Библиотека „Светлини на минатото"

 

 

Спомени за татко ми

 

инж. Густав Влахов

 

 

Радио-телевизија, Скопје 1968

Печатено во печатница „Напредок”—Тетово во јули 1968 г.

 

Сканове от "Македонска библиотека"

 

 

ДИМИТАР ВЛАХОВ

 

 

Димитар Влахов се вклучува во борбата на својот народ за национално и социјално ослободување во периодот кога веќе беа поставени темелите на Македонската револуцмонерна организација, кога таа веќе ja беше воспоставила својата широка организациона мрежа и имаше развиено мошне голема активност во сите слоеви на македонското население, а особено меѓу школската македонска младина.

 

Тој уште во своето семејство и во својот роден град се воспитуваше во револуционерен дух. Влијанието на Гоце Делчев и на неговиот роден брат Христо Влахов — еден од основачите на Организацијата и одговорен повереник за Кукушкиот револуционерен реон, како и влијанието на

 

 

4

 

целото потесно и пошироко семејство, кое исцело беше вклучено во револуционерното движење, одигра многу позитивна улога за брзо созревање и определување на Димитар Влахов.

 

На деветнаесетгодишна возраст Д. Влахов веќе беше активен член на Македонската револуционерна организација. Уште од самиот почеток на својата револуционерна дејност тој сметаше

„оти македонското движење не е ниту бугарско, нити грчко, нити српско и дека Македонија е земја што заслужува да биде една одделна единка, чиј народ e посебен народ во смисла на тие на соседните балкански земји, дека тој има своја историја, своја култура, своја непрекината во текот на десетици години револуционерна дејност за ослободување и дека тој народ има свој голем придонес во делото на општословенската култура" [1].

 

По матурата како учител во Белоградчик (Бугарија) тој се дружи со социјалистите, а за време на студиите во Софија соработува со Васил Главинов и Антон Шулев. Во Швајцарија е во контакт со Ленин, Луначарски, Плеханов, Акселрод, Троцки и многумина други, како и со цела плејада француски и германски социјалисти. Од 1903 г. тој е веќе член на Бугарската социјалистичка партија (тесни), т. е. на Партијата на Благоев, Кирков, Димитров, Коларов и Харлаков. Во истата таа година тој станува и член на ЦК на ВМРО.

 

Прашањето за политичка автономија на Македонија тогаш е многу актуелно. Но бугарскиот

 

 

1. Од уште необјавените иемоари на Д. Влахов; I дел, стр. 8.

 

 

5

 

дворец, а и сите партии во Бугарија, некои повеќе, некои помалку, како и еден дел од Македонците, главно од поситуираните слоеви, во тие пароли гледаа само етапа во обидот за приклучување на Македонија кон Бугарија, додека прогресивниот дел на Македонците во тоа гледаше создавање една посебна политичка единица, одвоена држава во сојуз со другите држави на Балканот, тоест создавање самостојна држава во рамките на балканска федерација.

 

Во текот на целата своја политичка и општествена активност Димитар Влахов и остана верен на таа цел. Доследен во борбата против големобугарските, големосрпските и големогрчките аспирации, тој беше длабоко уверен дека само револуцијата и социјализмот можат на македонскиот народ да му донесат слобода, обединување и независност и чесно суверено место меѓу балканските народи. Затоа, во неговата натамошна работа тој ќе води бескомпромисна борба против сите оние што имаа илузии и сметаа дека ослободувањето на Македонија може да дојде само од страна на Бугарија и нејзината армија.

 

Неговата неверојатна живост и способност целиот да му се предаде на извршувањето на задачите што му се доверени и готовноста во таа работа да даде сé од себе, набргу му го кренаа угледот не само кај македонското население, што тогаш претставуваше огромно мнозинство во

 

 

6

 

Македонија, во нејзините вистински географски граници, туку и кај малцинствата на другите народи.

 

Димитар Влахов имаше навика ноќе во сон да зборува, така што кога во 1904 г. беше уапсен (во текот на својата револуционерна активност, тој беше повеќепати апсен и тоа во разни земји), плашејќи се во сонот да не ги предаде имињата на своите другари, си ja чукаше главата од ѕидот на ќелијата, во која се наоѓаше, за да не може да заспие. Се разбира, таквата состојба до крајност го исцрпе.

 

Многу бурни се годините по победата на младотурската револуција и по изборот на Димитар Влахов во Турскиот парламент, како кандидат на левицата на Македонската револуционерна организација, каде што фигурираше како социјалистички депутат. Македонците од Тиквешка и Струмичка област гласаа еднодушно за кандидатот на левицата. Периодот од 1908 до 1912 r. е период исполнет буквално со секојдневна борба.

 

Иако дотогаш не го владееше турскиот јазик (единствен на кој можеше да се зборува во Турскиот парламент) тој за многу кусо време го научи до таа мера што можеше успешно да учествува и во дебатите. Неговиот говор против самоволството на младотурската власт над македонското население (1910) и говорот за заштита на правата на националните малцинства (1911) веќе му имаа создадено име. Неговиот особено долг говор во врска со буџетот во 1911 г. предизвика коментари не само на територијата на Отоманската Империја, туку беше забележан и како солидна

 

 

7

 

економска анализа на ситуацијата во Турција и надвор од нејзините граници.

 

Димитар Влахов и натаму неуморно работи во правец на револуционизирање на македонските маси, во правец на искористување на секоја укажана можност за создавање нова организациона форма во борбата за извојување на нивните права. Тој е еден од организаторите на Народната федеративна партија, формирана во 1905 г., претседател на Централното биро на Партијата и главен редактор на нејзиниот весник „Народна волја". Тој станува член и на солунската Социјалистичка федерација, претседава на Првнот конгрес на тутунските работници во Кавала и води непрекинато борба, како против турскиот режим, така и за ширење на идејата за балканска федерација, за која објавува повеќе статии во весникот „Л'жен Тирк".

 

Од тој период на животот на Димитар Влахов е карактеристична една епизода која многу видливо осветлува некои особености на неговите ставови како и цврстината на неговиот карактер. Младотурците пред се од надворешно — политички причини, односно настојувајќм да ja покажат внатрешната стабилност на Империјата, организираа патување на султанот Мухамед Решад по Македонија и Косово со цел да му се поклони на гробот на султанот Мурат, убиен на Косово во 1389 година. Поради тоа беа повикани сите пратеници да се концентрираат во своите изборни центри, за да можат со свосто присушво да ги покажат единството и стабилноста на режимот. За секој пратеник, се разбира, беше подготвен подарок — тежок златен џебен часовник што го

 

 

8

 

врачуваше самиот султан. Меѓутоа, Димитар Влахов не се согласи да дојде во Солун и тој беше единствен од пратениците кој одби да учествува во оваа церемонија. Оваа негова демонстрација им беше многу непријатна на младотурците.

 

Колку пак решително уште во тоа време Димитар Влахов стоеше на позициите за самостојноста на борбата на македонскиот народ и против мешањето отстрана, а во прв ред против интригите на бугарскиот царски дворец и неговите слуги од редовите на десницата на македонското двнжење, може донекаде да покаже и овој настан. Една недела во есента на 1911 година бугарскиот дворец, преку разни наемници организира атентат на пазарот во Штип, во чија близина се наоѓаше и една џамија. Едно магаре, натоварено со динамит експлодира, во определеното време на пазарот преполн со луѓе. Експлозијата придизвика смрт на неколку десетици граѓани од Штип и соседните села. Како одмазда за овој атентат беа убиени уште десетина и повеќе луѓе, а значителен број беа ранети. Токму тоа и го сакаа бугарските империјалисти и авантуристи кои веќе се подготвуваа да ja поделат Македонија.

 

Димитар Влахов во согласност со солунската Социјалистичка федерација презеде иницијатива во Штип да се испрати парламентарна анкетна комисија која случајот ќе го испита во целост. По неколку дена беше составена комисијата во која се најдоа Христо Далчев (пратеник од Серес), Тодор Павлов (пратеник од Скопје) и Димитар Влахов (пратеник од Солун). Четвртиот пратеник Панче Дорев од Битола, кој беше член на младотурскиот

 

 

9

 

комитет и во исто време доверлива личност на бугарската Егзархија, одби да учествува во оваа анкета. Натаму, во комисијата беа Сава Стојановиќ, Србин, пратеник од Приштина, д-р Константинидис, Грк од Родос, Риза Тефик, Турчин од Одрин и арапскиот пратеник Абдул Хамид Зогреви од Сирија. Еден дел од пратениците, т. е. Македонците, Србите и Грците, анализирајќи ги пошироко причините на ова злосторство, сметаа дека основната одговорност ja носат органите на власта додека пратеницние муслимани сметаа дека се одговорни исклучиво организаторите на провокаторскиот атентат, така што општ извештај — меморамдум — не можеше да биде составен. Меѓутоа, Димитар Влахов не се задоволи со ова. Тој даде исцрпно интервју, како во весникот „Ендепандан" во Солун, така и во весникот „Л'жен Тирк" во Цариград, каде што решително го жигоса и самиот масакр од страна на Турците, но и ваквиот начин на борба против постојната состојба, застапувајќи се притоа за тезата дека изолираниот индивидуален терор не може да доведе до траен успех.

 

Во врска со Балканската војна може да биде од интерес активноста на Димитар Влахов околу познатиот Манифест на петте социјалистички партии — вклучувајќи ja и Солунската социјалистичка федерација — против Балканската војна.

 

Уште за време на објавувањето на мобилизацијата, претставниците на социјалистичките партии

 

 

10

 

во Турција, заедно со претставникот на Социјалистичката партија на Романија д-р К. Раковски [1] како и со познатиот германски социјалист Парвус [2] изработија манифест против Балканската војна. Тој манифест го потпишаа: од името на Ерменската социјал-демократска партија Химчак-Мурат, на Ерменската партија Дашнакцутан-Врањан, на Солунската Социјалисшчка федерација Димитар Влахов, на Еврејската социјалистичка партија — Бенгурион, на Романската социјалистичка партија — К. Раковски.

 

Манифестот беше печатен во прогресивните весници во Турција, а го отпечатија и „Радничке новине" од Белград и Романската социјалистичка партија.

 

Бугарските социјалисти и тесните и широките — не го печатеа манифестот од веќе познатите причини и, со неколку исклучоци (Д. Благоев, Г. Димитров) беа многу тесногради во однос на македонского прашање.

 

Како што е познато, Балканската војна е оценета како прогресивна војма во која со обединети сили тукушто основаните балкански држави

 

 

1. Д-р К. Раковски е основач на Социјалистичката партија на Романија, а подоцна прв претседател на Советот на народните комесари на Украина и амбасадор на СССР во Париз. Пријател е на Д. Влахов.

 

2. Парвус — псевдоним за Александар Израел Хелпханд, публицист од крајот на XIX и почетокот на XX век. Му припаѓа на левото крило ва Германската Социјал-демократска партија. Автор е на „Теоријата" за перманентната револуција што подоцна од него ja презема Троцки. За време на светската војна стои на крајно десните позиции на социјалдемократијата.

 

 

11

 

војуваа против конзервативната и заостаната Tурција. Но за македонскиот народ ова беше многу тежок удар. Co оваа војна дојде до познатото распарчување на Македонија на три дсла и до една засилена и систематска политика на денационализација со сите средства.

 

Навистана е тешко да се одреди прогресивниот карактер што и се припишува на оваа војна, ако цената за тоа требаше да биде поробувањето и ограбувањето цел еден народ. А за македонскиот народ оваа војна не значеше ништо друго туку почеток на нови и недогледни теглила.

 

По Првата светска војна, на многумина и од самата десница на македонското движење им стана јасно дека преку таканаречената „ослободителна мисија" на Бугарија не само што не може да се постигне ослободување, туку дека дојде и до распарчување и систематска денационализација на македонскиот народ.

 

Во тие услови и ВМРО, на чело со Тодор Александров и генерал Протогеров, иако во бугарската држава играа многу видна улога, почмаа да бараат излез од ваквата ситуација. Всушност, ВМРО претставуваше држава во држава. Организацијата собираше намети од населението за своите потреби, мачеше и убиваше, организираше атентати во самата Бугарија, а и во соседните држави. Сево ова доведе до значителна пасивизација на членството во однос на ВМРО, која започна да ja губи довербата кај македонската емиграција, која во тоа време имаше околу 750 илјади лица, а по спогодбата со Грција во 1925 г. нејзиниот број се зголеми на скоро 900.000 покрај уште околу 250.000 Макелонци во Пиринскиот

 

 

12

 

крај. Значителен број Македонци почнаа да се активираат преку револуционерните движења, во прв ред зачленувајки се во комунистичките партии, а особено по победата на Октомвриската револуција.

 

Се одеше кон тоа да се воспостават врски со Советскиот Сојуз, центар на револуционерното движење во светот, во тоа време. По повеќе претходни разговори, Т. Александров застана на становишето дека за една ваква цел најпогоден би бил Димитар Влахов, кој беше познат како социјалист. Co посредство на Павел Шатев доаѓа и до први контакти меѓу Т. Александров и неговите соработници и Димитар Влахов. Многу подоцна во своите спомени тој ќе запише:

„Јас толку верував во искреноста на Советскиот Сојуз и во неговата искрена желба да му помогне на македонското ослободително движење, што без никакво двоумење и резерва ja примив понудата и сметав дека е дојден моментот македонското движење да се истргне од влијанието на бугарската буржоазија и дворец и дека навистина ќе стане независно ослободително движење [1].

 

Овде треба да се додаде дека Советскиот Сојуз, преку својот претставник К. Раковски, беше го поткрепил веќе македонското револуционерно движење на една меѓународна конференција во Лозана во 1922 година.

 

Ho Т. Александров немаше доверба во Димитар Влахов така што му го придодаде и својот зет Михаил Монев, инаку активен работник во ВМРО.

 

 

1. Од уште необјавените мемоари на Димитар Влахов, Том I стр. 314.

 

 

13

 

По разговорите во Москва со Трилисер Радек и некои други кои подвлекуваа „дека Македонците можат да сметаат на помош од Советска Русија само ако работат заедно со комунистите, борејќи се против фашистичките влади" [1] доаѓа до краток застој во преговорите.

 

Но наскоро потоа доаѓа до нови контакти во Виена, каде што Влахов се преселува како претставник на македонското револуционерно двнжење. Се работи пред се на тоа да се пронајде заедничка платформа меѓу различните струи и групации во македонското револуционерно движење. Односно беше потребно да дојде до спогодба меѓу тогашните членови на ЦК на ВМРО — Александров, Протогеров и Чаулев.

 

Чаулев веќе долго време беше во опозиција и неговите односи со Т. Александров и А. Протогеров беа прилично затегнати, а особено со последниот, со кого дури и не зборуваше.

 

Како резултат на едно вакво настојување доаѓа до низа состаноци во Виена и во Рим, зашто Чаулев живееше во Албанија, а Александров и Протогеров во Бугарија.

 

Во март 1924 година во Рим се состануваат Т. Александров, П. Чаулев и Д. Влахов. Протогеров не присуствуваше, зашто Чаулев одби да се состане со него. Тука, навидум се постигна полна согласност. Т. Александров, а потоа и А. Протогеров ги прифатија принципите за самостојна револуционерна борба на македонскиот народ,

 

 

1. Исто, Том I стр. 339.

 

 

14

 

подвлекувајќи ja потребата од обединување на македонскиот и балканскиот фронт — принципи што П. Чаулев уште одамна ги беше прифатил како свои. Овде беше решено Чаулев и Влахов да почнат да преговараат со македонската Федеративна партија чии претставници беа Т. Паница и д-р Атанасов, како и со претставниците на слични организации на Албанија, Хрватска, Црна Гора и другите балкански народи и држави. За време на преговорите најмногу тешкотии имаше со федералистите, но сепак се дојде до согласност и Чаулев и Влахов ja потпишаа заедничката декларација, која во Линц (Австрија) беше прифатена и од страна на ЦК на ВМРО. Референт на тој состанок беше Димитар Влахов.

 

Паралелно со ова Димитар Влахов водеше разговори и со претставникот на Советскиот Сојуз Черски чие вистинско име е Голдштејн.

 

Димитар Влахов во Виена имаше постојани врски и со претставниците на Комунистичката партија на Југославија Бошковиќ (Филип Филиповиќ), Коста Новаковиќ и Ѓуро Цвииќ, потоа со претставниците на ЦК на Комунистичката партија на Бугарија Г. Димитров и Наум Исаков и со низа албански прогресивни работници.

 

За време на разговорите со претставниците на Советскиот Сојуз како и со членовите на ЦК на ВМРО, на кои присуствуваше и Д. Влахов, кај него се искристализира мислата дека ќе биде неопходно пред македонскиот народ и македонската јавност ЦК да излезе со декларација, во која ќе биде речено дека македонското движење ќе се развива самостојно, по свој сопствен пат. Т. Александров го замоли Д. Влахов да состави

 

 

15

 

проекти на таа декларација, што е и направено. Т. Александров го разгледа проектот заедно со своите интимни соработници и откако беа извршени коренити измени, декларацијата беше објавена. Објавената декларација немаше ништо заедничко со предложениот оригинал и во јавноста мина речиси незабележано.

 

На состанокот во Линц П. Чаулев и Д. Влахов настојуваа да ги убедат сите тројца членови на ЦК на ВМРО да ja потпишат декларацијата, што е сторено на 29 април 1924 година, а соодветниот протокол беше потпишан на 30 април 1924 година.

 

Основни принципи на овие документи беа следниве:

 

— ВМРО се бори за обединување на распарчената Македонија во самостојна политичка целост, во рамките на нејзините природни етнографски и географски граници;

 

— политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано единствено во рамките на Балканската федерација;

 

— Во борбата за ослободување на Македонија и за создавање Балканска федерација ВМРО, пред сé, смета на обединетите сили на целокупниот македонски народ во соработка со револуционерените движења на другите балкански народи и дека реализацијата на овие задачи зависи, исто така, и од општата меѓународна ситуација.

 

 

16

 

ВМРО најрешително ќе ja зајакне својата борба како против српската и грчката, така и против бугарската влала кои се орудие или на своите или на туѓите империјалистички аспирации кон Македонија. Во тој правец ВМРО ќе ja прекине секоја врска со тие влади и ќе води борба против нивната политика;

 

— ценејќи го огромното значење на единствениот револуционерен фронт на Балканот во борбата со балканските и европските империјалисти, ВМРО искрено ќе придонесе за остварување колку што е можно побргу, на тој единствен револуционерен фронт, ќе стапи во најтесен контакт и ќе ja координира својата борба со борбата на другите револуционерни движења на балканските земји, што ja прифаќаат борбата за вистинско самоопределување на своите народи, за ослободување и обединување на Македокија во самостојна политичка целина, за стапување во рамноправен сојуз во рамките на Балканската федерација;

 

— BMPO смета дека за создавање единствен балкански револуционерен фронт од суштествено значење е групирањето на сите револуционери на македонското движење во единствен македонски револуционерен фронт, итн.

 

 

Бидејќи, нити декларацијата, нити протоколот не беа наменети за јавноста. Т. Александров, Протогеров и Чаулев решија да излезаг пред македонскиот народ со Манифест кој ќе ги содржи основните принципи на декларацијата и протоколот. А. Протогеров самиот се нафати да го подготви предлогот на Манифестот. Но тоа не му тргна

 

 

17

 

од рака. Протогеров всушност беше стар врховист така што Д. Влахов беше задолжен да го направи и ова. Новиот проект беше прочитан пред члековите на ЦК и пред претставниците на балканскиот револуционерен центар. Самиот Т. Александров значително ги заостри деловите што беа управени против бугарската влада, веројатно за да му се додвори на претставникот на револуционерниот центар. На 6 мај 1924 година, Манифестот беше дефинитивно редигиран и потпишан од страна на Протогеров и Чаулев, и тие двајца, со полпомошно, се потпишаа и за Т. Александров кој веќе беше отпатувал за Софија.

 

Но откако се вратија во Софија, под притисок на своите едномисленици, верни слуги на бугарскиот дворец, како и под притисок на владата на Цанков, Александров и Протогеров со разни махинации, застрашувања и интриги се обидоа да го запрат објавувањето на Манифестот, односно да го одвојат Чаулев [1] прикажувајќи го Димитар Влахов како човек кој работи во корист на Советскиот Сојуз, правејќи притоа разни други махинации.

 

Од друга страна, тие се обидоа да го неутрализираат Димитар Влахов, односно да го ликвидираат, зашто тој не само што стануваше непогоден,

 

 

1. П. Чаулев го убија луѓето на Т. Александров и Протогеров во Милано, а Тодор Паница Менче Карничну, подоцна жена на Иван Михајлов, во Виена, во мај 1925.

 

 

18

 

туку поради неговата дотогашна револуционерна работа, упорност и верност кон делото за ослободувањето на Македонија, беше директна пречка за нивното непречено газдување како во ВМРО, така и во самата Бугарија. Ова последново за нив беше најчувствително, зашто им ja одземаше личната материјална база која им ja овозможуваше бугарскиот дворец и влада.

 

За таа цел Т. Александров, преку својот личен претставник во Виена, Никола Велев, инаку роднина на Протогеров, му ja испраќа на Влахов следнава телеграма: „Соопштете му на Данаилов (Д. Влахов) никакви публикации, никаков весник. Молам да дојде на состанок [1].

 

Меѓутоа, „Мајскиот манифест" беше печатен на 15 јули 1924 година во списанието „Балканска федерација", чиј главен редактор беше Д. Влахов.

 

Мајскиот манифест беше прифатен со голема радост и надежи, како меѓу македонската емиграција во Бугарија, така и меѓу македонското население во Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот крај на Македонија. Исто така, манифестот беше примен и од страна на многубројната македонска емиграција во друште земји, како во САД и Австралија.

 

Манифестот беше објавен и од весникот „Илинден" — орган на Илинденската организација,

 

 

1. Од уште необјавените мемоари, Том II, стр. 1.

 

 

19

 

на ветераните на Илинденското востание, во тираж од неколку илјади примероци.

 

Основните принципи на Мајскиот манифест беа прифатени и од емигрантската комисија при Бугарската комунистичка партија, од Федеративната организација, како и од Илинденската организација. Него не го прифатија само заинтересираните влади на балканските земји, меѓу кои Македонија беше поделена.

 

Во овој период во Софија започна објавувањето разни фалсификати во однос на Д. Влахов, со цел да се дискредитира пред македонските маси. Но ликот на Димитар Влахов ним им беше добро познат, и сите тие обиди како бумеранг им се враќаа, а особено по објавувањето на книгата на Д. Влахов „Предавниците на македонското дело" [1].

 

Но, оваа кампања од една страна, печатењето на книгата и упорната борба, што се водеше преку списанието „Балканска федерација" и „Македонско дело", како и фактот дека беше основана нова Внатрешна револуционерна македонска организација, наречена обединета — ВМРО (об) — придонесе работите брзо да се разбистрат. Се покажа на какви позиции се наоѓаат Александров и Протогеров, односно дека тие навистина го предале делото на македонскиот народ, дека ja предале Македонија.

 

 

1. „Предавниците на македонското дело" е печатена во Прага во 1926 г. на бугарски, потоа во Париз на француски, и во Цариград на турски јазик. Оваа книга многу силно ja раскринка сета тежина и мизерија на предавниците Александров, Протогеров, Ванчо Михајлов и нивните следбеници.

 

 

20

 

Од друга страна, настојувањето да се „измијат" пред владата на фашистичка Бугарија, за нивниот обид да се оттргнат од предавството кон својата земја, не успеа. Т. Александров беше убиен во 1924 година со учество на самиот Протогеров и Ванчо Михајлов, а во 1928 година беше убиен и Протогеров по налог од Ванчо Михајлов.

 

Во врска со овие настани во своите „Мемоари" Д. Влахов пишува:

„Откако Александров и Прогогеров ги изиграа доброволно земените задолженија спрема македонскиот народ и македонското ослободително движење, започна борба на живот и смрт меѓу македонските и бугарските фашисти, меѓу империјалистите од Југославија и Грција, од една страна, и прогресивните луѓе Македонци, Бугари, Срби, Хрвати, Грци и други, од друга страна".

 

По убиството на Чаулев и Паница беа убиени Димо Хаџи Димов, Симеон Кавракиров, Димитар Сурлев, Христо Трајков, Трајко Христов и многу други јавни работници и македонски револуционери.

 

Македонските и бугарските фашисти се обидуваа да го убијат и Д. Влахов. Самата Менче Карничиу [1] на процесот поради убиството на Тодор Паница изјави дека била испратена да убие

 

 

1. Менче Карничиу во Виена беше осудена за убиство на Тодор Паница на 9 год., но поради наводно тешката здравствена состојба беше пуштена од затвор и по враќањето во Софија се омажи за Ванчо Михајлов — иницијатор и инспиратор на ова убиство.

 

 

21

 

друг, но дека не е незадоволна ни со она што го сторила. Таа во неколку наврати се обидуваше да воспостави контакт со Д. Влахов. Се сеќавам кога еден ден татко ми беше заедно со мене во една од куќите — јавки — во која не спиеше, но каде што беше пријавен и каде што ja држеше својата, уште тогаш многу богага библиотека, која подоцна, во 1933 година во Берлин беше запалена од страна на германските фашисти. Овде дојде Менче Карничиу со сестра и́ на жената му од Тодор Паница, Магдалена Брундарова за да побара некои книги од Д. Влахов. Дополнително беше установено дека Менче Карничиу е една од оние што го следела Д. Влахов и била запознаена дека тој се наоѓа таму. Потоа се преземени уште построги мерки таа да не дојде во допир со Д. Влахов. Сопругата на Димитар Влахов, Марија Влахова [1] не еднаш мораше да им се спротивстави со револвер на разните платеници што го следеа Влахов.

 

Се сеќавам многу добро дека непосредно по убиството на Тодор Паница во виенскиот Бургтсатар за време на претставата на „Пер Гинт", и подоцна за време на судењето на Менес Карничиу, виенската полиција постави специјален агент што имаше задача да се грижи за мојата безбедност зашто се плашеше дека може да бидам

 

 

1. Марија Д. Влахова е ќерка на познатиот солунски револуционер Иван Калев и самата беше активна за време на подготовките на Илинденското востание, носејќи им оружје на четите. Беше учителка во Воден (Егејска Македонија) и до крајот на животот верна сопатница на Д. Влахов.

 

 

22

 

киднапиран. Точно е дека имаше неколу вакви обиди, но тие беа многу слабо организирани.

 

Немајќи можности од Виена физички да се пресметаат со Д. Влахов, македонските фашисти преку бутарската влада побараа од австриската влада да им се врачи Д. Влахов, обвинувајќи го дека е соучесник во познатиот атентат во црквата „Св. Недела" во април 1925 година во Софија. Австриските власти не се осмелија да им го предадат Д. Влахов на Бугарите, но решија да го изгонат од Австрија. Меѓутоа, ни во тоа не успеаја, бидејќи за Д. Влахов се заложи Карл Зајц, градоначалникот на Виена и еден од водачите на австриската социјал-демократија, а уследи и интервенцијата на Зигмунд Кунфи, еден од министрите на владата на Бела Кун, кој во тоа време беше надворешно-политички уредник на весникот „Арбајтер Цајтунг" во Виена.

 

Но екстрадикцијата на Д. Влахов не ja бараа само бугарските власти. Тоа го бара и југословенските власти, поради низата статии објавени во „Балканска федерација", чиј одговорен уредник беше Д. Влахов, а кои беа насочени против теророт што владееше тогаш во Југославија.

 

Во септември 1925 година во Виена по подолги подготовки, доаѓа до одржување на Првата конференција на претставниците на разните револуционерни движења од сите краишта на Македонија. На таа конференцнја претседаваше Д. Влахов. На конференцијата беше избран Централен

 

 

23

 

комитет на ВМРО (об) по состав: Ранко Брашнаров, Христо Јанков, Димитар Влахов, Георги Цанков и Димитар Арнаудов, а за кандидат нa ЦК — Ризо Ризов, Паеол Шатев и Владимир Поп-Томов. Во тоа време [1] ние веќе имавме значителни успеси во Вардарска Македонија, каде што Ранко Брашнаров и други наши другари таму успејаа да организираат групи во разни градови на Македонија, како што се: Велес, Скопје, Куманово, Штип, Радовиш, Кавадарци и други места. Овие групи при немање солидни комунистички групи во тие места му укажуваа суштествена помош на самото комунистичко движење во Македонија со распространување разни апели на ПК на КПЈ, предавање писма, востановување врски и др. [2]

 

Слични групи, со вкупно околу 700 членови, беа создадени во Егејска Македонија — главно во Леринско и Костурско, додека претставници на ВМРО (об) за тој дел беа Неделко Поп Неделков и Андреј Чипев.

 

Во Пиринска Македонија постоеја 14 групи, а на чело на Обласниот комитет на ВМРО (об) се наоѓаше многу познатиот и смел борец Симеон Кавракиров.

 

Во тој момент беше потребно што повеќе да се сврти вниманието на светското јавно мнение за положбата на Македонците, а исто така и за положбата на другите народи на Балканот, зашто насекаде беснееше теророт познат под името „бел терор".

 

 

1. Се однесува на 1926 година и натаму.

 

2. Од уште необјавените Мемоари на Д. Влахов, том II стр. 23.

 

 

24

 

Задачата на таа акција беше исто така осветлување на положбата на македонскиот народ во сите три дела и добивање поткрепа за делото на Македонската револуционерна организација.

 

Иницијативата и извршувањето на оваа задача се сврзани со Д. Влахов кој го спроведе тоа со помош на списанието „Балканска федерација".

 

За таа цел најпрвин беа напишани околу 200 писма што беа испратени до голем број познати јавни работници во Европа. За ова многу добро се сеќавам, зашто учествував во преведувањето некои од тие писма на германски јазик. Одговори пристигнаа од околу сто и педесет јавни работници, кои беа печатени во списанието „Балкабска федерација". Меѓу оние, што одговорија, се наоѓаа и такви имиња како што се Анри Барбис, голем француски писател и јавен работник, потоа Даниел Рену, Габриел Пери, Рене Аркос, Панајот Истрати, Марсел Вилард, Фердиманд Буисон, Алберт Ајнштајн, Шарл Рапопорт, Жан Лонге, проф. Неједли, д-р Еленбоген, Леон Никол и уште многу други. Од Југославија одговори познатиот политички и јавен работник Филип Филиповиќ, а од бугарска страна — Васил Коларов и Георги Бакалов.

 

Како резултат на разгранетата активност во почетокот на 1927 година доаѓа до создавање Комитет за соработка на националните и национал-

 

 

25

 

револуционерните движења на Балканот. Како претставник на ВМРО (об) во тој комитет беше делегиран Д. Влахов, кој беше избран и за секретар на Комитетот. Во комитетот влегоа претставници на Албанската организација за национално ослободување, чиј водач беше познатиот албански јавен работник Фан Ноли, потоа претставници на Косовскиот комитег, на Добруџанската револуционерна организацнја и на Тракискиот комитет.

 

Комитетот за соработка и ВМРО (об) беа официјално поканети да испратат делегација на прославата на десетгодишнината на Октомвриската револуција, што се одржа во 1927 година во Москва. Од страна на ВМРО (об) во делегацијата беа Димитар Влахов, Георги Цанков и Павел Шатев. Од другите организации учествуваа Фан Ноли, Бошнак, Бедри Пеани, Ибраим Ѓакова и Врбан Петров.

 

По доаѓањето на Хитлер на власт во текот на март 1933 година Д. Влахов беше принуден да го напушти Берлин и да се префли во Париз. Бидејќи бев доста активен во студентското комунистичко движење, морав и јас да отпатувам за Виена, а мајка ми, заедно со внука си Невена Влахова, која живееше и студираше кај нас, останаа да завршат некои работи. Се сметаше дека ним како на жени ништо сериозно не може да им се случи.

 

Но германските власти ги уапсија и по доста силен притисок, главно од страна на француските јавни работници, беа пуштени од затвор дури по три месеци.

 

 

26

 

Bo тоа време веќе се прочу дека Георги Димитров заедно со Попов и Танев се уапсени и дека германските фашисти сакаат да ги обвинат за потпалувањето на Рајхстагот. На Хитлер, Гебелс и Геринг им беше потребна една ваква провокација за да можат да се пресметаат со левицата во Германија, која на последните избори се уште имаше преку 12 милиони гласови, а особено против Комунистичката партија на Германија која со околу 5 милиони гласови претставуваше доста силен фактор.

 

Но како што е познато, оваа провокација германските фашисти не само што не можеа да ja искористат туку тоа и многу скапо го платија, зашто меѓународното јавно мнение мошне компактно и борбено се сврте против нив, а и многу цврстиот став на Советскиот Сојуз и притисокот што го вршеше тој, доведе до тоа фашистите да бидат принудени по прочуениот Лајпцишки процес да го пуштат Димитров со другите, кои отпатуваа за СССР.

 

Но овој потег, оваа провокација, им даде на Германските фашисти доста голема слобода на внатрешен план. Тие го заплашија германскиот народ, ги уапсија сите што можеа активно да се спротивстават, беше обезглавена работничката класа и со тоа ширум отворена вратата за непречено спроведување на најсуровиот и најѕверски терор што дотогаш го познаваше човештвото, а се отвори и вратата за се побрзо подготвување верижни агресии што доведоа до Втората светска војна.

 

 

27

 

Во борбата за собирање на сите прогресивни сили за ослободување на Г. Димитров, за жигосување на германскиот фашизам, определено место му припаѓа и на Димитар Влахов.

 

Кога се слушна за апсењето на Г. Димитров и дека обвинението е во врска со палењето на Рајхстагот, Д. Влахов со својот другар Дикран Завену го посети најпрвин Марсел Кашен, директор на весникот „Иманите" и му даде исцрпен материјал за да може тој самиот да напише неколку статии.

 

Го посетија исто така, Секретаријатот на ЦК на КПФ, како и одделни членови на ЦК со кои Д. Влахов имаше личен контакт. Меѓу другите, тоа беа Марсел Кашен, Габриел Перн, Даниел Рену, Жак Дикло и други.

 

Д. Влахов подготви материјал во врска со првата седница на Политбирото на КПФ, на која се донесе решение за започнување кампања за ослободување на Димитров и другарите. За таа цел беше основан и специјален комитет [1], во кој влегоа мошне угледни имиња како што се Брантинг од Шведска, адвокатот Розенберг, Вили Минценберг и др.

 

Д. Влахов сметаше уште од самиот почеток дека Георги Димитров ќе одигра главна улога на претстојниот процес во Лајпциг, иако германските средини го форсираа Торглер, а некои Бугари Попов. На Димитров, преку неговите адвокати Дечев и Петар Григоров, му беа испратени

 

 

1. Комитетот ja објави и книгата „Кафена книга" (Das Braunbuch) во која Д. Влахов го напиша делот што се однесува на бугарските комунисти.

 

 

28

 

материјали потребнн за одбрана. Одбраната на Димитров се претвори во едно од најпрочуените обвинувања што ги доживеа германскиот фашизам и империјализам.

 

Во тоа време Д. Влахов активно работи на организирањето контрапроцеси на кои светското јавно мнение ќе настапи против германскиот фашизам за одбрана на делото на прогресот, за ослободување на Димитров и неговите другари.

 

Така доаѓа до контрапроцеси во Лондон и Париз. На процесите и многубројните митинзи учествуваат такви личности како Моро Деафери, Кампинки, Анри Торез, Бержери, Стафорд Крипс, Притс, Анри Барбис, Марсел Кашен, Васил Коларов, Елена Димитрова [1], Параскева Димитрова [2] и други.

 

Оваа кампања го разниша француското јавно мнение, зближи разни струи и сигурно е дека помогна за создавање на Обединетиот фронт во Франција, а ja покажа и силата на тој фронт. Сите они резултати, без сомнение, послужија како основа при трасирањето на новата ориентација на VII конгрес на Коминтерната каде што Георги Димитров беше избран за генерален секретар.

 

 

1. Елена Димитрова, сестра на Георги Димитров и сопруга на В’лко Червенков.

 

2. Параскева Димитрова, мајка на Георги Димитров, Македонка родена во село Бања, Разлошко, роден крај на Неофит Рилски и Паисиј.

 

 

29

 

Целиот свој живот Димитар Влахов и́ го посвети на борбата како за ослободување и обединување на Македонија во една политичка целост, така и за признавање на нејзиниот народ за посебен народ.

 

Таа борба беше многу тешка. Се наидуваше на постојан отпор и негирање не само од страна на капиталистичките влади и сили на балканските држави, туку и многу често се наидуваше на отпор и негирање и таму каде што тоа најмалку можеше да се очекува. Поради тоа, Д. Влахов беше во постојано затегнати односи со низа луѓе од раководните кадри, како во рамките на бугарската социјал-демократија (тесни) така и подоцна во рамките на Бугарската комунистичка партија. Бугарската комунистичка партија многу често гледаше на македонското револуционерно движење како на дополнителна сила, како на дополнителен инструмент за реализација на своите цели и стратегиски етапи. Од тие причини тоа беа ставови на опортунитет во зависност од моментот и немаа принципиелен карактер.

 

По одржаниот пленум на Комунистичката интернационала во 1934 година во Москва, на кој присуствуваше и Д. Влахов, на дневниот ред на седницата на Извршниот комитет на Комунистичката интернационала беше поставено и македонското прашање, а претходно во врска со тоа, беше одржана конференција на балканските комунисти што во тоа време се наоѓааа во Москва.

 

На оваа конференција не присуствуваа Коларов, Антон Иванов, Станке Димитров, ниту В’лко Червенков, што на Д. Влахов уште тогаш му беше симптоматично.

 

 

30

 

Говореше Гаврил Генов [1], кој ja поткрепи тезата за постоењето на македонската нација. Тој се заложи балканските комунисти да и дадат помош за нејзиниот натамошен развој. Меѓу другите, на оваа конференција говореше и Димитар Влахов.

 

Балканскиот секретаријат на Извршниот комитет на комунистичката интернационала требаше да го разработи прашањето за формирањето на македонската нација и да подготви соодветна резолуција [2]. Таа задача ja доби еден член на Секретаријатот, Полјак по народност, кој не знаеше многу за македонското прашање, па му се обрна на Д. Влахов да му помогне и така беше изработена предлог-резолуција [3]. И во годините по започнувањето на Втората светска војна Д. Влахов неуморно ќе се ангажира за доброто на својот народ и татковината. Во 1941 година по агресијата на Хитлерова Германија врз Советскиот Сојуз, како претставник на македонскиот народ тој држи говор на Првиот сесловенски митинг во Москва и развива голема активност, како во самиот Сесловенски комитет, така и во разни списанија.

 

„Јас ja истакнувам големата заслуга на другарот Тито и неговите блиски соработници за македонското ослободително движење, давајќи им ja целата своја поткрепа, т. е. поткрепата во секој однос за да може македонскиот народ да го

 

 

1. Гаврил Генов е фактички раководител на септемвриското востание во Бугарија во 1923 година.

 

2. На седницата присуствуваше и другарот Родољуб Чолаковиќ.

 

3. Резолуцијата е печатена во „Македонско дело" во 1934 г.

 

 

31

 

извојува своето ослободување и својот национален суверенитет и независност и да може, во сојуз со другите народи на Југославија, да ja образува моќната Федеративна Народна Република Југославија со која и ние Македонците се гордееме не помалку од другите народи на таа Република" — запиша во своите Мемоари Д. Влахов.

 

 

Од самиот почеток на борбата против фашистичка Германија и нејзините трабанти — Италија, Унгарија, Бугарија и други, што ja имаа окупирано Југославија, Димитар Влахов пламено на нему својствен начин ги даде сите свои сили за победата на прогресивните сили, за победата на Народно-ослободителната борба, за победата на револуцијата за ослободување на Македонија.

 

Во Јајце на 29 ноември 1943 г. Димитар Влахов беше избран за потпретседател на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ), потоа за потпретседател на Президиумот на Народната скупштина на ФНРЈ, за претседател на Народниот фронт на Македонија, а подоцна и на Социјалистичкиот Сојуз на работниот народ на Македонија. Член е на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија и на Ревизионата комнсија на ДК КПЈ.

 

Тој беше еден од ретките македонски револуционери на старата генерација, од генерацијата на ВМРО и на Гоце Делчев, кој ja имаше таа среќа да го доживее ослободувањето и независното суверено постоење на својата татковина и да работи за нејзиниот напредок и процут, уверен дека

 

 

32

 

постоењето на Социјалистичка Република Македонија во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е оној фар, онаа светлина што ќе придонесе исцело да се остварат идеалите на стотици и стотици илјади Македонци што ги дадоа своите животи за делото на Македонија.

 

По долготрајна болест и ожален од сиот свој народ Д. Влахов умре на 7.IV.1957 година.

 

 

[Back to Main Page]


 

Лектор: Стефан ЗИГЛИН

Печатено во печатница „Напредок”—Тетово во јули 1968 г.

Тираж 20.000 примероци

Цена 0,60 дин.

 

Издава: Радио-телевизија Скопје

Уредува колегиум:

Алексанлар АЛЕКСИЕВ (Гл. и одговорен уредник),

Цане АНДРЕЕВСКИ, Михаило АПОСТОЛСКИ, Димитар ДАНАИЛОВ и Блаже РИСТОВСКИ.

 

 

Радио-телевизија Скопје.

Радио Скопје

Библиотека „Светлини на минатото"

 

Четврто коло

1. Д-р Орде Иваноски НИКОЛА КАРЕВ

2. Д-р Гане Тодоровски ДАМЕ ГРУЕВ

3. Инж. Густав Влахов СПОМЕНИ ЗА ТАТКО МИ

4. Д-р Данчо Зографски ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

3. Д-р Блаже Ристовски КРСТЕ МИСИРКОВ

6. Димитар Митрев ДИМО ХАЏИ-ДИМОВ

7. Христо Андоновски ЛАЗО ТРПОВСКИ

8. МАКЕДОНЦИ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

0. МАКЕДОНЦИ ВО ШПАНИЈА

10. Димче Најдевски ОРЦЕ НИКОЛОВ

 

Петто коло

1. Д-р Душко Константинов КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

2. Д-р Славко Димевски ТЕОДОСИЈ МИТРОПОЛИТ СКОПСКИ

3. Д-р Александар Спасов КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ

4. Д-р Ѓорги Сталев ГЛИГОР ПРЛИЧЕВ

5. Д-р Блаже Ристовски ЃОРГИ ПУЛЕВСКИ

6. Томо Саздов МАРКО ЦЕПЕНКОВ

7. Д-р Гане Тодоровски ТРАЈКО КИТАНЧЕВ

8. Александар Алексиев ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

9. Димитар Митрев НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ

10. Тодор Димитровски КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ