Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

4. (Населби и градови по текот на Брегалница, во доцноантичкиот и словенскиот период)

 

- Градот Баргала. Г. Козјак
- Досега откриените тврдини и кули: Кула Д. Козјак; Бандера Д. Козјак; Цвилиг, Г. Козjak; Кула, Калаузлија; Сивлик, Радање; Кула, Црвулево

- Калата, Македонска Каменица
- Градиште, Мородвиз

- Kaлe, Виница
- Кале, Крупиште
- Црквиште, Соколарци
- Балвански Рид, Балван
- Исар Kaлe, Штип
- Ежов Град, Ерџелија
- Хисар, Црешче

 

За состојбата на утврдените населби и градови по текот на Брегалница, во доцноантичкиот и словенскиот период, во денешната фаза на истраженост не може многу да се каже бидејќи не располагаме биту со евиденција ниту со топографија на утврдувањата на она подрачје. Без топографија на градските населби не е можно со сигурност да се утврди каква улога и значење тие имале како политички, економски и стратегиски центри во определени временски периоди.

 

Врз основа на урбаните средишта, во прв ред на откриениот и делумно истражен град Баргала, [1] во можност сме да дојдеме до извесни заклучоци кои, бездруго, би биле многу поодредени кога би имале технички документираии основи од поголем број такви утврдени населби и градови.

 

Реката Брегалница од својот извор до утоката на Вардар, на околу 10 км северно од Стоби, всушност ги сече источните области на СР Македонија во правец И—З. Средниот тек на реката, како што одбележавме, минува низ Кочанската Котлина, додека на север се протега плодното Овче Поле. [2] На југоисток во котлината се вовлекува големата кристалеста маса на Плачковица, додека на исток е планината Голак. [3]

 

Највисоката маса на Плачковица е над Радовиш и над Кочанската Котлина со највисокиот врз Чупино од 1350 м. Кон север и југ од овие пространи маси ce протегаат паралени долги и благи ладини, меѓу кои се притоките на Брегалница и Струма. [4] Овие благи падини се расчленети на помали мошне погодни за изградба на фортификации и на утврдени населби.

 

Услов за развој на населби по Брегалница претставувале и мошне значајните комуникации. Еден од главните патишта за кој веќе стана збор уште во античкиот период водел од Стоби по Брегалница на североисток кои Сердика. На овој пат ce надоврзувале и други патишта кон југозапад и југоисток, така што оваа котлина по Брегалница имала посебно значајни услови за развој на населби, [5] од кои добар дел израснале во урбани градски центри со политичко, економско и црковнo значење во доциоантичкиот и словенскиот период. [6]

 

Во оваа уште почетна фаза на истражувањето по Брегалница немаме топографија ниту укажување на процесот на урбанизацијата на автохтоните населби-градини. На секоја утврдена античка населба има доста материјална граѓа од предримскиот период. На праисторискага археолошка наука останува да се зафати со научната обработка на градините по Брегалница.

 

Природните услови за развој на населбите по Брегалница биле погодни, a долгите благи падини на Плачковица, јужно од плодните котлини и реката, давале идеален простор за развој на фортификациите.

 

Според Аристотел, античкиот град примарно требало да ја задоволи сигурноста на своите жители и на припадниците на заедницата чие средиште в тој. [7] Разгледувајќи го градот Баргала и фортификациите по текот на Козјачка Река, јужна притока на Брегалница, може да се каже дека морфологијата на населбите била определена со природните

 

 

1. Aleksova-Mango, Bargala, 267, 268; Алексова. Баргала и средниот тек на Брегалница, 85—119.

 

2. Цвијић, Основе, 200, 211, 234, 235.

 

3. Цвијић, Основе, 213 и н.

 

4. Цвијић, Основе. 234, 235 и н.

 

5. Алексова, ор. cit. 85—119.

 

6. Ibid. 95—113.

 

7. Suić, Antički grad, 119; Durm, Die Baukunst der Romer II, 161—781.

 

25

 

 

услови. [8] Така периметарот ја следи конфигурацијата на теренот, поради што имаме утврдувања со различни геометриски форми. Планираните градови Баргала и Астибо имаат правилни линии на ѕидовите, со долги потези и со функционално распоредени кули. Бездруго на просторот каде што се подигнати овие градови и порано постоело утврдување, меѓутоа, не е сигурно дали дуктусот на бедемите се ослоиил на оној од протоурбаниот период.

 

Техниката на градењето на тврдините по Брегалница не е изедначено, бидејќи сите фортификации не се од ист временски период, a и поради нивното често рушење и обновување. Структурата на opus incertum е присутна во различни манири главно кај градските центри, додека кај повеќе фортификации преовладува структурата на ѕидови од кршен камен со малтер во opus incertum без тенденција за хоризонтално услојување.

 

Во доцната антика, и покрај големата економска криза која најмногу ги погодила градовите, поради сè поголемите опасности од варварските инвазии, доаѓа до обнова и генерална реконструкција на тврдините.

 

Запуштени и бездруго рушени, тврдините по Брегалница, поради нараснатите опасности од варварските напади од север, биле исто така обновувани, на што укажуваат материјалните остатоци на бедемите од доцната антика во овие градови, каде што тие бедеми се зачувани или откриени. Таков е случајот со импозантната Виничка тврдина на нејзиниот северозападен дел, кој е во тек на откривање. [9] Таков е случајот и со северозападниот дел на тврдината во Баргала [10] и на нејзиниот главен влез, [11] на што укажува и плочата со натпис од 371/2 година, кога е конструирана портата на градот Баргала. [12] Ова станало за време на владеењето на Валенс и Валентинијан, кога се обновени тврдините по линијата на limesot по Дунав.

 

Првата половина на V век е одбележана со нараснатата опасност од хунските напади и нивната прва инвазија во 408 година. Во релативниот мир повторно се обновуваат фортификациите по limesot. Со инвазиите помеѓу 441—451 година многу утврдени центри паѓаат под власт на непријателот, a повеќе градови се оштетени. По смртта на Атила во 453 година, Остроготите ги покоруваат Хуните и се спуштаа во Тракија и Македонија. Во 497 година кралот Теодорих го ограбува градот Стоби, a во 486 година стигнува до ѕидовите на Константинопол. Во 488 година Теодорих со своите Остроготи заминува за Италија. За време на владеењето на Анастазиј I (491—518) повторно се обновуваат тврдините по limesot. На почетокот на VI век повторното обновување и подигање на нови фортификации и изградба на голем број црквени градби го одбележува владеењето на Јустин I (518—527) и Јустинијан I (527—565). [13]

 

За реконструкција и обновување на градовите по Брегалница во определено време, во оваа фаза на истражување, кога немаме топографија ниту основни материјални податоци за подигањето на градовите, не постои можност да се зборува со сигурност.

 

 

8. Aleksova, Fortification System, 61—71.

 

9. Цвијић, Основе, 235. Последниве години Музејот на Македонија изведува археолошки истражувања на Виничкото кале. Откриени се повеќе градежни објекти и дел од бедемите на тврдината. Резултатите од истражувањата не се објавени.

 

10. Aleksova-Mango, Bargala, 264. Крај доградениот ѕид на тврдината објектот бил два пати настанет.

 

11. Ibid. 267, 268.

 

12. Венедиков, Баргала, 84.

 

13. Hoddinott, Bulgarian in Antiquity, 341.

 

26

 

 

Делумно истражените остатоци од внатрешниот бедем во Стоби ни укажуваат дека во доцната антика делови на периметарот трпат измена од источната страна на градот, од каде градот бил најмногу изложен на напади. [14] Се гради нов бедем, малку поназапад со нови кули со квадратгни планови. Техниката на градењето на овој обновен-новоизграден дел од бедемот укажува на една заедничка црта, што не е карактеристична само за градовите во нашава земја, бидејќи се среќава и во други провинции што биле изложени на варварски инвазии. [15] Тоа е употребата на сполии од градежен материјал што припаѓал на постари градби со различна намена. Сигурноста на градот била најважна, одбележува М. Суиќ и набројува низа градови на јадранскиот брег во кои биле вградени сполии без никаква претходна преработка. [16]

 

Во Стоби за изградба на горните партии на ѕидот по должина на целиот внатрешен бедем се употребени мермерни блокови од седиштата на театарот, какви што наоѓаме вградени и во сите сакрални објекти во овој период од крајот на IV—V век. [17] Можеби под зачестените инвазии и напади на непријателот, внатрешниот бедем во Стоби во IV век, кој на истражениот дел пресекол една раскошна монументална јавна градба со подови од мозаици, [18] претставувал линија на одбраната на самиот град или на најзначајната потесна градска целост, каква што улога имал Urbs occidentalis во Салона. [19]

 

Во византискиот период, како и по населувањето на Словените во овие јужни области на Балканот, започнува обнова и доградување на оштетените фортификации на сите градови.

 

Религијата во животот на градот играла важна улога во сите епохи. Поради тоа таа придонесува за проучувањето на определени заедници. На преодот од раниот во доцниот римски период христијанството како државна вера играло мошне значајна улога, бидејќи епископските градски центри ја претставувале државната власт во Империјата. [20]

 

Христијанството по последните прогони непречено се шири бидејќи станува главен фактор на царската политика. Со Миланскиот едикт од 313 година, што го издал Константин Велики, христијанството добива можност за непречено ширење. Веќе во 325 година на соборот во Никеја, на кој учествувал и самиот Константин, била воспоставена постојана врска помеѓу црквата и државата, чија реформа се потпира целосно врз Диоклецијановата реорганизација. [21] Во 380 година со Едиктот од Тесалоника е потврдено христијанството како едиствена призната вера во Царството. Откако за време на Теодосиј станува државна вера, христијанството се идентификува со државата. [22]

 

Така христијанството станува градска религија наспроти паганството, а епископот претставува врховен авторитет на доцноантичкиот civitas. [23] Христијанството ќе има пресудна улога во реорганизацијата и формирањето на нови урбани целини, [24] потпирајќи се на старото уредување на градот.

 

 

14. Wiseman-Mano Zissi, Excavations at Stobi, 1973—1974, 122;

Мано Зиси-Висеман, Ископавања у Стобима, 1970—1974, 89;

Санев-Саржоски, Внатрешниот бедем во Стоби, 229—234.

 

15. Suić, Antički grad, 234.

 

16. Ibid. 234.

 

17. Supra бел. 14, за Внатрешниот бедем; Алексова, Basilicas, 13—81. за Северната, Централната, Цивилната, Гробјанскага и базиликата во Паликура.

 

18. Санев-Саржоски, ор cit. 229—234.

 

19. Suić, Antički grad, 235.

 

20. Ibid. 234.

 

21. Hoddinott, Bulgarian in Antiquity, 340; Mansi II. 696;

Sieben, Die Konzilsideen der Alten Kirche, 445.

 

22. Hoddinott, op. cit. 234.

 

23. Suić, op. cit. 234.

 

24. Ibid. 231.

 

27

 

 

Во Стоби најрепрезентативните јавни градби, палати и синагоги се приспособени и конвертирани во сакрални градби и цивилни јавни објекти со христијанско обележје. [25] Тоа е Куќата на псалмите, Епископската резиденција, Синагогата, Старата епископска базилика, како и комплексот на Северната базилика со Цивилната базилика. [26]

 

Многубројните јавни градби, амфитеатрите поврзани со трагичните опомени на мачениците за верата, се напуштени и, како во Стоби, Хераклеја и Лихнид, стануваат обични каменоломи. [27] Архитектонските мермерни делови се користат за изградба како на сакрални, така и на профани градби и за обнова на градските бедеми.

 

Градските фортификации или утврдените градови во доцноантичкиот период претставуваат и за градското и поширокото приградско население сигурна заштита и засолниште од секаква опасност предизвикана од напади. При планирањето на градовите се применувале планови аналогни на оние при подигањето на логори, бидејќи секој град од раната антика поседувал некои елементи по кои се доведувал во врска со логор, во прв ред по општата идеја на просторната организација. [28] Дефанзивната улога на доцноантичкиот град е многу нагласена и градот станува и castrum и civitas. [29]

 

Ова е посебно изразено кај доцноантичкиот свет на Балканскиот Полуостров што бил изложен на непрестајни напади од север. Поради тоа покрај подунавскиот limes се организирани внатрешни одбранбени линии распоредени во длабочината. Се наложила одбрана на самите градови, како и на териториите од кои тие живееле. Поради тоа во доцната антика доаѓа до кастризација на одделни населби, имоти и палати. [30]

 

Котлината по Брегалница била изложена преку рамното Овче Поле на директно навлегување од север. Меѓутоа, Плачковица, со своите издадени брегови, претставувала првокласна природна пречка. Истовремено, планината со своите благи падини крај притоките на Брегалница, какви што наоѓаме не само по нејзиниот среден тек, туку и на североисток и на југозапад по нејзините притоки, давала мошне погодни услови за подигање на фортификации и на утврдени градови.

 

Оваа природна пречка, обезбедена со многубројни тврдини по текот на Брегалница источно од Вардар, претставувала мошне значајна одбранбена внатрешна линија во доцниот римски и византиски период и одбрана и заштита на втората по значење метропола во Империјата, Тесалоника, и пошироко на јужните области на Балканот. Таа била една од внатрешните линии на одбрана во длабочината јужно од главниот limes по долината на Дунав. Оваа внатрешна одбрамбена линија имала организирана и изградена цела мрежа од поголеми и помали утврдувања и упоришта и претставувала еден цел планирал одбранбен систем и главна пречка за пробив на напаѓачите од север, од каде што се заканувала опасност.

 

За големиот размер на изградбата на тврдини во Македонија ни сведочат податоците за изградените и обновените фортификации за време на Јустинијан одбележани кај Прокопиј во Aedificiis (са. 553—555). Треба да го споменеме и големиот земјотрес од 518 година што

 

 

25. Aleksova, Basilicas, 13—81. Новите истражувања укажуваат дека многу јавни градби и палати се конвертирани во ранохристијански базилики.

 

26. Wiseman, Guide, 13—91.

 

27. Suić, Antički grad, 231; Мано Зиси, Поглед на питања урбанизације и урбанизма у Илирикуму, 92—111.

 

28. Suić, Antički grad, 235.

 

29. Suić, Antički grad, 237.

 

30. Suić. Antički grad, 235; Мано Зиси, op. cit. 91—111.

 

28

 

 

го разурнал Scupi и 24 castelli во провинцијата Дарданија. [31] Градовите по Брегалница не се споменати овде. Тие страдале од земјотреси, бидејќи на тоа укажуваат трагите од нарушувања на извесни истражени објекти.

 

По текот на Брегалница, од нејзините извори па се до утоката во Вардар, се нижат утврдени градови на бреговите на Плачковица и крај нејзините притоки од северната страиа, така што паралелно со текот на реката одела линијата на фортификациониот систем со поголеми и помали утврдувања.

 

Една од најисточните тврдини е онаа над Тработивиште и трагите од утврдување помеѓу Тработивиште и Делчево. Една од импозантните тврдини е во кањонот на Брегалница кај Македонска Каменица со остатоци од повеќе архитектонски објекти во нејзината околина од доцноантичкиот и словенскиот период.

 

Виничкото кале претставува голем утврден град од доцноантичкото време, со многу обнови и доградувања. Досега се откриени повеќе архитектонски објекти крај неговите северозападни бедеми кои укажуваат на подоцнежно населување на градот.

 

По средниот тек на Брегалница утврдениот град на Мородвиз претставува значајно утврдување во фортификациониот систем со својата доцноантичка тврдина, подоцна населена од Словените.

 

Утврдувањето на доцноантичкиот град Баргала кај Горен Козјак, секако, претставува еден од средишните утврдени градови, бидејќи во него било сместено епископското седиште уште од IV век. Во системот на одбраната на Баргала влегуваат тврдините Бандера кај Долен Козјак со една кула од спротивната страна на реката, потоа тврдината во Црвулево, Радање, по Козјачка Река Цвилиг, Кулата и Калаузлија.

 

По средниот тек на Брегалница утврдениот град на Мородвиз претнедалеку од утоката на Злетовка во Брегалница крај селото Крупиште, се наоѓа еден од главните утврдени градови по линијата на Брегалница. Овде се откриени траги од една доцноантичка тврдина што била проширена во раниот словенски период.

 

Во Карбинци крај Брегалница се констатирани траги од утврдена доцноантичка населба со остатоци од повеќе архитектонски објекти, црковни градби и доцноантичка населбинска керамика. Во Соколарци има траги од доцноантичка утврдена населба што била обновена во словенскиот период со остатоци од архитектонски објекти и населбинска керамика. Од утврдувањето кај Д. Балван градежниот материјал од камен е разнесен по селските куќи. Од овој простор потекнува богата архитектонска пластика од средновековни црковни градби.

 

Големата тврдина кај Штип ја следи линијата на утврдувањата по Брегалница кон запад. Таа зафаќа централно место во одбранбениот фортификационен систем на главниот пат по течението на реката. На околу 8 км западно од Штип на Ежов град трагите на утврдување, во чие подножје се наоѓаат остатоци од повеќе архитектонски објекти, богат градежен материјал и доцноантичка населбинска керамика, повеќе учени ги натераа на претпоставка да го убицираат стариот антички град Астибо. Кон запад по реката градот Црешка претставува едно од значајните утврдувања со траги од повеќе населби од античкиот, a потоа и од словенскиот среден век.

 

По оваа линија на главниот пат по Брегалница има траги од уште многу други утврдувања, кастели и кули што се во составот на овој фортификационен систем, a кои чекаат со понатамошните истражувања да бидат откриени и документирани. Поголемиот број од утврдувањата, што овде се спомнати, се откриени или констатирани нивните

 

 

31. Marcellinus Comes, MGH, Auct ant. XI (1894), 100.

 

29

 

 

остатоци co кусо обликување на теренот, без изведување на истражувања и оформување на документација. Овде ќе бидат одбележани и утврдените градови на кои се изведуваат археолошки истражувања и повеќе кастели и кули за кои е оформена архитектонска документација.

 

Нашата желба овде во прв ред е да укажеме на двата утврдени града по средниот тек на Брегалница — на Баргала и на Големиот град кај Крупиште, како и на фортификациите од различен одбранбен карактер вклопени во системот на нивната одбрана, како и на утврдувањата на главниот пат по Брегалница. Со тоа сакаме да укажеме на овој внатрешен limes кој со своите повеќебројни утврдувања претставува една добро испланирана и организирана одбрана во овој дел на Балканот.

 

Во нашето понатамошно излагање ќе се задржиме пред се на тврдините кои се архитектонски снимени и за кои поседуваме извесни археолошки податоци добиени со доссгашните истражувања, без да го следиме нивниот редослед од исток кон запад по текот на Брегалница.

 

 

ГРАДОТ БАРГАЛА. Г. КОЗЈАК

 

Козјачка Река е една од источните притоки на Брегалница. Таа формира една од помалите котлини со повеќе брегови погодни за фортификации и утврдени градови. Kaj некогашнпот Горен Козјак, на месноста Градот, крај Козјачка Река се наоѓа една тврдина. [32] Бездруго на овој простор постоело утврдување уште од протоурбаниот период и од неговиот крај. Тоа била една од домашните градини и кастели, што служеле како средишта на отпорот и засолниште при римските освојувања или уште порамо. Тоа е време кога, и покрај просперитетот на градовите, сите позначајни центри биле утврдени. На ова укажуваат бројните материјални остатоци откриени со истражувањата.

 

Досегашните мошне ограничени истражувања на ова утврдување даваат основни податоци за просторот што го зафаќал градот и за формата на самата тврдина од која добар дел од ѕидовите се покриени со вегетација и можат да се следат на самата површина.

 

Во текот на 1968—69 година, при откривањето на ранохристијанскиот комплекс, откриен е дел од западниот ѕид на тврдината крај кој биле изградени станбените простории. Тогаш се одбележани и контурите на северозападната кула на тврдината. [33]

 

Со југословенско-американскиот проект во 1970 година се откопани две долги сонди co кои е пресечена линијата на ѕидовите од западната и северната страна на тврдината. Започнато е и расчистувањето на кулата што се наоѓа на југоисточниот агол на градот. Тогаш е започнато откривањето на западниот влез во градот кое даде извесни информации што не се доволни за целосно согледување на планот на западната порта. [34]

 

Овие мали зафати за истражување на бедемите на градот дадоа основни податоци за неговата изградба, но ни оддалеку не се доволни да укажат на почетоците и основањето на градот, за неговиот живот, рушењето и неговата обнова.

 

Остатоците од материјалната култура до кои дојдовме со истражувањето на ранохристијанскиот комплекс ни помагаат да го согледаме животот на овој град и на обновата на неговите градски бедеми. Архитектонската

 

 

32. Aleksova-Mango, Bargala, 264—268; Aleksova, Fortification System, 62—66, fig. 1.

 

33. Aleksova-Mango, Bargala, 268, fig. I, 9

 

34. Ibid, 268, fig. 4, 5.
 

30

 

 

документација и снимањето на бедемите co кулите е изведено во 1970 година. [35]

 

Градот формира правоаголен трапезоиден простор на еден благ зарамнет брег крај реката во должина од 280 м и ширина од 150 м, од 4,68 хектара. Ѕидовите што го опкружуваат се гледаат од сите четири страни. Тие имаат дебелина од 2,20 м и се градени од кршен камен co малтер, во opus incertum, co тенденција за хоризонтално услојување. Каменот е песочник или изразито жолтеникав дацит донесен од спротивната страна на реката, од брегот над Радање.

 

На сите четири агли од тврдината се наоѓаат четвртести кули чија дебелина на ѕидовите изнесува 1,00 до 1,25 м. Три од овие кули се делумно откриени. Другите кули се поставени во интервали по должината на северната и јужната страна на тврдината. Една се наоѓа на северната, a две на јужната страна. Кулите се поставени на доста големо растојание што укажува на слаба одбранбена моќ на градот.

 

Оградениот простор со ѕидови претставува отворена позиција a карактерот на градот укажува на отежната положба на одбраната поради што, покрај градските бедеми, наоѓаме како зајакнување еден вештачки насип од земја. Toj е изграден на растојание од 20 м надвор од северниот ѕид на градот. Линијата на овој насип јасно се распознава на самата површина на земјата.

 

Со истражувањата на северниот ѕид од внатрешната страна, на нивото на подот, во откриената градба се најдени остатоци, во изгорена темноцрвена земја, од покривни ќерамиди, изгорени греди од покривната конструкција, згура, фрагменти од керамика и две бронзени монети од Јустин I и Јустин II (569—570).

 

На западната страна од тврдината е започнато откривањето на монументалниот двоен влез кој формира издадена проекција под прав агол надвор од линијата на ѕидот од бедемот. Во текот на 1970 година е откриена близу една половина од неговата ширина. [36] Тоа бездруго го претставува главниот влез — porta principalis, бидејќи неговото лице е свртено во правецот на патот што водел преку Беш-Тепе кон Брегалница и понатаму кон североисток и југозапад. На овој пат кај местото Беш-Тепе се наоѓа една поголема градба за престој на патниците — ксенодокео ζενοδοκἐω ξενοδοκέω, во народот наречена Ханче. Токму овде е откриена плочата со натпис во која се споменува обновата на портата на градот Баргала. [37]

 

Според откриените остатоци, над влезот се наоѓала арка од три прстени од тули што го формирала монументалниот влез. Тогаш е откриен и северниот довратник на другата порта доѕидан во opus incertum co нагласено вертикално услојување. Близу до него, долу, во камениот праг се наоѓа издлабена дупка каде што била вглавена вратата. [38] Директно на подот од влезот е откриен дебел слој од јагленосани дрва, што укажува на голем пожар при рушењето на главната порта на градот при некоја од варварските иивазии.

 

Изгледа дека главната порта на градот имала влезен простор со богат декор од архитектонски елементи. Меѓу наодите во текот на откривањето на оваа порта е најдено столпче од песочник декорирано со крстови од обете страни. Од едната страна има претставен крст поставен врз тордирана колона со јонски капител, a од другата крстот

 

 

35. Снимањето на тврдината во Баргала е изведено од арх. Р. Андерсон во 1970 година, при изведувањето на истражувањата на југословенско-американската екипа.

 

36. Југословенско-американскиот проект помеѓу Археолошкиот музеј од Скопје и Dumbarton Оакѕ од Вашингтон во САД е раководен од Б. Алексова и Ц. Манго. Ископувањата на секторот Западен влез се изведени од Р. Пашиќ и Д. Чадов.

 

37. Венедиков, Баргала, 84—85.

 

38. Aleksova-Mango, Bargala, 267—268.

 

31

 

 

е среде орнамент од врежани ленти. Постаментот има жлебови од обете бочни страни. [39] Во профилите над влезот има остатоци од архитектонски елементи, меѓу нив и неколку капители, кои бездруго му припаѓале на монументалниот проспект на главниот пристап на градот. Постои можност на овој монументален главен влез во градот да била поставена и плочата со натпис во кој се зборува за подигањето на портата на градот Баргала во 371/2 годгона. Архитектонската декоратлвна пластика откриена на самиот влез и плочата со натпис се изработени од сивозеленикав песочник.

 

На југоисточната страна од градот има една четвртеста кула што служела како порта. Според распоредот на влезовите по должината на градот водела главната улица — Via principalis. Од главниот влез една улица водела кон плоштадот со фонтана во средината пред Епископската базилика чии траги се констатирани со досегашните истражувања. Влезот во градот е аксијално ориентиран во однос на градскиот простор.

 

При откривањето на северозападниот станбен комплекс во 1967—68 година, крај западниот ѕид на бедемот, констатирано е дека горниот дел на бедемот бил оштетен и повторно преѕидан и обновен. Ѕидот на бедемот бил изграден со големи камени блокови во opus incertum со јасно видливи редови од хоризонтално услојување. Обновата е изведена со речен камен и со отстапување од начинот на ѕидање на стариот ѕид од бедемот.

 

Овде треба да одбележиме дека на ова градиште се откриели камени градежни блокови што прилаѓале на една од подоцнежните обнови на градските бедеми. Тие ce одбележани со црти и загадочни знаци карактеристични за раниот словенски период од IX—X век. Овие трати од материјалните остатоци укажуваат, покрај другите податоци, дека тврдината на градот била обновена по населувањето на Словените.

 

Градот бил снабден со вода од повеќето природни извори на падините на брегот Цвилиг, што се издига североисточно од бедемите. [40] Снабдувањето со вода имало витално значење за егзистенцијата на градот. Овде природните услови обезбедиле изградба на цел систем водоводна мрежа со која се каптирани водите од природните извори. Техничкото решение на водоводниот систем е диктирало од самите услови. Од трите природни извори водата е спроведена низ земјени цевки до изградениот таложник и подолу до земјениот поголем сад употребен за иста намена.

 

Природниот пад на водата од брегот дал можност водата во градот да биде доведена со земјени водоводни цевки. Дел од овој водовод е откриен и целосно е зачуван покрај северниот ѕид од внатрешната страна на градот. Водоводната мрежа над бедемите на Баргала укажува дека одделни дотеци можеле да бидат по потреба и затворени.

 

На водоводната мрежа во градот била приклучена големата градска цистерна крај Епископската базилика. Преку нејзината акумулација биле приклучени и низата јавни чешми од нејзината јужна страна, како и нимфеонот (Nymphaeum) на плоштадот пред Базиликата. На оваа мрежа била приклучена и писцината во доградениот баптистериум и станбениот комплекс во северозападниот дел на градот.

 

 

39. Ibid. 268, fig. 6, 7.

 

40. Остатоци од водоводната мрежа со земјени цевки се откриени внатре во градот, покрај северниот ѕид во 1966 година. Каптажите со водоводната мрежа на брегот источно од градот се откопани во 1974 година, при трасирањето на патот за Плачковица. Работите ги има изведувано една младинска група со присуство на З. Белдедовски. Документацијата ja има оформено арх. М. Милоевиќ.

 

32

 

 

Покрај водоводната мрежа, преку која се каптирани водите од изворите над бедемите на градот, постоела можност за користење на бистрата планинска вода од Козјачка Река и од низата природни извори крај нејзиното корито.

 

Како биле обезбедени другите делови на градот со вода преку градската водоводна мрежа ќе покажат понатамошните откривања во градот. Во Стоби, каде водоводот не е посебно истражуван ниту целосно документиран како таков, [41] постојат мошне значајни податоци за согледување на целиот водоводен систем, на неговите каптажи надвор од градот и на правецот на водоводната мрежа. Водата што доаѓала во градот од југозападната страна низ цел систем од изградени резервоари (piscinae) и водоводни цевки обезбедувала силен дотек во секоја јавна и приватна градба, во термите, јавните чешми и во нимфеоните во приватните палати и куќи.

 

Крај Горен Козјак се развил градот Бартала од едно рано утврдување според планиметрискиот систем по една строго правилна планска шема. Понатамошните истражувања треба да дадат подобар увид во неговата комплетна урбанистичка структура. Градот израснал и се развил во силен стопански, културен и црковен центар со епископско седиште во IV—V век. [41a] Градот, расположен на една блага отворена ладина крај реката, бил лесно пристапен од сите страни, со отворен и широк видик над котлината на Брегалница и плодното Овче Поле.

 

Заради зајакнување на неговата доста несигурна одбранбена моќ, во долината на Козјачка Река, по бреговите се распоредени повеќе фортификации со цел да ја зајакнат одбраната на епископскиот град. За таа цел се искористени сите помали и поголеми ритчиња на обете страни на реката.

 

 

Овде ќе бидат одбележани досега откриените тврдини и кули што имале задача да го следат секое движење што се заканувало со напаѓање на градот и истовремено да ја преземат неговата одбрана. [42]

 

 

            КУЛА Д. КОЗЈАК. На еден благ зарамнет рид јужно од Козјачка Река крај Долен Козјак има остатоци од една кула, откриена во 1986 година. Објектот не е истражен. На површината се гледаат остатоци од ѕидови изградени од големи камења со малтер. Ѕидовите оградуваат простор од околу 5 x 5 м. [43]

 

            БАНДЕРА Д. КОЗЈАК. Покрај Козјачка Река, северно од Долен Козјак, на три километри од Брегалница има остатоци од едно помало доцноантичко утврдување, што зафаќа простор од 1,2 ха. Целото плато било опкружено со ѕидови изградени со камен и малтер. Од нив се зачувани урнатините од источната страна. Тврдината се протега во правецот С—Ј, и нејзиниот дуктус ја следи природната положба на теренот. [44]

 

На платото на ова утврдување има остатоци од римски архитектонски објекти и од еден помал храм посветен на Зевс. Овде се најдени повеќе мермерни релјефи. В. Санев го датира објектот во IV век. На калето и во неговото подножје се најдени монети на Константин I (330—335)

 

 

41. Aleksovski-Mango, Bargala, 265—277; Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 85—119.

 

41a. Hald, Auf den Trümmern Stobis, 19—20; Несторовић, Ископавање у Стобима, 114; Петров, Истражувања, 267—301.

 

42. Aleksova, Fortification System, 61—71.

 

43. Големите камени блокови од ѕидовите на кулата се разнесени од месното население. Податоците прибрани од Ф. Михајлов.

 

44. Aleksova, Fortification Svstem, 61—71.

 

33

 

 

и на Јован Цимиск (969—976). [45] Ова доцноантичко утврдување му припаѓа на добро испланираната заштита на епископскиот град, a пошироко на одбранбениот систем по Брегалница.

 

            ЦВИЛИГ, Г. КОЗJAK. Источно од градот Баргала, на еден повисок брег со зарамнето плато има остатоци од ѕидови од една доцноантичка четвртеста кула. Ѕидовите на кулата се градени од големи камени блокови и нивната ширина изнесува 1,00 м. На површината се гледаат остатоци од градежни тули и доцноантичка ксрамика. Одовде се шири поглед кон Баргала и Брегалничката котлина. [46]

 

            КУЛА, КАЛАУЗЛИЈА. На два брега високо крај Козјачка Река се наоѓаат остатоци од доцноантичко утврдување што доминира над котлината. Источната фортификација, која ја следи природната конфигурација на теренот, има разрушени ѕидови градени со малтер на места со ширина од 1,00 м и зафаќа простор од 0,3 ха. Вториот брег бил исто така утврден. Меѓутоа, на него има зачувани само траги на ѕидови од северозападната страна. На неговото највисоко плато има остатоци од архитектонски објекти и римска керамика и монети. [47] Археолошки истражувања на утврдувањата по Козјачка Река не се изведувани. Нивното архитектонско снимање е изведено од М. Милоевиќ.

 

            СИВЛИК, РАДАЊЕ. На овој простор има остатоци од четвртеста кула со ѕидови градени со камен и малтер. [48]

 

            КУЛА, ЦРВУЛЕВО. Доцноантичко утврдување со неправилен план. Ѕидовите ја следат конфигурацијата на теренот. Утврдувањето зафаќа простор од 0,6 ха. Површински наоди на доцноантичка керамика. Тврдината е во системот на одбраната на градот Баргала од нејзината бочна источна страна. Во самото Црвулево се откриени остатоци од една доцноантичка гробница и повеќе антички наоди. [49]

 

Споменативе тврдини по Козјачка Река имаат различен одбранбен карактер и функција во системот на одбраната на градот Баргала. Тие бездруго биле во функција во времето на расцутот на епископскиот град Баргала. За нивното основање, рушење и напуштање можат да укажат малите истражувачки зафати на истите.

 

 

КАЛАТА, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

На 4 км јужно од Македонска Каменица, на утоката на реката Каменица во Брегалница, се наоѓа брегот Калата со остатоци од доцноантички град. Брегот е заштитен од три страни со стрмни падини и со двете длабоко засечени корита на реките. На самиот брег се наоѓа зарамнето плато до кое постоел пристап само од северната страна. Таа страна е пресечена со одбранбен ров издлабен во карпата. Од обете страни на ровот е изграден по еден ѕид. Одбранбените ѕидови водат околу работ на целото плато и затвораат неправилна површина од 345 х 80 м. Се распознаваат контури на три градски порти и на повеќе градби. На југоисточната страна се наоѓа подградието заштитено со големите кривини на реката. [50]

 

 

45. Резултатите од досегашните стражувања укажуваат дека кај Г. Козјак се наоѓала една пајонска населба. Овде се развил античкиот град Баргала кој во IV—V век станува епископско ранохристијанско седиште. Toj го доживува својот расцут во почетокот на VI век. Претпоставките дека кај Долен Козјак на малото утврдување Бандера можел да се наоѓа постариот пајонски град Баргала со трачки зачетоци, се неодржливи. Малата тврдина со досега откриените остатоци, според Санев, укажува на траги од IV век. Самата тврдина е дел од утврдувања по текот на Козјачка Река за заштита на епископскиот град Баргала. За убикацијата на пајонскиот град Баргала опширно во поглавјето V.

 

46. Aleksova, Fortification System, 66; Cvilig, Архитектонско снимање на тврдините по Козјачка Река извел арх. М. Милоевиќ.

 

47. Ibid. 67, fig. 3, Kula Kalauzlija; Гарашанин, Археолошке белешке, 70, 81, 89.

 

48. Ibid. 68, Sivlik-Radanje.

 

49. Ibid. 68, Kula Crvulevo, fig. 4.

 

50. Микулчић, Две ранохришћанске цркве, 183, 184.


34

 

 

На околу 400 м западно од составот на двете реки, во тссната клисура на Брегалница, на десниот брег има плато на кое во 1968—69 година се откриени остатоци од една трикорабна базилика со нартекс. Објектот е датиран во V—VI век. [51]

 

На месноста Керамидница откриена е еднокорабна црквена градба со нартекс, датирана во V—VI век. [52] Градот и неговата околина биле населени од Словените. На тоа укажуваат трагите од некрополите и другите материјални остатоци од словенски период.

 

 

ГРАДИШТЕ, МОРОДВИЗ.

 

Погоре од денешното село Мородвиз се наоѓа брегот Градиште со остатоци од доцноантичка тврдина. На самиот брег се наоѓа зарамнето плато опкружено со ѕидови и кули изградени со камен и малтер. Во самиот град има остатоци од повеќе архитектонски објекти, меѓу кои една крстовидна црква и цистерна. Во 1970 година се констатирани површински наоди од праисториска, доцноантичка и словенска керамика, римски и византиски монети откриени во гробовите крај крстовидната црква. Градот и неговата околина биле населени од Словените. На ова укажуваат досега откриените остатоци од материјалната култура. Мородвиз, според Василиевата повелба од 1019 година бил епископско седиште. Тоа станало по пропаѓањето на Самоиловата црковна организација.

 

Во подножјето на градот е откриен комплекс со ранохристијански градби со богата архитектонска пластика над кои се откриени подоцнежни средновековни структури и словенска некропола што била во долга употреба. [53]

 

 

KAЛE, ВИНИЦА.

 

Јужно од градот Виница на доминантниот брег на Плачковица се наоѓа зарамнето плато со остатоци од една доцноантичка тврдина. Брегот е заштитен од три страни со стрмни падини. До неговото зарамнето плато постоел пристап само од неговата западна страна. Одбранбените ѕидови водат околу работ на целото плато и затвораат неправилна површина со големи димензии. Градот имал мошне стратегиска положба во овој дел на Брегалница.

 

На платото има остатоци од повеќе архитектонски објекти. Со досегашните истражувања е откриен дел од бедемите на градот, кои укажуваат на повеќе градежни фази. Откриен е поголем број на градежни тули со релјефни претстави од Стариот и Новиот завет на кои има латински натписи. [54] Досегашните истражувања укажуваат дека овој доцноантичен град бил населен од Словените.

 

 

КАЛЕ, КРУПИШТЕ.

 

Недалеку од утоката на Злетовска Река во Брегалница, северно од Крупиште, на месноста Кале се наоѓаат остатоците на еден утврден антички и средновековен град. Утврдената градска населба била расположена на магистралниот пат што водел од Стоби по Брегалница на североисток кон Пауталија и Сердика. Градот се наоѓал точно на крстопатот од каде главниот пат скршнувал на североисток. Оваа магистрална комуникација ja регистрира и итинерарот Tab. Peutingeriana на која се одбележани градовите Транупара и Астибо. [55]

 

Наоѓајќи се на крстопатот на еден од магистралните патишта, градот во античкиот и во словенскиот период имал мошне значајна стратегиска

 

 

51. Ibid. 184—187, Бегов Даб, fig. 3.

 

52. Ibid. 187—189, Каменица fig. 7.

 

53. Алексова, ор. cit. 69, Мородвиз; Трајковски, Истражувања во Мородвиз, 142; idem. Morobizdon 229; idem. Гробница, Лихнид 6 во печат.

 

54. Balabanov, Ikone iz Makedonije, 9—27; idem. Виничко Кале, 181; Грбиќ, Археолошки наоѓалишта, 126; Гарашанин, Археолошке белешке, 69, 79, 89.

 

55. Tab. Peut. VII. 5: Stopis — XXX Tranupara — XX — Astibo — L — Pautalia, ed. Müuller, Ptol. p. 486. Милер го изменил редоследот на станиците, па градот Астибо го лоцира кај Штип.

 

35

 

 

и економска позиција. Користењето на рудното богатство во злетовско-кратовскиот базен му давало голема материјална подлога и можност за брз развој, со улога на голем стопански центар.

 

Посебни археолошки истражувања за идентификација на градските бедеми и утврдување на големината на градот, неговиот премер и документација засега не се преземени, бидејќи поголем дел од градот лежи под денешната населба на Крупиште и во рамното поле под оризовите ниви под вода. Ѕидовите од неговите бедеми во рамницата се уцнати co ширењето на населбата и со израмнување на теренот на полето за оризовите насади. Ѕидовите на кулите на Голем и Мал Цапар се расчистени со изградбата на водоводот за селото во текот на 1971—74 година. Големи уривања на бедемите од тврдината и на архитектонските објекти во градот се изведени по Првата и особено по Втората светска војна co изградба и обнова на селото, и најпосле со трасирањето на уличната мрежа.

 

Археолошката евиденција од истражувањата на месноста Кале и блиската околина даваат важни податоци за определување на простирањето на градот покрај Брегалница. Архитектонските траги од бедемите и кулите од овој утврден град ги надополнуваат археолошките остатоци од истражените објекти и од споменичниот фонд растурен по селските дворови и ниви или вграден во селските куќи и плевни, како и во оградните ѕидови околу нив.

 

Градот зафаќал голем простор во рамното Овче Поле крај Брегалница. Судејќи според досега откриените остатоци од ѕидови на бедемите и градежниот материјал од обработени камени блокови, градот се простирал на просторот на денешното село и во оризовите полиња на месноста Кале, на исток до Голем и Мал Цапар и на запад до брегот Клетовник.

 

Градот бил урбанизиран. На просторот од патот за Кочани кон север се протега insula co повеќе профани и црковни градби од раниот словенски период, во кои наоѓаме сполии од антички и ранохристијански објекти. Античките некрополи се наоѓаат на источната и јужната страна во рамницата, додека словенските гробишта се крај црквата Св. Никола, крај крстовидната црква на Кале и крај црквите на Злетовска Река.

 

Во утврдениот простор на Кале се откриени остатоци од бронзенодопска керамика, античка архитектонска пластика од бел мермер, надгробни римски споменици, сархофаг и доцноантичка и словенска керамика. Од многуте констатирани градби е откриена една крстовидна црква од ранохристијанскиот период обновена во раниот словенски среден век, со словенска пространа некропола. [56] Откриени се источните партии на катедралната црква co Martyrium од раниот словенски период на IX—X век и констатирани траги од јавни репрезентативни градби крај неа.

 

Досегашиите резултати од истражувањата укажуваат дека на овој простор се наоѓала една бронзенодопска населба, a потоа се развил еден антички град. Мислам дека тоа би можела да биде една од станиците одбележана на Tabulata и тоа Астибо на истоимената река Астибос. Во доцноантичкиот град се отриени повеќе култни градби од типот на Martyrium-и. [57]

 

Словените градот го прошируваат и му даваат печат со одбележување на загадочни знаци на градежните камени блокови. Во градот Равен на Брегалница се одвива културно-просветната мисија на Константин Филозоф, која оставила траги co графити и одбележување на глаголски

 

 

56. Алексова, Крупиште, 85—100.

 

57. Ibid. 85—100.

 

36

 

 

букви на градежните камени блокови на обновената тврдина и на изградените црковни градби. Градот претставувал голем castrum, истовремено и civitas во пространата рамница. Овде од средината на IX и во почетокот на X век е формирана првата словенска црковна организација во Македонија, е организирана Епископијата на Брегалница, [58] чиј катедрален храм co култната црква — Martyrium е откриена во месноста Кале.

 

За прв пат името Крупиште за градот на Брегалница го среќаваме во 1355 година каде што Стефан Душан го одржал државниот ообор. [59] Во еден пописен дефтер од 1573 година се споменува с. Крупиште со 77 христијански и 1 муслиманско семејство. [60] Подоцна градот станува турски беговски чифлик.

 

 

ЦРКВИШТЕ, СОКОЛАРЦИ.

 

Во 1970 година се констатирани остатоци од доцноантичка и словенска утврдена населба со ѕидови широки и до 2,00 м. [61] Близу до истокот на западната страна од месноста наречена Црквиште, се откриени остатоци од мозаичен под, изведен со бели и сиви мермерни плочки, што припаѓал на една ранохристијанска црковна градба. На повришната од градиштето има остатоци од ѕидови, градежен материјал и населбинска доцноантичка керамика. Според површинските наоди, градежниот материјал и многуте сполии однесени од овој простор и вградени во денешната црква, оваа населба била обновена од Словените.

 

 

БАЛВАНСКИ РИД, БАЛВАН.

 

На траги од едно утврдување во Д. Балван укажуваат многу обработени камени блокови разнесени по селските куќи во соседните населени места. Тврдината била населена од Словените кои и дале печат со обележување со знаци на градежниот материјал.

 

 

ИСАР KAЛE, ШТИП.

 

Едно од големите утврдувања од доцноантичкиот и словенскиот период претставуваат остатоците од ѕидови и кули на високиот брег над денешниот Штип. Ѕидовите на оваа тврдина се зачувани на места и до 3.00 м висина. [62] На површината на платото Д. Вучковиќ-Тодоровиќ во шеесетите години има откриено остатоци од хеленистичка керамика. З. Белдедовски во текот на изведените мали сондажни истражувања во 1979 година има откриено доцноантичка и словенска керамика.

 

Сo цел да се отпочне co систематски истражувања и документација на оваа тврдина, М. Милоевиќ има изведено архитектонско снимање на овој утврден град со повеќе остатоци од ѕидови и зачувани архитектонски објекти. Овој утврден град играл мошне значајна улога во заштитата на магистралниот пат по Брегалница уште во античкиот период и подоцна во словенскиот среден век.

 

 

ЕЖОВ ГРАД, ЕРЏЕЛИЈА.

 

На околу 8 км источно од Штип, на месноста Ежово, има остатоци од едно доцноантичко утврдување, во чие подножје на доста широк простор во денешните лозја имаме констатирано остатоци од архитектонски објекти, многу градежен материјал, архитектонска пластика и доцноантичка керамика. Наодите се откривани при длабокото орање за садење на винова лоза. За ова утврдување во науката се врзани претпоставките за убикација на градот Астибо, [63] што сметам дека не е засновано на цврсти материјални остатоци. Самата тврдина и карактерот на населбата укажуваат само

 

 

58. Теофилакт, Мъченичеството, 264; Grabar, Martyrium I, 344, not. 4.

 

59. Радојчић, Сабори, 141—145; Славева-Мошин, Грамоти, 67, 68, 82, 86, 88, 199. 214; Jiriček, Geschichte, 411.

 

60. Никола, 132, бел. 8.

 

61. Aleksova-Mango, Bargala, 278, № 9.

 

62. Јовановиќ, Две средновековни тврдини, 103—105.

 

63. Папазоглу, Градови, 244—245, бел. 64.

 

37

 

 

на еден утврден пункт по главниот пат, a никако на утврдена населба од градски карактер.

 

 

ХИСАР, ЦРЕШЧЕ.

 

На околу 2,00 км југозападно од Црешка, опкружен од три страни со Брегалница, се наоѓа брегот Хисар кој е достапен само од источната страна.

 

Тврдината Хисар има четвртеста основа, со стрмни страни и зарамнет брег со димензии 300 x 100—120 м, со висина над реката од 120 м. Хисар претставува доцноантички опидум со наоди од IV—VI век. Се претполага дека овде постоела една постара пајонска населба.

 

Средновековниот град Црешче бил изграден врз доцноантичките урнатини на исгочниот дел на Горниот Град на простор од 120x110 м, околу 1 хектар. На овој простор се наѕираат темели од повеќе градби со остатоци од керамика и археолошки наоди карактеристични за егзистенцијата од IX—XIV век. Градот служел како воено упориште и средиште на населението од околниот сточарски регион. Железната руда од околината на Црешка била експлоатирана уште од античко време и подоцна од населението на средновековниот град Црешче. [64]

 

Овде споменатите утврдени градови, каструми, кули и стражарски пунктови, бездруго, не се единствени по Брегалница. Поголем број од нив претставуваат стари пајонски населби зрз кои се развиле античките градови и утврдените населби. Уште еднаш треба да подвлечеме дека градот Баргала и Големиот Град кај Крупиште, античкиот Астибо заземале централно место по средниот тек на Брегалница, a другите кастели, кули и стражи биле распоредени покрај главниот пат што водел по Брегалница. Одбраната на оваа патна мрежа што продолжувала на североисток исто така е обезбедена со повеќе утврдени пунктови до Коњух и понатаму на исток. Понатамошните истражувања, сконцентрирани на проучувањето на утврдувањата по текот на Брегалница, треба да ја надополнат ошката за фортификациониот систем во овој дел на Македонија и да укажат на континуиран живот во утврдените населби.

 

 

64. Микулчић, Црешка, 149—161; Томоски, Градови, 277.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]