Кръстьо (Кръсте) Петковъ Мисирковъ (без коментар)

I част.  "За македонцките работи" (1903 г.) 


"Ниiе се велефме бугари"
К. П. Мисирков


1.  Ниiе се велефме бугари

Ниiе се велефме бугари. Со тоа, од iедна страна, сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого сите да се згрупираме, без да бараме за таiа цел'а некоi друг, а можит и сосим нов, од друга, ниiе мислефме, оти вистина во соiединеiн'ето со бугарите iет нашата сила.


2.  Бугарите во Македониiа

Комитетот можит да се пофалит и со по-умерени раководци, но тиiе мислеа, оти спасеiн'ето на Македониiа iет само во дуовното iединеiн'е па и господствуаiн'е на бугарите во Македониiа.


3.  Македонцките словени, шчо се викаат бугари

Во него (востаiн'ето) имат раководна рол'а само македонцките словени, шчо се викаат бугари.


4. Така се викаше голем дел од населеiн'ето

От самиiо зафаток на револ'уционата организацiа македонците во Бугарiа или со бугарцко образуаiн'е, работеа под маската бугари, за тоа, шчо така се викаше голем дел од населеiн'ето.


5.Сите велеа, оти Македонците сет бугари

До 1878 г. сите, па и руското правителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкiо догоор истапiа со своите претенциiи на Македониiа србите. Праи ли сет они, или не, не iет важно за дипломатите. Србите во течеiн'е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеiцкото обшчествено мненiн'е убедеiн'е, оти во Македониiа имат и срби.


6. Ако (Илинденцкото) востааiн'е восторжествуат

Ако востааiн'ето восторжествуат, не iет ли iасно, оти за него ке имат да се благодарит на бугарите и за тоа тамо, каде сега србите конкурираат со своiите пари и своiата пропаганда, со бугарцките пари и пропаганда ке изгубат секоiе влиiаiн'е на своiите клиенти? Зар не му мисл'ат србите, оти со успеот на востааiн'ето, ако се питат: на коi iазик ке требит да зборуат судиiата, да речиме, во Тетоо? - автономното праителство, коiе ке бидит од "бол'шинството", ке одговорит - па бугарцкиiо; истото ке одгоорат и местните жители, зашчо во нивните очи, бугарите, а не србите, излезоа герои. Исто така во полза на бугарите, ке се решит и прашаiн'ето за iазикот во градцките и селцките околиiи. А по шчо во автономна Македониiа ке немат место за пропагандите, то србите ке требит да отстапат местото на бугарите.


7.  Комитетот на (Илинденцкото) востаiн'е беше бугарцки

Тоа комитет во сашност македонцки, за надворешчниiо свет и за рисiаните во Македониiа не екзархисти, беше комитет бугарцки.

Комитето, не можа да докажит ни на надворешнiо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не iет бугарцки.


8.  Бугарцкиiот iазик и бугарцкото име

(Комитетите) сет готои да дадат на Европа секакви гарантиiи, Македониiа да не се соiединит со Бугариiа, но они никоi пат не ке склонат да се упразднит во Македониiа бугарцкиiот iазик и бугарцкото име.


9.  Соiединеiн'ето мег'у турцки и бугарцки бугари во Македониiа

Ние требаше да знаеме, оти против нашето востаiн'е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србиiа, и Грциiа. Кара-Влашко не можит равнодушно да гледат на усилеiн'ето на Бугариiа со даван'ето на Македониiа автономна управиiа. На автономиiата се гледат, како на преодна степен кон соiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Кара-Влашко не можит да допушчит на неiните граници создааiн'ето на iедна голема Бугариiа, коiа, можит после ке барат од неiа Добруджа! По тиiа политични сообразуаiн'а, и да имат во Македониiа чисто бугарцко и само бугарцко населеiн'е, она не ке допушчит соiединеiн'ето мег'у турцки и бугарцки бугари.


10.  Србиiа против автономна Македониiа

Автономна Македониiа, како пат, по коi шчо ке се доiдит до соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа, Србиiа никоi пат не ке допушчит. Уголемуаiн'ето на Бугариiа от присоiединуаiн'ето на Македониiа не можит да бидит допушчено от Србиiа не само за то, шчо со тоа ке се нарушит рамновесiето на Балканцкиiот полуостров, а наi много за то, шчо по негоото извршуаiн'е Србиiа ке се наiдит мег'у две по силни од неiа држави: Австро-Унгариiа и Бугариiа: она ке бидит од ниф политично и економцки задушена, и ке требит да се подчинит, или на iедната, или на другата.


11. Друзи не разделиiа, друзи и не ни даваат да се соiединиме

Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа iет, да ниiе не сега се оддел'уаме од Бугариiа, и со тоа раздробуаме iедно создадено цело, но сме одделени и живееме веке одделно поеке од 25 години. Друзи не разделиiа и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положаi. Друзи и не ни даваат да се соiединиме.

[Previous] [Next]
[Back to Index]