За прашањето на Балканската Федерација

 

Моша С. Пијаде

 

Култура, Скопје 1949

 

 

Сканове в .pdf формат (1.9 Мб) от Digital Library SU 'St.Kliment Ohridski'

 

I

 

Еден од знатните резултати од Втората светската војна беа темелните промени на Балканското полуострво и промените во односите меѓу балканските држави. Уште во текот на војната Југославија стана држава од нов тип, народно-демократска држава, и тоа како федерација на пет југословенски народи во шест рамноправни државни единици. Албанија, потпрена на помошта од Југославија, се развиваше во истиот правец. Црвената армија им донесе ослободување на Румунија и Бугарија и ја овозможи победата на демократските елементи во тие земји, а примерот на новото политичко и општествено уредување на Југославија им помогна се организирааг како народно демократски држави. Така балканските земји, со исклучок на Грција, чиј што случај е посебен, се најдоа господари на сопиствената судбина, откинати од империјалистичкиот систем, обезбедни од онаквиот притисок од Запад кој што порано

 

3

 

 

ги правеше монета за поткусуривање во сметките на големите империјалистички сили. Престана можноста, империјалистите да ги буткаат балканските држави една против друга, како што тоа порано успеваа благодарејќи на распалувањето на амбициите на балканските монарси и услужното предавство на народните интереси од страна на владеачките балкански буржоазии.

 

Беа создадени сите услови за најтесна братска соработка на балканските држави и за присно пријателство на нивните народи, отворено е широко поле за напорите за нивниот заеднички економски, културен и општествен напредок. Тешките искуства од минатого кога балканските народи поради својата поцепаност и ненародните режими кои што беа слепо орудие на разни империјалисти, беа буткани во мегународни судари за сметка на империјалистите а на пропаст на балканските народи, придонесоа да се создадат, после победата на демократските сили, сите услови за тесно зближуење на балканските народи.

 

За среќа на сите нив тие и тргнаа по тој пат. Народите на Балканот можеа најпосле мирно и со сигурност да гледаат во својата иднина свесни дека нивната судбина најпосле е во нивните сопствени раце. Зближувањето меѓу нив одеше едноставно и природно. Нивната се' потесна соработка

 

4

 

 

и заемно помагање беа потреба за сите нив, потреба која што на најприроден начин извираше од самата социјалистичка суштина на народната демократија. Таа блискост и тесна соработка беа тука и без оглед на тоа да ли меѓу балканските дрзкива беа или уште не беа напишани разни договори и спогодби, без оглед на тоа што никој не ја спомињаше федерацијата на балканските социјалистички републики, крја што уште од Првава светска војна беше во програмот на балканските социјал-демократски партии. Самата стварност го надополнуваше и надминуваше она што некогаш се очекувало од таквата федераиија, замислена како најдобра одбрана на независноста на балканските народи од империјалистичките ајкули. А доколку се создаваа и договори тие само ги потврдуваа односите кои што ги донесе самиот живот и развиток.

 

Тогаш дојде потез кој што сето тоа го преврте. Дојде една лоша Ревзолуција составена од лаги и клевети против Југославија и од наопако применети цитати од класиците на марксизмот-ленинизмот и ситуацијата преку ноќ се измени. Таа хартија лесно без пот и бргу постигна во расипувањето на односите меѓу балканските држави резултати какви што некогаш подмуклите дипломатии на империјалистичките сили постигнуваа дури после години напорни интриги. Југославија,

 

5

 

 

средиштето на народноослободителната борба и на народната револуција на Балканот во време на војната, чиј што социјалистички карактер не можеа да го уочат само мозоци во кои што теоријата на марксизмот — ленинизмот се стврднала во мртва догма, а после војната земја која што се својот социјалистички развиток и со своето решавање на националното прашање ги создаде главните услови за братско зближување на сите соседни народно-демократски држави, стана преку ноќ по команда на една Резолуција предмет на непријателски напади и постапки од страна на соседите кои што ден порано гледаа во неа свој најверен пријател. Се', се' наеднаш се заборави, та и свечените веќавања дека заслугите на Југославија никогаш нема да се заборават. Почна да кружи во самото срце невистината, клеветничка и глупава приказна за тоа како Југославија има непријателски став спрема Советскиот Сојуз и другите земји со народна демократија. За да се прикријат вистинските причини поради кои што е донесено решението да се измени ставот спрема Југославија изнесени се еден ден претпоставки за возможност дека Југославија ќе тргне по патот на непријателство спрема Советскиот Сојуз и другите народни демократии, и дека ќе им се предаде или продаде на империјалистите, па врз основа на претпоставувањето на такви "можности",

 

6

 

 

завземен е јавно спрема неа од темел изменет став кој што за овие осум месеци од фамозната Резолуција доволно го откри својот карактер, кој што нема врска ни со социјализмог ни со било какво пријателство.

 

Напразно Ленин учеше, дека "марксизмот стои на подлогата на факти а не на подлогата на „можности", дека марксизмот мора во премисите на својата политика да внесува само точни и неоспорно докажани факти (подцртаното е на Ленина). Се заборавило што пишувал Ленин (во едно писмо до Кикнадзе):

 

„Вие го бркате можното ... со реалното кога мислите дека признавањето на можностите дозволува да се измени тактиката. Тоа е врв на нелогичноста. Јас признавам дека е можно социјал-демократ да се преправи во буржуј и обратно ... Можни се секакви преправања, дури и на глупак во умен човек... но такво преправање ретко е вистинско. А заради единствеиата "можност" за преправање од ваков вид јас нема да престанам глупакот да го сметам за глупак".

 

(Денешните уредници на органот на Информбирото тешко дека ќе ги разберат овие Ленинови зборови). И Сталин, бранејќи ја Болшевичката партија од опозицијата на Троцки, Зиновјев и Каменев говореше: "Нам ни се потребни факти, а не измислици и сплетки" (Сталин, Дела, том 9 сте. 62).

 

7

 

 

Овие начела просто се заборавени, оти никаде не сме нашле дека се прогласени за застарени. Така за осум месеци од постанокот на Резолуцијата на Информбирото во главите на нејзините творци "можностите" се преправија во "вистина", затоа што со таа "вистина" треба да се докаже правилноста на денешната тактика која што од темел беше измислена врз основа на претпоставените "можности". Во исто време во битност приказната за нашето непријателство према силите на демократијата не можеше да се пласира ни како претпоставка на една "можност". Тој недостиг не може да се надополни со никакви клевети, па ни со пофатливи непријателски постапки.

 

Туку, не е баш се' така црно. Се слушаат и примамни гласови на пријателство кое што се нуди во осумесечната хајка против се' социјалистичко во Југославија, во кое што сесрдно учествуваат и раководителите на Бугарската комунистичката партија, се слуша постојана понуда за создавање на јужно-словенска федерација, т. е. федерација помеѓу Бугарија и Југославија со тешки прекори за наша сметка како ние таа федерација ја неќеме, како ние сакаме неа да ја осуетиме. Но кога и тоа напразно се испука, се преминува сега на проповедање на балканска федерација (која што уште вчера не смееше ни да се спомиња оти е огласена за проблематична и

 

8

 

 

вештачка). Се разбира, не спомињајќи ја и ни Албанија ни Румунија, иако и тие се секако балкански земји. Сега тоа се, работи така, што од Софија се проповеда создавање на балканска федерација на народно-демократските држави, во која што едноставно, обединета Македонија (па се разбира дека во секоја комбинација се работи за Македонија) би била рамноправна независна држава.

 

Оваа најнова комбинација сама по себе не си заслужувала особено внимание кога некому не би му тргнало од рака да ја пренесе таа интрига и на теренот на демократска Грција. А тука во таа комбинација, која што е замислена само на штета на Југославија, се кријат големи опасности и за демократското ослободително антимперијалистичко движење на грчкиот народ и за македонскиот народ.

 

9

 

 

 

II

 

Пред Петтиот конгрес на Бугарската комунистичка партија речено е во нејзиниот орган „Работническо дело" дека сега после процесот во Скопје над бугарските фашистички — окупаторски полицајци е јасно кој го осуетил обединувањего на Јужните Словени.

 

„Ние исто знаеме — се вели понатаму во таа статија — каква федерација бараа југословенските делегати при крајот на 1944 година во преговорите".

 

На Петтиот коигрес на Бугарската комунистичка партија Георги Димитров посвети дел од својот реферат на ,,Федерацијата на Јужните Словени и на македонското прашање". Целиот тој дел од рефератот е напишан затоа, односот на КПЈ спрема „прашањето" на федерацијата на Јужните Словени и македонското „прашање" да се прикаже како доказ дека ние — сме го предале Советскиот Сојуз и единствениот демократски

 

11

 

 

антиимпериалистички табор, дека ние на тие „прашања" гледаме како националисти и шовинисти. Но виката против нашиот „национализам" не може да го прикрие јасното лице на великобугарскиот шовинизам кој што избива од тој реферат. Наполно спротивно на ленинистичките принципи за националното прашање, Димитров, од името на бугарската нација заборавајќи дека Пиринска Македонија се наоѓа во состав на Бугарија како резултат од поделбата на Македонија меѓу три балкански империјалистички монархии, изјави дека „населението од Пиринскиот крај", (како што тој ги наречува Македонците од Пиринскиот дел на Македонија)" се однесува негативно спрема барањето да се присоедини тој крај кон Југославија пред но што ќе биде остварена федерацијата помеѓу Југославија и Бугарија, оти тоа од незапаметени времиња се чувствува економски, политички и културно сврзано со бугарскиот народ, и не сака да се одвои од него.

 

Говорејќи така од името на владеачката бугарска нација наместо да се погрижи за ленинистичкото право за самоопределување на Македонците, како би ја изразиле слободно тие својата волја, а не од нивно име да говори претставник на владеачката нација, Димитров додаде дека

 

„македонскиот народ е убеден оти неговото национално обединување ќе биде изградено врз

 

12

 

 

основа на спогодбата помеѓу Југославија и Бугарија"...

 

Врз основа на тоа тој прогласува дека

 

„Македонскиот народ ќе го оствари своето национално единство и ќе ја осигура својата иднина како слободна и рамноправна нација само во рамките на федерацијата на Јужните Словени".

 

И така говорејќи им јасно на Пиринските Македонци: „ако нема федерација на Бугарија со Југославија, нема ни ваше обединување со другите Македонци", Димитров го заврши тој дел од рефератот со повторно тврдење дека Југословените, „предавници на марксизмот—ленинизмот", денеска се главната пречка за федерацијата на Јужните Словени.

 

Откако сите тие зборови провеаја како ветер кој што не успеал да дигне ни прав се дојде два месеца подоцна на нова идеја. Јужнословенската федерација проширена на Балканска федерација, но бидејќи оваа треба да му послужи само на решението на „македонското прашање", во сметката е вовлечена само Грција која што го држи третиот дел од македонската нација. Тоа значи е само дополнување на истата линија која што на прашањето на федерацијата на Јужните Словени или на балканските народи секогаш гледаше од становиштето на „македонското прашање", која што „тоа решение" го прави зависно од спогодба од трите балкански држави кои што

 

13

 

 

некогаш меѓусебе ја поделија Македонија и који што сака да запази дел од Македонија за бугарската држава ако нема таква спогодба.

 

Оваа антиленинистичка национална политика се обидоа овие денови да ја пренесат и во КП на Грција. Како е изведено тоа?

 

На 30 и 31 јануари оваа година одржан е Петтиот пленум на ЦК на КП на Грција. Вториот дел од резолуцијата за првата точка од дневниот ред на Пленумот: „Грција на патот кон победата и пред решавачката пресвртница и за дејноста на Партијата" во целост гласи:

 

„II. Во Северна Грција македонскиот, словено-македонскиот народ дава се' за борбата и се бори со херојство и пожртвуваност кои што произвикуваат восхит. Не треба да постои било какво сомнение дека последица од победата на Демократската армија на Грција и на народната револуција ќе биде тоа што македонскиот народ ќе добие потполна можност за национално самоопределување онака како што самиот сака. (Подвлеченото е наше — П.). Тој ја пролева деноеска својата крв за да го постигне тоа. Македонските комунисти секогаш стојат на чело на борбата на својот народ. Истовремено македонските комунисти треба да обрнат внимание на разбивачките и урнувачките

 

14

 

 

акции кои што ги развиваат опортунистичките и реакционерните елементи кои што ги покренуваат странци за да го разбијат единството на македонскиот и словено-македонскиот и грчкиот народ, што би му користело едино на заедничкиот непријатет — монархофашизмот и англо-американскиот империјализам. Напоредно, КП на Грција треба да ги отстрани сите пречки, да удри по сите големогрчки шовинистички манифестации кои што произвикуваат незадоволство и негодување кај словено-македонскиот народ и им помагаат на разбивачите во нивната предавничка работа и на јакнењето на делото на реакцијата. Словено-македонскиот и грчкиот народ можат да победат обединети, разбиени можат да претрпат са мо пораз. Поради тоа единството во борбата на обата народа треба да се чува како црнката во окото и да се поткрепува и ојакнува секојдневно".

 

 

Како што се гледа ЦК на КП на Грција застана на Пленумот главно на принципиелно правилно становиште на правото за самоопределување на македонскиот народ, кој што после победата на Демократската армија ќе решава за својата судбина онака како што сака самиот. Ни во овој дел од резолуцијата како ни во целата резолуција

 

15

 

 

воопшто не се говори за односите на Грција спрема другите балкански држави, па ни за прашањето на балканската федерација.

 

Меѓутоа, после тој Пленум органот на бугарското синдикално движење, „Труд" (во бројот од 14 февруари) се најде побуден во една уводна статија да ја објасни резолуцијата од Пленумот на КП на Грција како став спротивен на „националистичкиот став" на КП на Југославија, а истоветен со ставот на КП на Бугармја. т. е. дека „македонското прашање ќе добие едноставно решение како балканско прашање" низ федерацијата на народно-демократските влади во сите балкански земји". Се забележува дека органот на КП на Бугарија и останатиот печат не донесоа ништо за ова, та синдикалниот орган секако се затрчал со ова објавување.

 

Откаде го исцрпел „Труд" горното толмачење, кое што во самата резолуција од Пленумот на КП на Грција нема оправдание? Што во сушност „Труд" издрдорел?

 

Веднаш после Пленумот на ЦК на КП на Грција, одржан е во слободниот Вич на 3 и 4 февруари. II Пленум на Главниот одбор на Народноослободителниот фронт. Весникот „Непокорен", централен орган на НОФ на македонски јазик, донесе во својот број од 15 февруари соопштение за тој пленум и неговата резолуција напоредно

 

16

 

 

на македонски и на грчки јазик. Во резолуцијата се наоѓа и решението дека Вториот конгрес на НОФ се свикува во март и потоа се вели:

 

„Вториот конгрес ќе биде конгрес за прокламирање на нови програмски принципи на НОФ кои што се вековно тежнење на нашиот народ. Тој ќе го прогласи обединувањето на македонскиот народ во една единствена, независна рамноправна македонска држава во рамките на народно-републиканска федерација на балканските народи. Тоа ќе биде остварување на неговите многугодишни крвави борби. Вториот конгрес ќе прокламира сенародно востание на македонскиот народ... Вториот конгрес ќе се обрне особено до поробеното македонско население во градовите како што се Лерин, Костур, Воден, Ениџе—Вардар, Гуменџа, Серез, и Драма ќе го повика и к'е го дигне во непомирлива борба против монархофашизмот и англо-американските окупатори за побрзо ослободување и исполнување на тежнењето на непокорениот македонски народ, во борба за Народна Република Македонија. (Подвлеченото е наше П.).

 

 

Иако во Софија се најдоа такви мудраци кои што проповедаа дека Народна Република Македонија

 

17

 

 

(оваа која што навистина постои) треба да се издвои од составот на Југославија и да се приклучи кои „Пиринскиот крај"; сепак плетачите на интригите на Балканот сметаа дека би било премногу оперетски и политички неодговорно ако „обединувањето на Македонија во рамките на федерацијата на балканските народно-демократски држави" би се прогласило од теренот на Пиринска Македонија, од тој дел на Македоиија кој што ги нема дури ни најосновните автономни територијални права во рамките на бугарскиот устав кој што дури не ги признава Македонците како национално малцинство, туку претставува обични околии како сите други административни околии на Бугарија. Затоа тие го префрлија тоа претпријатие во Егејска Македонија. На тој дел од македонскиот народ, кој што со години храбро се бори рамо до рамо со грчкиот народ за победата на демократијата во Грција, кој што во таа борба дал и дава огромни жртви и кој што во исто време е изложен на немилосрдно истребување од страна на монархофашистичкиот режим, му се наметнува и тоа во денешната ситуација, кога сите демократски сили во Грција треба да ги концентрираат своите напори за победата на Демократската армија, задачата да го прогласи обединувањето на Македонија во рамките на Балканската федерација! Значи, прво

 

18

 

 

ќе се прогласи обединувањето на Егејска Македонија, која што уште не е ослободена и кога уште постстои тешка борба за ослободувањето на Грција, со деловите на Македонија што се наоѓаат во две други држави, со Македонците од Пиринска Македонија, кои што ни после победата на народната демократија во Бугарија не смеат да ја изразат својата слободна волја и со Македонците од Народна Република Македонија во ќоја што најголемиот и централниот дел од македонскиот народ веќе ја оствари својата слободна национална држава, а кои што во овој случај никој не ги праша!

 

Македонскиот народ во Егејска Македонија беше и за време на војната и во сегашниот тежок период на грчката историја после војната свесен дека борејќи се заедно со грчкиот народ за слободата на Грција, за воспоставување на народна демократија во Грција, во исто време се бори и за правото на своето национално самоопределување, за своето национално ослободување. Кога Комунистичката партија на Грција во споменатата резолуција од Пленумот му го признава тоа право како право што ќе се оствари после победата на грчката демократија, тогаш е тоа правилно, и тогаш тоа на македонскиот народ таму му е доволно покрај националните права што ги има денеска на ослободените подрачја. Денеска,

 

19

 

 

кога народот од Егејска Македонија се наоѓа во крвава борба за одбрана на својата физичка егзистенција, кога негова прва и основна задача е да се бори рамо до рамо со грчкиот народ за победата на народната демократија на Грција, кога сите сили на македонскиот и грчкиот народ треба да се концентрираат во еден единствен правец, нема никаква потреба да му се сугерират на тој народ превзимање на еден чисто декларативен акт кој што не само што не ги мобилизира силите на македонскиот народ, туку напротив може само да создаде излишни дискусии и забуна во единствените редови на грчките и македонските борци.

 

20

 

 

 

III

 

После ваквото очигледно преправање на „прашањето на федерацијата на Јужните Словени и македонското прашање" во политичка интрига и маневра против нашата земја изгледа излишно да се објаснуваме со раководителите на КП на Бугарија по прашањето за федерацијата. Затоа во оваа статија ќе се задржиме само на неколку моменти. Што се однесува до тоа каква федерација сакаше нашата делегација на преговорите кои што помеѓу нас и Бугарија се водени во декември 1944 и јануари 1945 година а каква федерација сакаше бугарската делегацнја, историјата е следната.

 

Предлогот за федеративно обединување на Југославија и Бугарија потекна по иницијативата од Политбирото на ЦК на нашата Партија и нашата сојузна влада уште во ноември 1944 година, значи околу два месеца после деветто септемвриската промена во Бугарија. Еден проект од спогодбата во чиј што еден член се говори за мерките

 

„за што поскоро обединување на федералните држави, кои што сега се наоѓаат во составот на Демократска Федеративна Југославија

 

21

 

 

и Бугарија во една федеративна држава",

 

испратен е во тоа време во Софија и отаде добиен нивниот предлог. Во член петти од тој предлог (проектот на ЦК на КП на Бугарија) се говори за превзимањето на мерки „за обединувалето на Демократска Федеративна Југославија и Отечествено-фронтовска Бугарија во единствена федеративна држава". Потоа во декември другарот, Кардељ замина за Софија и таму за тоа преговараше. Резултатот беше нов текст за спогодба за кое што другарот Кардељ вака го извести другарот Тито од Софија со писмо од 23 декември:

 

„Денеска разговарав со секретарот на Бугарската компартија другарот Костов... Тие направија нов предлог наместо нашиот кој што главно се сведе на „одбранбен сојуз" односно на некаков „Пакт за заемна помош".

 

Јас им го реков своето мислење, дека, наиме, таков пакт нема никаква вредност оти ништо не би мењавал во состојбата што постои... Ако сакаме да направиме некоа озбилна работа тогаш треба да се даде повеќе но еден таков пакт, треба да се даде еден таков сојуз кој што нашите маси ќе го сфатат како прв чекор кон обединувањето.

 

После дискусијата се согласивме на некои формулации (Член 1) кои што посилно ја подвлечуваат

 

22

 

 

таа страна и од кои што е видно дека не се работи само за „пакт за заемна помош". Но, таа формулација би можела да биде само минимум и далеку е послаба од она ние што ѓо предложивме".

 

После ова здоговорено е да се состанат делегациите за детализирање на спогодбата. Тие се состанаа и преговараа во јануари 1945 година. После првото среќавање секоја делегација спреми свој проект за договор а обата беа на базата на федерација. Тука веднаш се покажа разлика во сфаќањето.

 

Нашиот проект има ваков член 1:

 

„1. Демократска Федеративна Југославијаи Бугарија се обединуваат во една федеративна држава која што сега ќе се состои од седум федерални делови и тоа: Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина — кои што ќе имаат заедничко народно претставништво и заедничка федеративна влада и кои што ќе сочинуваат единствена царинска територија."

 

Член 3 од нашиот нацрт гласеше:

 

„3. Се образува заедничка бугарско-југословенска комисија со седиште во Белград со назив „Комисија за јужнословенско обединување" со задача да изработи проект на уставот на заединчката

 

23

 

 

федеративна држава. Во таа комисија ќе влезат претставници на Бугарија и шесте федерални делови од Демократска Федеративна Југославија, кои што ќе ги именуваат соодветните влади." .

 

Проектот на бугарската делегација гласеше:

 

„1. Владата на Бугарија и Владата на Југославија изјавуваат дека пристапуваат кон обединување на Јужните Словени преку образување на заедничка федеративно уредена држава која што ќе се вика „Федерација на Јужните Словени" (ФЈС) со заедничко народно претставништво, со заеднички министерства за надворешни работи и војската и со сите останати заеднички установи и министерства кои што конечно ќе се установат во заедничкиот устав на ФЈС, кој што треба да се изработи како последица од конечното остварување на овој договор.

 

2. Почетокот од остварувањето на таквата федерација ќе се изведе со ставање во дејство на специјален заеднички орган на таа федерација а наиме — на привремениот совет за Јужнословенското обединување (ФСЈУ) со седиште во град Белград. Овој совет се образува на паритетни начела од претставници на обете влади..."

 

Но, со оглед на тогашната меѓународна ситуација воопшто а посебно на тогашната состојба

 

24

 

 

на Бугарија конечно е редигиран текстот за „Уговорот за пријателство, сојуз и заемна помош помеѓу Демократска Федеративна Југославија и Бугарија" од кој што не испаднаа само одредбите за федерацијата туку и одредбите за царинска заедница.

 

Делегациите, меѓутоа, се спогодија, претседателите на Владите на Југославија и Бугарија да изменат писма со иста, од делегацијата утврдена содржина каде што помеѓу другото се вели:

 

"Обата министер-претседатели сметаат дека сите мерки за спроведувањето на заклучениот договор треба да бидат раководени од главната цел за сегашното наше зближување — со создавањето во што пократко време на федерација на јужно-словенските народи".

 

Сега од горното е јасно каква федерација сакаше нашата а каква сакаше бугарската делегација во тие преговори. Работата е многу едноставна и не мора да остане тајанствено новинарско прашање.

 

Тргнувајќи од становиштето дека Бугарија долго време беше независна држава, бугарската делегација сметаше дека Бугарија, стапувајќи во федерација со Југославија не треба да се израмни со деловите на Југославија, та затоа федерацијата треба да ја сочинуваат само две единици: на една Југославија со сите шест свои федерални единици,

 

25

 

 

а на друга сама Бугарија како рамноправна со таквата шесточленна Југославија. Така значи, Југославија би била федерација во дуалистичен однос со Бугарија, Бугарија би ја имала политичката тежина на останатите шест југословенски држави, а бугарскиот народ тежината на петте останати југословенски народи.

 

Нашата делегација имаше поинакви сфаќања. Таа беше за таква федерација на рамноправни народи, онака како што веќе е остварено за петте југословенски народи во Југославија, значи, за федерација во која што Бугарија е една од седумте федерални држави.

 

Целото ова прашање сепак остана отворено оти уште не беше дошол моментот за неговото конкретно решавање.

 

Во дефинитивниот текст на спогодбата што требаше да се потпише, во член 4 се вели:

 

"Поздравувајќи го решението на Антифашистичкото веке на Народното ослободување на Југославија, со кое што на македонскиот народ му е признаена националната индивидуалност а на Македонија и' е дадена рамноправност како една национална единица во Федеративна Југославија, владата на Бугарија се обврзува, со владата на Федеративна Југославија во духот на демократијата и во пријателска спогодба да ги уреди прашањата што се однесуваат до територијалниот

 

26

 

 

дел на Македонија кој што по уговорот за мир од 1913 година и' припадна на Бугарија.

 

Од своја страна Владата на Федеративиа Народна Република Југославија изјавува дека во пријателски дух и во спогодба со бугарската влада ќе го реши прашањето на оние бугарски територии кои што по уговорот од 1919 година и' припаднаа на Југославија."

 

Меѓутоа, ни од таа спогодба за пријателство која што веќе беше готова за потпис не стана ништо. Англо-американците, ползувајќи ја тогашната состојба на Бугарија и' спречија на Бугарија да склопува било какви договори со други држави. Подоцна, колку повеќе се развиваа односите помеѓу Југославија и Бугарија, стануваше се' појасна неискреноста на бугарските раководители и нивните комбинации кои што немаа многу врска со рамноправноста на јужнословенските народи ни со вистинското право за самоопределување на македонската нација. Навалувањето за итно правење на федерација баш во часот кога ЦК на КП на Бугарија веќе бил стоел на становиштето на писмото од ЦК СКП (б) против нашата Партија покажуваше само политички сметки со задни намери. Ете тие задни намери на кои што им е основната подлога во великобугарскиот шовинизам во македонското "прашање".

 

27

 

 

и во останките на великобугарските хегемонистички тенденции воопшто, тоа е на што досега го осуетуваше федеративното обединување на Југославија и Бугарија, односно на бугарскиот народ со народите на Југославија.

 

Постојаното условување на решението на прашањето на односот на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија со остварувањсто на федерација и на спогодбата помеѓу југословенската и бугарската влада нема врска со ленинистичкото сфаќање на правото за самоопределување на народите. Но од чисто практични причини нашата влада се согласи со тоа.

 

Имаше време кога раководителите на КП на Бугарија беа и за тоа Пиринска Македонија да се спои со Народна Република Македонија во составот на ФНРЈ. Не навлегувајќи овдека понатаму во тоа к'е го навелеме местото од писмото кое што на 2 ноември 1944 година го пишуваше од името на ЦК на КП на Бугарија нејзиниот секретар Трајчо Костов „До маршал Тито и ЦК на КПЈ", каде што говори за „слободна и единствена Македонија во рамките на нова Југославија". Писмото е куцано на машина и карактеристично е дека она „в рамките на нова Југославија" го додал со своја рака, со мастило, Т. Костов. Може да се наведе и дел од една телеграма потпишана от ЦК на КП на Бугарија а испратена до нашиот ЦК на 11 ноември 1946 година жалејќи се на статии

 

23

 

 

во „Борба" и „Политика" за проектот на бугарскиот устав и каде што се вели:

 

„Ние многу би го молеле ЦК на КПЈ да го разгледа прашањето и да побара можност да се олесни нашата борба против непријателите ... кои што прават се' за да го попречат братското единство помеѓу бугарскиот народ и народите на Југославија и обединувањего на македонскиот народ на базата на Народна Република Македонија во рамките на Федеративна Народна Република Југославија."

 

Сега тие го сметаат тој став како став на наш „шовинизам".

 

Да би можело воопшто да се дискутира на базата на марксизмот-ленинизмот по националното прашање треба во тоа прашање да се има легиѓимација на ДЕЛА, а не полна уста со ФРАЗИ. Што е наша легитимација? Тоа е живата и стварната Народна Република Македонија остварена уште во текот на војната со борбата на македонскиот народ кој што создаде повеќе свои дивизии од борци исклучиво на доброволна основа. Република рамноправна со останатите наши републики во која што е македонскиот народ рамноправен со Србите, Хрватите, Словенците и Црногорците. Наша легитимација е помошта која што сите наши народи а особено српскиот народ ја пружи на народноослободителната борба на Македонскиот народ за кое што прв услов беше уништувањето на

 

29

 

 

српскиот шовинизам и на великосрпските претензии на Македонија.

 

Каква е легитимацијата која што КП на Бугарија може да ја покаже? Зар тие не можат во Пиринска Македонија нешто слично, ни сега, кога за тоа не треба да се пролева ни капка крв, туку само да му се даде можност на македонскиот народ слободно да ја изрази својата волја? Но, таму нема нишго. Не го направија ни првиот чекор, бидејќи со уставот и со законите не го признаа македонского национално малцинство а камо ди да и' ја дале макар културната Бауерова автономија, а дури каде да и' дале територијална автономија, да и не говориме за тоа дека не им паѓа на ум на „пиринското население" да му го признаат и поштено да го спроведат ленинистичното право на самоопределување до отцепување.

 

Зошто признавањето на тоа право и зошто токму обединувањето на Пиринска и Вардарска Македонија во Народна Република Македонија во составот на ФНРЈ е единствено правилно и напредно становиште?

 

Затоа што Народна Република Македонија е најголемиот и централниот дел на македонската наиија, таа е нејзиниот дел кој што со борба го извоева признањето на својата национална индивидуалност, ја извоевала својата државна организација и нејзината рамноправност со државните организации на останатите југословенски народи.

 

30

 

 

Затоа што македонскиот народ во својата народна република изгради мошни темели на македонската национална култура, што веќе оствари огромнен напредок на економско, политичко и општествено поле, што се манифестира како организирана нација која што со успех го изградува социјализмот и која што поради тоа нужно стана центар за прибирање на целата македонска нација. Затоа што во составот на ФНРЈ македонскиот народ има најполна гарнција против српскиот шовинизам, но во исто време и гаранција од претензиите на бугарскиот шовинизам а македонската нација сака да ја има таа гаранција и треба да ја има. Нека бугарските другари и' дадат автономија на Пиринска Македонија или нека створат таму Народна Република Македонија во составот на Бугарија па тогаш двете македонски републики нека се договараат што ќе прават понатаму. Создавањето на НР Македонија во рамките на ФНРЈ значеше отфрлање на секоја српска претензија Македонците да се преправат во дел од српската нација. Но, обединувањето на Македониите со НР Македонија во составот на ФНРЈ и во составот евентуално на Јужнословенската федерација, во која што и Бугарија би била како и Србија и како и Македонија една од седумте рамноправни републики, би значело исто така и конечно отфрлање на секоја бугарска претензија Македонците

 

31

 

 

да се преправат во дел од бугарската нација. Кој нема сила за тоа одречување тој е неизлечив шовинист.

 

Најпосле, треба да нагласиме дека не се работи за тоа дали ние принципиелно ја примаме или не ја примаме идејата за јужнословенската или балканска федерација или идејата независна македонска држава во рамките на едната или другата федерација. (Ние и вака сме федерација и тоа балканска федерација, а Македонците сега ја имаат тука — и едино тука својата национална држава). Една и иста идеја може во одредени услови да биде на линијата на општествениот напредок, а под други услови таа ќе биде реакционерна и контрареволуционерна. Се' зависи од дадените конкретни услови, од тоа кои сили ја носат таа идеја какви тенденции зад нив се кријат. А јасно е дека кампањата за федерација и за независна Македонија во рамките на балканската федерација, во денешните услови и под околностите што ги изнесовме не е на линијата на напредокот, туку на линијата на борбата против изградбата на социјализмот во Југославија.

 

Моша ПИЈАДЕ

 

 

[Back to Main Page]