Македонска мисъл

кн. 5-6, год. 1, 1946

 

8. ЗА ИЗГРАДВЕЈНЕТО НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА  [1]

 

Методи Кецкаров

 

 

Денешната голема световна борба, мегју решението на големи световни проблеми ни носит и историко-политичката разврска на македонскиот вопрос Македонија добива политичка независност, кое ке дајт возможност на народот за еден свестранен напредок. Во овај важен момент, ние требит та си дајме лесна и јасна сметка за то што сме дале до сега и за то што можиме да дајме натака во полето на материјалната и духовна култура. Ние ке требит да се запознајме со онај комплекс от елементи от кои е била изградвена и от кои ке требит да бидит градена нашата народна физиономија.

 

Како секој народ, така и нашиот имат нешчо първично, оригинално и неповторимо, кое го отличвит от другите народи и кое ке требит да послужит како основа во неговото изградвејне.

 

Ако сакаме да се оформите со наша самобитна, родна, материална и духовна култура ние требит да се вслушаме во повелите на народната душа, која секога ни кажвит нај-правиот пат за нашиот напредок.

 

Со добивајнето на политичка независимост, ние ке зафатиме и еден самостојателен културен живот. Над камејната што биле кладени през векојте во темелите на нашата зграда, ние ке требит да приклайваме нови камејна. Секој камен требит да бидит изваден от суровата народна целина, ако сакаме нашата култура да бидит органически единна. Изнајждвејнето и приготвејнето на градивниот материјал е многу тешка работа. Ке се случит некога, барајки материјали за зградата, да не можиме воеднуж да ги најдиме во народниот рудник, ама то не требит никога де не отчајват, а напротив со уште по големо желание да се впуштиме во барајне дури да ги најдиме. Во народната целина имат све що е потребно, за да се кренит нејзината културна зграда. Ако случајно некој материјал, што сакаме да го клајме, не се најждвит, то значит оти тој не требит да бидит употребен. Ако некога строителот се измамит да земит материјали от некоја чужда народна целина, нека бидит сигурен оти тие ке му расипет и здравината и хармонијата на зградата. Таков строител би напрајл нај-голем грех за правилното изградвејне на националната култура. Култура која е напраена от парчина, земена от разни народи, останвит

 

 

1. Сказка, четена в Охрид.

 

 

231

 

чужда на народната душа, неможит да бидит подхранвена от народните природни и полни со животни секој сили и е осудена на погинвејне, на смрът. Ако таква култура најдит патишта, да проникнит сред народот, та ке го трует. Со такво разбирајне требит да живет творците на духовни ценности, во нашата млада държава. Народ без своја самобитна култура, неможит да дајт ништо на човечеството. Ево зашто, тие што вервет оту историскиот пат на секој народ, не е случајно соштествуване, а е сознателна подготовка за идното чоечество, требит нај-много да работет за културната самобитност на својот народ. Братството мегју народите имат за цел да го изкоренит егоизмот, но не и творческите особености на отделните народи. Во мегјународната задруга, секој член ке дајт нај-убајте дарој на својата материјална и духовна природа. А за то е потребна творческа работа.

 

Македонските творци не требит да се отчајвет кога гледат колку другите народи се напред, а нивниот назад во културно отношение. Такво отчајвејне можит да ги натерат да вземат чужди готови форми, за да скърпат што по бъргу своја култура подобна на по напредналите народи. Таква култура ке бидит само една илузиа за нас и една карикатура за тие, што гледат отстрани.

 

Да се пазиме от културно обезличвејне, зашто потем него идат отслабвејне на националното сознание и политичка смърт на народот.

 

Творци на македонската славјанска култура, вие носите голема историјска отговорност, от вас зависит да бидит или да не бидит Македонија!

 

От казанато до тука, јас не сакам да речам оти ние ке требит да останиме чужди, да не се интересуваме от културите на другите народи, напротив, ние ке требит со голема сериозност да ги изучаваме и то не само со цел да ги познаваме, а со главната задача да схватиме патот на нивното развитие. От културите на по напредналите народи, ние ке се учиме како се градит култура, за да можиме со нашите народни духовни возможности да изградиме своја култура.

 

Еден архитект, кој можит да напрајт план за една кукја и му е познато строителното пскуство, можит да кренит кукја сегде, но на секое место кукјата ке бидит различна, во зависимост от структурата на земјата, от градивниот материјал кој се најждвит во местото, от климатот, економските условија, битот и пр. Така исто и македонецот, за изградвејнето на својата народна култура, можит да заемат от по напредналите народи методи, но самото градиво требит да си бидит негово, а планот съобразен со неговите традициј, возможности, нужди и идејали.

 

Можит некој кој што имат лјубов кон пишејне художествени творби, да изнашол многу убав сјужет и интересно градиво за една драма, например, но ако не знајт како се пишит драма и на какви условија требит да отговорјат една творба от овај вид, усилијата му ке бидат безплодни, дури и ако имат некаков дар. Исто така македонецот ке требит да вникнит во конструктивната тајна на напредналите култури, за да конструира своја култура со сите потребни елементи и то по едно хармонично саотношение мегју ними.

 

Изучвајки чуждите култури ние ке ги издигниме нашиот вкус и нашите разбираниа на една по-голема висина, заедно со кое ке придобиеме една просветена критичност и мерка за оценјавајне. После начините, методите, принципите, кои ке ги научиме от чуждите култури идет мерката. Кога ке оценјаваме нашите постиженја от културното поле, ние ке требит да си служиме со мегјународната културна мерка и да се пазиме многу от относителни преценки. Така например, една песма, расказ, роман, драма, картина, скулптура, архитектура и пр. дело на наш човек, не требит да го сметаме за убо, само зашто е направено от наш чоек и зашто до сега кај нас по убо не е напраено.

 

 

232

 

Воружени со опитот на го напредналите народи, ние македонските славјани ке можиме во кратко време да се снајдиме со нафрлјавите во нас духовни богатства, да ги прецениме правилно, да ги пречистиме от непотребното и да се зафатиме сериозно за нивното длбоко смислено обогатвејне. Јас мислјам оту вака требит да бидат исползувани интелектуалните сили на еден млад народ.

 

А културниот кружок во Охрид, требит да си клајт за задача да изнајдат сите културни ценности во округот и градит нови такви во народен дух, като се поучват секогаш от оние народи, што веке го имат поминато нашиот пат. А за да ги најдет и разберет богатствата на својот народ, членојте на кружокот требит да се откажет от своите салонски разговори и да одет по селата, каде ги чекат еден богат суров материјал за изучвејне и обработвејне. После, секој еден от нас ке можит да зборвит во средината на кружокот не сухи теориј и платонични пожеланија, а живи вистински факти и нужди от животот.

 

Сега ние требит да се фатиме за работа:

1. Да собериме народното творчество през векојте изразено во песми, приказми, резби, везби, хора, народни мадрости, поговорки, пословици и практически опитности на народот во нашиот окръг во полината на материјалната и духовната култура.

 

2. Да собериме во нашата библиотека творбите на даровити лјуди от нашиот крај от миналото и денеска.

 

3. Све ова да го систематизираме, изучиме и поднесиме во духовиот центр на Македонија, како принос за целостното изградвејне на македонската култура.

 

4. Проникнати глобоко от всичко родно и залјубени во него, то да станит наша крв и плт, та све що мислиме, све що прајме да носит печатот на земјата и народот от кој и ние сме една прашинка.

 

Само со такво сознание и къртовска работа, во XX век, ние ке можиме да се затвърдиме како нација со своја национална физиономија, да живим свој личен живот и да можиме да учвствуваме во концертот на југословенското братство и мегјународното општество.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]