Тајните на Македонија

 

Коле Петров

 

Скопје - 1994

  

Сканове в .pdf формат (4.8 Мб), любезно предоставени от Валери Величков и Ваклин Кирилов

 

„Така секое добро дрво дава добри плодови, а секое лошо дрво дава лоши плодови: не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.

Секое дрво, кое не дава добар плод, го отсекуваат и го фрлаат во оган.“

 

    Евангелие од Матеја: Глава 7

 

ПРЕДГОВОР

 

Во Скопскијот печат се појавија статии од различни автори, кои полемизираат околу „забранетите" теми од досегашната историја на Македонија.

 

Какви се по националност Македонците? Од кога започнува да се создава „Македонската нација". Верно ли е, дека до 1944 година историјските личности од „Историјата на Македонскиот народ" се чуствуваат и декларираат како Бугари. Тоа се прашањата кои сé по често си ги задаваат Македонците денес.

 

Во крај месец октомври 1993 годнина се стигна до таму, дека дури познатиот скопски историчар и бугаромразец Блаже Ристевски по Македонската телевизија јавно призна, дека македонските преродбеници и револуционери Гоце Делчев, Даме Груев, Горче Петров се чуствувале и декларирале како дел од Бугарската нација.

 

Целата полемика околу „Бугарскиот” или „небугарскиот" карактер на славјанското население во Македонија докажува,

 

3

 

 

дека колку и долго да суштествува една лага, накрај вистината излегува најаве.

 

А вистината е дека „Македонската нација" беше провозгласена од Тито и неговите Скопски помагачи и со тоа се целеше постепено да се србизира кореното Бугарско население во Македонија. До 1944 година мнозинството од денешните „Македонци" се чуствуваа и нарекуваа само и единствено Бугари.

 

„Тајните на Македонија" е зборник со документи, кои 80 години беа (и сé уште се) забранети во Република Македонија.

 

Овие документални сведедоштва му даваат возможност на секој да ја проумее вистината за националниот карактер на Македонското население.

 

Многубројните фотографии на автентични документи за последен пат ја потврдуваат простата и азбучна вистина, дека не суштествува „Македонска нација", зошто за да биде создадена таква, таа треба да има своја национална историја, а до 1944 година националната историја на славјанското население

 

4

 

 

на Македонија не беше никаква друга освен „Бугарска национална историја".

 

Се разбира на крајот од XX век секој човек има право да се чуствува таков, като што си сака. Може да биде дури и марсианец.

 

Но треба јасно и гласно да се каже историската вистина за Македонија, та кој сака да биде „Македонец по националност" да знае, дека таткото на „Македонската нација“ не е никои друг, а Титовите другари - Лазо Колишевски, Светозар Вукманович-Темпо, Лазар Мојсов и цела дружина подобни на тие Србомани.

 

5

 

 

НАЈ-СТРАШНОТО ЗА НАШИОТ НАРОД

 

се разцепувањата, кои ги ослабуваат силите и помагаат на непријателите. Бте што пишува за обидите за разцепување Апостолот на Македонија Гоце Делчев на 5 јануари 1899 година во писмо до Никола Малешевски:

 

„...Отцепувањата и разцепувањата никако да не те плашат. Дејствително жално е, но што да правиме, кога си сме Бугари и сите страдаме од една општа болест! Ако таа болест не соштествуваше во нашите прадедовци, од кои е наследено и во нас, немаше да паднеме под грознииот скиптер на турските султани..."

 

6

 

 

 

7

 

 

ОД „ПРОСТРАНОТО ЖИТИЕ НА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"

ОД ТЕОФИЛАКТ ОХРИДСКИ /XI—XII век/

 

„Климент, како ги земал со себе си Наум и Ангелариј, се одправиле кон патот, кој водел кон Дунав... Тие закопнеали за Бугарија, за Бугарија си мислеле и се надевале, дека Бугарија е готова да им даде спокојство... Стигнале во Белград - тој най-прочуен град од крајдунавските градови - и се јавили при боритаркана, кој тогаш го пазел. Тие му разкажали сé кое се случило со нив, така како тој сакал да го дознае. А како го научил тоа и разбрал, дека тие се велики и близки на Бога мажи, решил, дека треба да ги испрати туѓинците при кнез Борис, чиито воен наместник тој бил, зошто знаел, дека Борис е жеден за такви мажи...

 

Кога пристигнале при Борис, тие биле примени со почит и како треба да бидат примени почитувани во секој однос и уважувани мажи..."

 

КАМЕНЕН СТОЛБ ВО СЕЛО БАЛШИ /ДЕНЕШНА АЛБАНИЈА/

 

...Се покрсти кнезот на Болгарија Борис, преименуван Михаил, заедно со дадениот му од Бога народ, во година 866".

 

8

 

 

Авторот на Кратко житие на Климент Охридски" /почетокот на XIII век/ Димитриј Хоматиан опишува, дека таквите надписи во чест на Борис-Михаил се поставени од Климент Охридски.

 

9

 

 

ОД „БЕСЕДА ПРОТИВ НОВОПОЈАВИЛАТА СЕ БОГОМИЛСКА ЕРЕС“ ОД ПРЕЗВИТЕР КОЗМА /XI век/

 

„Се случи, дека во годината на православниот цар Петар во Болгарската земја се појави поп со име Богомил - по верно е да се нарече Богунемил. Тој прв започна да проповедува ерес по Болгарската земја..."

 

Богомилството освен во Болгарското царство добило широко разпространување и во Италија, Франција, Србија, Босна, Русија, Унгарија. Приврзениците на богомилството во Италија се нарекувале Катари, во Франција - Албигојци и Бугри. Насекаде во Европа станала позната „опасната Бугарска ерес”...

 

 

ОД ДУКЉАНСКИОТ ЛЕТОПИС /XII век/

 

По тоа време во Бугарското племе се издигнал некој си Самуил, кои се провозгласил за цар. Тој водел долги војни со Грците и ги изгонил од цела Бугарија, така дека при негово време Грците не смееле да се приближат таму...

 

10

 

 

„И така после смртта на Бугарскиот цар Владислав император Василиј, како собрал голема војска и множество кораби, започнал да ја завојува земјата и ја завладеал цела Бугарија, Рашка и Босна, цела Далмација и сите крајбрежни области чак до пределите на Долна Далмација".

 

 

ОД „ХРОНИКА" НА ВИЗАНТИЈСКИОТ АВТОР ЈОАН СКИЛИЦА /XI ВЕК/

ОПИШУВАЊЕ НА НАВЛЕГУВАЊЕТО НА ВАСИЛИЈ II БУГАРОУБИЕЦ

 

„Императорот /Василиј Бугароубиец/, кой сакал да одмазди на Самуил за стореното ги собрал ромејските војски и решил сам да навлезе во Бугарија... Тој навлегол во Бугарија преку Родопите и реката Хеброс /Марица/. Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги пази проходите, а самиот тој, како преминал преку теснините и горите, крај Триадица, наречена порано Сердика /Софија/, стигнал до едно село, наречено Стопонион /Ихтиман/, се разположил на логор таму и започнал да обмислува како да ја овладее со обсада Сердика..."

 

11

 

 

ЦАР ИВАН ВААДИСЛАВ

ВНУК НА ЦАР САМУИЛ

 

и син на Арон води долга и нерамна борба за запазување на државната независност на земјата.

 

За народноста на Самуиловиот род сам Цар Иван Владислав споменува во еден каменен надпис одкриен во град Битола во 1956 година при дособарувањето на Чауш џамиа. Надписот е широко познат на историчарите и се запазува во Историјскиот музеј во Битола.

 

Каков е карактерот на државата на Самуил и Иван Владислав секој може да си одговори, като ќе го прочита текстот на Битолскиот надпис, кој го даваме и со снимка.

 

 

12

 

 

НАДПИС ВРЗ ПЛОЧАТА НА ЦАР ИВАН ВЛАДИСЛАВ

 

„Во 6523 година од створението на светот се обнови таа крепост зидана и правена од Јоан самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на върховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ..... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род Унука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ........, а този в цар бидува разбиен од Цар Василиј во /6522 година од створението на светот /во Клуч и почина во крај на летото."

 

 

ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

 

После превземањето на државната територија Василиј II Бугароубиец ја запазува црковната независност, така што ја трансформира Патриаршијата во афтокефална Архиескопија со седиште во град Охрид.

 

13

 

 

Суштествуваат голем број документи, во кои Охридската Архиескопија се споменува како Бугарска. Ете подолу слика на едно од тие докази.

 

Потпис со зелено мастило на Охридскиот архиепископ Григориј од XVI век на грчки пергамент пазен во Румјанцевскиот музеј во Москва.

 

 

Прочитано: Со Божјата милост на сетта Бугарија и на Прва Јустинианна Охрид архиепископ Григориј.

 

14

 

 

ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА

 

„... Тој разгласил, дека е син на Роман, синот на Самуил и го бунтувал народот на Бугарите, кои одскоро го положиле вратот под јарем и силно се стремеле кон слобода. И така луѓето му поверували на зборовите и го провозгласили за цар на Бугарија. Кога тргнал од таму преку Ниш за Скопје, кој е главниот град на Бугарија, тие известувале за него по патот и го славеле.“

 

Провозгласувањето на Петар Делјан за Цар на Бугарите во 1040 г. - миниатура од Мадридскиот препис на Јохан Скилица (XIII век.)

 

15

 

 

КНИЖНИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

 

Името на јазикот, говорен од населението во Македонија, преку целиот историјски развој, недвосмислено е посочено во документите: Теофилакт Охридски (крај на XI - почетокот на XII в.) во „Пространото житие" го нарекува Климент „прв епископ на Болгарскиот јазик“; Димитар Хоматиан, охридски архиепископ (крај на XII - почетокот на XIII в.) се поплакува на србскиот крал Стефан Радослав, дека „на бугарски јазик не може да се толкува или говори“; Византијскиот историчар Никифор Грегора през 1326 година одбележува, дека Бугарите по Струма, Струмица и Скопје го поздравили „на свој јазик добродушно и засмеано“. Во време на турското робство во Македонија робовите, купувани од Венецијанските трговци, се именувани „на бугарски јазик". Србскиот патриарх Василиј Бркиќ, составил „Опис на провинциите во турската држава" во 1771 година, одбележува: „но така како Болгарите се многу повеќе од Турците. та по цела Македонија сите говорат бугарски јазик“.

 

Францускиот чиновник од конзулатот во Солун Кузинери (1777-1779, 1786-1793 г.) подцртува, дека Воденската епархија на запад од Солун

 

16

 

 

целата е населена со Бугари" и затоа „сите архиепископи, кои доаѓаат во Воден, макар и Грци по народност, се принудени да научат бугарски јазик“. Германскиот научник Гризебах, патувал низ Македонија во 1839 година, одбележува, дека „од Солун на запад не се слуша веќе грчки јазик и одтаму чак до албанскте гранични линии живеат Бугари".

 

Рускиот монах Партениј во 1839 година пишува, дека во Македонија „бугарскиот говор е поблизок до славјанскиот одколку рускиот“. Австријскиот конзул Хан, ја обиколил Македонија на два пати (1858 и 1863 г.), посочува, дека „Србско-Бугарската јазична граница минува по р. Болгарска Морава, чак до Призрен во полињата на Шар планина“.

 

 

КНИЖОВНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНО ГО ДЕМОНСТРИРААТ СВОЕТО БОЛГАРСКО САМОСОЗНАНИЕ

 

Паисиј ја нарекува својата историја - „Историја Славјаноболгарска“. Во неа тој јасно и определено ги сврзува поимите род-народ-татковина-учење-обичај со јазик, како составува цела национална програма. Кон тоа Рајко Жинзифов покасно

 

17

 

 

ги додава верата и народността. Во книжовниците од Македонија се создава традиција за етничко именување на јазикот, на кој тие пишуваат. Јоаким Крчовски издава „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова, собранаја ол различних св[ет]их писанија и превелена на простејши јазик Болгарскиј“ [во Будин град, 1814] и „Чудеса прес[ве]тија Б[о]городици, превелени од книга „Амортолон Сотириа на болгарски јазик" (во Будин град, 1817). Тетовскиот (од с. Теарце) монах Кирил Пејчинович го нарекува трудот си „Книга сија зовомаја Огледало, описасја ради потреби и ползованија препростејшим и некнижним јазиком Болгарским Долнаја Миссии" (во Будин град, 1816).

 

Тука требе да се однесат уште книгите на: граматистот од Банско - Неофит Рилски „Болгарска граматика” (Крагуевац, 1835), „Новыј завет, новопреведенныј от славенскаго на Болгарскји Азыкъ"; на солунчанецот Павел Божигробски „Евангелие (типосано на Богарскоï език со гръцки букви)”. (Солун, 1852); на свештеникот од Скопско Натанаил Зографски „Буквар славеноболгарски" (Букурешт, 1865 г.). Охриѓанецот К. Шапкарев го напишува „Български буквар..." (1868 г.), „Голема Българска читанка" (1868 г.), „Сборник от Български народни умотворения" (1891-1894 г.).

 

18

 

 

Фотографија на страница од „Български буквар" 1868 г. Автор Кузман Шапкарев.

 

Фотографија од „Голяма Българска читанка” 1868 год. од Кузман Шапкарев

 

19

 

 

ПАИСИЙ ХИЛЕНДАРСКИ.

 

Роден во град Банско. Во 1745 година станал монах во Хилендарскиот манастир. Грчките и србски духовници се подсмевнувале на Болгарите, дека немаат напишано своја историја. Паисиј ги проучува запазените во манастирите стари Бугарски ракописи. Оди за оваа работа и во странство. Во 1762 година ја завршува својата „Историја Славјаноболгарска".

 

КОН ОНИЕ КОИ ИМААТ ЖЕЛБА ДА ГО ПРОЧИТАТ И ЧУЈАТ НАПИШАНОТО ВО ТАА ИСТОРИЈА

(Од „Историја Славјаноболгарска")

 

Ја напишав за вас, кои сакате Болгарскиот род и Болгарската татковина и сакате да знаете за својот род и јазик. Препишувајте ја историица и платете нека ви ја препишаат кои умеат да пишуваат и пазете ја да не изчезне.

 

Но некои не го сакаат својот Болгарски род, а се обраќаат кон туѓа култура и туѓ јазик и не се ѓрижат за својот Болгарски јазик, но се учаат да читат и 'говорат по грчки и се срамат да се нарекат Болгари... Од целиот славјански род најславни биле Болгарите, прво тие си се нарекле Царови, прво тие си имале Патриарх, прво тие си се крстеле, најмногу земја тие завладеале. Така од целиот славјансќи род биле најсилни и најпочитувани и првите славјански светци, просиале од Болгарскиот род и јазик, како и за тоа поред ја напишав таа историја".

 

Отец Паисиј посочува, дека Бугарите треба да здобијат своја самостојна црква; да се учат на

 

20

 

 

роден јазик и да ја возстановат својата велика држава. Познавајќи лукавостта на Срби и Грци тој предупредува:

 

Ти Болгарино не се мами. знај својот род и се учи на својот јазик".

 

 

МАРКО ТЕОДОРОВИЧ ВЕЗОВ Е ПРАДЕДО НА ПОЕТОТ НИКОЛА ВАПЦАРОВ.

 

Во 1792 година тој издава во Виена свој „Буквар'', каде одбележува:

 

,Г. МАРКА ТЕОДОРОВИЧА

Булгара родомъ изъ Разлога"

 

 

21

 

 

ЙОАКИМ КРЧОВСКИ.

 

Од село Осломеј, Кичевско. Народен будител. Автор на четири книги, напишани на „прост язик Болгарски”.. Роден околу 1750 година, а умира во 1820. Целиот си живот го посветува на просветата. Во историјата останува, како човек кој работел на еден книжовен јазик, кој да е разбирлив за обичното население.

 

Книгите му се печатани меѓу 1814 и 1819 година.

 

1814 година: „Повест ради страшнаго и Втораго пришествия Христова, собраная от различних светих писаниях и преведена на простейший язик Болгарски ползваниа ради простейших человеков и некнижних“.

 

1817 година: „МИТАРСТВА". Уште во заглавната страница големиот просветител ги посочува македонските градови кои го подпомогнале издавањето на книгата: „Кратово, Крира Паланка Сечишта, Штип и прочих градов Болгарских“.

 

1817 година: „Чудеса пресватив Богородици преведена от Арматолон Сотирия на Болгарски язик“.

 

Фотографија од „Повест ради страшнаго и Втораго пришествия Христова" од Јоаким Крчовски.

 

22

 

 

„МАКЕДОНСКИОТ ПРЕРОДБЕНИК” КИРИЛ ПЕЙЧИНОВ

 

Роден во седо Теарце при град Тетово. Виден просветител и духовен водач. Неговите книги се едни од првите напишани на простонароден јазик. Делото и книгите му добиваат одзвук по целата Бугарска земја. Во 1816 година ја издава својата книга „ОГЛЕДАЛО“ каде изрично одбележува за каков го смета јазикот на кој е напишана „... препростешим и не книжним язиком Болгарским долния Миссий“.

 

Во 1840 година Кирил Пејчинов печати во Солун друга своја книга: „Оутешение грешнимъ". Во предговорот од печатарот архимандрит Теодоси од град Дојран читаме:

 

... „Оутешение грешним: прикаде го со толкуване на препрости язик Български долния Мисий Скопский и Тетовский..."

 

И „македонскиот преродбеник“ К. Пејчинов и „македонскиот печатар” ја нарекуват Македонија Долна Мизија /Горна Мизија е денешна Бугарија/.

 

23

 

 

Фотографија од „Огледало" на Кирил Пејчинович

 

24

 

 

МИСЛУВАЊЕТО НА КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ЗА ТОА КАКО ДА СЕ НАРЕКУВА МАКЕДОНИЈА

 

Тоа го објаснува уште во средината на минатиот век Константин Миладинов во свое писмо до патриархот на Болгарското национално ослободително движење Георги Раковски. Ете што пише К. Миладинов:

 

... „Во мојот оглас Македонија ја нареков Западна Болгарија /како треба да се вика/ зошто во Беч Грците се розпоредуваат со нас како со овци. Тие сакаат Македонија да биде грчка земја... А тамошните повеќе од два милиона Болгари што ќе правиме со нив?...“

 

Во „Цариградски вестник" Димитар Миладинов ја изтакнува опасността од гркоманството и посочува: ...„Скоро шест осмини од Македонија населени од еднојазични Болгари се учат на елинско писмо и од Елините се нарекуваат Елини..."

 

Во 1861 година двата брата Миладинови издават зборник „Български народни песни". Во поканата за собирање на предплата Константин Миладинов пишува:

 

... Песните зафативме да ги собираме од секакви страни на Западна Болгарија, т.е. од Македонија например од Охрид, Струга,

 

25

 

 

Прилеп, Велес, Костур, Кукуш, Струмица и други места уште и од источна Болгарија"...

 

Фотографија од оргиналната книга на Миладиновци „Български народни песни".

 

26

 

 

ОХРИГАНИ САКААТ ВО 1861 ГОДИНА ДА СЕ ВОСТАНОВИ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

 

Во 1860 год. охридското население посакало да се изпрати владика, кој да одговара на новите потреби на времето и да не пречи на Бугарскиот јазик. Цариградската патриаршија им го испраќа Гркот Милетиј. Охриѓани протестираат и настојуват за возстановување на затворената во 1767 година Охридска архиепископија.

 

Достоуважени представители на Болгарскиот народ.

 

Подпишаните жители на Прва Јустинијана или на Охрид како видовме од една страна, дека при сета ни надеж општата мајка Великата Христова црква не даде никакво внимание на подадените ни едно до друго општи молби до неа сред кое топло молиме да го замени избраниот против нашите желби и молби митрополит Милетиј... А од друга страна осведочени, дека целиот наш Болгарски народ негодува по истите причини против великата Христова црква... сметавме за наша неизбежна должност согдасно со нашиот народ да Ви назначиме и да Ви признаеме сред натамошното наш општо полномоштно полновластни представители,

 

27

 

 

што од наша страна нај-топло да ја помолите Високата порта да ги послуша нашите молби и да нé избави од своеволието на грчкото духовенство, како го потврди основувањето на автокефална архиепископија на Прва Јустиниана Охридска и на цела Болгарија, која несправедливо и незаконно го присвои истото грчко духовенство...

 

    9 април 1861 година

    во прва Юстиниана или Охрид.

 

 

28

 

 

ОД „АВТОБИОГРОФИЈАТА“ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ" 1885 Г.

 

„После отидов кај Рангвис и му зајавив, дека јас сум сочинителот на „О Арматолос". Он ме прими многу ласкаво и со весел глас ја повика госпоѓата и ме препорача.

 

. . .

- Од каква сте народност?

- Болгарин.

- Не е можно Болгарин да има црни коси и црни очи.

На тоа не одговорив..."

. . .

„Во мај 1868, ако добро помнам ги поканив првенците во мојот дом.

- Сакате ли да воведеме Болгарски јазик во цркви и училишта?

- Сакаме. “

. . .

„... Во почетокот на ноември 1868 се вратив од Цариград и незабавено воведов болгарски јазик во цркви и училишта. Тоа не му се допаѓаше никако на Милетиј. Какви он интриги скова против мене, ќе покажат фактовете..."

 

29

 

 

„На скоро се приготвивме и се обгрнавме со сите затвореници...

 

- Јавно е дека вие сакате да затриете совршено две цели фамилии поради мојата ми вина, дека сум вовел во Охрид Бугарски јазик, кога сам Султанот ми дозволи дѕ предавам.

 

Гробно молчање...

 

- Остави Бугарскиот јазик, кажа кајмакаминот, и сега те ослободувам.

- По добро смрт.”

 

 

30

 

 

КАКОВ „МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИК” БЕШЕ РАЈКО ЖИНЗИФОВ

 

Рајко Жинзифов - роден 1847 година во Велес. Завършува универзитет во Москва. Ученик на Браќа Миладинови. Автор на големо книжно наследство. Доста е да се види само и едно од стихотворенијата му во кое тој брани својот роден крај.

 

Кога ќе стигнеш во моја земја

во Бугарска Македонија

ќе видиш Бугари јунаци

нестрашливи македонци...

Речи речи: „Македонци вие Бугари јунаци

докога вие во темница ќе седите црни лица?

Сите согласни станете,

Бугарски школи отворете

во цркви Бугарски читајте,

од никого не се плашите!

Рајко Жинзифов (1860 год. „Гулаб”)

 

Во својата статија „Слово за полка Игорев" Рајко Жинзифов одбележува:

 

... „Ние за Болгарски јазик го сметаме тој јазик, кој сја говорит по цела Македонија, Тракија, Болгариј, меѓу говорите на кои има многу малку разлика...

 

31

 

 

Нема Македонци, нема Тракијци, како отделни народи, а има само Славјане Болгаре. кои живеат по кажаните места, имењата на кои, може би имаат си право во географијата, а не во народносгта..."

 

Подобар одговор на тие кои служејќи на србоманството и југословенскиот комунизам се обидуват да префрлат географскиот поим врз народността едвај ли може да се даде дури и денес!

 

„... Бугарија Горнја, Долнја,

од Вардар до Дунава...

... За граници сметаме ние

река Вардар, река Дунав

 

Гора Балкан - Стара ни планина,

гора Беласица, Доспат,

ни останале од старина.

    Поемата „Гусляр во собор“ /1862/

    Автор Раико Жинзифов

 

Во резултат на Априлското востание од 1876 година Русија започнува подготовка на војна за ослободување на Бугарија. Рајко Жинзифов собира докази за „Патеводител по Македонија", кое да биде во помош на руската армија, но умира во 1877 година во Москва без да го види саканото од него Ослободување.

 

32

 

 

АПРИЛСКОТО ВЪСТАНИЕ ОД 1876 ГОДИНА

 

Во 1875 година Бугарскиот Централен Револуционерен комитет зема решение за дигање на востание во болгарските земји. Използувајќи комитетите на Внатрешната револуционерна организација изградена од Васил Левски во април 1876 година востанието започнува, и ги обфаќа Централна Бугарија /Копривштица, Панаѓуриште, Пештера, Брацигово/ и делови од Пиринско и Малешевско. Востанието е задушено со големи жестокости од турците и тоа принудува Великите сили да земат мерки за давање на слобода на Болгарите. По тоа прашање е свикана Цариградската дипломатска конференција.

 

ЦАРИГРАДСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕЛИКИТЕ СИЛИ

 

Цариградската дипломатска. конференција започнува во месец декември 1876 година. Учествуваат шестте европски Велики сили и Турција. Изработен е општ проект за давање автономија на Бугарија. Се предвидува територијата населена со Болгари да се раздели на две области: Источна со центар Трново и Западна со центар Софија „со преовладешто Бугарско население”. Сите представители на Великите сили ги примаг така оцртаните граници. Султанот го блокира решението и откажува да даде автономија за Бугарија. Тоа дава основа на

 

33

 

 

Русија да започне војна со Турција, која завршува со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор на 3 март 1878 година. Договорот ги определува границите на Бугарската држава приближно по тие определени од Цариградската конференција.

 

ИЗВАДОК ОД ПРОТОКОЛИТЕ НА ЦАРИГРАДСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕЛИКИТЕ СИЛИ ОД ДЕКЕМВРИ 1876 ДО ЈАНУАРИ 1877 Г.

 

1-во. Ќе бидат образувани од долупосочените и согласно со приложената тук карта два вилаета... Источниот вилает, кој ќе има за главен град Трново, ќе биде составен од санџаците: Русенски, Трновски, Тулчански, Врачански, Сливенски, Пловдивски /без Султанери и Ахчелеби/ и од казите: Крленска /Лозенградска/, Мустафапашавска /Свиленградска/ и Казалачанска /Елховска/. Западниот вилает, кој ќе има за главен град Софија, ќе биде составен од санџаците: Софијски. Видински. Нишки, Скопски, Битолски /без две јужни кази/, еден дел од Серски санџак /трите северни кази/ и од казите Стумица, Тиквеш, Велес и Костур.

 

БЕРЛИНСКИОТ КОНГРЕС ЈА РАСКИНА САНСТЕФАНСКА БУГАРИЈА

 

Територијата на Бугарија биде распарчена на пет части. Кнежество Бугарија ги опфаќа териториите на север од Балканот. Од Пловдивска Тракија се создаде автономна држаина област - Источна Румелија

 

34

 

 

(во 1885 година таа се обедини со Кнежеството и покрај спротивувањето на Великите сили). Србиа. за да го спречи на Соединението започна Србско-Бугарска војна, но претрпе тежок пораз и беше принудена да ја признае волата на Болгарите. Македонија и Одринска Тракија останаа после Берлинскиот конгрес во Турција. Северна Добруџа беше дадена на Романија (за компенсација на присоединетата от Русија Бесарабија, а Моравската област со град Ниш ја доби Србија.

 

Населението од Македонија и Одринска Тракија не се примири со волата на Великите сили и ја продолжи борбата за ослободување и обединување со слободната Татковина, Веднаш после Берлинскиот конгрес во Разложко и Крененско се подига масово востание против распарчувањето на Бугарските земји. Востаниците создаваат в Пирин „Привремена Болгарска влада во Македонија". Таа издава повик во кое се кажува

 

„... И така браќа настана веќе време да се покажеме себе си, дека сме народ достоен за слободата, дека во нашите жили не престанала да тече крв од Крума и Симеона. Настана време да покажеме на Европа, дека да се раздели со црнило цел еден народ не е шега ...“

 

Овој документ јасно покажува, дека целта на востанието е да се сопре поделбата на Болгарскиот народ од Великите сили.

 

35

 

 

Границите на територијата населена со Болгари според Цариградската конференција на Великите сили 1876 г.

 

36

 

 

Бугарија според Санстефанскиот мировен договор

 

37

 

 

Фотография од „Житиеописане” на митрополит Натанаил Охридски-Пловдивски

 

ПОВИК НА МИТРОПОЛИТ НАТАНАИЛ ОХРИДСКИ ДО ПЕТКО ВОЈВОДА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА БОРБАТА НА БУГАРИТЕ ОСТАНАТИ ПОД ТУРСКО /25.1.1878 г./

 

25. IX. 1878 г.

Народолубиви господин Петко Војвода!

Во Чепелар

 

Бидејќи Вашето видување е многу потребно со г-н Димитрија поп Георгиев. кој се наоѓа во Дупнишка Џумаја и е водач над тамошните по

 

38

 

 

границата народни стражари, за да си разговорите за едно многу важно прашање за во полза на сите Бугари, кои од Берлинскиот конгрес се оставија пак под турско тиранско управување. Затоа штом го добиете моето соопштение, незабавено да се упатите за таму.

 

Во спротивен случај, ако работите не Ви допуштат да отидете сам до дотаму, за тоа од Ваша страна да испратите едно верно и благоразумно лице, кое да може да го изврши Вашето за нашиот народ интересно дело.

 

Како Ве поздравувам во името на Македонските Болгари, останувам се Ваш содружник за ослободувањето на неослободените Болгари во Турско.

 

Еден народолубив македончанин /Натанаил/

 

 

ПЕТКО ВОЈВОДА /Петко Кирјаков Калојанов - 1844-1900/, Бугарски национал-револуционер, роден во с. Доганхисар, Источните Родопи. По време на Ослободителната војна дејствува во Родопите и Беломорието. Еден од основувачите на легалните Тракијски организации во Кнежеството.

 

39

 

 

ДИМИТАР ПОПГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ /1840-1907/. Роден во с. Берово, Малешевско. Бугарски национал-революционер. По време на Априлското востание 1876 година дејствува во Пијанечкиот крај. Началник е на штабот на Кресненско-Разложкото востание од 1878-1879 година против Берлинскиот конгрес. Учесник во Србско-Болгарската војна околу Соединението на Кнежеството со Румелија во 1885 година.

 

МИТРОПОЛИТ НАТАНАИЛ ОХРИДСКИ /Светско име Нешо Бојкакиев - 1820-1906/. Роден во с. Кучевишта, Скопска Црна гора. Еден од инициаторите за востановување на Охридската архиепископија. После создавувањето на Бугарската екзархија во 1870 година е првиот митрополит на Охрид. Зема дејно учество во организирањето на отпор против решенијата на Берлинскиот конгрес. Еден од организаторите на Кресненско-Разложкото востание.

 

40

 

 

ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО

 

Во 1893 година во град Солун шестима мажи основуваат ВМРО. Нејзините први идеолози беа Дамјан /Даме/ Груев и д-р Христо Татарчев. Првото име на Организацијата беше „Болгарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети" /БМОРК/. Уставот на БМОРК е создаден од Георги /Гоце/ Делчев од Кукуш и Горче Петров од Прилеп. Според Чл. 2Организацијата ќе работи за ...будење сознањето за самозаштита во Бугарското население и подготовување и подигање на сеопшто востание“. Според Чл. 3член на БМОРК може да биде секој Болгарин без разлика на полот, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува да биде со нешто полезен на револуционерното ослободително дело..."

 

Сето тоа покажува, дека Внатрешната револуционерна организација се создава единствено за самозаштита на Бугарското население, а не за да се бори за некаква си измислена од болни мозоци македонска нација.

 

Ете како ја објаснува целта на борбата Гоце Делчев во 1901 година:

 

...Треба да се борим за автономијата на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина".

 

41

 

 

Фотографија на првиот устав на ВМРО, напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров

 

42

 

 

КАКВА Е ЦЕЛТА НА ВМРО

 

Во своите спомени Иван Хаџиниколов, еден од основачите на Организацијата објаснува како се е случило нејзиното основување.

 

Од 1888 год. српската пропагендв во Македонија ја засили својата дејност и почна да ја напаѓа дури Солунската гимназија... Знаејки, дека во Македонија нема Срби, таа дејност на српските агенти многу ме вознемирувеше. И во барањето на средство за противодејствие на таа пропаганда дојдов до заклучок, дека само една тајна револуционерна организација ќе може да пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија и таа ќе е најсигурната подкрепа за запазување на Бугарштината во Македонија.

 

За целта на Организацијата Хаџиниколов пишува:

 

Ние сакаме да ја запазиме Македонија во нејзините географски граници, кое може да се осуштествува преку саканата од нас автономија. Така ослободена, Македонија ќе представува една втора Бугарија, макар и неприсоединета кон мајката татковина. После извојувањето на автономијата на Македонија може да се дејствува и да се дојде до федерирањето и со Бугарија во прво време..."

 

43

 

 

Основачите го избираат д-р Христо Татарчев од гр. Ресен за прв претседател, а Даме Груев за секретар. Ете како Татарчев го опишува создавењето и целта на Организацијата во своите спомени страница од кои даваме тука во фотографија од оригиналот.

 

Фотографија на страница од „Првиот Централен Комитет на ВМРО"

Спомени на д-р Христо Татарчев.

 

44

 

 

ВРВ ВО БОРБАТА НА ВМРО СТАНА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ОД 1903 ГОДИНА

 

Сите туѓи представители, новинари, дипломати, како и самите турски власти никаде не говораат за востание спроведено од некаква си „македонска нација". Пишуваат и говораат само за бугарско востание, македонски Бугари и бунтовници. Но најдобро покажуваат, зошто и кој го дига востанието, документите на ВМРО. Ете што пишува во писмо до бугарското правителство Главниот штаб на востанието начело на кој е основувачот на ВМРО Даме Груев:

 

Пред вид на критичната и ужасна положба, во која испадна Бугарското население од Битолскиот вилает после извршените опустшувања и жестокости од турските војски и башибозук ...пред вид на тоа, дека тук сето Болгарско ризикува да загине и се затрие без спомен од насилија, глад и настапуваштата мизерија, Главниот штаб смета за свој долг да обрне внимание на почитуваното Болгарско правителство врз гибелните последици за Болгарската нација, ако тоа не го исполни својот долг спрема своите единородни браќа тука по еден внушителен начин,

 

45

 

 

кое се наложува по силата на опасноста, која загрозува општобугарската татковина денес... Ни едно Болгарско училиште не е отворено, ниту ќе се отвори... Никој не мисли за наука, кога е поставен надвор од законите на земјата зошто го носи името Болгарин... Поставени начело на народното ни движење тука ние апелираме кон Вас од името на роба Болгарин да му се притекате на помош...

 

Фотографија од писмото на Главниот штаб до Бугарското правителство.

 

46

 

 

СОЛУНСКИОТ АТЕНТАТОР

 

Павел Шатев е роден во Кратово во 1882 година. Учи во Скопје и во Солунската гимназија. Како еден од „гемиџиите" участвува во Солунските атентати во април 1903 година. Приврзеник на т.н. „левица" во македонското ослободитено движење. После создавањето на Југословенска Република Македонија Павел Шатев за известно време е министер на правосудието. Соборен од тоа место со обвинение, дека води „пробугарска“ дејност. Умира под домашен притвор во Битола во 1950 година.

 

Ете како ги опишува резултатите од Илинденското востание Павел Шатев во својата книга „Македонското национално ослободително движење"

 

„... Од 20 јули до месец ноември 1903 година станале 240 судрувања меѓу 26 500 востаници и 351 000 турска војска. Убиении се и ранети 1000 востаници и 5330 турски војници. Изгорени се 12 450 куќи на Бугари во Македонија и Одринско. Убиени и заклани се од турците 4700 невинни луѓе. Силувани се 3122 жени и моми. Запленети и одвлечени во Турција 72 жени и девојки. Уапсени се 4000 Бугари, од кои 1000 се осудени на строг темничен затвор..."

 

47

 

 

Фотографија од спомените на Павел Шатев за заточението му во Сахара-Фезан

 

48

 

 

Од статијата на Војдан Чернодрински за Илинденското востание

 

49

 

 

ВМОРО ВО ВРЕМЕ НА ХУРИЕТОТ

 

Кога после Хуриетот во 1908 година ВМРО се легализира противоречијата во Организацијата /особено после смртта на Даме Груев во 1906 година/ се изоструваат. Десните начело со Централниот комитет на ВМОРО создават Сојуз на Болгарските конституционни клубови, а левицата предимно дејците од Серски округ начело со Јане Сандански формираат Болгарска народна федаративна партија /покасно Народна федеративна партия - Болгарска секција/.

 

Уште во уставот на Болгарските конституционни клубови се фиксира нивната цел:

 

Болгарскиот конституционен клуб има за цел:

а/ да даде граѓанско и политичко воспитание на Бугарскиот народ...

б/ да ја пази и развива Бугарската народна култура."

 

Вестникот „Народна волја“ е орган на санданистите. Ете како се објаснети неговите цели во број 1 од 17. I. 1909 год.

 

Како орган на БНФП „Народна волја" застанува врз почвата на интересите главно на оној дел од Бугарското население, кое го составува огромното негово мнозинство и нај-главниот елемент

 

50

 

 

на оваа партија - лишените од државни грижи мали сопственици, безимотните и малоимотните чифлигари, мали стопани, занаетчии, трговци. Тие слоеви се чиито интереси се интересите на Бугарската националност во Империјата..."

 

ВОЈВОДАТА ЈАНЕ САНДАНСКИ

 

Јане Сандански има многу заслуги, но и многу гревови. Најголемата вина му е, дека го наредува убиството на членовите на ЦК на ВМРО Иван Гарванов и Борис Сарафов и со тоа го сложи почетокот на братоубиствата во Организацијата. Воден од своите големи амбиции тој влегува во конфликт со мнозинството од ВМРО. Да се тврди се пак дека Јане Сандански не се чуствува Болгарин е полна глупост. Ете како го објаснува Јане Сандански својот идеал за слободна Македонија во интервју со представител на италианскиот вестник „Секуло" во Тирана, по повод окупацијата во 1912 год. на Вардарска и Егејска Македонија од Србија и Грција:

 

Македонските револуционери, кои после долга и жестока борба со турската тиранија доживеја да ја видат својата мечта - извојување на слобода на Татковината, не можат да допуштат таа одново да попадне под српско и грчко владеење. Нема да се сопрат и пред нај-страшните терористички средства,

 

51

 

 

за да ја реализираат сакровенате си мечта - слободна Бугарска Македонија".

 

Фотографија од „Правилник на Народна федаративна партија (Бугарска секција). Основана од Јане Сандански после Хуриетот.

 

52

 

 

КАКОВ БЕШЕ ПЕРЕ ТОШЕВ

 

Роден во 1865 година во град Прилеп. Учесник во Српско-Бугарската војна. Во 1892-1893 година е учител заедно со Даме Груев. Заточен во Мала Азија во 1901. Водач на чета во Илинденското востание во Мариовско. Убиен во 1912 година од душмански куршум.

 

Ваше Блаженство,

 

Подпишаниот, по род Болгарин од град Прилеп, бивш долгогодишен учител и инспектор во Македонија, во Прилеп, Скопје, Битола и Солун, разделен од оваа должност преди неколку години поради апсањето ми...и т. н.

 

Ваше духовно чедо:

Петар Тошев”

 

 

53

 

 

КОЈ ГО ИЗМИСЛУВА МАКЕДОНИЗМОТ?

 ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА СТОЯН НОВАКОВИЌ ДО МИНИСТЕРОТ НА ПРОСВЕТАТА НА КРАЛСТВО СРБИЈА

БЕЛГРАД 1887 Г..

 

„... Бидејки Бугарштината, како на сите им е добре познато, има длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако и се противопостави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеа ќе може да ја потисне Бугарската, ако остане само како чисто и голо противопоставење. Затоа голема полза би имале од свој сојузник, остро противопоставен на Бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои да го привлечат народот и кои да бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го одцепат от Бугарштината. Каков таков сојузник јас го гледам „Македонизмот..."

 

(Кл. Џамбазовски, „Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век." Скопје, 1960 г. стр. 178)

 

54

 

 

КРСТЕ МИСИРКОВ ЗА НАРОДНОСТТА НА КРАЛИ МАРКО

 

Крсте Мисирков е роден во 1874 година во с. Постол, Ениџевардарско. Завршува образование како српски степендиант во Белград при професор Стојан Новаковиќ. Добро познато е дека Мисирков е првиот кој ги излага идеите на Новаковиќ „за култивирање на македонизам“ кај Болгарите во Македонија во својата книшка „За Македонцките работи".

 

Но што кријат за Мисирков нашите историчари:

 

            1. Мисирков јавно се откажува од пишувањата во својата книшка објаснувајки, дека „истапил како импровизиран политичар по македонското прашање".

 

            2. До крајот на својот живот Мисирков напишува множество научни трудови, каде го брани бескомпромисно Бугарскиот карактер на славјанското население во Македонија.

 

            3. Секој кој е прочитал „За Македонцките работи" знае, дека и во неа Мисирков пишува, дека целото славјанско население на Македонија, само се нарекува и се чуствува, како дел од Бугарската нација.

 

Есенцијата на идеите на Мисирков до крај на животот му е собрана во една негова статија во вестник „20 јули" издаван од Илинденската организација во Софија.

 

55

 

 

Се нарекувдме ли ние Болгари или Македонци, ние секогаш се сознаваме како оделна, единна, совршенно одлична од Србите и со Бугарско национално сознание народност.“

 

Фотографија од статија на Крсте Мисирков „Белешки кон јужно-славјанската филологија и историја" Списание „Македоно-Одрински преглед“ 24 јуни 1907 год. стр. 10-11.

 

56

 

 

ЦИТАТИ ОД СТАТИИ НА КРСТЕ МИСИРКОВ

 

Читателите на таа статија ќе бидат веројатно изненадени од грамадното противоречие, кое ќе сретнат во неа за разлика со оноа, кое го прочитале или можат да прочитат во мојата брошура „За македонцките работи". За одгатнување на тоа противоречие доста е да се припомни, дека јас таму истапив, како импровизиран политичар по македонското прашање... Сета содржина на брошурата стоеше толку далеку од безпристрастната наука..." и т. н.

 

Списание „Болгарска сбирка“ 1910-1911 г.

 

... Идејата за оделен македонски народ е една итро скроена лаѓа, за да имаат србите право барем на дел од Македонија".

 

... Србија ги владее земјата и телата на Македонците; душите им пак са во Болгарија и со Болгарија, за да бидеме добри славјани треба да бидеме добри Болгари..."

 

Кој е против Велика Болгарија тој е против славјанството... “

 

3 јануари. 1915 год.

 

„.. Зошто Србите сакаат Македонија? Какво српско има во таа чисто болгарска страна. која си остава таква од 6-ти век и до денешен ден, и покрај превратностите на историјската судба"

 

Весник „Мир“ од 8 март 1919 год.

 

57

 

 

НАЈ-МНОГУБРОЈНАТА НАРОДНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ДИМО ХАЏИДИМОВ.

„НАЗАД КОН АВТОНОМИЈАТА“ 1919 год., стр. 26.

 

Оваа идеа се пак си остана само идеја Бугарска, додека нај-после исчезна и како бугарска. Ниту Грците, ниту Турците, ниту друга некоја националност во Македонија го прифатија тој лозунг. Нешто повеќе се објавија против него, против автономната идеаја... Зошто автономната идеја кај Болгарите доби по-широк полет напредно со создавањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, која беше болгарска по состав, се пројави како организација доволно решителна и со силна боева моќ и сила на спротивставување. Водството на македонските Грци не можеше да се нареди под знамето на една таква организација, која во никој случај не би станала орудие на елинизмот како национален идеал... Во лицето на Болгарија грчкото кралство и неговите агенти во Македонија гледаа еден фактор по-силен и со по-голем воен престиж, а тоа наложуваше едно негативно однесување кон внатрешното бугарско движење... Без сомнение, штом како македонските Грци нај-многубројната после Болгарите националност, земаа таков став спрема автономната идеја, таа последната не можеше да смета на успех..."

 

58

 

 

„... Србите макар и подпомагани од чети на Внатрешната револуционерна организација, не можеа да не забележаат, дека населението чак до западните граници, како Бугарско, ги очекувало Бугарските ослободителни војски. “

 

 

ОД КНИГАТА НА КИРИЛ ПРЛИЧЕВ „Србскиот режим и револуционерната борба во Македонија /1912-1915/“.

 

Кирил Прличев /1875-1944/. Син на Григор Прличев. Роден во град Охрид. Во 1896 година зема учество на конгресот на ВМРО во Солун. Учесник во четата на Хр. Чернопеев во Илинденското востание.

 

После Хуриетот во 1908 година еден од создавачите на легалниот Сојуз на Болгарските конституционни клубови во Турција.

 

Задграничен претставител на ВМРО после Првата светска војна. При расцепувањето на ВМРО во 1928 година е приврзеник на Александар Протогеров /исто од Охрид/.

 

После востановувањето на болгарска власт во Македонија во 1941 година се враќа во Охрид и е директор на Музеј на старините. Автор на книги.

 

59

 

 

Фотографија од книгата на Кирил Прличев која дава сведоштва за Охридското востание против србите во 1913 година и востановување на болгарската власт во градот.

 

60

 

 

1941 ГОДИНА ЖИВИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ПРАЗНУВААТ ВО СЛОБОДНА БИТОЛА.

 

Напред вдесно е членот на Главниот штаб на востанието Анастас Лозанчев. Роден во Битола во 1870 година. Еден од првите дејци на ВМОРО во Битола. Член на Битолскиот окружен комитет. На Смилевскиот конгрес е избран за член на Главниот штаб на востанието заедно со Даме Груев и Борис Сарафов. После востанието живее во Софија до 1908 година кога се враќа во Битола. При српска окупација во 1912 е принуден одново да се врати во Бугарија. Во 1941 заедно со другите живи илинденци активно учествува во востановување на болгарско управување; во Вардарска Македонија. Умира во София во 1945 година.

 

 

61

 

 

ИНТЕРВЈУ НА ИВАН /ВАНЧО/ МИХАЈЛОВ, ВОДАЧОТ НА ВМРО ПОСЛЕ 1924 Г.

РАЗГОВОРОТ Е ПРОВЕДЕН СО КОРЕСПОНДЕНТ НА В. „ХРВАТСКАа ВО 1970 Г.

 

ПРАШАЊЕ: Во што се состои, по-точно во што може да се види некаква разлика измеѓу кралскиот и комунистичкиот режим во Македонија?

 

ОДГОВОР: Кралскиот режим започна веднаш со посрбувањето. А сегашниот режим ја усвои препораката на српскиот политичар Стојан Новаковиќ, која тој кон крај на минатиот век ја даваше на белградските одговорни фактори. Против Бугарштината, која ја признаваше Новаковиќ дека има длабок корен во Македонија, мајсторски треба да се противопостави „македонството", т.е. треба да се използува географското име на земјата.

 

Титовци започнаа со физички напади врз бугарската интелигенција и сите влијателни Бугари. Истовремено започнаа и систематска пропаганда, дека Македонците се оделна народност, а не Болгари. Оваа демагагија со географското име достигна огромни размери.

 

Верно е, дека ние покрај нашето бугарско име сме се нарекували и македонци, но само во онаа смисла како далматинците Хрвати се нарекуваат себе си далматинци, или херцеговците Хрвати - се нарекуваат и херцеговци. Во Македонија Турците, Грците и Ароманите исто се означуваат и како Македонци.

 

62

 

 

Секој малку пописмен човек знае, дека во скоро сите европски земји има области со различни географски имиња, а суштествуваат и племенски имиња. При Болгарите имаме географски имиња: Добруџа, Тракија и Македонија; но и денес се среќаваат уште племенски имиња: рупци, торлаци, брсјаци, мијаци, шопи.

 

Ако новите скопски жупани, поради омраза против Болгарштината, сакаат под маската на географското име да прогласуват „Македонска народност", логично е да ги запрашаме: зошто не ги прогласуваат во својата жупанија како оделна народност Брсјаците, така како населението околу градовите Кичево и Крушево е позното под истото име?

 

Во Италија и Германија би следувало, врз основа на географски и стари племенски имиња, да бидат прогласени барем десетина нови „народности". Но никој не тргнува по таков погрешен пат, освен зеслепените шовинисти од категоријата на Новаковиќ, или оформилите се во негов дух ренегати, каквито се денешните комунисти во Македонија под југословенска власт.

 

Кажав, дека имендта Македонија и Далмација се стари, како е старо името Галија (денешна Франција). Но не суштествуваат народности македонска, далматинска или галска".

 

Иван Михајлов 1970

 

63

 

 

Македониа, чудна страна,

нема да бидит гръчка она!

Шума и гора, и планина,

самий камен на таз страна,

птица и риба во Вардар река,

живо и мртво на свои крака

ке станат и ке дадат ответ

на цела Европа, на цел свет:

Я Българка сум, Българин сум в,

Българе живеят во тая страна!

 

[Back to Index]