Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

5. (Баргала)

 

- Баргала. Главни етапи во развојот на градот
- Црковна архитектура. Ранохристијански комплекс
- Епископска базилика
- Презвитериум
- Баптистериум
- Архитектонска декоративна пластика откриена во базиликата
- Архитектонските особености и датирање на објектот (прва, втора и трета градежна фаза)
- Објекти на ранохристијанскиот комплекс consignatorium
- Епископска резиденција
- Градска цистерна
- Комунална изградба
- Градежна керамика
- Археолошки наоди во епископската базилика
- Депо co монети
- Баргала, аваро-словенски напади и населување на словените

 

 

БАРГАЛА. ГЛАВНИ ЕТАПИ ВО РАЗВОЈОТ НА ГРАДОТ

 

 

По Втората светска војна, за прв пат, со систематски археолошки истражувања и ископувања по текот на реката Брегалница се започна во 1966 година. [1] Археолошкиот музеј од Скопје, во соработка со Народниот музеј од Штип, во текот на 1966—1969 година започна со систематски археолошки истражувања кај Горен Козјак, на околу 12 км североисточно од Штип. Работите продолжија во 1970 година со една југословенско-американска екипа финансирана од Смитсоновиот институт од Вашингтон. [2] Во наредните години се изведувани интензивни работи на конзервација на откриените објекти [3] и помали археолошки зафати во самиот град. Работено е на доистражување на извесни откриени делови на градбите со цел да се определи нивната функција и намена и да се утврди хронолошката граница на откриените објекти.

 

Овде ќе бидат изнесени резултатите од истражувањата и откривањата на архитектонските објекти во градот и неговата околина, како и по средниот тек на Брегалница.

 

Една од источните притоки на Брегалница е Козјачка Река, која формира една од помалите котлини по средниот тек на Брегалница во која се наоѓал расположен доцноантичкиот град Баргала [4] кој претставувал едно од поголемите воени, стопански и црковни средишта по средниот тек на Брегалница.

 

Kaj Горен Козјак, во месноста Градот, на околу 5—6 км оддалеченост од Брегалница, се наоѓала една населба од предримскиот период, на што укажува извесна материјална граѓа. Овде во римскиот период ce развила утврдена античка населба која требало да ја обезбеди сигурноста на своите жители и на припадниците на заедницата чие средиште бил тој.

 

Овој утврден град во доцноантичкиот период претставувал за градското и поширокото приградско население сигурна заштита од секакви напади. Уште од раната антика секој град поседувал некои елементи по кои се доведувал во врска со логор, во прв ред по општите идеи на просторната организација. Во доцноантичкиот период се применувале планови аналогни на оние при подигањето на логори. [5] Дефанзивната улога на доцноантичкиот град Баргала е доста нагласена поради што градот станал истовремено castrum и civitas.

 

Сега ce поставува прашање дали старата населба на овој простор кај Горен Козјак го носела името Баргала. Тврдината кај Долен Козјак, за која се претполагаше дека го претставува овој стар град, што

 

 

1. Алексова, Баргала-Брегалница, 5—82.

 

2. Aleksova-Mango, Bargala, 265—281.

 

3. Конзервација на комплексот на Епископската базилика изведува Републичкиот завод за заштита, под раководството на С. Саржоски и Ж. Винчиќ.

 

4. Името на античката населба βαργαλα што се наоѓала во Пајонија, е од трачко потекло. Венедиков, Баргала, 83, името го поврзува со Берга во Бизалтија и Бергула во јужна Тракија и хидронимот M/Bargus и цитира етимологија на коренот Berg-Barg, што го дал Иванов, Северна Македония, 73. Папазоглу, Градови, 245—246, го прифаќа ова мислење со корекција; Skok, Etimološki riječnik I, 210 зборот Бријег, назив за узвишицу, Collis, обала реке или потока. Иванова, Месни имиња, 249, укажува на името на градот Баргала како трачко. Тракиската Баргала, според И. Дуриданов, е од индоевропското bhrgh — редуциран стипен. Bhorgh-ala, од корен bhergh — што би значело висок, брег, брдо.

 

За името на реката Брегалница постои мислење дека е добиено од градот Баргала, кое Словените го зближиле со словенскиот збор брѣгь кое што се изговарало бреаг или брьагь па оттаму Брегалница или „брегова река". Трите автора се прашуваат дали во словенската епоха името Брегалница се давало и на реката и на градот што лежел на неа.

 

5. Suić, Antički grad, 119, 237.

 

41

 

 

му претходел на доцноантичкиот ранохристајански центар Баргала, е само едно од низата утврдувања по Козјачка река во системот на одбраната на доцноантичкиот град Баргала кај Горен Козјак и на неговиот пристап во подножјето. Ова го потврдуваат откриените објекти на самата тврдина Бандера кај Долен Козјак, кои В. Санев ги датира во IV век. На ова упатуваат и повеќето архитектонски објекти од Горен до Долен Козјак и кон Брегалница.

 

Могилата кај Крст, со богати прилози од I—II век, В. Санев и ја припишува на пајонската населба кај Ханче, недалеку од Карбинци, која подоцна се развила во градска населба кај урбанизираниот град под трачко име Баргала. [6]

 

Степенот на истраженоста на постарата античка населба на просторот што го зафаќал доцноантичкиот град Баргала засега не дава можност да се одреди улогата што ја одиграл во нејзиниот развој на овој простор. Извесни материјални остатоци укажуваат дека на овој простор кај Горен Козјак постоела една стара населба, бездруго од типот на една градина.

 

Под мозаичниот под во одаите западно од баптистериумот во 1978 година се откриени остатоци од огништа со повеќе фрагменти од халштатска керамика, како и една трачка фибула од халштатскиот период. [6а] Прашање е дали и трагите од земјеното утврдување, што се протега покрај северниот ѕид на тврдината и продолжува на запад до крајот на Extra muros базиликата, не припаѓале на една поранешна утврдена населба на овој простор.

 

Во северозападниот комплекс на градби крај бедемот се употребени секундарно сполии од мермерни споменици од II—III век од н.е. Во доцната антика е вообичаено за градење и обнова на тврдините и архитектонските објекти да се употребува материјал од поранешните јавни градби, храмови и некрополи. Откриените антички сполии, секундарно употребени во подоцнежните градби и многу такви разнесени по околните села и на самото градиште, укажуваат дека на овој простор, уште во раната антика, постоела една населба од градски карактер. Досега откриените остатоци од материјална култура укажуваат дека стариот пајонски град Баргала треба да го бараме токму на овој простор. Мислам дека интензивирањето на истражувањата на самиот град Баргала ќе даде одговор и на ова прашање и ќе го поткрепи уште посилно нашето мислење.

 

Цивилната населба на доцноантичкиот град Баргала, расположен крај самата Козјачка Река, израснала во силен црковен и културен центар во средниот тек на Брегалница во IV—V век. Градот бил расположен на една блага отворена падина крај реката, лесно пристапен од сите страни, со отворен и широк видик над котлината на Брегалница. Градот формира правоаголен трапезоиден простор крај реката, со високи ѕидови и кули и со двоен главен влез, со издадена проекција од линијата на ѕидот, што ја претставува репрезентативната главна порта на градот porta principalis, чиј покрив го носеле арки. Портата е ориентирана кон главниот пат што водел во двете посоки на Брегалница. На југоисточната страна има една четвртеста кула што служела како порта. Според распоредот на влезовите по должината на градот одела главната улица — via principalis.

 

 

6. Според В. Санев, спалувањето и закопувањето под могили е стар обичај карактеристичен за Пајонците, задржан до IV век, поради што не го прифаќа мислењето на Ив. Венедиков кој обичајот им го припишува на Трачаните. Санев, Од предисторијата, 88—91; Венедиков, Баргала, 88—89; Папазоглу, Градови, 245—246.

 

6a. Според Мр. Р. Пашиќ, фибулата е трачка од халштатскиот период, по 550 година пред н. е., слична на таа најдена на Скопското Кале. Откриената керамика датирана од З. Георгиев.

 

42

 

 

Североисточно од градот, на брегот Цвилиг, има остатоци од четвртеста кула и уште една нагоре по Козјачка Река. Овие две кули, тврдината и кулата кај Долен Козјак, се дел од фортификациониот систем по Козјачка Река за одбрана на градот Баргала кои, со тврдините на околните ридишта, се вклопуваат во пошироко испланираната одбрана на средниот тек на Брегалница [7].

 

Веќе од IV век во оваа тврдина постом и се развива доцноантичкиот ранохристијански град Баргала. Убицирањето на градот Баргала, познат епископски центар, документиран со археолошките наоди веќе од IV век и потврден во литературните извори од V—VI век, се темели врз следните проучувања.

 

Откриениот латински натпис во Втората светска војна во месноста Ханче, датиран во 371/2 година, не известува за обновата на градската порта на баргалците. Содржината на натписот дава податоци за честите прекројувања на границите на доцноантичките провинции. По својата намена тој претставува градежен блок што бил вграден во конструкцијата на портата на градот Баргала. Натписот гласи: [8]

 

(An)no VII dominorum nostrorum victorio-

sissimorum

triumfatorum semper augustorum

Valentiniani et Valentis Bargalen-

(si)bus porta constructa est disponen-

(te A)ntonio Alypio v(iro) c(larissimo) con-

s(ulari) provinc(iae) D(aciae) mediter-

raneae.

 

Од натписот ce гледа дека Баргала влегувала во составот на провинцијата Средоземна Дакија. Во литературните извори градот Баргала го наоѓаме во списоците на Халкедонскиот собор од 451 година. Таму е потпишан епископот Дарданиј од Баргала веднаш по Никола, епископ од Стоби, [9] кои ce споменати меѓу епископите од Macedonia I. [10]

 

Подоцна, во Синекдемосот од Хиероклиј од 527/8 година, Баргала е спомената во Macedonia II, [11] која е формирана кон крајот на IV век, a чиј главен град бил Стоби. [12] Ова ce последните споменувања на Брегалница под нејзиното старо име. Градот не го наоѓаме меѓу тврдините обновени од Јустинијам одбележени кај Прокопиј во De aedificiis (са 553—555), ниту во други византиски текстови, освен во De Thematibus од Constantine Porphyrogenitus, во деловите земени од Хиероклиј. [13]

 

 

ЦРКОВНА АРХИТЕКТУРА.

РАНОХРИСТИЈАНСКИ КОМПЛЕКС

 

Во северозападниот дел на градот Баргала со археолошките ископувања од 1966—1986 година, со извесни прекини, е откриен ранохристијанскиот комплекс на Епископската базилика.

 

 

7. Aleksova, Bargala and the fortification system, 62—68.

 

8. Венедиков, Баргала, 84—85.

 

9. Acta Conciliorum Oecumenicorum, III, I, p. 64.

 

10. Ibid, III. 2, p. 102.

 

11. Le Synekdemos d'Hierokles, 641, 6.

 

12. Правите граници во текот на IV—VI век помеѓу провинциите Dacia Mediterranea, Macedonia I и II. Оваа последнава, идентификувана често со Macedonia Salutaris, претставува комплексен проблем. За ова прашање види: Papazoglu, La Масеdoine Salutaris et la Macedoine Seconde, 115—127 — idem. Градови, 87, за Баргала, ibid, 245, 246.

 

13. Ed. A. Pertusi, Vatican City, 1952, 88.

 

43

 

 

Црквата претставува трикорабна базилика co ексонартекс и нартекс. Од јужната страна крај базиликата е изграден еднокорабен објект со канцел преграда и нартекс од западната страна. Од северната страна по должина на целата базилика е градбата на баптистериумот со три одаи на неговата западна страна.

 

Во северниот дел на градот е откриена епископска резиденција со низа простории за живеење, пред кои се шири трем со колонада, улица и плоштад. Помеѓу црквата и резиденцијата се наоѓа градската цистерна со низа од ниши и фонтана од јужната страна.

 

Во градот е откриена водоводна мрежа, a на брегот во подножјето на Цвилиг изворите и водоводните каптажи од кои градот се снабдувал со вода. [14]

 

Западно од главниот влез во градот е откриема трикорабна Extra rauros базилика со луксузен под во opus sectile и богата архитектонска декоративиа пластика. [15] На еден километар западно од градот кон Брегалница е прекопан еден сакрален објект од кој се зачувани остатоци од мозаичен под со еклезиастички мотиви составени од кругови со крстови. [16] Во селото Долен Козјак се наоѓаат урнатини од една црковна градба со остатоци од богата архитектонска декоративна пластика од бел мермер. [17]

 

Четвртиот ранохристијански сакрален објект западно од градот Баргала е близу до Брегалница, во месноста Црквиште, западно од Карбинци, co остатоци од под во opus sectile и архитектонска пластика од бел мермер.

 

 

ЕПИСКОПСКА БАЗИЛИКА

 

Објектот на Епископската базилика претставува стандарден тип на ранохристијанска црковна градба што бил раширен во медитеранските земји и на Балканскиот Полуостров. Базиликата има три кораба co полукружна апсида однатре и однадвор, внатрешен нартекс и отворен ексонартекс. Во црквата се влегува преку осум високи скалила од правецот на западниот влез преку поплочениот плоштад украсен од северната страна со една полукружна апсида со колони што носеле јонски капители. Западната фасада на базиликата претставува тричлена аркада, одвоена co колони чии бази се најдени in situ и крај нив колоните со импостите. [18] Едниот од двата капитела има натпис на грчки јазик:

 

]Χρισ] τε βοηθι τω δουλου

]σοθ] Ερμια ςπισκοπω

 

„Христе, помогаи му на твојот роб, епископот Хермија". [19] На натписот од капителот на влезниот трибелон во ексонартексот на базиликата епископот Хермија понизно се нарекува роб Христов, што претставува вообичаена формула. Меѓутоа, Филип и Евстатиј од двете епископски базилики од Стоби употребуваат најсвечен епископски

 

 

14. Алексова, Баргала — Брегалница, 5—82; Aleksova-Mango, op. cit. 265—273; Алексова, Епископската базилика во Баргала.

 

15. Со истражувањата во 1984 година е откриен дел од базиликата со апсидалниот простор и остатоци од синтронос на запад до линијата на нартексот. Работите се изведени под раководство на Б. Алексова co учество на Д. Црневски, Н. Чаушидис и арх. Н. Ничота.

 

16. Археолошката документација за овој објект кај B. Санев. Објавен е само фрагментот од мозаикот. Види: Санев, Каталог, сл. 26.

 

17. Многубројната архитектонска декорација од бел мермер е одбележана во селските дворови уште во 1966 година, a му припаѓала на овој сакрален објект откриен во 1985 година од Б. Алексова и Д. Црневски.

 

18. Aleksova-Mango, op. cit. 267—273.

 

19. Ibid. 268.

 

44

 

 

епитет каде што и двајцата истакнуваат дека првиот ja подига, a вториот ја обновува „градбата на светата божја црква", што ги одбележува тројцата епископи како ктитори на базиликите. [20] Со оглед на тоа дека натписот бил поставен на фасадата од градбата, може да се претпостави дека Хермија бил основач на базиликата.

 

Отворениот трем комуницирал со внатрешниот нартекс преку пет врати, од кои две, најсеверната и централната, биле затворени подоцна. Внатрешниот нартекс има три врати кои водат во наосот и во страничните кораби. Подот на базиликата се спушта надолу од исток кон запад за 0,70 м, a забележливи се нерамнините на подот во јужниот кораб, бездруго поради недоволно цврстата основа. Треба да се одбележи дека теренот доста нагло се спушта од север кон југ. За изградбата на црквата претходно е изведено нивелирање на просторот каде што требало да биде подигната, поради што јужните партии на базиликата се изградени на вештачки нивелиран простор.

 

Два реда од по седум колони го делат наосот од корабите. Сите бази, со исклучок на една, се најдени in situ. Интерколумните биле затворени со парапетни плочи во парови што биле споени со по едно квадратно столпче. Парапетите и столпчињата биле вѕидани во масивни, понекогаш неправилни, камени блокови од основата поставени помеѓу базите со колоните. Верниците во црквата со тоа биле поделени, мажите во јужниот кораб a жените во северниот.

 

Јужно од надолжната оска на црквата е откриена основата на мермерниот амвон. Низата од скалила што воделе до амвонот се наоѓа на неговата западна страна. Амвонот, според неговите остатоци и типот на основата, имал кружно решение, изведен со луксузни релјефно украсени мермерни плочи, сличен по типот и по начинот на украсувањето со амвонот од базиликата Ахеиропоиетос од Солун. [21] Положбата на амвонот упатува на тоа дека проповедите и церемонијата им биле упатени повеќе на мажите отколку на жените. [22]

 

Поплочувањето на подовите во црквата е изведено со голем усет за композиција и колористичка хармонија. Подовите во ексонартексот и нартексот се изведени со големи црвеникави плочи, додека во наосот и јужниот кораб плочите се од белузлав дацит, мошне добро обработени и измазнети. Северниот кораб, резервиран за жените, бил послан со мозаик изведен од големи парчиња полихромен мермер. [23] По должината на целиот кораб се оформени седум посебни полиња со геометриски орнаменти, што ги сочинуваат кругови со розети, ромбови и квадрати. На средината на централното поле е формиран крст со издолжени краци. [24]

 

 

20. Aleksova-Mango, ор. cit. 268; Egger, Градска црква у Стобима, 39, 44; Алексова, Стоби, Епископска базилика, 74, 75; Николајевић, Стоби и архитектонска скулптура, 182, 183.

 

21. Orlandos, Basilike 538—566, амвоните во базиликите во Солун: Св. Софија п. 545—546, фиг. 511; во Acheiropoietos, р. 545—546, fig. 510. Според планот и зачуваната пластика амвонот од Баргала е близок до овој од Св. Софија во Солун. За амвоните во Солун види: Nikolaidou, les Ambons, 255—275.

 

22. Aleksova-Mango, ор. cit. 268.

 

23. Со ваква техника изведени мозаици со геометриски мотиви наоѓаме и во павиментите на други базилики на Балканот. Види: Spiro, Corpus, II, Nea Anchialos, Basilica A, fig. 357, 359, 360, 361.

 

24. Bo подните мозаици на ранохристијанските базилики во Грција и на Балканот овие мотиви се чести уште од IV и во V-VI век. Од многубројните трудови ќе ги наведеме неколкуте понови и основни дела. За мозаиците во Грција: Sodini, Mosaiques, 699—753; Assemakopoulou-Atzaka, Mosaici del Illirico, 205—281; idem. Magnesia.; idem, I Mosaici;

 

За мозаиците во Бугарија: Овчаров-Ваклинова, Ранновизантиски паметници IV—VII век;

За Албанија: Anamali-Adhami, Mosaiques;

За Југославија: Цветковић-Томашевић, Мозаици.

 

45

 

 

 

ПРЕЗВИТЕРИУМ

 

Просторот на презвитериумот е внимателно истражуван во 1970 година, со што се откриени две генерални сукцесивни фази и една преодна фаза на изградбата на подовите и на целиот архитектонски аранжман. [25] Втората фаза на презвитериумот ја зазема целата ширина на наосот. На западната страна е одбележена со масивни камени блокови со жлебови за парапетните плочи. Влезот е проектиран на запад и имал мали колони што ja носеле арката чиј дел е најден во црквата. Подот, што е зачувам по рабовите, претставува бордура од бели мермерни плочи и сив аргилошист.

 

Централното поле е сочувано во отисоци во хоросан малтер и го зафаќа просторот пред чесната трпеза. Целиот аранжман претставува крајно луксузно решение на подот во opus sectile, како во најголемите ранохристијаиски храмови. [26] Во северозападниот дел, крај чесната трпеза, во овој мошне елегантно решен под се поставени две груби плочи од песочник кои потекнуваат од последната фаза на употребата на црквата.

 

Во југозападниот агол на презвитериумот е откриен мал канал од земјени цевки што оди под подот на јужниот кораб и претставува таканаречена thalassa низ која истекува водата од миењето на рацете на свештениците и чистењето на чесната трпеза. [27]

 

Во апсидата, која е повисока за една скала од презвитериумот, не е зачуван подот. Крај самиот ѕид на апсидата под подот е откриен голем земјен сад поставен на природна карпа. Постои можност при осветувањето на црквата во него да биле поставени светите остатоци од маченикот. Во тој случај садот би можел да ја претставува јамата во која било поставено мало ковчеже со моштите на светителот загинат за Христовата вера. Овој чин, како и местото каде што се ставале реликвиите или моштите, се викал кататезис или кататезион κατὰθεσις што значи поставување или енкаинион ἐμκαὶνιον ἐγκαὶνιον свечено отворање. [28] Во ѓакониканот на црквата, покрај шесте пити од стаклена паста во боја со дебелина од 2—3 см, најдени се и два предмета од алабастер. Едниот е ваза со една рачка, а другиот мал реликвијар во форма на саркофаг. Тоа треба да е енкаинион оригинално поставен под подот на олтарот. [29]

 

Покрај апсидата од внатреигна страна изгледа дека бил изграден полукружен синтронос од кој е зачуван еден блок од јужната страна.

 

Со истражувањата на апсидата и на целиот презвитериум е откриена постарата фаза на подот и на архитектурниот аранжман во него. Во апсидата е откриен П форма ѕид што е живописан од западната страна, зачуван во височина од 0,15 м. [30] Овој ѕид ја претставува основата на која се издигале скалите во чија средина бил поставен

 

 

25. Aleksova-Mango, ор. cit. 270.

 

26. Orlandos, Basilike II, fig. 403 и 497 — Tebe, Basilica B; fig. 454 — Nikopolis, Basilica B; fig. 461 — Grifada;

Assemakopoulou-Atzaka, Opus sectile, fig. 17, 40.

 

27. Pallas, Thalassa, 41 и н.

 

28. Orlandos, Basilike II, 466—468, fig. 429, 430; Grabar, Martyrium II, Pl. LXV, fig. 1, 2, 3, и 4, реликвијари од Варна, Солун и Херсонес идентични со примерокот од Баргала; Duval, Loca Sanctorum I, во базиликата во Henchir Akrab во северна Африка, под цибориумот реликвиите од 574—580 година п. 259—264, fig. 172; Eyice, Reliquaires.

 

29. Aleksova-Mango, ор. cit. 272, fig. 42. Малиот мермерен саркофаг е идентичен со оној од Tessalonika: Grabar, Martyrium, Pl. LXV, fig. 2.

 

30. Зачуваните фрагменти од живописот имаат геометриски мотиви и флорални цртежи во кафеава боја идентични со оние од старата Епископска базилика во Стоби од IV век. Види Алексова; The Old episcopal basilica at Stobi, 50—63.

 

46

 

 

епископскиот трон, што претставува мошне луксузне аранжман во апсидата.

 

Чесната трпеза се наоѓала малку понаисток во овој постар аранжман и била поставена на пет нозе. На североисточната и југоисточната страна на презвитериумот имало по едно седиште за клирот. Оригиналниот простор на презвитериумот бил малку помал од подоцнежната фаза и од северната и јужната страна преградата не котерминирала со главната колонада.

 

Овој под од постарата фаза е зачуван во отпечатоци во хидростатен малтер во извонредна состојба. Пред олтарната маса е зачуван еден широк панел опкружен co бордура, што бил изведен во opus sectile. Под овој под, што бил решен со плочки, се наоѓа постар под од измазнет хоросан малтер со остатоци од премачкување со боја. Под овој измазнет под се наоѓа супструкцијата изведена со камења поставени во хидростатен малтер.

 

Трагите со премачкување со боја на овој под укажуваат дека тој едно време бил во употреба во презвитериумот. Подоцна служел како супструкција на луксузно решените подови од двете градежни фази.

 

Во втората или последната генерална фаза, што ја разгледувавме на почетокот, конструкцијата П форма на подиумот била разрушена. Во апсидата е изграден нов синтронос покрај полукружниот ѕид на апсидата, чии траги се констатирани на јужната страна. Самиот презвитериум е проширен кон западната страна, a на север и југ олтарната преграда котерминирала со главната колонада. Плочките од постариот под се повторно употребени и повторен е истиот аранжман во opus sectile како во Епископската базилика во Стоби. [31]

 

 

БАПТИСТЕРИУМ

 

Во текот на 1968 година покрај северниот периметрален ѕид на Епископската базилика е откриена градба на баптистериум што претставува една продолжена структура од исток кон запад, што ја сочинуваат баптистериумот, неговиот трем, една сала и одајата за даровите на верниците.

 

Баптистериумот има крстовиден план co нартекс и е изграден подоцна од црквата. На ова укажува структурата и начинот на градењето, кој е различен од ѕидовите на самата црква. За подоцна изградената градба е отворена дополнително врата која води во северниот кораб на базиликата, a за која е урнат дел од периметралниот ѕид на црквата. На западната страна на вака изградениот баптистериум се отворени, односно оформени два влеза, како што е случајот и со градењето на баптистериумот крај Северната базилика во Стоби.

 

Според планот, баптистериумот однадвор претставува базиликална градба, a однатре крстовиден објект со полукружна апсида однатре и полигонална однадвор. Северниот ѕид на оваа градба излегува од од линијата на постариот ѕид што продолжува кон запад. Меѓутоа, тој ѕид во самиот балтистериум е задржан на нивото на подот и_покрај него е изграден масивниот ѕид на подоцнежниот проширен објект. Приодот во баптистериумот е обезбеден преку две врати од западната страна.

 

Вестибилот на оваа градба претставува правоаголна просторија, исто така со два влеза од западната страна, со задржани фрагменти од мозаик co флорални и животински мотиви. [32] Бордурата на овој мозаик ја сочинуваат кругови со розети, орнамент познат од бордурата на

 

 

31. Алексова, Епископската базилика, 67—76; idem. Арѕе, 147—162.

 

32. Aleksova-Mango, ор. cit. 270—271.

 

47

 

 

Старата епископска базилика од Стоби, фаза I од првата половина на IV век. [33]

 

Потоа доаѓа салата или одајата што обезбедува комуникација со комплексот на баптистериумот, со нартексот, со одајата за дарови и со влез однадвор. Подот во неа е од тули поставени по дијагонала, освен лонгитудалната и трансверзалната оска од одајата која формира крст. Во средината триаголни камени плочи формираат ромбоид.

 

Последната одаја, ѓакониконот, го нема задржано оригиналниот павимент. Во нејзиното југозападно ќоше се наоѓа задржана правоаголна основа од тули која одговара по димензиите на камената менза со подигнат раб. Малку ранохристијански ѓаконикони се идентификувани со сигурност. Според Testamentum Domini (I, ?9) оваа структура би требало да се наоѓа десно од влезот, т.е. јужно од црквата, каков што е нашиов случај. Добар пример за ѓаконикон поставен северно од црквата ни дава Базиликата D од Nea Anhialos. [34]

 

Во средината на баптистериумот е откриена зо 1976 година писцина која е исто така крстовидна и чии краци формираат издлабени полукружни ниши од надворешната страна. Писцината припаѓа на типот впишан крст во крст така што се има претстава на осмострана писцина. Околу крстовидниот базен е оформена ограда изградена од тули над која стоеле колони со капители што носеле балдахин или некаков покрив. Оградата и самиот базен се обложени со плочки од бел, црвеникав и сив мермер, како писцината на Епископската и Северната базилика во Стоби. [35]

 

Во писцината вода доаѓала од севериата страна низ оловна цевка, a од западната страна е оформен одвод на водата низ еден канал што води во мала шахта, a оди преку јужниот дел на една постара писцина.

 

Доѕиданиот баптистериум покрај северниот ѕид на Епископската базилика во Баргала претставува стандарден тип на базиликална градба, сала со нартекс, која внатре со доѕиданите столици, формира впишан крст, што се совпаѓа со планот на самата крстовидна писцина. Така планот на писцината влијаел врз планот на баптистериумот, или обратно, на што има укажано А. Грабар. [36]

 

Од мошне луксузниот аранжман што бил оформен над писцината се откриени повеќе фрагментирани мермерни колони и неколку цели и фрагментирани капители од типот на двозони и корпа-капители. Тие биле поставени на правите страни на писцината и го носеле балдахинот, како кај писцината на Северната базилика во Стоби и кај раскошната писцина од Епископската базилика пак во Стоби. [37] Најдените капители, колони и фрагменти од парапетите од аранжманот над писцината во Баргала по својата техничка изработка претставуваат извонредно луксузни примероци, сите изработени од проконезијански мермери.

 

 

33. Aleksova, The Old episcopal basilica at Stobi, 50—63.

 

34. Soteriou, Prothezis, 86; Стричевић, Ђаконикон и Протезис, 59—65; idem. Црква код Куршумлије, 182—183, фиг. I. Во анексот на базиликата од Куршумлија ситуиран северно од нартексот авторот препознал баптистериум, a подоцна ѓаконикон. Проучувајки ги базиликите во Југославија и Бугарија, Стричевиќ ja истакнува улогата на ѓакониконот, како на дел ситуиран отстрана на нартексот. Оваа просторија немала секогаш апсида. Вообичаено е кај црквите во Грција и на Балканот анексите со иста или слична функција да се наоѓаат поставени подалеку од олтарот, и тоа често покрај нартексот. Така е сѐ до крајот на VI век, кога анексите ce доближуваат до олтарот, поставени отстрана. Види: Babić, Les Chapelles, 78, not. 52.

 

35. Petrović, Krstionice u Stobima, 263—267; idem. Glasnik ZM, 490—497; Wiseman, Guide, fig. I, 13.

 

36. Grabar, Le Baptistere, 4.

 

37. Supra bel. 35.

 

48

 

 

Планот на баптистериумот, однадвор базиликален со полигонална апсида, однатре со впишан крст, претставува еден од раните ранохристијански типови. Писцините, пак, со крстовиден план во различни варијанти се распространети во Мала Азија. Од овој тип е и писцината од Дабравина, потоа слична е писцината на Поликонхосот од Охрид, a идентична е писцината на Епископската и Северната базилика во Стоби датирани во почетокот до средината на V век. [38]

 

Со истражувањата во 1978 година, западно од крстовидната писцина во баптистериумот е откриена уште една постара писцина, која при ремоделирањето и проширувањето на доградениот баптистериум била исполнета со шут и над неа бил поставен под од црвеникави плочи.

 

Озаа писцина му припаѓала на постариот баптистериум што бил во составот на првобитниот архитектонски аранжман на базиликата. Од градбата на постариот баптистериум е зачуван дел од северниот ѕид, кој при проширувањето е вклопен и употребен како банкина. [39] Од внатрешната страна на овој ѕид се зачувани остатоци од живопис што имитира мермерни плочи. Цртежот на орнаментот и задржаната сива и црна боја со која тој е изведен одговараат на најстариот живопис од IV век на северниот ѕид на балтистериуот на Епископската базилика во Стоби. [40]

 

Самата писцина претставува крстовиден базен со ниши од источната и западната страна, поставена во кружна платформа од хоросан малтер. Во кружниот аранжман има лежишта за осум бази што носеле колони со капители над кои бил поставен балдахин или некој друг покрив. Помеѓу колоните постоела ограда од плочи чии лежишта се констатирани in situ. На источната страна на платформата е оформена ниша за пристап на службено лице при крштавањето, a од западната страна приод за кандидатот што требало да биде крстен и кој преку две скали требало да слезе во базенот со вода. Базенот е длабок. Неговото дно е оформено од една мермерна плоча, овде секундарно употребена.

 

Ѕидовите на базенот се оформени со измазнет хидростатен малтер. Довод и одвод на вода нема. Можеби поради потребата од големо количество вода за полнење на базенот се заѕидани северниот и јужниот крак на писцината. Тогаш ce оформени приоди од северната и јужната страна на базенот, a самиот базен се оформил со ниши од обете спротивни страни, каде што се наоѓа и приодот во него. Тоа се двете скали од западната страна низ кои се влегувало во длабокиот базен. Поставени се со различни висински разлики.

 

Архитектонскиот план на стариот баптистериум од источната страна нема можност да се утврди бидејќи на тој простор е изградена подоцнежната писцина. Зачуваниот ѕид од северната страна, кој ја држи линијата на западните одаи, укажува дека градбата на постариот баптистериум можела да биде четвртеста или правоаголна просторија крај северниот ѕид на базиликата. Во баптистериумот се влегувало од западната страна и тој немал никаква врата за комуникација со северниот кораб.

 

 

38. Katchatrian, Baptisteres, 74, тип. 21 крст во крст, во М. Азија распространети, во Дабравина. Охрид, поликонхалната црква:

Битракова-Грозданова, 25; Северна базилика, Stobi: Wiseman, Guide, fig. I.

 

39. Алексова, Баптистериум-Баргала, 29—38.

 

40. Мошне значајни остатоци од живопис ce откриени во баптистериумот во Стоби, што ѝ припаѓал на Старата и на базиликата на епископот Филип. Задржан е во три слоја со многу поправки. Bo 1987 година на северниот периметрален ѕид на Старата епископска базилика е откриен живопис задржан in situ на должина од 30 м со височина од 2—4 м. Откриените фрагменти од живопис на северниот ѕид на стариот примитивен баптистериум ce идентични со оние во баптистериумот од првиот слој на северниот ѕид, како по цртежот така и по колоритот. Првобитниот слој во баптистериумот во Стоби ѝ припаѓа на Старата базилика од IV век. За живописот од баптистериумот е подготвена студија од Химанс.

 

49

 

 

Во овој простор бил сместен кружниот аранжман со гшсцината, чија платформа изнесува 3,30 м ширина, a самиот базен имал должина од 1,90 м, a ширина од 1,75 м. Во втората фаза северниот и јужниот крак на крстот биле скратени за 0,90 м. Длабочината на базенот во обете фази изнесува 0,86 м.

 

Оваа стара писцина е изградена од антички сполии и хидростатен малтер со траги од премачкување со боја како на мазниот првобитен под во презвитериумот на базиликата. Поради својата големина и длабочина во двете фази служела за изведување на ритуалот на крштавање со нуркање — имерзија. При расчистување на базенот е откриена монета на Константин I (330—335). [41]

 

Интересно е да се одбележи еден мал градежен елемент во изградбата на оваа стара писцина. Од источната страна на кружната платформа околу базенот е зачувана посебно оформена ниша од хидростатен малтер. Мислам дека ова е посебно оформено место за службеното лице — епископот, кој го изведува миропомазанието што го следи крштавањето. Миропомазанието како составен дел на крштавањето сигурно постоело уште од II век.

 

Во Африка Тертулијан и св. Кипријан јасно го разликуваат миропомазанието од oblation на крштавањето. Во доцниот IV и V век се зборува за второто миропомазание со знак на крст — consignatio цитирано кај Хиполит. Ова второ миропомазание го изведувал епископот по крштавањето. Ова е сигурно познато од едно писмо на папата Инокентај I од 416 година. Инаку, уште св. Павле ги соединил во два стиха во својата II епистула на Коринтјаните, I, 21—22, елементите што ги наоѓаме подоцна во ритуалот на confirmation, така што подоцнежната традиција е инспирираиа од овој pasage.

 

Првобитно дел од самиот баптистериум бил резервиран за confirmatio — миропомазание, па поради тоа претставува нуклеј за развој на Consignatorium. За ова имаме примери. Стариот баптистериум на гробиштата на Присцила во Рим во ѕидот на апсидата има врежан крст, што дава можност за претпоставка дека оваа апсида претставувала Consignatorium. Примитивниот баптистериум во Латран од крајот на IV век има исто така врежан крст и имал иста намена. Подоцна за Consignatorium во Латран е резервирана една посебна просторија доградена до баптисториумот. [42]

 

Оформениот простор со ниша во платформата околу писцината на стариот баптистериум во Баргала, мислам дека имал иста функција, сѐ до времето кога за confirmatio бил дограден базиликален анекс од јужната страна покрај базиликата како посебен Consignatorium.

 

За да можеме да го определиме типот на градбата на баптистериумот и на неговата стара писцина крај Епископската базилика во Баргала, овде накусо ќе се задржиме на развојниот пат на овој најзначаен архитектонски објект во ранохристијанското градежништво во медитеранските земји и на Балканот.

 

За време на првите две столетија крштавањето се вршело во „жива вода", во водите на изворите, реките, потоците, во езерата и во морската вода. Веќе од првата половина на III век се оформуваат посебни простории за баптистериуми. Во IV век, a посебно при неговиот крај, се наоѓаат изградени баптистериуми покрај базиликите што е масовна појава во текот на V—VI век. [43]

 

 

41. Во збирката на Народниот музеј во Штип.

 

42. Leclercq, DACL, Confirmation, t. III, 2, col. 2515—2525.

 

43. Volanake, Baptisteria, 139.

 

50

 

 

Баптистериумите се состоеле од две простории, трем и глашна просторија со базен за крштавање каде што се одвивал вториот дел од крштавањето. Понекогаш се наоѓа и трета просторија наречена Consignatorium, a поретко и четврта наречена Katechumenion.

 

Плановите на баптистериумите во Грција, според И. Воланаки, имаат различни градежни типови. Тие се со три кораба, правоаголни, квадратни, тетраконхални, крстовидни или октагонални. Изградени се од осамен и малтер и мосат дрвен покрив или купола. [44]

 

Баптистериумите како градби на христијанската антаика со своите архитектонски форми, строго наменети за определена функција, претставуваат продолжување на античкото градежништво. [45]

 

Постојат обиди да се поврзат крстилниците со салите на термите, потаа со фонтаните со лековита вода, со нимфеоните и мавзолеите. Архитектите што ги конструирале првите крстилници биле инспирирани од различните планови на паганските градби. Тие се определувале за формата која најмногу одговарала на новата функција на христијанскиот храм предназначен за култот на крштавањето. Вака го започнува својот воведен дел за книгата-албум за развојот на баптистериумите A. Качатријан. Понатаму тој дава и примери за ова. [46]

 

Според А. Грабар, крстилниците како определени градби на раниот христијански култ претставуваат обични сали и поголем број од ние немаат специфичен архитектонски карактер. Според надворешната елевација тие не се разликуваат од овојата околина. По овојот план претставуваат обични правоаголни сали што се приближуваат до квадрат, без голема правилност во планот. Овие сали за крштавање подоцна добиваат специфичен карактер, како и повеќето стари базилики во кои се воведува култот на Ефхаристијата. [47]

 

Историјата на развитокот на градбата на баптистериумот е поврзана со историјата на развојот на архитектурата на црквата. За време на оформувањето на најсветото место на литургијата во црквата, како прва верзија на купола, и во баптистериумот и во црквата се поставува подвижен цибориум, кој подоцна се интегрира во архитектурата. [48]

 

Писцините за крштавање претежно се изградени од тули со хоросан малтер отпорен на вода, обично обложени со мермерни плочи. Поставувањето на писцината во ансамблот на баптистериумот не е секогаш во согласност со просторот и нема константно решение. Најраспространето е централното поставување, со што е овозможена циркулација на новопокрстените околу писцината. Тоа е потврдено во многу случаи, како во Латран и Равена во V век.

 

Меѓутоа, во Дура Еуропос на брегот на Еуфрат од 236 година и потоа во V—VI век во Сирија, Палестина, Крим, на Балканот и во Грција (Парос) базените се поставени на зглавјето на градбата за крштавање во внатрешноста на апсидата. Овој аранжман открива претходно уредување од империјалната епоха, кога кадите и базените обично биле поставени во нишите или апсидите. Овие форми изгледаат најстари до времето кога и самиот баптистериум добива централна

 

 

44. Ibid. 139, 140.

 

45. Од богатата литература за баптистериумите ќе ги споменеме главните дела.

Lecrecq, DACL, Baptistere, t. II, 1924, col. 382—469;

Deichman, Baptisterium, Reallexicon, 1950;

Delvoye, Baptisterium, Reallexicon, 1964.

Volanake, Baptisteria; Grabar, Baptistère, 1980;

Khatchatrian, Baptisteres, 1962; idem. Origine, 1982.

 

46. Khatchatrian Baptisteres, 11—15; idem. Origine, 9—15.

 

47. Grabar, Baptistere, 4.

 

48. Ibid. 5.

 

51

 

 

форма. Во нив поставувањето на писцината е логично бидејќи овозможува лесна циркулација околу базенот, како во Баргала и во Стоби.

 

Во баптистериумите co базен пред апсидата и во оние со три сали по должината движењето на новопокрстените оди по линијата на оската на поставената апсида. Помеѓу овие градби постои група со три сали со апсида на средната уште од IV век, меѓу кои Голгота означува трикорабна црква од V—VI век. [49]

 

Според истражувањата на А. Грабар, постои врска помеѓу развитокот на црквата од IV век и развитокот на баптистериумот, како што веќе истакнавме, како што постои паралелна еволуција на развитокот на баптистериумот и на писцината. Всушност, се совпаѓаат плановите на баптистериумите и на писцините за крштавање и тие обично се решени во форма на круг, квадрат или крст. Така планот на базенот го следи планот на баптистериумот. [50] Таков е случајот со баптистериумите и двете писцини во Баргала.

 

Идентичноста на планот покажува дека писцината и баптистериумот се усогласуваат бидејќи следат иста традиција и секако писцината го наложува планот на градбата на баптистериумот или обратно.

 

Постојат големи сличности помеѓу градбите наменети за крштавање во Грција и околните земји и во Мала Азија, Сирија и Палестина што се објаснува co црковните, политичките и културните односи. Има извесно единство во раните христијански баптистериуми и во нивната уметност и извесни разлики што се толкуваат со нивните локални традиции.

 

Со развојот на градбата за крштавање во христијанскиот период, анализата на архитектонските типови и студијата на нивното потекло се имаат зафатено повеќе учени, од кои А. Качатријан во своите албуми има извршено класификација на баптистериумите во пет области во кои е изведена типолошка систематизација на спомениците. [51]

 

Во нашава земја за крстилниците има пишувано Ј. Петровиќ, a во поново време И. Николаевиќ. Со откривањето на повеќе ранохристијански базилики во Македонија во некои трудови наоѓаме објавени и крстилници. [52]

 

Старата писцина во Баргала, според A. Качатријан, е една варијанта од типот 19. Тоа е писцина со базен со форма на крст во кружно решение распространета во Гераса, Св. Јован, Лезбос, Аргала и Карпатос. [53] Слично кружно решение со колони и парапети по работ на платформата претставува крстилницата од Фтитидос Тебе во Грција, датирана во IV век, меѓутоа, решението на писцината е во форма на октагон. [54] Писцината во ѓакониконот на Монте Небо во Јордан е од IV век, крстовидно поставена на квадратна платформа. [54a] Слично решение на писцината наоѓаме во баптистериумот во Cumme кај Неапол во централна Италија. Тоа бил град co грчка цивилизација. Таму на кружна

 

 

49. Ibid. 5—6.

 

50. Ibid. 5—7.

 

51. Bitrakova, Monuments, 25; Алексова, Баптистериум-Баргала, 29—38.

 

52. Petrović, Krstionice, 263—267; idem. Glasnik HZM, 490; Николајевић, Крстионице, 223—254; idem. Krstionice u Saloni, 159—171;

Wiseman, Guide, 62—66; Dinsmoor, Jr., Baptistery, 15—27 not. I наброени ce прелиминарните извештаи каде што е споменат и баптистериумот од епископската базилика во Стоби од Wiseman-Zissi;

Bitrakova, Monuments, 25; Алексова, Баптистериум-Баргала, 29—38.

 

53. Khatchatrian, Baptistères, 73; Crowoot, Churches, fig. 10 St. John the Baptist at Gerasa.

 

54. Mylona, Ftiotidou Tebon, 47, fig. 55.

 

54a. Piccirillo, Il mosaico di Jordania, 201, fig. 1, 2, 5.

 

52

 

 

платформа со колони е поставена кружна писцина, a во Коринт крстовидната писцина е поставена среде крстовидниот баптистериум. [55]

 

Баптистериумот во Баргала, чиј западен ѕид има задржано остатоци од живопис и крстовидната писцина со кружната платформа припаѓа на најстариот архитектонски склоп на црквата. Самата писцина има две градежни фази.

 

Во овој баптистериум се влегувало од западната страна низ неколку одаи. Западниот ѕид се наоѓал нешто поназапад. За ова има податоци во соседната одаја под мозаичниот под, така што писцината се наоѓала во средината на просторијата што била потесна за ширината на доградениот ѕид од втората градежна фаза. Ова јасно се гледа на северниот ѕид на градбата.

 

Подоцна источната страна на овој стар баптистериум е урната, просторијата е проширена на север, a на исток е изградена широка полигонална апсида. Однатре е оформен крстовиден простор со трем и во средината е изградена раскошна крстовидиа писцина, однатре и однадвор обложена со мермерни плочи. Тогаш во северниот ѕид на црквата е отворена врата низ која се комуницирало со северниот кораб на базиликата.

 

Стариот баптистериум со примитивната конструкција на писцината е изграден заедно со црквата и тој ѝ припаѓа на нејзината најстара градежна фаза, со измазнетиот под во презвитериумот, со остатоци од боја што се најдени во самата писцина и на нејзината кружна платформа. Подоцна старата писцина е исполнета со земја, нивото на целата просторија е подигната за 0,15 м и послано со црвеникави плочи.

 

Првата градежна структура на баптистериумот со примитивната писцина, според наведените аналогии, во која е откриена монета на Константин I, припаѓа на IV век и таа уште еден пат го потврдува времето на подигањето на самата базилика. [56]

 

 

АРХИТЕКТОНСКА ДЕКОРАТИВНА ПЛАСТИКА ОТКРИЕНА ВО БАЗИЛИКАТА

 

При истражување на базиликата и на нејзините депанданси е откриен голем број архитектонска декоративна пластика со која била украсена црквата. На стилобатите и во основата на канцел преградата in situ се наоѓаат задржани сите базиси, a крај нив и колоните и поголем број од капителите. Откриен е голем број од цели и фрагментирани парапетни плочи што ѝ припаѓале на канцел преградата и на оградите помеѓу корабите. Меѓу бројните остатоци од корнизи, делови од арките во солејата се издвојува група од мермерни фрагменти што му припаѓале на амвонот. Богатата архитектонска пластика од базиликата е изработена во поголем дел во бел мермер, потоа дел од капителите во дацид и голем број во диорит.

 

 

55. Leclercq, DACL, Cumme, t. XIV, 1948, col. 1684—1687; За писцината во Коринт, Tronzo, The Via Latina Catacomb, fig. 89.

 

56. Политичките и црковните прилики во Империјата овозможуваат изградба на голем број црковни градби. На соборот во Никеја во 325 година се воспоставени односите помеѓу црквата и државата. Во 380 година со едиктот од Тесалоника е потврдена христијанската вера како единствена легална во државата. Во првата половина на IV век Константин е зафатен со обновата на фортификациите на лимесот, додека при крајот на IV век, кога Илирик станува, според Теодорит, самостојна црковна област, христијанството се шири непречено и станува главен фактор на владеењето на Константин. Види: Hoddinott, Bulgaria in Antiquity, 340—341; Гранић, Архиепископија, 114. Владеењето на Теодосиј е обележано со засилена изградба и обнова на фортификациите и на црковните градби ширум целото царство. Чанак-Медић, Гамзиград, 175 со цитирана литература.

 

53

 

 

Разгледувајќи го овој богат материјал, доаѓаме до заклучок дека базиликата имала галерии. На ова упатуваат колоните со две различни димензии и капителите.

 

Капителите од долните колонади се од типот на јонски импости, грубо моделирани и украсени со крстови, акатусови лисја и кантарос од кој излегува винова лоза со грозје. Врз капителите биле поставени арки чии остатоци се најдени во северниот дел на црквата.

 

Капителите од втората серија, што им ги припишуваме на галериите, се од импост типовите и декорирани се со крстови во медалјони. Тие имаат метални клинци на горната страна. Овие капители од горната галерија не носеле арки од тули, како долните, туку биле премостени со хоризонтални дрвени греди. [57]

 

Јонските капители и импостите од трибелонот на влезот во црквата и од конструкцијата на плоштадот пред храмот се разликуваат по стилот и прецизната обработка од оние од долната колонада. Сите се изработени од белузлав дацит и припаѓаат на времето на подигањето на црквата, во IV век.

 

Во просториите на баптистериумите се откриени двозони капители и фрагмента од корпа капители, изработени од бел проконезијански мермер. Тие ѝ припаѓале на една од обновите на архитектонското уредување над писцината од втората градежна фаза. [58]

 

Фрагментираните капители од комплексот на баптистериумот би можеле да се припишат на првата половина на VI век. За корпа капителите како аналогии треба да ги споменеме примероците од јужниот трем на Св. Софија во Константинопол [59] и на Св. Климент во Рим, датирани во 514—523 година. [60] За претставата на гулаб е добра паралела капителот од базиликата во Никополис. [61]

 

Двете откриени фрагментирани колони со врежан брановиден орнамент, што имале вметната инкрустација, се од типот на колонетите од Полиектос, Хебдомон и Св. Еуфемија во Константинопол, за кои Т. Mathews претполага дека му припаѓаат на VI век. [62]

 

 

АРХИТЕКТОНСКИТЕ ОСОБЕНОСТИ И ДАТИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

 

Епископоката базилика во Баргала по овојот општ план претставува стандарден тип на градби раширени во Грција и на Балканскиот Полуостров во V—VI век, [63] a според новите сознанија од комплексните откривања на Старата епископска базилика во Стоби и во IV век. [64]

 

 

57. Aleksova-Mango, 271—272.

 

58. Sodini, Sculpture, 57, смета дека овие капители се донесени од Константинопол и претполага дека можеле да му припаѓаат на тетракионионот на солејата или на цибориумот. Сите остатоци од овој тип на капители се откриени во баптистериумот и во одаите западно од него. Наше мислење е дека му припаѓале на аранжманот над писцината во баптистериумот што бил обновен и проширен на исток. Епископската базилика во Баргала бездруго е обновена и украсена за време на Јустинијан, по формирањето на архиепископијата Јустинијана Прима во 535 година, бидејќи Macedonia II, на чија територија била Баргала и Запара биле под нејзина јурисдикција. Граниќ, Архиепископија, 117; Папазоглу, Градови, 245—246, 247—248. Така овие капители можеле да припаѓаат на една обнова и украсување на писцината во доградениот и проширен баптистериум.

 

59. Kautzsch, Kapitellstudien, pl. 32, № 522; Kitzinger, Horse and Lion, fig. 107.

 

60. Kitzinger, op. cit. fig. 115.

 

61. Orlandos, Basilike II, fig. 268, 267, sličen kapitel od Rodos.

 

62. Mathews, Churches of Constantinople, Hag. Eufemia, fig. 49, 50; Hag. Jone of Hebdomon, fig. 44; Hag. Polyectos, fig. 41.

 

63. Krautheimer, Architecture, 90—101, 95.

 

64. Aleksova, The Old Episcopal Basilica, 50—62.

 

54

 

 

Аранжманот на П платформата на синтроносот во апсидата наоѓа аналогии со група цркви во Грција. Тоа ce базиликата A и Б во Неа Анхиалос во Тебе [65] и базиликата A и Б во Никополис, [66] како црквата во Воокохориа близу Кожани. [67] Одделувањето на наосот од корабите со парапетни плочи е слично како кај Acheropoietos во Солун, обично датирана околу 447/8 година. [68]

 

Решението на синтроносот на нашава базилика во Баргала има голема сличност со конструкцијата на импозантниот синтронос во пространата апсида во Старата епископска базилика во Стоби, што ja датираме во втората половина на IV век. [69] Со откривањето на овој еминентон и луксузен црковен објект во Стоби, во науката се менува мислењето, дека овој тип на синтроноси ce карактеристични за V век.

 

За определување на времето на подигањето на комплексот на Базиликата, покрај анализата на стилот на архитектонските елементи и архитектонската декоративна пластика, придонесуваат и повеќето добро зачувани нивоа на подовите во презвитериумот, потоа остатоците од живописот и откривањето на стариот примитивен баптистериум со првобитната писцина. [70]

 

По епископатот во Солун, еден од поголемите црковни центри уште од IV век било Стоби со својата зајакната црковна организација и политичко седиште во провинцијата Macedonia II. Стоби, ако не порано, веќе од првата половина на IV век е епископско седиште. На соборот во Никеја 325 година учествува епископот Будиус од Стоби. Овој период во градот е одбележан со засилена градежна дејност од сакрален карактер. [71]

 

За областите по Брегалница, како што е повеќепати нагласено, тоа биле епископиите во Баргала и Запара, кои припаѓале под епископатот во Стоби. Досегашните траги од црковните споменици на оваа територија укажуваат дека тие ce основани и организирани многу рано со цел за брзо ширење на христијанствого помеѓу населението во областите северно од Солун.

 

Првата градежна фаза на Епископската базилика во Баргала го претставува целиот архитектонски склоп на споменикот со нартексот и ексонартексот и со капителите од двете колонади. Базиликата е подигната на зарамнет терен спроти главниот влез во градот. Луксузното архитектонско решение на синтроносот со епископската катедрала во олтарот, измазнетиот и обоен под во презвитериумот ѝ припаѓаат на оваа првобитна градежна фаза. Базиликата е посветена на општиот култ на Евхаристијата со ковчег-енкаинион со реликвии под подот во апсидата. Градбата на првиот баптистериум заедно со архаичната писцина ѝ припаѓа на оваа градежна фаза.

 

 

65. Soteriou, Thebai, 26, 119 i n.; Orlandos, Basilike, II, 505, 497.

 

66. Orlandos, Basilike, II, 495, fig. 454, 455.

 

67. Xingopulos, Voskohoria, 8—23; Hoddinott, Churches, 183—185, fig. 94.

 

68. Nikolaidou, Acheiropoietus, 59—68.

 

69. Синтроносот од типот на Парос и на Св. Ирина од Константинопол. Orlandos, Basilike, II, 491, fig. 451. За развојот на синтроносот ibid. 489—509.

 

70. За интензивното црковно градителство во нашиве области посебно значење имале црковните прилики што ги условувале односите помеѓу Источен Илирик и римската столнина. Види: Лепорски, Историја; Гранић, Архиепископија, 114 нот. 4. Источен Илирик со својата географска положба, како и поради етничката струкrvpa, во втората половина на IV век бил малу изложен на влијанието на римската црква. Притоа мошне е значајно што Источен Илирик од средината на IV век бил самостојна префектура со главниот град Солун, кој по своето стопанско и културно значење бил на прво место во оваа административна област, a во тоа играл улога и неговиот апостолски углед. Гранић, op. cit. 114. Во времето на Вториот вселенски собор во 381 година Илирик уште не припаѓал во сферата на римската црква, a од 395 во политичка смисла потпаѓа под Константинопол.

 

71. Wiseman, Guide; Aleksova, Basilicas, 13—81; Snively, Basilicas.

 

55

 

 

Сите овие архитектонски елементи на базиликата и богатата архитектонска пластика, од која дел се приближува на класичното решение на јонските калители и наодот на монетата на Константин I укажуваат дека овој црковен објект можел да биде подигнат уште во IV век. [72]

 

На ова датирање не упатува и сличното решение на синтроносот со тој од Старата епископска базилика во Стоби, како и фрагментите од живописот во баптистериумите на обете цркви. [73]

 

Главна потврда за датирањето ни дава откривањето на баптистериумот co писцината и наодот во неа на монетата на Константин I (330—335), со што се потврдуваат сите досега изнесени податоци за датирање на првата градежна фаза на Епископската базилика во IV век.

 

Втората градежна фаза на Базиликата е големото ремоделирање што го опфаќа поставувањето на луксузниот под во презвитериумот во opus sectile. Стариот баптистериум е разрушен од источната страна. Градбата е продолжена на исток и е оформена базиликална градба однадвор и крстовидна однатре. На средината на овој баптистериум е изградена крстовидна луксузна писцина однадвор и однатре обложена со мермерни плочки како оние во Стоби од V век. Писцината во стариот баптистериум е срушена, просторот зарамнет, и над неа се послани црвеникави плочи што го сочинуваат подот во целиот новоизграден баптистериум.

 

Јужно крај црквата е изградена базиликална градба co трем за Consignatorium и за комуникација со него се отворени врати од нартексот и ексонартексот на Базиликата, поради што подоцна ѕидовите биле разрушени.

 

Ова станало сигурно во V век, кога се чувствува голем прилив на жители во градовите, крај кои се стационираат и воени единици поради нараснатите опасности од варварските напади од север. Христијанството, кое за време на трите први столетија било недоволно проширено во Грција и во нејзините соседни области на Балканот, веќе од IV век, a особено во V—VI век е распространето, така што секој граѓанин во Грција е покрстен и преведен во христијанството. [74]

 

Идентичната луксузна писцина со онаа од Северната базилика во Стоби [75] и од Епископоката базилика, [76] и двете од V век, упатуваат на блиските градежни потфати во двата града во V век.

 

Третата градежна фаза го опфаќа проширувањето на презвитериумот кон запад, север и југ до главната колонада. Подот во презвитериумот е подигнат за 0,15 м и повторно е изграден под со ист аранжман како претходниот. Мермерните плочки се подигнати од постариот под и повторно употребени. Во апсидалниот простор е изграден нов синтронос чии скали иделе покрај ѕидот на апсидата од кој е откриен еден блок на јужната страна.

 

Не е познато кои биле причините за ваквото проширување на презвитериумот во Епископската базилика во Баргала и во Стоби. Бездруго ова не е изведено поради некакви промени во литургијата. Можеби поради зголемената потреба од опслужување на верниците се јавува потреба од зголемување на свештеничкиот клир, a во врска со тоа и од зголемување на просторот во презвитериумот.

 

 

72. Supra bel. 69.

 

73. Aleksova, The Old Episcopal Basilica at Stobi, 50—62.

 

74. Volanaki, Baptisterija, 139—140.

 

75. Aleksova, Basilicas, 13—81; Сo комплетна литература.

 

76. Dinsmoor Jr., Baptistery, 15—27; Wiseman, Guide, 62—66.

 

56

 

 

Како еден од мошне значајните материјали за датирање се таканаречените „двозони капители" откриени во баптистериумот и во неговите запиадни одаи. Овие капители ги припишуваме на обновата и украсувањето на конструкцијата над писцината. Капителите, заедно со откриените мермерни колони, го носеле балдахинот или некој вид на покрив над писцината. Оваа обнова можела да стане во текот на VI век.

 

Ова преуредување на црквата во Баргала и вградување на луксузните капители во аранжманот над писцината станало, најверојатно, за време на големите обнови на црквите во престолнината и на Балканот за време на Јустинијан. [77]

 

Треба да се одбележи дека епископиите во Баргала и Запара, кои се наоѓале во најсеверната провинција на македонската диецеза Macedonia Secunda или Salutaris, со главниот град Стоби, и припаѓале на јурисдикционата област на новата архиепископија Prima Iustiniana основана во 535 година од Јустинијан. Во самиот град Prima Iustiniana ce наоѓало црковното, па според тоа и политичкото средиште на провинцијата Дарданија. [78] Во Јустинијановата новела од 535 година новокреираната црковна област не била во канонска зависност од старите црковни средишта, туку имала карактер на наполно самостојна и независна црковна организација. [79]

 

Со Јустинијановата новела СХХХI од 545 година е регулирана правната положба на архиепископијата Prima Iustiniana, и покрај извесните концесии што ги направил императорот во црковноправните односи спрема римската столица во врска со црквата во Илирик, викаријатот во Prima Iustiniana бил правно гарантиран со државен закон. [80]

 

Епископската базилика во Баргала и нејзиниот презвитериум, амвонот и писцината во баптистериумот се обновени и богато украсени. Црквата е збогатена со еден скапоцен реликвијар од слонова коска со латински натписи. Идните истражувања и откривања на црковни и профани градби во градот, секако, ќе дадат податоци за слични обнови во ова временско раздобје.

 

Голема градежна активност ce чувствува во градот кај Крупиште и по текот на Брегалница, каде што се откриени повеќе култни градби од типот на Martyrium-и карактеристични по стилот и по особеностите за архитектурата од времето на Јустинијан.

 

Со долгогодишната анархија во Византија, што настанала по смртта на цар Маврикиј (582—601), доаѓа до општо нарушување во северната половина на Балканскиот Полуостров, со што е разурната црковната организација на диецезата во Дакија. [81]

 

Овие настани оставиле траги и врз спомениците на организираните црковни центри по Брегалница. Поставувањето на двете плочи од песочник во луксузниот аранжман со мермерни плочи во opus sectile во подот на презвитериумот претставува преуредување на подот по големото оштетување на Базиликата од аваро-словенските инвазии

 

 

77. Krautheimer, Architecture, 186—198; Mathews, The Early Churches of Constantinople.

 

78. Гранић, Архиепископија, 127.

 

79. Ibid. 126, not. 42.

 

80. Ibid. 128, 129, not. 41.

 

81. Ibid. 132, 133, not. 66.

 

57

 

 

 

ОБЈЕКТИ НА РАНОХРИСТИЈАНСКИОТ КОМПЛЕКС CONSIGNATORIUM

  

Јужно покрај црквата во 1974—75 година е откриен анекс, кој претставува еднокорабен објект со нартекс, изграден крај јужниот периметрален ѕид на црквата. Во него се влегува од западната страна и од дополнително отворените влезови од нартексот и ексонартексот на Епископоката базилика. Анексот со базиликална форма е дополнително изграден крај Базилкката. На ова укажуваат подоцна отворените врати од Базиликата за воспоставување на комуникација со новоизградениот објект.

 

На источната страна доградениот објект завршува со полукружна апсида и in situ има задржано канцел преграда. Целиот објект е изграден од кршен камен и кал без никакво услојување со дебелина на ѕидовите до 0,65 м.

 

Во источниот дел се откриени фрагменти од камената арка од влезот во солејата изработена од зеленикав песочник, која по стилот на обработката ја подражава онаа од Базиликата. Во апсидалниот дел се најдени повеќе стаклени тесери, меѓу кои и поголеми парчиња со позлата што им припаѓале на ѕидните мозаици, додека во западниот дел на објектот е најдено големо количество керамички садови за секојдневна употреба и за чување на храна, како и цели и фрагментиранн црепни.

 

Овој анекс, подигнат крај јужниот ѕид на Базиликата, претставува објект со специјална намена. Ако оваа градба по својот тип и внатрешното уредување му претходела на подигањето на Базиликата, може да се претполага дека претставувала еден ораториум, просторија која во времето на апостолите и до мирот на црквата како институција била одржувана во приватните куќи, каде што како тајна била чувана Евхаристијата во една ниша на доградена апсида. Овие сали или приватни куќи служеле да ги соединат верниците во славењето на литургијата. Со верскиот мир и сигурноста загарантирана на христијанството започнува подигањето на големи и мали базилики со цел да ги примат верниците и нивното славење на литургиската служба. Овие сали — ораториуми од претходното време се трансформираат во цркви или останале како објекти крај базиликите. [82]

 

Овој објект не можел да претставува еден од црковните анекси iuncstas ecclesias или paracclesia или oratoria определен за специјална служба, што ги слави нелитургиските денови. [83] На ова не наведува податокот дека Епископската базилика во Баргала била подигната на литургиски план и му служела на еден генерален култ. На ова укажуваат откриените остатоци од мал ковчег σόρος од алабастер во ѓакониконот на црквата, кој бил поставен со моштите или реликвиите на некој маченик во олтарот како енкаинион ̒δυκανινον ἐγκαὶνιον за што веќе зборувавме понапред. [84]

 

Крај северната страна на Епископската базилика е подигнат раскошниот баптистериум кој имал две генерални градежни фази на кои им припаѓале и двете откриени писцини.

 

Како логично продолжение на крштавањето и како елемент што ја комплетира христијанската иницијатива, секогаш е разгледувано confirmacio — потврдувањето. Во Новиот завет се содржани сите елементи врз кои е заснована разликата помеѓу крштавањето и потврдувањето. [85]

 

 

82. Leclercq, DACL, Oratoire, t. XII, 1936, col. 2346—2359;

Gabričević, Oratoir A, 161—174.

 

83. Babić, Les chappelles апехеѕ, 10.

 

84. Grabar, Martyrium, II, 352, 376, 377; Orlandos, Basilike, 466—468, fig. 429, 430.

 

85. Leclercq, DACL, Confirmation, t. III (2 part), col. 2515—2549.

 

58

 

 

Confirmacio e славено во една друга просторија, надвор од онаа определена за крштавање, што е јасно потврдено од литургиските документи. Ако една просторија не се наоѓала крај баптистериумот, една специјална одаја е резервирана за Confirmatio што се викала Consignatorium, според стариот збор consignatorium или chrismarium „Locus chrismalis" или „Locus chrismandi" врз основа на старите документи. [86]

 

Првобитно, дел од баптистериумот бил резервиран за Consignatorium за што служи како пример баптистериумот на гробиштата на Присцила во Рим во чиј ѕид на апсидата има врежан крст, поради што се претполага дека служел како Consignatorium, како што е случајот и co баптистериумот во Латран од крајот на IV век, co врежан крст во алсидата. [87]

 

Според старата традиција на Запад, при крштавањето епископот треба да биде присутен, додека на Исток обичните свештеници можеле да дадат consignatio кога неофитите излегувале од писцината. Ова посебно е генерализирано при крајот на IV век, кога свештениците можеле да покрстуваат во оддалечени диецези од градот — епископското седиште, a на епиокопите им е дадено посебно право да покрстуваат при посетата на своите диецези. [88]

 

Уредувањето на просторот околу старата писцина во стариот баптистериум на Епиокопската базилика дава мошне значајни податоци во врска со финалниот чин на покрстувањето — confirmatio. На источната страна, крај самата писцина, е зачувана апсидална конструкциia изведена co хидростатен малтер за која мислам дека служела во апсидалниот простор на стариот баптистериум како место за confirmatio, и го претставувала првобитниот Consignatorium. [89] Стариот баптистериум co првобитната писцина во двете нејзини градежни фази му припаѓал на првобитниот архитектонски склоп на црквата од IV век.

 

Сo обновата на црквата и со проширувањето на баптистериумот кон исток и изградбата на раскошната крстовидна писцина co оплата од мермерни плочи била изградена нова просторија за confirmatio. Тоа е објектот јужно крај Базиликата кој претставува Consignatorium. Сo неговото изградување од нартекоот и ексонартексот биле отворени врати за комуницирање co доградениот објект.

 

Во него било изведувамо миропомазанието co знак на крст што го вршел епископот, a кое следува по крштавањето во писцината во баптистериумот. Ова е потврдено во повеќе документи од IV—V век. Според сведочењето на литургијата, миропомазанието го следи кршчавањето и повеќе не се прави разлика помеѓу миропомазанието и consignatio со миропомазание.

 

По рушењето и страдањето на градот, овој објект служел како живеалиште, на што укажуваат многубројните керамички садови што му припаѓале на населението кое било настането во скромни и провизорни засолништа по рушењето на црквата и палењето на градот.

 

За станбената изградба на градот Баргала во оваа фаза на истраженоста на градот не е можно да се дадат многу исцрпни податоци. Секако таа покривала поголем дел од урбаниот простор, на што укажуваат остатоците од ѕидови на самата површина.

 

 

86. Ibid. col. 2521.

 

87. Ibid, col. 2521.

 

88. Leclercq, op. cit. col. 2519—1520.

 

89. Supra not. 87.

 

59

 

 

Станбената изградба на доцноантичкиот ранохристијански град се надоврзува на старата античка подлога, a во врска со новите потреби и новите идеи за куќа како простор за организација на животот.

 

Помеѓу градовите во Македонија што се долго истражувани, a чиј живот траел во континуитет, спаѓа и Стоби. Сите досега откриени доцноантички објекти во овој град лежат врз старите антички градби. Така подоцнежната станбена изградба се надоврзува на најстарата античка подлога, понекогаш адаптирана, a повеќепати негирана според намената и новосоздадените потреби. [90]

 

Понатамошните истражувања во Баргала ќе дадат резултати и на овој план. Крај западниот ѕид на бедемот е откриен комплекс за живеење што претставува урбана целост во западниот дел на градот. Откриените три одаи што биле засведени меѓусебно комуницирале низ влезови поставени на средината на ѕидовите. Средната одаја служела како просторија за чување на храна. Во неа се најдени три големи питоса поставени под нивото на подот. Овие одаи комуницирале со големата апсидална сала и сочинувале една урбана целост со неа. [91]

 

На источната страна пред одаите се наоѓа широк трем поплочан со камени плочи и стилобат што носел колонада чии колони и капители се најдени in situ.

 

При истражувањето на овој простор се откриени повеќе антички мермерни споменици, овде секундарно употребени како сполии, кои бездруго им припаѓале на постарите градежни објекти во градот. [92] Трите одаи и целиот комплекс биле два пати настанети. При повторното настанување влезовите помеѓу одаите се заѕидани, јужниот влез со имбрекси — покривни ќерамиди a северниот влез со камен и кал.

 

Ѕидовите на одаите се двапати малтерисани и на нив има траги од горење. На вториот слој малтер од хоросан има остатоци од цртежи, знаци и графити карактеристични за одбележувањата што ги изведувале Словените на камен, тули и малтер. [93]

 

Откриената керамика во овој истражен простор ја сочинуваат фрагменти што припаѓале на поголеми амфори и амфоровидни стомни од пречистена светлоцрвена печена глина. Амфорите имаат како орнамент паралелни релјефно изведени линии по ширината на целото тело, слични на оние откриени во црквата Св. Софија во Охрид, но овие сигурно се постари од нив. [94] Другите фрагменти се од керамика за секојдневна употреба, претежно од непречистена земја со црвена до сива боја во печењето.

 

Садовите претставуваат стандардни мешлести и крушовидни типови со свиткан раб со рачки. Орнаментите им се изведени со снопови од паралелни линии, брановидни линии или во комбинација, карактеристични за словенските наоѓалишта. [95] Покрај керамиката најден е и еден железен мангал со правоаголна форма и со рачки од потесните страни.

 

 

90. Aleksova, Basilicas, 13—82.

 

91. Aleksova-Mango, Bargala, 268. Откриени 1967-68 година.

 

92. Ibid. 277. Најден e постамент co натпис ̒Λγανμιμχμ употребен во колонадата на станбениот комплекс, потоа два фрагмента од скулптури од II—III век. Едниот фрагмент претставува менада, a вториот гол маж качен на коњ со палудаментум наметнат, a обата припаѓале на еден саркофаг. Од овде е и една фрагментирана мермерна стела со претстава на женска фигура. Овие наоди не ce донесени од далеку. Тие му припаѓале на населението од овој град.

 

93. Домчева Дончева-Петкова, Знаци, 7—24; Гошев, Глаголически и кирилски надписи, 16, 20; Штефаниќ, Глаголска епиграфика, 13—35; Мошин, Кирилска епиграфика, 35—45.

 

94. Алексова, Керамика, 213, Т. I. № I.

 

95. Supra bel. 93. Овде сестрано се разгледува потеклото на одбележувањето на градежниот материјал на повеќе наоѓалишта на Балканот.

 

60

 

 

Откриените одаи крај бедемот се дел од станбениот комплекс крај Базиликата и тие му припаѓаат на нејзиниот ансамбл. По рушењето на градот овој дел на градот е настанет од словенски етнички елемент и секоја од одаите служела за живеалиште, како и Consignatorium-от јужно од Базиликата. Оштетениот ѕид од тврдината набрзина е изграден од кршен камен и просториите се оспособени за живеење. Одбележување со загадочни знаци е откриено на блокови од камења што ѝ припаѓале на тврдината, додека многу знаци и глаголски букви се наоѓаат на капителите и другите градежни материјали употребени во обновата на овој архитектонски комплекс. Ваквото одбележување на градежниот материјал, за кое ќе стане збор понатаму, е карактеристично за времето пред покрстувањето и во текот на примањето на христијанството на Словените на Брегалница и во цела Македонија.

 

 

ЕПИСКОПСКА РЕЗИДЕНЦИЈА

 

Југоисточно од одаите е откриена голема сала со широка апсида од северната страна. Градена е од кршен камен и поголеми камени обработени блокови во opus incertum со извесно хоризонтално услојување. Подот во оваа голема просторија е послан со камени плочи. Апсидалниот простор е повисок за една скала и исто така поплочан. Крај источниот ѕид се откриени две подоцнежни огништа без остатоци од керамика. Оваа сала преку два влеза комуницира со одаите од ќомплексот за живеење. Влезот во оваа сала бил од јужната страна и со прекочувањата е уништен.

 

 

ГРАДСКА ЦИСТЕРНА

 

Крај северозападниот агол на Базиликата е откриен базен за вода — piscinae, cisternae, што има двојни ѕидови. Надворешниот ѕид е изграден од кршен камен и хидростатен малтер, a внатрешниот, залепен за него, е граден од тули и малтерисан со дебел слој од хоросан малтер. Во цистерната водата доаѓала од северната страна низ една мрежа од земјени цевки, од изворите источно од градот под брегот Цвилиг. На сезерната и јужната страна постојат одводни канали за прелевање на водата од базенот над нормалниот водостој како и за чистење на базенот. Крај јужниот ѕид на големата цистерна се наоѓала една архитектонска структура со три ниши што ја претставувала раскошната градска фантана со корито изделкаио од едно парче камен.

 

Подот во базенот за вода бил изработен од хоросан малтер во повеќе дебели слоеви какви што се констатирани и на внатрешните ѕидови. Во средината на базенот во малтерот се откриени камени плочи поставени во вид на крст. Една од плочите е релјефно украсена и по димензиите и изработката одговара на порано откриенага плоча на која се предадени кентаур, женско торзо, делфин, гуска и билка со цвеќе. [96] Овие два релјефа ѝ припаѓале на надворешната декорација на старата писцина од античкиот период. Подоцна, при обновата на писцината, една од релјефните плочи е употребена како обичен камен за формирање на крстот на дното на базенот. Таа била поставена со релјефот втопен во хоросан малтер. Ова укажува на обновата на цистерната која е затечена како постар антички објект за време на изградбата на ранохристијанскиот комплекс на градот.

 

На пониско ниво од градската чешма се наоѓа уште еден базен, делумно откриен, кој претставува една помала писцина во системот на

 

 

96. Aleksova-Mango, Bargala 273, fig. 44.

 

61

 

 

колекторот за вода. Овој базен е граден од кршен камен со хоросан малтер и неговото целосно откривање ќе даде податоци за тоа како е решена неговата јужна надворешна страна.

 

Врз основа на досега откриените простории за живеење што му припаѓаат на комплексот на Епископската базилика не е можно да се зборува за карактерот на станбената изградба на градот Баргала, како што е тоа можно да се каже за градот Стоби во Македонија. Досега во Баргала не е истражена ниту една приватна куќа или некои од големите јавни градби.

 

Внатре, покрај ѕидовите на тврдината од западната и северната страна се нижат една до друга одаи пред кои широкиот стилобат носел една колонада со камени столбови и импост капители.

 

Многубројните урбани и урбанистички елементи како траги од улици, ѕидови од објекти, архитектонска пластика, подни мозаици на останатиот простор на градот, што ни се достапни со површинско разгледување, укажуваат дека поголемиот дел од неговиот урбан простор бил покриен со приватни и јавни градби на чие откривање се чека понатаму.

 

 

КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА

 

За комуналната изградба со која се определува стандардот на градот има малу, но доволно податоци што укажуваат дека градот е испланиран и изграден според сите доцноантички стандарди, како во урбаното така и во урбанистичкото решение.

 

Градот бил пресечен со Via Principalis што ja одбележува главната порта од нејзината западна страна. Улицата, чиј мал дел е откриен, била поплочена со големи правоаголни камени плочи, како и главниот влез, насочени по должината. Дел од откриената улица во северозападниот дел на градот покажува поинаква структура. Плочите на оваа улица создаваат една композиција без некаков определен ред.

 

За изградбата на архитектонските објекти крај бедемот и на целиот архитектонски комллекс на Епископската базилика и на западниот влез во градот е употребен камен, освен за арките и сводовите на овие објекти што се изградени од тули.

 

Градот бил добро снабден со вода што имало витално значење за развојот на животот во него. Природните услови овозможиле во градот да биде доведена вода од блиските извори од брегот источно од бедемите. На падините на ридот Цвилиг се каптирани повеќе извори и преку мрежа од земјени цевки, преку два таложника, од кои едниот е изграден од камени плочи, a вториот од поголем земјен сад, водата е доведена во градот. [97]

 

Во градот мрежата од цевки врвела покрај објектите крај северниот ѕид до големата јавна цистерна во чиј систем е вклучена уште една помала и низа фонтани.

 

Остатоците од водоводната мрежа надвор од градот Баргала укажуваат на едно функционално решвние условено од природните извори источно од бедемите.

 

Приклучок на водоводот имал изградениот систем на цистерни со низата писцини, кои го снабдувале западниот дел на градот со вода, од кои ce земала вода и се носела по куќите. Приклучок на водоводот имала и писцината во обновениот баптистериум во Епископската базилика.

 

 

97. Каптажите и водоводната мрежа се откриени со трасирање на патот со младинска акција во 1976 година. Контрола на работите изведувал З. Белдедовски. Документација арх. М. Милоевић.

 

62

 

 

Од овие инсталации ce откриени и две оловни цевки со релјефно втиснати печати на работилниците.

 

Во стариот антички град Стоби, чиј водовод имал техничко и функционално високо остварување, со богат капацитет на вода, приклучок имале покрај јавните чешми и термите и нимфеите (nymphaeum) во приватните куќи и палати, кои подоцна биле конвертирани во сакрални градби или нивни придружни објекти. Во овие последниве доводот на вода и обезбедувањето на објектите со приклучок на градскиот водовод се задржани.

 

 

ГРАДЕЖНА КЕРАМИКА

 

Во текот на истражувањата на комплексот на Епископската базилика е најден голем број градежен материјал на камени блокови од бигор и бројни фрагментирани и цели градежни тули имбрекси и тегули. Градежните тули носат цртежи извлечени со прсти пред печењето, карактеристични за сите доцноантички наоѓалишта на Балканот. На извесен број тули се изрежани со остар предмет цртежи пред печењето. Има примероци со цртежи на пауни, лисја, животни, со букви и знаци. На еден фрагментиран примерок е претставена арка на вибориум што ja носат две тордирани колони. Над арката е предаден крст во круг, a под неа виси кандило закачено на три синџира. Долу, под кандилото, стои натпис Χριστε βοηθησον Μουσωνιου, „Христе спаси го Мусониј". [98]

 

 

АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ВО ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА

 

Во презвитериумот на Базиликата, покрај ѕидот за епископската платформа е откриен голем број стаклени тесери што им припаѓале на ѕидните мозаици на апсидата. Поголем број од овие ситни тесери имаат на површината слој од златни листови. На овој простор се откриени и фрагменти од мозаик што им припаѓале на ѕидовите на Базиликата.

 

Во консигнаториумот, пак, јужно крај Базиликата се откриени поголеми стаклени плочи со златни површини, кои, судејќи по нивната форма, биле поставени во ореолите околу главите на светителите. На овие стаклени плочки има траги и од пајажинест цртеж над самата златна подлога.

 

Во ѓакониконот на црквата на подот, под изгорени греди и паднати и искршени имбрекси од покривната конструкција, најдени се фрагменти од поголем сад со рачка и еден мал реликвијар — ковчег во рид на саркофаг, двата од алабастер. Малиот саркофаг — ковчег бездруто бил поставен во апсидалниот простор под чесната трпеза кахо enkainiov [98a] со мошти или реликвии на некој маченик што загинал за верата, за што опширно зборувавме напред во текстов.

 

Покрај овие мермерни предмети, откриени се остатоци од еден реликвијар од слонова коска. Toj е зачуван во иситнети фрагменти и претставува една луксузна дарохранилица составена од неколку рамни панели — плочи кои меѓусебе биле составени со мали куки. Изработката на зачуваните фрагменти е особено прецизна и фина, како што ce и врежаните букви од едната страна на зачуваните плочки.

 

На горната страна на една од страничните плочки е сочуван дел од натписот VCPRAETVR В-, и PROC, додека на една од поголемите негови плочки наоѓаме со големи букви изрежан монограм. MR.

 

 

98. Aleksova-Mango, op. cit. 271.

 

98a. Ibid. 272.

 

63

 

 

Фрагмент од Реликвијар, слонова коска.

 

64

 

 

Монограмот и сочуваниот дел од натписот се врежани со латински букви. Ова укажува на западна провениенција на самиот реликвијар кој можел да биде подарен на старата базилика во Баргала од еден црковен старешина или од управникот на провинцијата, [99] во текот на големата обнова на црквата, во времето на потпаѓањето на Баргала под јурисдикција на архиепископијата Prima Iustiniana.

 

Во ѓакониконот е најдена и една железна фибула што ја сочинува една рамна плочка целата украсена со врежани концентрични кругови кои формираат круг. Истиот орнамент се појавува и на ногата на фибулата. Иглата на фибулата претставува рамна плочка без никакви украси. [100]

 

Заедно со сите овие наоди откриени се и неколку бронзени монети, и тоа: еден примерок на Follis од Јустинијан I (527—538), кован во Константинопол, [101] и една монета од 16 Numii од Јустинијан I (527—562), кована во Thessalonika. [102] Најдени се и три полу-Follisa од Јустин II со Софија (569—570), ковани во Thessalonika. [103]

 

Сo истражувањата во 1978 година, пред влезот јужно од Епископската базилика, на нивото на плочникот се најдени заедно две сребрени наушници-алки со по три коленца изработени со гранулирани зрна, со едноставно закопчување co мала алка, и два златни солида од Фока (602—610), ковани во Константинопол. [104]

 

Овој наод претставува бездруго една гробна целина, меѓутоа, тој овде не е најден во гроб, туку сокриен покрај црквата, во немирните времиња на владеењето на Фока или по него, кога инвазиите и притисоците од север на варварските и словенските народи се зачестени.

 

 

ДЕПО CO МОНЕТИ

 

Мошне значаен наод претставува депото со византиски монети, откриено во зимата 1968 година, што го сочинуваат 13 златни и 270 бронзени монети и еден златен прстен. Наодот е случајно откриен јужно од Базиликата од мештаните.

 

Златниот прстен е масивен, формата му е октогонална со вметнат карнеол на кој е во интаљо претставена фигура што оди на лево со гранче и плод во рака. Околу прстенот тече натпис EINEOYEPKOYLONBINBIN. Легендата може да претставува криптограм или некаква магиока формула. [105]

 

Од монетите можевме да ги обработиме сите златни, додека од бакарните се читливи само 245. Тие потекнуваат од ковниците одбележани co CP — Constantinople; NIC — Nicomedia; CYZ — Cyzicus; ANT — Antioch; THESS — Thessalonica. На страница 42—43.

 

 

99. Praetor — старешина, управник, провинција; praetura — преторство. Б. Богдановић — С. Ристић, Латинско-српски речник, Београд, 1931. Реконструкција и конзервација на една од плочките е изведена од М. Иљоска, конзерватор во Музејот на Македонија.

 

100. Davidson, Korinth, vol XII, 133, № 914 (5231), Pl. 67, претставува слична спона од византиски период co фибулата од Баргала.

 

101. DOC, Ns 28a I, Pl. XIV, 28a 16 p. 78).

 

102. DOC, 98 e.

 

103. DOC, 66, I (p. 221) Pl. L. II, 66, I.

DOC, 68 (p. 222), Pl. LII (569—70).

DOC, 72 (p. 223), (571—2).

 

104. DOC. № 28a I, Pl. XIV, 28a 16 p. 78).

нумизматичар на проектот Стоби и Јован Кондијанов, нумизматичар во Музејот на Македонија. Сите споменати монети ce наоѓаат во Археолошкиот музеј во Скопје.

 

105. Aleksova-Mango, Bargala, 274—275. Депото co монети и златниот прстен се наоѓаат во Народниот музеј во Штип.

 

65

 

 

Овој наод бездруго претставува заштеда на некој трговец и претполагаме дека бил скриен кратко време пред паѓањето на градот. Разгледувајќи ја содржината, заклучуваме дека една половина од фолисите се ковани во Thessalonika за време на владеењето на Јустин II,

 

[[ Anastasius I (498-518)

Justin I (518-527)

Justinian I (527-565)

Justin II (565-578)

attrib. doubtful

Tiberius II (578-582)

Maurice (582-602) ]]

 

66

 

 

Тибериус II и во раните години на Маврикиј. Поради тоа има можност да се верува дека градот е нападнат и разорен околу 585 година со аваро-словенските инвазии, чиј живот е одбележан и со владеењето на Фока (602—610), според наодот на двете златни монети крај црквата.

 

 

 

БАРГАЛА, АВАРО-СЛОВЕНСКИ НАПАДИ И НАСЕЛУВАЊЕ НА СЛОВЕНИТЕ

 

Баргала се наоѓала, како што веќе одбележавме, на еден од главните правци на варварските продори кон Солун, кои доаѓале по долината на Морава и Тимок. Оставата со пари во која се застапени примероци на Маврикиј сведочи дека градот околу 585 година бил нападнат од Словените или Аварите и во поголем дел разурнат. Содржината во оставата со пари од Касино базиликата во Стоби [106] укажува дека градовите во Македонија на главниот правец на варварските продори биле зафатени од големите катастрофални собитија.

 

Хронологијата на собитијата ги потврдуваат нумизматичките наоди од гробната целина со монети од Фока сокриени покрај Базиликата. Овој наод укажува дека градот не останал незасегнат во борбите за освојување на Солун од страна на Аварите и Словените во 616 или 617 година (Miracula II, 2, 170).

 

Како што е веќе нагласено, археолошката евиденција се вклопува во развојниот тек на собитијата. На ова укажуваат големите рушења и пожари на западниот влез во градот и во Базиликата и големите оштетувања на бедемите од тврдината. Откриените врвови на трокрилни стрелици „аваро-словенски" кај главниот влез во градот и на плоштадот пред Базиликата, сведочат за борбите што се воделе во градот.

 

Подоцнежните конструкции од камен и кал, со бројни сиромашни преградувања и адаптација на разурнатите објекти за живеалишта, укажуваат на рурализација на византискиог град. Постои мислење дека ваквото опаѓање на византиските градови во Илирик настанало пред да паднат во рацете на словенските племиња. [107]

 

Поголемиот број од садовите најдени во овие живеалишта имаат јајцевидна форма. Украсени се со орнаментот на прави и брановидни линии. Тие упатуваат на подоцнежна словенска керамика позната од наодите во Романија, Србија и Бугарија. [108]

 

Оваа керамика е издвоена со внимателно стратиграфско ископување и е најдена на нивото на подот во примитивните конструкции оформени во старите византиски јавни и приватни градби. Овие подоцнежни живеалишта изградени од камен и кал и керамиката со груба фактура најдена во нив често се припишуваат на Словените. [109]

 

Ѕидовите на овие живеалишта и градежните камени блокови од тврдината во Баргала се одбележани co многу знаци и графити што им се припишуваат на Словените. [110] Ова одбележување укажува на присуството на нов етнички елемент во градот кој оставил печат на своето живеење, и истовремено го потврдува брзото населување на разурнатиот град од Словените.

 

Подоцна, во текот на IX—X век, во времето на покрстувањето и ширењето на писменоста кај Словените на Брегалница и во Македонија, наоѓаме покрај загадочните знаци и графитите многу крстови и

 

 

106. Оставата co византиски монети од V—VI век откриена во 1981 година во една од северните простории на Касино Базиликата. Наодот обработен од авторот и наскоро ќе биде објавен.

 

107. Мано-Зиси, Ископавања, 1953, 101; idem. Ископавања 1953—54, 102; idem. Урбанизација, 109—110; Кондић-Поповић, Царичин Град, 180, бел. 96.

 

108. За остатоци од словенскиот период:

во Романија, Mitrea, Izvoare Bahma, fig. 10, од VIII—IX век;

во Србија, Кондић-Поповић, op. cit. 180;

во Бугарија, Миятев, Керамика 62—65; Въжарова, Славяни, 385—396.

 

109. Кондић-Поповић, ор. cit. 180.

 

110. За прашањето на појавата и потеклото на загадочните знаци и графити види оддел VII.

 

68

 

 

букви од глаголскиот и кирилскиот алфабет. Со нив е одбележана целокупната архитектонска пластика секундарно употребена во градбите, потоа градежниот материјал од камен и керамика и покривните плочи над гробовите на словенската некропола крај црквата Св. Горѓи од IX—X век.

 

Овие нови откривања го потврдуваат припаѓањето на неугледните конструкции изградени во византиските разурнати градби и јасно укажуваат на нивната словенска припадност.

 

Како што е веќе напред нагласено, Баргала од релативно мала пајонска населба израснува во организиран и напреден град во античкиот период и најпосле во доцноримскота доба во силен црковен центар и едно од епископските седишта по средниот тек на Брегалница.

 

Баргала била еден од влијателните градови веќе од IV век за да постигне кулминација во својот развој во текот на Јустинијановата епоха. Градот настрадал во аваро-словенските инвазии, меѓутоа, тој е брзо населен од словенските племиња, кои оставаат мошне видни траги на своето живеење во самиот град и во неговата блиска околина.

 

 

Монета на Јован Цимиск (969—976).

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]