Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

2. (Пајонија, Dacia Mediterranea, Јустинијан, градовите Баргала и Запара, црквата во Солун и Илирскиот епископат, Охридската архиепископија)

 

 

Земјите меѓу Аксиос и Стримон, кои претставуваат поголем дел од денешна СР Македонија, во времето пред доаѓањето на Римјаните биле населени со пајонски племиња. Првите историски податоци за нив ги наоѓаме во Илијадата [1], каде што се наспоменува дека некои од овие племиња учествувале во Тројанската војна и се бореле против Ахајците како сојузници на Тројанците под предводништво на Пирајхме. [2]

 

За териториите што ги населувале пајонските племиња податоци даваат античките писатели. [3] Областите што ги заземале на исток се граничеле со Стримон, на југ со Егејско Море, на запад со Аксиос, a им биле придодадени и Пајонците што живееле источно од Вардар. Таму бил центарот на пајонските племиња и на пајонската организирана држава. Во својот северен и северозападен дел, околу Брегалница кон Стримон, оваа област опфаќала и трачки елементи. [4]

 

Пајонија го заземала долниот тек на реката Астибос, денешна Брегалница, во чии води било изведувано обредното крунисување на пајонските кралеви. [5]

 

Зајакнатата македонска држава на чело со Филип II ја зазема Пајонија, потоа таа се ослободува и останува независна до 284 година пред н.е., кога Лизимах повторно ја потчинува под Македонија. [6]

 

За време на келтските масовни инвазии во 279 година пред н.е. пајонските земји се повторно самостојни. За време на владеењето на македонскиот крал Антигон Гонат се претполага дека Пајонија не влегувала во рамките на македонската држава, меѓутоа таа брзо паѓа под власта на своите северни, за војна расположени соседи — Дарданците. [7]

 

Филип V во 217 година ги протерал Дарданците и ја зазел Билазора и тогаш ја приклучил Пајонија кон Македонија. Оттогаш Пајонија станала составен дел на Македонија. [8]

 

Со навлегувањето на Римјаните на Балканот и со победата над македонскиот владетел Персеј во 168 година пред н.е., Македонија е поделена на четири области со извесна самостојност. Подоцна, во 146 година пред н.е., Македонија ja загубила оваа независност и била претворена во провинција.

 

Пајонија веќе од 168 година е разделена. Нејзините делови ѝ припаднале не само на I и II мерида, туку и на IV мерида. Разделувањето на Пајонија е изведено со определена цел. Со ова е постигнато ослабување на најмокната и најголемата етничко-политичка групација во Македонија. Со тоа е уништено нејзиното политичко и економско единство, како и традицијата на политичка самостојност. Оттогаш нема повеќе спомен за Пајонија како етничка географска целост. [9]

 

Врз основа на проучувањето на археолошкиот материјал од гробовите по могилите во брегалничката област, дел од некогашната Пајонија, од кои едни млу припаѓаат на II век од нашата epa и имаат типично

 

 

1. Хомер, Илијада, Б 848—850.

 

2. Хомер, Илијада, П 284—293.

 

3. Папазоглу, Градови, 58, бел. 2.

 

4. Папазоглу, Градови, 231.

 

5. Папазоглу, Градови, 68, 244, bel. 63.

 

6. Кацаров, Пеония, 41; Папазоглу, Градови, 231.

 

7. Папазоглу, Градови, 231; Папазоглу, Племена, 101.

 

8. Кацаров, Пеония, 41; Папазоглу, Градови, 231.

 

9. Папазоглу, Градови, 58—63.


7

 

 

трачки карактер, a други на V век пред н.е. и наоѓаат аналогии се пајонските наоѓалишта на долен Вардар. [10] И. Венедиков доаѓа до заклучок дека во ова раздобје дошло до промена на етничкиот состав на населението од овој крај, што значи дека по долината на Брегалница трачкото население се настанило кон крајот на раножелезната и во почетокот на римската епоха. [11]

 

В. Санев, врз основа на анализата на погребните обичаи кај Пајонците, наспоменува дека погребувањето под могили и спалувањето на умрените е карактеристично за Пајонците. Тоа го покажуваат поновите истражувања на могилите кај Таринци и Куново што биле подигнати дури во IV век пред н.е. Наспомнувајќи извесни елементи од погребниот ритуал, што можат да се издвојат како трачки, авторот заклучува дека автохтониот елемент, и покрај етничката асимилација, успеал да ги сдржи своите традиции во материјалната и духовната култура. [12]

 

Во врска со етничката припадност на Пајонците постојат различни мислења, [13] од кои некои се темелат на карактеристиките на погребните обичаи [14] и на лингвистичките проучувања. [15] Со поновите истражувања се настојува да се фрли повеќе светлина на овој проблем во науката. [16]

 

Балканскиот Полуостров, на чија територија се наоѓаат областите по текот на Брегалница, во немирните времиња на римскиот период често пати прекројувани, добива заедничко одбележување со поимот Illyricum. [17] Крајот на II век и првата половина на III век во Македонија претставуваат време на политичка и економска стабилизација и на мирен живот, што е одбележано со засилена градежна дејност и развиток на повеќе населени места.

 

Областите по Брегалница за време на раното Царство не влегувале во провинцијата Македонија. Прво ѝ припаѓале на провинцијата Тракија, a по образувањето на Средоземна Дакија се приклучиле кон оваа област. [18] За ова сведочи и натписот од Ханче од 371/2 година, во кој се споменува Баргала која, како еден од најјужните градови на оваа област, во тоа време и припаѓала на Dacia Mediterranea. [19] Помеѓу учесниците на Халкедонскиот собор во 451 година се појавува Дарданиј, епископот од Баргала, кој го потпишал своето име веднаш по Никола, епископот од Стоби, [20] a кои се наоѓаат на листата на епископи од провинцијата Macedonia I. [21] Во Синекдемосот на Хијероклиј, препис од 527/8 година, меѓутоа, базиран делумно врз извори од втората половина на петтиот век, е спомнато дека Баргала припаѓала на провинцијата Macedonia II, [22] која се идентификува со Macedonia Salutaris. [23]

 

 

10. Венедиков, Баргала, 86.

 

11. Венедиков, Баргала, 97.

 

12. Санев, Од предисторијата, 89—90.

 

13. Кацаров, Пеония, 8, и н. е на мислење дека се од варварско потекло. Венедиков, Баргала 82, тврди дека се формирани од илирскиот и трачкиот елемент.

 

14. Гарашанин М. и Д. Археолошка ископавања у селу Радању, 49.

 

15. ibid. 49 цитиран Будимир, Грци и Пеласти, 1950, 35, 36, јазичките елементи кај Пајонците ги припишува на пајонско-македонската група која е пеластичко индоевропска.

 

16. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период, 15—26, бел. 8;

за потеклото Н. Вулић, Народност Пеонаца, Глас СХХI—66, 1926, 1—20.

 

17. Leclercq, DACL. Illyricum (1926), t. VII, col 89—190;

Duval et Popović, Urbanisme et topographie chrétienne, 369, 370.

 

18. Папазоглу, Градови, 83, 96.

 

19. Венедиков, Баргала, 84—86;

Папазоглу, Градови, 93.

 

20. Acta Conciliorum Oecumenicorum, II, I, I, p. 64, № 326.

 

21. Acta Conciliorum Oecumenicorum, II, I, 2, p. 102.

 

22. Ed. E. Honigmann, Le Synekdemos d'Hiéroklès, 641, 6.

 

23. Папазоглу, Градови, 91—95.

 

8

 
 

Провинциите Dacia Ripensis по текот на Дунав и Dacia Mediterranea во централните области на Балканскиот Полуостров се основани од Аврелијан во 279 година, откако ги загубил земјите северно од Дунав. [24]

 

Длабоката криза од готските инвазии на Средниот Балкан од 268/9 година се почувствувала доста силно во Македонија. Тогаш голем број од градските населби и помалите населени места биле разурнати или сосем уништени. Тоа било време на длабоки промени.

 

Поделбата на Империјата на источен и западен дел започнува со Диоклецијановата (284—305) административна и политичка реорганизација. Стопанската реформа имала голем одраз во обновата на разурнатите градови и на бројните отворени населби кои подоцна ќе се развијат во помали вистински градови. [25]

 

Галериј, цезар на Илирик и Тракија (293—311), и Константин I во првата половина на IV век се ангажирале во одбивањето на Визиготите, кои напаѓале од север, и во повторното утврдување на фортификациите по линијата на limesot. [26] При крајот на IV век, според податоците на црковниот историчар Теодорит, Илирик станува самостојна црковна област. [27]

 

Христијанството, по последните прогони, непречено се шири бидејќи станува главен фактор на царската политика. Во 325 година Константин I учествува на Соборот во Никеја на кој е воспоставена врска помеѓу црквата и државата, чија реформа целосно се потпира врз Диоклецијановата реорганизација. На соборот била осудена монотеистичката доктрина на Аријанизмот. Империјата била поделена со Ilyricum на западната и Thracia на источната половина. [28]

 

Во 343 година на Соборот во Сердика аријанската ерес го продлабочува религиозниот јаз помеѓу Исток и Запад. [29] По смртта на Валенс во 378 година кај Хадријанопол и по пустошењата, со мирот од 382 година Визиготите се населуваат како foederati во Moesia Secunda.

 

Во 380 година со Едиктот од Солун е потврдено христијанството како единствено призната вера во Царството. Во 382 година Источен Илирик му е отстапен на Источното царство со присоединување на двете провинции Dacia и Macedonia на Диецезата на Thracia. Постојаните поделби на Империјата продолжуваат и по Теодосиевата смрт. Хонориј го задржува западниот, a Аркадиј источниот дел. [30]

 

При крајот на IV век Македонија е поделена на две области. Macedonia Prima се наоѓала помеѓу провинциите на Илирик кои имаат conzular за намесник, додека на чело на провинцијата Macedonia Salutaris се наоѓал praeses. Според Момзен, Macedonia Salutaris можела да биде формирана околу 386 година. Се претполага дека оваа провинција немала долг век. [31]

 

Подоцна Македонија повторно е поделена на две македонии. За ова спомнува и comes Marcelinus во 482 и 517 година. Со Јустинијановата

 

 

24. Венедиков, Баргала, 86.

 

25. Микулчиќ, За големината на доцноантичките градови, 349-350.

 

26. Гранић, Оснивање архиепископије у граду Јустинијана Прима, 113 бел. 1; Острогорски, Историја Византије, 55;

Мано-Зиси, Урбанизација и урбанизам у Илирикуму, 93, бел. I;

Hoddinott, Bulgarien Bulgaria in Antiquity, 340.

 

27. Theodorit, Historia Ecclesiastica, I, V, 23, 8—12, ed. L. Parmentier, 323.

 

28. Hoddinott, Bulgarien Bulgaria in Antiquity, 340;

Sieben, Die Konzilsidcen der Alten Kirche, 445.

 

29. Barnard, The Council of Serdica, 343 A.D., 46—55.

 

30. Hoddinott, op. cit. 340.

 

31. Leclercq, DACL, Illyricum (1923), VII col. 89—190;

Папазоглу, Градови, 91-93.


9

 

 

административна и црковна реформа, Macedonia Secunda е ставена под црковна власт на Prima Iustiniana, во 535 година. Од списоците на Хиероклиј од крајот на V век и почетокот на VI век можат да се одредат границите на оваа провинција, одбележува Ф. Папазоглу. Таа ги зафаќала областите по средниот тек на Вардар, долниот тек на Црна и целиот тек на реката Брегалница. [32]

 

Големите црковни области се развиле врз граѓанско-политичката администрација на римската држава, a како основа им служела Диоклецијановата поделба на Римската Империја на диецези. Егзархатите главно се поклопувале со териториите на граѓанските диецези. За самостојниот развиток на црквата во Источен Илирик од особено значење с фактот што од средината на IV век станува самостојна префектура, освен за време на владеењето на царевите Јулијан и Валентинијан, со главен град Солун како стопанско и културно средиште на оваа административна област. Црквата во Солун и поради своето апостолско потекло уживала посебен углед помеѓу другите цркви. [33]

 

За состојбата и развитокот на црквата во Илирик податоци наоѓаме во кореспонденција помеѓу римскиот папа и епископите во Солун и илирскиот епископат. [34] Од 395 година Источен Илирик потпаднал во политички однос под Константинопол. Ова нашло легален израз во едиктот на Теодосиј II од 425 година (Cod. Theod. XVI 2, I, 6 Cod. Just. I. 2). Сo основањето на Солунскиот викаријат, Macedonia и Macedonia Salutaris станале имедијатни области на солунскиот епископ. Инокентиј I извршил правно формулирање Илирик да падне под јурисдикција на Рим. Спогодувањата помеѓу Исток и Запад продолжиле се до одвојувањето на западната од источната црква (484—519). [35] Првата половина на V век е одбележана co нараснатата опасност од хунските напади и нивната прва инвазија во 408 година. Во релативниот мир повторно се обновуваат фортификациите po limesot. Сo инвазиите помеѓу 445 и 451 година многу утврдени центри паѓаат под власт на непријателот, a повеќе градови се оштетени. По смртта на Атила, во 453 година, Остроготите ги покоруваат Хуните и се спуштаат во Тракија и Македонија.

 

За време на владеењето на Анастазиј I (491—518), потоа на Јустин I (518—527) и Јустинијан I (527—565) е зајакната опасноста од варварските инвазии од север. Тие претставуваат закана за стабилноста и мирниот живот во Империјата. Поради тоа овој период е одбележан co големи градежни зафати за обнова и изградба на фортификациониот систем по limesot и длабоко внатре на Балканот. [36]

 

Источен Илирик, кој до Јустинијан претставувал единствена црковна организација, од Јустинијан е поделен на две независни црковни области co свои посебни средишта. Овие новообразувани области се поклопувале co областите на двете граѓански диецези на префектурата Илирик, Дакија и Македонија.

 

Првата припаѓала во сферата на римската култура, додека втората имала грчки карактер co неколку епклави и припаѓала во сферата на елинската култура. Црковно средиште на јужната област останал Солун,

 

 

32. Папазоглу, Градови, 92, 93.

 

33. Лепорски, История Тесалоникскаго Экзархата, 64;

Гранић, Оснивање архиепископије у граду Јустинијана Прима, 114;

Поповић, Опћа црквена историја. I, 183, 190.

 

34. Leclercq, DACL Illyricum (1926), VII, col. 89-190;

Гранић, op. cit. 113; Лепорски, op. cit. 46—71 и н.

 

35. Leclercq op. cit. 89—190;

Гранић, op. cit. 116—117; Лепорски. op. cit. 64—71.

 

36. Hoddinott, op. cit. 341.

 

10

 

 

a црковно средиште на новата област и новиот политички центар на префектурата станал градот Prima Iustiniana. [37]

 

Преместувањето на седиштето на префектурата од Солун во Prima Iustiniana се објаснува како со личните мотиви на императорот така и со намалувањето на влијанието на римскиот папа и со експанзивиата тенденција на цариградскиот патријарх спрема Илирик. [38]

 

Со Јустинијановата новела XI од 535 година новосоздадената црковна област станала независна од старите црковни средишта и била во ранг на големите самостојни црковни области на Империјата. Поглаварот на оваа црковна област носел титула архиепископ.

 

Во градот Prima Iustiniana и пред формирањето на архиепископијата се наоѓало црковното и политичкото средиште на провинцијата и на епископијата Дарданија. [39]

 

На јурисдикционата област на новата архиепископија ѝ припаѓале пет провинции — епархии на диецезата Дакија. Тоа биле: Dacia Mediterranea, Dacia Ripensis, Moesia prima или superior, Дарданија co главниот град Prima Iustiniana и Praevalis и најсеверната македонска диецеза Macedonia Secunda или Salutaris, co главниот град Стоби и еден дел од провинцијата Pannonia Secunda. Тогаш трачките области по Брегалница ѝ припаднале на Средоземна Дакија, a останатите на Македонија. [40]

 

По приговорите на папата Агапит I (535—536), Јустинијан ja издава во 545 година новелата СХХХI co генерален карактер за нормирање на црковните прилики, во која не се споменува Macedonia Salutaris.

 

Против царската црковна политика голем отпор развиле епископите од Илирик. Бененат, архиепископ на Prima Iustiniana, го изневерил илирскиот епископат. Toj се придружил на официјалната црковна политика во расправиите околу трите поглавија. Поради тоа бил екскомунициран од Синодот на илирските епископи. Познато е дека тогаш дошло и до локални немири во Илирик. [41]

 

Во врска co овие теолошки и црковни спорења и во врска co нивното расправање и донесувањето на дефинитивна одлука, бил свикан во Цариград петтиот вселенски собор во 553 година. Тогаш е донесено конечно решение што било слично co ставот на Јустинијан. [42]

 

Историјата на архиепископијата Prima Iustiniana може да се следи низ историските извори до почетокот на VII век. Самата институција немала таква важност каква што ѝ припишувал Јустинијан. Меѓутоа, архиепископијата претставувала прва самостојна црковна организација во централните области на Балканот. Таа развила богат и интензивен живот. На ова укажуваат повеќето откриени црковни споменици во јурисдикционите области на архиепископијата. Посебно треба да се одбележи дека нејзиното основање како самостојна црковна организација co седиште северно од Солун имало далекусежни последици во развитокот и организацијата на самостојната црква на Балканот. [42a]

 

За време на владеењето на Маврикиј (582—601) е познат архиепископот Јован од Prima Iustiniana кој водел жива кореспонденција co папата Гргур I (590—604).

 

Последните податоци за оваа архиепископија се од 602 година, потоа нема спомени за неа, ниту за епископите зависни од неа во нејзините

 

 

37. Leclercq, ор. cit. 89—190; Granić, ор. cit. 126; Папазоглу, Градови, 92, 93.

 

38. Гранић, ор. cit. 126.

 

39. Гранић, ор. cit. 127.

 

40. Гранић, ор. cit. 127; Папазоглу, ор. cit. 92, 93.

 

41. Leclercq, ор. cit. col. 98—190; Гранић, ор. cit. 129, 180.

 

42. Гранић, ор. cit. 130.

 

42a. Љубинковић, Традиција Приме Јустинијане, 61—75.

 

11

 

 

северни области. За време на анархичното владеење на Фока (601—610) и на Ираклиј во диецезата Дакија била разурната црковната организација. Поради аварските и словенските инвазии, уште пред распаѓањето на византиската власт во северозападните делови на Балканскиот Полуостров, диоцезата Дакија ја губи својата понапрежна политичка положба, бидејќи политичкото тежиште од Prima Iustiniana повторно е преместено во Солун. Уште за време на Маврикиј шефот на цивилната управа praefectus praetorio per Illyricum ce наоѓал во Солун. [43]

 

Општата обнова на Римската Империја ја зафаќа и Македонија со областите по текот на Брегалница. Започнува обнова на патиштата. Познато е дека речните долини отсекогаш претставувале природни сообраќајници и ги поврзувале и најдалечните краишта и народи. Балканскиот Полуостров е испресечен со повеќе вакви патишта по должината на речните долини. Како еден од најзначајните е секако патот што водел од Дунав по Моравско-вардарската котлина и ја поврзувал средна Европа со Солун и егејските острови во Медитеранот.

 

Па оваа главна сообраќајница се надоврзувал уште од античкиот период патот што водел, според Tab. Peutingeriana, од Стоби на Вардар по Брегалница, a потоа по Злетовска Река кон Пауталија и Сердика. [44] Така, патот по долината на Брегалница, надоврзувајќи се на делницата Stobi—Heraclea Lincestis, излегува на една од најзначајните римски сообраќајници Via Egnatia. Познато е дека со покорувањето на Македонија залочнува изградбата на Via Egnatia. [45]

 

Од Стоби пак по Вардар врската водела до Солун. На патот по Брегалница, бездруго, ce надоврзувале и други патишта, како по долината на Струма, така и спрема горниот тек на самата Брегалница.

 

Голем број од разурнатите населби во борбите ce напуштени, a други одново изградени. Започнува обновата на тврдините по Брегалница во подножјето на Плачковица и на погодни места, како и од спротивната северна страна на реката. На ниските издадени брегови на Плачковица се подигаат фортификации и утврдени градови со повеќе кули и castrumi.

 

Така Брегалница со многрбројните утврдувања на Плачковица, и покрај нејзините притоки од обете страни, станува еден од внатрешните limesi на Балканскиот Полуостров. Овој фортификационен систем имал за задача да ги брани самите градски населби и другите населени места и да го осигури непреченото движење по патиштата во областите источно од Вардар. Истовремено тој претставувал важна пречка за навлегување на непријателот кон Солун, еден од мошне значајните стратегиски, политички и културни центри во Империјата и моќен црковен центар на Балканот.

 

За развитокот на градовите источно од Вардар во доцноантичкиот период драгоцени податоци наоѓаме во Синекдемосот на Хиероклиј (препис од 527/8 година), базиран врз извори од втората половина на V век. Во областите источно од Вардар во провинцијата Macedonia Ѕаlutaris ce наброени градовите: Баргала, Келенидин, Армонија и Запара. [46]

 

Значајни податоци ни дава и Tab. Peutingeriana, каде по текот на реката Астибос, денешна Брегалница, на главниот пат за Пауталија и

 

 

43. Гранић, ор. cit. 132, 133.

 

44. Tab. Peut. VII, 5: Stopis — XXX — Tranupara — XX — Astibo — L — Pautalia...

 

45. Папазоглу, Градови, 74, бел. 44;

Sitwel, Roman Roads at Europe, 124, 125. Прв акт на римската власт во новата провинција Македонија била изградбата на воениот пат Via Egnatia, што го поврзувал Јадранското Море со Егејското. Патот изграден за воени потреби, стр. 129.

 

46. Ed. E. Honigmann, Le Synékdemos, 641, 6.


12

 

 

Сердика, се наоѓаат одбележани градовите Транупара и Астибо. [47] Полиен го опоменува ритуалното капење на пајонските кралеви во реката Астибос при крунисувањето. [48]

 

За градовите Баргала [49] и Запара [50], споменати во списоците на Хиероклиј, има податоци дека претставувале многу значајни ранохристијански црковни центри и епископски седишта.

 

На Халкедонскиот собор во 451 година од градот Баргала е споменат епископот Дарданиј. [51] Името на градот го наоѓаме на натписот од Ханче, датиран во 371/2 година. [52] Со археолошките истражувања е откриен градот со ранохристијанскиот комплекс и е убициран кај Горен Козјак. Епископскиот град Баргала с посведочен и со натписот на капителот од влезот на трибелонот на црквата, со името на епископот Хермија, основач на Базиликата. [53]

 

Градот Запара како civitas и епископско седиште се споменува во 553 година на V екуменски собор во Цариград. [54] По тоа време бил под јурисдикција на архиепископијата Prima Iustiniana [55] и се наоѓал во новооснованата провинција Средоземна Дакија. Епископот Фока од Стоби го претставувал Бененат од Prima Iustiniana на соборот во Цариград. [56]

 

За градовите Келенидин и Армонија, што се споменати кај Хиероклиј, нема други историски податоци. Меѓутоа, со интензивирањето на археолошките истражувања по Брегалница ќе се дојде до податоци за убикација и на овие градови. [57]

 

Врз основа на историските податоци и литературните извори, како и врз резултатите од археолошките истражувања можно е да се укаже дека по Брегалница, на преодот од раниот римски период во доцноантичкиот, се наоѓале значајни воени, административни и организирани црковни центри.

 

Досега откриените градови, тврдини и населби се делумно истражени. Во нив се откриени цели архитектонски ранохристијански ансамбли, со многубројни црковни објекти и гробни структури. Овие остатоци укажуваат на жива градежна активност од крајот на IV век и низ целиот V—VI век во јурисдикционите области на организираните црковни центри по Брегалница.

 

Епископиите по Брегалница во ранохристијанскиот период се дел од црковната организација на Источен Илирик, кој од крајот на IV век бил самостојна црковна област. [58] За нејзиниот самостоен развој од особено значење е тоа што оваа област од средината на IV век е самостојна префектура со главен град Солун, кој бил стопанско и културно средиште на оваа административна единица. За владеењето на Јустинијан потпаѓале под јурисдикција на Prima Iustiniana, првата самостојна црковна организација на Балканот во ранг на архиепископија. [59]

 

Историјата и развитокот на епископиите по Брегалница се неразделни од развојот на црквата во Солун и Илирскиот епископат како и од архиепископијата Prima Iustiniana. Во нивниот развој голема

 

 

47. Supra бел. 44.

 

48. Polyaen, IV 12, 3.

 

49. Tsitouridou, Macedonia, 242, 243.

 

50. Mansi, IX. р. 199.

 

51. Supra бел. 20.

 

52. Supra бел. 19.

 

53. Aleksova-Mango, Bargala, 268.

 

54. Supra бел. 50.

 

55. Папазоглу, Градови, 248.

 

56. Ibid. 96.

 

57. Ibid. 246.

 

58. Supra бел. 27.

 

59. Leclercq, DACL, Illyricum (1926), t. VII, 89—190; Љубинковић, op. cit. 61—75.

 

13

 
 

улога одиграле и борбите за превласт над црквата во Илирик што се воделе помеѓу Рим и Константинопол. [60]

 

Археолошките истражувања ги потврдуваат историските изворни податоци и укажуваат дека по Брегалница во доцноантичкиот период во јурисдикционите територии на двете епископии во Баргала и Запара се наоѓале повеќе изградени црковни градови. Во плановите на овие објекти се забележуваат влијанија од метрополите и од малоазиските црковни центри.

 

Силната и добро организираната црква со две епископски седишта, со многубројни црковни градби по Брегалница и пошироко, одиграла пресудна улога во животот на Словените во Македонија по нивното населување на Балканот. Големиот број стари ранохристијански црковни градби придонел за брзото ширење на христијанството помеѓу Словените, за нивното брзо описменување и за основањето на првата словенска епископија во Македонија.

 

До почетокот на VII век во поширокото подрачје на Брегалница се населило словенското племе Стримонци. [61] Историските извори не известуваат дека меѓу словенското население во Тракија и Македонија постепено се зголемувал бројот на приврзаниците на христијанството, што се објаснува со подолгото живеење под византиска власт, [62] така што од средината на IX век имало многу покрстени Словени.

 

За областите по Брегалница се врзани историски и литературни податоци кои зборуваат за најзначајните настани во животот на Словените во Македонија. И покрај легендарните податоци, со мисијата на Константин Кирил Филозоф започнува покрстувањето и ширењето на писменоста на словенски јазик помеѓу Словените на Брегалница. [63] Организирањето на првата словенска епископија на Брегалница и подигањето на црквата, во која се пренесени моштите на Тивериополските-Струмички маченици, [64] претставува посебен историски настан во животот на Словените во Македонија и почетокот на прва организирана словенска црква на Балканот. Богослужењето во овој катедрален храм е изведувано на словенски јазик [65] од свештеничкиот клир обучен од Климента.

 

Откривањето на овој репрезентативен храм со Martyrium од крајот на IX и почетокот на X век на Брегалница, недалеку од Крупиште, недвосмислено го поврзува првото организирано словенско црковно средиште со Македонија. [66] Определувањето на првата словенска епископија е јасно одбележано кај Теофилакт кој наведува дека се наоѓала на Брегалница (ἐν τῇ τῇς Βραγαληνὶτζης έπισκοπῇ) [67].

 

Нашите нови откривања со археолошките ископувања и истражувања по Брегалница придонесуваат да се потврдат голем број од историските

 

 

60. Ibid, 98—190.

 

61. Панов, Штип и Брегалничката област, 46.

 

62. Снегаров, Християнството въ България, 195—218, бел. 5.

 

63. Од средината на XIX век со прашањето за мисионерската дејност на Константин Кирил Филозоф на Брегалница се имаат зафатено многу учени. Ова прашање е отворено во науката, бидејќи еден број од учените оваа мисија ја прифаќаат како претпоставка. За ова прашање види понатаму во „Брегалничката мисија" со цитираната селективна библиографија за проблемот.

 

64. Теофилакт, Мъченичеството, 260, 261, 262.

 

65. Ibid. 264.

 

66. Остатоци од овој споменик за прв пат се откриени во 1984 година од Б. Алексова и Д. Црневски, и тоа централната и двете северни апсиди. Поради подводниот терен и нерешените имотни прашања истражувањата се продолжени со ограничени можности во текот на 1985—86 година. Со ископувањата во 1987 година, што ги води Б. Алексова со учество на Л. Велковска, Ј. Намичева, М. Бошковски и В. Кипријанов, продолжи откривањето на овој раскошен објект од неговата источна страна.

 

67. Historia martyrii XV martyrum, PG, 126, cols. 201 ff. 213. Ова e споменот за епископијата на Брегалница.


14

 

 

изворни податоци врзани за почетоците на покрстувањето и за градителската и културно-просветната дејност на Словените по Брегалница и пошироко во Македонија.

 

Византиската контрола над овие области населени со Словени повторно е воспоставена од императорот Јован Цимискиј во 971 година година и уште посигурно по пропаста на Самоиловата држава за време на Василиј II на почетокот на XI век. Веднаш потоа следува и црковната реорганизација што ja спроведувал Василиј II со Повелбата дадена на Охридската архиепископија од 1019 година. Во оваа повелба епископијата на Брегалница веќе не се споменува. [68] Од пропаста на Самоиловата држава во овие источни области на Македонија се споменува Мородвишката, Малешевската, Злетовската и Лесновската епископија додека потпаднала под Ќустендилската епископија. [69]

 

Треба да се спомене дека постои сомневање во исправноста на Повелбите на Василиј II и во епархиското распределување што е претставено во нив. [70] Поради тоа постои оправдано мислење дека Василиј II, по победата над Самоил, имал посебни причини да ја укине првата словенска епископија на Балканот, што се наоѓала на реката Брегалница, бидејќи таа како прв словенски центар и лулка на словенската писменост, просвета и култура и прво организирано од Климента црковно жариште најмногу ѝ пречела на византиската политика.

 

 

68. Gelzer, Ungedrukte Bistümerverzeichnisse, 42—46, 51;

Бенешевић, Описание греческих рукописей, 544—550;

Снегаров, История на Охридската Архиепископия, I, 55, 59;

Иванов, Старини, 550—562.

 

69. Иванов ор. cit. 75; Томоски, Мороздвишка епископија, 93—116.

 

70. Љубинковиќ, Традиција Приме Јустинијане, 69, бел. 34; 73, бел, 58. idem. Прилог, 126, бел. 5. Овде е цитирано и мислењето на Ст. Антољак.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]