме мразат. Со каква страст ги зариваа чизмите во мојата оптегнатост. Ги надушкале ко кучиња, за нив сум најодвратен створ кој треба да го згмечат, црева да му протурат. И пак мавање. Ке мефатат и ќе ме шутираат од крај во крај на четириаголната просторија, ќе ми седнат на глава, ќе ме исплукаат в лице. Помина една недела во примање редовен оброк: појадок - вечера. Инспекторотне доаѓа. После една недела сиот сум скршен: очите набабрени, главата искривена, месото помодрено. Залудни беа моите

 

77

 

 

повторувања дека не знам ништо, залудни беа зборовите во одѕивот на новиот дом. Ми дадоа слободен ден за да ги одморам раните, та да го размрдам мозокот. Дојдоа повторно иследниците и пак ми поттурија некакви списоци, опишани настани кои треба да ги потврдам. Одречувам, не познавам начин на кој би се бранел.

 

- Од утре почнуваме поинаку!

 

Едниот ме фати за глава, ја врти во раце, ми го сплескува носот, ми ги тегли ушите, ми ги штипе образите. Од другиот добивам тупаница во стомакот, се превиткувам, клекнувам. Познаникот, свинчето - иследник си внесе столче и седна на страна. Ми навлекоа најлонска ќеса на глава. Главата во ќесата се задушува, одвај ја отворам устата, жештина ми тече од косата што ја подзагреваат со удари. Во рацете имаат помалку од нов материјал: дрво. Жежење по стопалото, крцкање на ножните прсти кои остануваат во тресење долго по допирот на дрвото. Ми ги истураат рацете напред, едниот ги држи, другиот мава, одмерено силно по прстите. Нишани и стрела во ноктите, тие синеат, се грчат. Тој чука. Тие уште повеќе синеат. Крвца потекува од под прекршените нокти. На овој што ме чукаше како се поинтересна да му стануваше играта. Се потпре на бетонот и во ритам продолжуваше со тропање по прсти, се позасилено чувствувам насмевка под маската. Иследникот му климна. Ме пушти. Фатив згоден момент и се истргнав, ги превртувам очите и глеј... До самата нога на столчето на кое седи свињата: чаша, а во чашата лале. Прво радосно нешто што го гледам во оние десетина дена. Од каде научиле дека сакам лалиња. Скелетот ми се собира.

 

78

 

 

- Зјапаш во цветот револуционеру - со подбивност - знаеш слаб сум кога гледам тепања, ваков млад, убав како тебе, а лалињата ме смируваат. Прекрасен цвет, нели?

 

- Да, - изустив низ испокршените заби, прекрасен цвет, имаме заедничко нешто, цвет од лале. Ќе не смирува обајцата.

 

- Многу ми е жал за тебе, но тоа ми е професија, морам да те исчукам додека не писнеш, а ние сме стрпливи, подобро да почнеш да се присетуваш...

 

Лежам во мојата собичка, се уште немам контакт со никого од моите, со радиото, со телевивијата, со печатот. Која музика слушаат надвор, која мода се шири низ градот, кое кафуле е новиот хит. Ме држат во отцепеност, а полека почнувам да се присетувам...

 

Лежам на под со очи вперени во расцветано лале, насмевка на моето лице. Ме освежува ова цвеќе, ми го топли срцето, ми кажува дека има надеж. Ја гледам свињата што седи над него. Инаетот, решеноста, волјата ме одржува. Ја гледам свињата како квичи под мене, како го мавам по мешакот, како некои други маскирани лица му ги дробат цревата, како плука крв, како плаче, како моли, како проколнува. Како во некои други времиња јас сум тој што го мириса лалето, му се смее, а тој квичи испушта неартикулирани звуци од испокршената муцка. Ја чекам промената на времињата, време во кое јас ќе го држам пендрекот и ќе мавам.

 

Плачам под налетот на ударите, ме свестуваат со кофи вода. Ми ставаат во уста нечии смрдливи чорапи и продолжуваат. Донесоа специјални клешти за штипење месо, како да го

 

79

 

 

корнат. Ги чувствувам железните прсти на демократската власт врз моето сопствено тело. Дали овие луѓе толку многу се плашат од мене. Молам за милост, плачам за слобода, ги фаќам за раце тепачите, им ги целивам рацете, тие се смеат, се превиткувам околу нозете на тепачите. Ги молам. Им ги бакнувам чизмите, ме одтурнуваат, а јас ги држам цврсто. Се смеат ме пцујат, ме газат со чизмите. Се влечам кон иследникот, му ги целивам црните светнати чевли, му ги мирисам чорапите. Тој се потсмева. Ме фаќа за коса и ми ја поткрева главата, ми ја доближува до својата.

 

- Гледаш синко, навикнати сме на такви како тебе, од време на време се појавуваат.

 

- Ја држам главата на височина на која тој ми ја тегли косата. - Се чувствуваат моќни, задоволни, многу паметни, генијалци. А нашата работа е токму тоа, таквите генијалци да ги кастрираме, оној што стрчи, да му се поткастри главичката, може да му се земе и само здравјето, во секој случај да се опамети. Сакаш да скокаш нели, е нема, мора да бидеш кроток, пристоен, внимателен и... ангажиран. Сигурно се прашуваш која е твојата вина? Вина и не мора да има, можеби не си и симпатичен на државата, можеби ти ја испитува вербата во учењето на големиот учител, можеби те кали за посреќно утре. Во секој случај таа си ја знае својата работа. Ми ја пушти главата, таа удира на подот. Старите другари ме грабнаа и набија во канта со вода, лицето го оквасив, крвта ја измив, ме држат доволно долго за да почнам да препелкам, да мавтам со нозете и рацете. Ме извадија и ме фрлија на подот.

 

Пак лежам во мојата ќелија. Четири ѕида, еден кревет, еден прозорец и јас. Попис на

 

80

 

 

инвентарот внатре. Времето овде го поминувам во лежење, во лечење на тепаното и газеното. Ќе морам да се присетам, тврдата волја сепак попушта. Да ги предадам идеалите, да ја предадам сопствената идеја. Се присеќавам на станот во кој ги собрав петмината, после долги разговори, испитувања дека имаат исто или, барем слично мислење. Го прогласувам формирањето на тајната терористична организација. Ја определувам нашата цел: рушење на онаа гнила држава заснована врз лаги во историјата и лицемерие во сегашноста. Барам формирање нова наша држава. Се заколнуваме над симболите на организацијата: кама и пиштол врз Библија. Кој што ќе ревне, нож в грло да добие. Го митам револуционерниот катахизис кој го напишав јас.

 

- Кое ни е името?

- Крвта и ножот.

- Кој ни е татко?

- Организацијата.

- Кој ни е мајка?

- Слободата.

- Кои се нашите методи?

- Суровоста, теророт, експлозивот, мечот.

- Против кој се бориме?

- Против сите оние што не лажеа досега, што ја фалсификуваат историјата, што убиваа!

- Смрт е нашето име?

 

Се сеќавам како во магла. Ми го подмесува под нос лист от хартија на кој го пишува истото. Некој потклекнал од нашите, некој не издржал, некој ги бакнувал позете на свињата, плачел, колнел и пискал. Знае дека го чека нож,

 

81

 

 

се решил за брза смрт во замена за мачење во некоја слична соба, можеби и истата само во друг термин...

 

Ме водат во некоја трета соба, ме легнаа. Ми ги врзуваат рацете, нозете, главата. Некој се приближува над, со две бодликави жици и ми ги збрцува во кожата, ми пуштаат струја. Во мали количини, но доволно јака за да ме стресе, за да ми ја крене косата на глава, за да ми ја отвори устата и да се дерам, да крикам од болка. Порција по порција ме хранат со електрицитет. Телото ко да ми се распаѓа, ко да ми отцепуваат парчиња. Се воодушевувам од тоа какви методи научила нашата народна власт. Впрочем сите власти на светот се народни. Струјата се движи по артериите, ми се качува во глава, влегува во мозокот, викам и солзам, се стемнува...

 

Не знам како се најдов во "Париз", кафуле во трговскиот центар на градот. Ме дувка благ ветер, внатре некој свири со гитара, весник пред мене.

 

- Ти нарачавме кока-кола, може?

- Да - го гледам збунето свинчето кое го мразев од дното на душата: зацрвенет, бумбарест, свински образ.

 

Се чувствувам некако свежо, модриците се изгубиле, отекот на главата спласнал, нозете опуштени, вешто сокриено црвенило на кожата.

 

- Се надевам дека ќе ни простиш, беше грешка, се случува и тоа во нашата работа, многу луѓе, многу сомнителни. Мораше да те провериме добро. Грешка, извини!

 

Молчам. Се кренаа. Келнерот ја донесе кока-колата. Заминаа. Пијам и си ја ладам мојата душа. Со весник од понеделник - 23.08.2002 ја започнувам новата седмица од мојот живот.

 

82

 

 

 

(9) Список

 

На познатите жртви од Македонија под српско ропство, паднати од октомври 1927 година, до октомври 1928 година.

 

1. Мише Гаврилов од Штип и

2. Христо М. Гаврилов - негов син, убиени на 31.10.1927.

3. Моне Крамов од Штип и

4. Бујуклиски " ", безтрага исчезнати во октомври 1927.

5. Добри Паликрушев од град Штип и

6. Косаре Развигоров од град Штип - (брат на револуционерот Хипокрит Развигоров)... без трага исчезнати во октомври 1927 година, заедно со две други момчиња.

7. Пано Кралев и

8. Лазо Кралев, браќа од с. Неокази, кратовско, убиени на 06.11.1927 година.

9. Алексо Велков, од с. Јамиште, штипско, убиен на 26.11.1927 година.

10. Христо Григоров од Гевгелија, убиен на 27.11.1927 година

11. Сава Георгиев од с. Живеле и

12. Доне Трајков од с. Сушица испотепани во декември, 1927.

 

83

 

 

13. Јане Стојчев од с. Алакинци.

14. Салдија Салди од Куманово.

15. Трајко Лукар од Велес, убиен во декември 1927.

16. Христо Комитов од с. Рожден, туквешко, убиен на 03.12.1927 година.

17. Тома Кујумџиев, од Струмица, убиен на 12.12.1927.

18. Георги Ангјушев, од Неготино, убиен на 29.12.1927.

19. Лазар Бупев, брат на Мара Бунева, од Тетово, убиен во јануари 1928 година.

20. Симеон Танев од Штип,

21. Томчо Косев од Берово и

22. неговата жена - убиени од милицијата во затворот во јануари 1928.

23. Пано Лилинков, 70-годишен старец, татко на револуционерот Ил. Лилинков - убиен во затворот од српската милиција, во јануари 1928 година.

24. Борис Ст. Андрејчин, адвокат од Тетово, убиен на 31.1.1928 година

25. Тасе Ангелков на 38 години од с. Саса, кочанско,

26. Иван Стојанов на 43 години ” ” ”

27. Никола Христов на 45 години ” ” ” и

28. Гоше Илчев на 48 г. ” ” ”

29. Стоимен Алексов од с. Безиково ” ” ” сите убиени во февруари 1928 годииа.

30. Арсени Левков од с. Б Брдо,

31. неговата жена и ”

 

84

 

 

32. нивниот син, отепани во февруари 1928 година.

33. Ефтим Ангелов ”

34. Никола Паунов ”

35. Димитар Паунов ”

36. Григор Стојанов ”

37. Кјани Бег, од Скопје, тешко ранет при обид за убиство на 14.02.1928, по што починал.

З8. Милан Генов, аптекар од Скопје, убиен на 15.02.1928.

39. Елена Мишова, од с. Добри Лаки

40. Ката Георгиева, 30 год. ”

41. Петар Георгиев, 22 год. ”

42. Стојан Георгиев, 2 год. ”

43. Георги Ст. Цркаев, од с. Лешко, Горна Џумаја, убиен на 29.03.1928 година од истата банда.

44. Свещ. Алекс. Петров, од Св. Николе убиен на 29.03.1928.

45. Мацко Ташков Солаков од с. Пополжани, Леринско, бивш кмет на с. Бача, битолско, убиен на 22.03.1928 годнна.

46. Иван Бојанџиев од Прилеп, убиен на 31.03.1928.

47. Георги Николов, кмет на град Кичево, тешко ранет со пет куршума в глава на 03.04.1928 година.

48. Кољо Динов од с. Витолиште, битолско,

49. - и двајца селани со него - убиени на 29.03.1928.

50. Јордан Димитров, кмет на с. Бели, кочанско, убиен на 02.04.1928.

 

85

 

 

51. Исмаил Ахмед, од Гевгелија, убиен на 06.04.1928.

52. Мито Зашов, од с. Црвена Нива, кочанско и

53. Манто Николов ” ” - отепани на 14.04.1928.

54. Милан Несторов, од Струга - убиен во април 1928.

55. Петко Димитров од с. Младо Нагоричано, кумановско, убиен на 17.04.1928.

56. Т. Динков, од с. Гореме, убиен од српска банда на 05.04.1928.

57. Александар Шекеринов, од Штип, убиен на 22.05.1928.

58.  Фидан Моисов,

59. Никола А. Абдураманов,

60. Павле Стојанов,

61. Димитар Тодоров и

62. Васил Н. Липитка - стрелани во Битола на 21 јули 1928 година, по смртна пресуда.

63. Тодор Чушков од Велес, убиен на 25.07.1928.

64. Стефан Тошков од с. Гореме, убиен на 24.07.1928.

65. Атанас Лазов, од с. Радобил, тиквешко убиен на 20.07.1928.

66. Кирил Хр. Ципушев, студент од Радовиш, убиен на 20.10.1928.

 

 

Списокот е препишан од книгата "Македонија под иго 1919-1929" потпишана со шифра ВЕРИТАС, објавена во Софија во 1931.

 

86

 

 

Воопшто, преку тие дееет години (1919-1929) во Македонија под српско ропство, станале околу 1400 политички убиства над македонски селани. Помасовни убиства имаше:

 

а) во 1919 година од Бабунски во тиквешко, велешко и брегалничко;

б) во 1922 година во кратовско и кочанско;

в) во 1923 година во штипско, кочанско, радовишко и струмичко - само во с. Гавран, радовишко, на 3 март од Жупан Матковиќ со кртешник се убиени 28 селани;

г) во 1925 г. во кочанско, кратовско и штипско;

д) во 1927 година само во брегалничката област беа убиени над 160 души, а во цела Македонија над 270 Македонци.

 

Читателот на овој расказ, ќе си го постави прашањето за книжевните вредности на овој историски документ.

 

Дваестина години по овие настани, мистичната земја Македонија се ослободи, внуците и синовите на овие жртви направија еден чин ретко сфатлив од историјата, затоа и се обидувам да го објаснам со книжевноста. Се откажаа од своите татковци и дедовци, а ги славеа нивните егзекутори. Жртвите сите до една беа прогласени за агенти на странските служби, убијците беа прифатени како ослободители. Така е до денес во земјата на миракулите наречена Македонија.

 

Во овој историски список како раскажувач влегов само поради успешно изведениот цинизам на реалноста и мојот подмолен обид да и поттурам на официјалната историја на мојот народ, преку книжевноста еден скриен историски список.

 

87

 

 

 

(10) Летни разговори во 910-та година

 

После долгиот ден исполнет со прошетки, контемплација, покрај библиската убавина на Охридското Езеро, Наум се прибра во својот дом изграден до црквичката во која секојдневно се молеше на Бога за спас и помош на својот народ. Убавината на езерото што ја гледаше секое утро му даваше мир во душата и неизмерна енергија во неговата решеност да го воздигне сопствениот народ, да го научи, да му ја всади вербата во Бога. И да напише што повеќе свети дела, да останат во наследство на поколенијата што идат по него.

 

Наум сонуваше кога одненадеж некој му влезе во сонот и го поведе на крајбрежната прошетка. Нималку чудно за него, зошто и дотогаш многу светци му доаѓаа на сон и го учеа, му кажуваа свети тајни и го исполнуваа со божји благослов.

 

Овој пат на сон му дојде Архангел-Михаил. Го препозна дури кога седнаа на песокта. Малку се подуплаши кога го виде, но Он му даде знак да се смири, да не се плаши, а потоа прошепоти:

 

"Науме не плаши се, не плаши се од рамниот на себе, зашто не ќе помине долго време и јас ќе дојдам повторно кај тебе, да ти ја земам душата со мене, душата на твојата светост која вечно ќе

 

88

 

 

трае и свети покрај ова езеро и покрај твојот народ. Но, овој пат дојдов да те прашам нешто друго, да те прашам нешто за што немам одговор"!

 

Наум го погледна Светецот и се замисли, што е тоа на што тој нема одговор, а бара совет од него. "Повторно ги читаш чудата на Свети Димитри Солунски и те гледам се мачиш да најдеш одговор. Ако ја читаш заради историјата на твојот словенски народ ако, и самиот знаеш дека тие чуда се најубавите описи на вашето словенско преплавување на Македонија. Како вашето словенско племе се множеше и ги заземаше градовите и селата византиски или како што стои во чудата, морето на Словените коего опколуваше Солун.

 

Меѓутоа, брате Науме никако неможам да разберам една работа и затоа дојдов тебе да те прашам, белки подобро си го научил сопствениот народ и си навлегол во неговата душа. Ако тој Свети Димитри, читајќи од неговите чуда, има испозаколено, прободено со копје, убиено толку многу од вашиот народ, ако тој Свети Димитри при вашите опсади на Солун, вашето племе го нарекуваше варварско и секогаш беше од страната на византијците и им даваше совети како да ве ништат, па дури и сам учествуваше во битките против вас, ако е се така, како што пишува во тие чуда, зошто, брате Науме, вашиот народ така чини и сегде, по отецот Исус и мајка Богородица, на трето место Димитри - убиецот го слави.

 

Зошто му се очите и зошто му е писмото што Бог му го прати, да можеда го прочита она што е напишано и да му верува на она што со очите си го гледа.

 

89

 

 

 

(11) Неколку наминувања на авторот низ историјата

 

Понекогаш се обидувам да си ја запрам мислата и со сета концентрација и волја се втурнувам во мојата потсвест, пребарувајќи низ световите во кои сум бил или сум поминал. Ваквите прекопувања мошне често ми помагаат во нишувањето раскази, во зацврстувањето на животното искуство и, конечно, како сопствена психоаналнза за да можам подобро да се разберам самиот себеси.

 

1521 година.

 

Најрана слика што можам да ја видам пред себеси со јасни црти и доволно силна меморија за да можам да ги реконструирам настаните ме фрла векови наназад, некаде на територијата околу денешно јужно Мексико. Во врежаните црти на потсвеста ми доаѓа тогашниот мој лик на Мигуел де Мендоза, поданик на шпанското кралство и наредник во војската на освојувачот Кортес. Веќе повеќе месеци се тепаме со разни остатоци на индијански племиња под контрола на ацтечката држава, поточно ние ги тепаме, а тие се кријат и бегаат. Го пресекуваме последниот отпор или помислата за отпор. Во името на Шпанија, во името на Христос. Сите до еден причестени и благословени и од кралот и од свештениците.

 

92

 

 

Се наоѓаме под ѕидините на Теночтитлан, последен ацтечки град, последно нивно упориште, последно место на одбрана од каде што можат да даваат отпор и да се бранат. На ова место ја водиме последната битка за рушење на дивата индијанска цивилизација и нивните пагански богови и воспоставување на шпанската власт и нашата вера, во Христос.

 

Повеќе недели го чистевме теренот од се што е диво околу Теночтитлан, го стегавме кругот, ги пуштавме да бегаат во него знаејќи дека таму ќе ни бидат полесни за фаќање и за собирање на нивните дарови. Го држевме градот под опсада и ги гледав како десетици војници доаѓаа пред мене, Мигуел де Мендоза, да бараат наредби и совети како да дојдат до целта, до заедничкиот сон со кој сите заеднички тргнавме од Европа.

 

Се радував на нашата воена техника и нашата воена умешност и ацтечката воена примитивности наивност. Веќе неколку месеци ги победуваме од битка во битка, ги тепаме и од нив остануваат се помалку и помалку, ги рушиме нивните градови, а тие не научија ништо. Имаме дваесет пати помалубројна војска и ги кршиме нивните варварски градови како дрвени кутии. Војувањето ни стана сласт по која одевме и не сакавме никогаш да запре со единствената водечка идеја за сите наши војници, од последниот слуга што се влечеше до командантот кој можеше да направи се, Кортес и една единствена идеја: Златото.

 

Одмаравме во нашите шатори подигнати под ѕидините на Теночтитлан, ги гледавме индијанците од далеку и во секој од нас опседнатоста

 

93

 

 

поради која тргнавме во нашите глави кога не собираа како доброволци по улиците на Мадрид, Кастилија, Барцелона. Жолтиот метал кој беше на прво место во говорите на оние што не убедуваа да одиме во новооткриената земја и во сите приказни што настанаа по враќањето на Колумбо. Златото поради кое не прати кралот, златото кое беше во устата на најверните христови верници кога ни даваа благослов, златото со кое не испраќаа да гинеме од отровните стрели на варварските племиња и поради кое ниту една жртва не беше доволна.

 

Се потев во железниот оклоп направен некаде во воените ковачници на Мадрид и смислував стратегија како поскоро да се влезе во градот, со каков удар да ја разбиеме нивната одбрана? И конечно да ги разбиеме портите на подрумите преполни со златото поради кое убивавме.

 

По четири недели атаци на ѕидините, градот падна. Некои од оние што ги броеа жртвите зборуваа дека изброиле осумдесет илјади мртви тела на индијанците расфрлани по сите страни на градот. Златото беше пронајдено, победата проследена со богати оргии и радост.

 

Борбите што дојдоа подоцна за расчистување на месните племиња траеја у ште неколку години, до 1526 година кога заврши освојувањето на Мексико. На некои од тие борби се сеќавам посветло или потемно во мојот ум, но никако да ги заборавам товарените кораби преполни со злато после секоја битка како отпловуваа за Шпанија. Во тие први години од освојувањето на новата земја во империјата беа испратени толку кораби со злато што патот од Мексико до Мадрид можеше да биде поплочен со злато. И така

 

94

 

 

отсјајот на златото во очите на Мигуел де Мендоза понекогаш ќе блеснеше со сиот сјај пред мене и ме ставаше во мисла дали го гледа тој или јас.

 

1708 година.

 

Втората јасна слика што се појавува пред мене, пребарувајќи во мојата потсвест е Фиренца и ликот заглецан во огледало на свежо избричениот Џани Орсини, поспан од синоќешните лудувања до доцна во ноќта на задреманата Фиренца. Скитање преполно со пијанки различни по својата јачина од место до место, закарување со разни задоцнети поминувачи тепачки со исти како нив, но од различни делови на градот и конечно серенади пред прозорците на убавите девојки за кои сонуваа заедно.

 

Се гледав во огледалото по една непреспана ноќ, која ги носеше своите белези во премореноста, но и во побудата вечерва да се биде подобар во се. Во пиењето, во скитањето, во мечувањето, во заведувањето и конечно во непреспаните ноќи и враќањето дома во утринските часови.

 

Чувствував дека тој млад Џани Орсини го сака својот град Фиренца во таа далечна година со сите негови убавини во кои растеше од мал, во кој живееше и во кој се радуваше на својот живот, во кој се беше подредено на слаткиот живот. Љубовта кон животот беше нешто што го исполнуваше секој негов ден, секој негов дел од телото и од душата. Целата филозофија на неговото, односно моето будење беше како да се помине поубаво новиот ден, како да се исцеди содржината на денот во прекрасен сок и да се испие.

 

Денот ми почнуваше со излегување и прошетка по убавите плоштади на градот и

 

95

 

 

закачки со убавите моми и тајни договори за доцни ноќни видувања, а продолжуваше со посета на скоро стекнати пријатели - сликари или поети во нивните уметнички работилници затурканн по тесните улички во Фиренца. Таму останував понекогаш со часови и часови во убави разговори за суштината на поезијата или на сликарството, за женскиот акт или моќта на боите. Понекогаш и ќе се запишев во некои од тие школи и, иако без никој особен талент, подолго време се обидував да станам сликар, поет или музичар. Сакав да живеам со уметноста или барем да уживам во нејзината убавина.

 

И конечно денот завршуваше на некој од баловите што ги приредуваа богатите градски фамилии на кои одевме облечени во арлекини, принцови, со маски на животни и врколаци. Забавата почнуваше со многу јадеше кое беше наредено по масите, балконите, градовите, за сечиј вкус и желба за јадеље. Печени еребици, печени свињи, печени фазани, распукнати лубеници, грозје, цреши премногу вино од ладните подруми ја китеа атмосферата на сите оние што го сакаа животот, љубовта и посветеноста на слаткиот живот. А тие беа премногу, дојдени од Падова, Пенова, Венеција, Пиемонт и многу други градови.

 

Овде никој не зборуваше за политика и за крвавите борби на фамилиите за превласт во градовите, никој не зборуваше за владетелите на Фиренца, фамилијата Медичи чии помлади членови беа меѓу нас, едноставно овде се беше посветено на животот. Итроста на веселите игри го преокупираше мојот ум, досетките и смешните лаги кои ќе изнудат смев беа опсесија со која се заморувавме.

 

96

 

 

И повторно, секое утро во кое ќе станев ненаспан, ликот на младиот Орсини се будеше во мене со нова мечта дека ноќта што доаѓа е ноќ на слаткиот живот во која се друго ќе биде заборавено.

 

1848 година.

 

Зеленилото на ирската трева и фиукот на ветрот што ја сечеше и ја лулееше во нејзиниот раст кон небото, таа влегуваше во моето тело и како со камен удираше во моето срце на ирски партиот. Застанат, исправен, загледан во големите бранови на океанот што се расплиснуваа пред брегот на кој стоев непреместлив. Можно ли е да ја сакам толку оваа земја на карпи и зелени висови, можно ли е срцето толку силно да ми чука на секое спомнувашена зборот Ирска, и зошто тоа чувство длабоко во вените да загинам за оваа земја, да ја раскинам белата кошула и да ги подадам голите гради пред нишаните и бајонетите кои в час ќе згрмат и со ледено острило ќе се забијат во моето месо. Месо од кое ќе бликне крв, крв што ја гледам како паѓа и ја допира земјата на моите татковци и на моите деца, земја за која плачам и за која се борам. Волјата е таа која ме држи исправен на овие карпи, волјата за слобода, волјата за победа, волјата за Ирска. Го гледам овој народ чиј дел сум, над чија трагедија душата ми гори, ги гледам милиони како заминуваат за новата земја Америка, ги гледам новите поколенија кои се раѓаат како го забораваат јазикот на татковците, изгубени генерации во кои го убиваат срцето на Ирска. Илјадници раселени и убиени секоја година, стотици поразени востанија и крај што не можам да го видам.

 

И повторно вриежот на крвта низ вените, да умрам за Ирска, да бидам уште еден меѓу многуте

 

97

 

 

кои загинаа за неа, кои ми покажаа дека за татковината може да се умре, дека татковината мора да се сака. Чувството да загинам како симбол пред сите неверници кои веќе си ја продадоа својата кожа...

 

- Даниеел! Даниеел!

 

Викот кој доаѓаше од зад грб го стресе мојот поглед здрвен во далечините на океанот. Се свртев и ги загледав моите пријатели.

 

- Даниел О Конел, дојди со нас!

 

И појдов со моите пријатели од организацијата "Млада Ирска" во даблинските подруми да пиеме виски и да пееме за Ирска. Утре не чекаше уште едно востание, планирано, предвидено, неодложно. Уште еден ден на надеж пристигна, се боревме против една империја која го владее половината од светот и повторно пиевме и пеевме за Ирска...

 

И така замислен по неколку секунди повторно ќе се најдев во телото на Даниел О Конел зариен во калта на даблинските предградие со ужасна болка во градите од железото набиено внатре и метални штикови кои ме прободуваат од сите страни. Ја гледам крвта како се спојува со мојата земја и ја внесувам последната дланка земја во мојата уста што не можат да ми ја земат, го лапам последниот мирис на мојата земја Ирска?

 

1994 Скопје.

 

И така понекогаш ќе се навратам во реалноста, реалноста за која се прашувам се почесто дали е реалност или можеби само размисла на некој од претходните личности. А реалноста ме соочува со една здодевна секојдневица исполнета со фрустрации од секаков

 

98

 

 

вид, со психолошки притисоци дека војната може да почне секој миг, со нова, но набрзина корумпирана влада, со пораст на криминалот и наркоманијата во нашата држава.

 

Да, реалноста најчесто ме затекнува како седам зад машина и како чукам нови раскази, понекогаш песни за банални настани. Реалноста ме затекнуваше во ликот на Љупчо Георгиевски, автор на веќе две книги поезија што останаа премолчени од македонската книжевна критика. Автор кој се надева дека еве наскоро ќе најде издавач за третата книга, овој пат раскази. Автор кој се обидува да прави експерименти со стилот, со содржината или само му се причинува дека прави експерименти, бидејќи и така и така веќе се е видено во книжевноста.

 

Автор кој секојдневно сонува за книжевна слава, преводи на странски јачици, меѓународни пробиви и награди, но и овде: соочување со реалноста, со трагедијата на малите книжевности, малите тиражи, малите издавачи, малата комуникација со светот. Книжевност оградена со ѕидови преку кои не се прескокнува и трагедијата на малите нации и нивните вредности во комуникацијата со преостанатиот свет.

 

Се трудам да го најдам своето место во македонската книжевност, се трудам да ја разбранувам оваа бара на вредности во која вредностите одамна се статични. Книжевноство која по шаблони се уште се доделуваат награди и признанија, се пишуваат позитивни критики и се создаваат лажни алиби. Се обидувам во литературата да бидам бунтовник без причина, кој ќе внесе нешто ново во денот преполн со здодевни теми. И така понекогаш ќе се фатам самиот себе како пишувам раскази или песни...

 

99

 

 

И во тие раскази понекогаш го губам чувството за реалност, во занесот да создадам нова стварност станувам дел од таа стварност и понекогаш навистина не знам дали во мене зборува авантуристот Мигуел де Мендоза кој сонува да биде заводникот Орсини или патриотот О Конел или авторот Георгиевски.

 

А понекогаш пак се чувствувам како авторот на раскази Георгиевски кој живее во духот на патриот О Конел или пак авантуристот...

 

Да, навистина понекогаш ми се присторува како себрише пред мене границата меѓу реалноста и надреалноста, разумот и апсурдот, книжевноста и историјата, а единство значење му придавам на прашањето, како, што повеќе да го зачудам читателот?

 

100

 

 

 

(12) За Второто пришествие Христово

(книга за снимање на аматерски краток филм)

 

 

 

101

 

 

 

102

 

 

 

103

 

 

 

104

 

 

 

105

 

 

 

 


 

Директни интервенции со раскази во анатомската структура на историјата

Љупчо Георгиевски

 

Книгоиздателство “ФЕНИКС” - Скопје, 1994

 

CIP - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека "Климент Охридски", Скопје

886.6-32

 

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

Директни интервенции со раскази во анатомската структура на историјата /

Љупчо Георгиевски. - [ 1. изд. ]. - Скопје : Феникс, 1994, 106 стр. ; 20 см. - (Библиотека Ексклузив)

Слика и белешка за авторот на заднината задната корица.

 

Библиотека ЕКСКЛУЗИВ

Прво издание

Книгоиздателство “ФЕНИКС” - Скопје

За издавачот: Христо Петрески

Ликовно уредување: Љупчо Јакимоски

Компјутерска обработка: НИП “ГЛАС” - Скопје

Печати: Печатница “ФЕНИКС" - Скопје

 

Мотив на насловната страница: Алберт Дирер "Човек на болката" (Дрворез од циклусот "Мало Страдање”)

Фотографија на последната страница: Мартин Димевски - “Портрет"

 

[Back to Main Page]