Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

7. (Знаци и графити на градежниот материјал)

 

- Градежни материјали обележени co писмени симболични знаци:
   -- Баргала
   -- Жиганци
   -- Бурилчево
   -- Крупиште

- (Други по Брегалница: Балван, Виничко Кале)
- (Други: карпата кај Коњух, Кружната црква во Коњух, црквата Св. Горѓи во Старо Нагоричино, старата црква на Прохор Пчињски)
- (Теории за "загадочните знаци")
- (Глаголски букви, крстови и кирилски букви покрај загадочните знаци по Брегалница. Старословенски епиграфски стадиум на „чрти и рези" од Храбар)

 

На прибирањето и одбележувањето на знаците и графитите на градежниот материјал на архитектонската пластика, како и врз живописот на спомениците од ранохристијанскиот и словенскиот период во Македонија досега не му е посветено посебно внимание.

 

Досега немаме сретнато знаци, цртежи или букви обележени на градежниот материјал при објавувањето на резултатите од истражувањата на многуте сакрални градби во Македонија. Поради тоа нашиот пристап овде да ги презентираме досега познатите обележувања на градежниот материјал со знаци, цртежи и букви откриени на спомениците по Брегалница, ќе претставува прв обид овој материјал да стане достапен за науката.

 

Накусо ќе се задржиме на градежниот материјал од ранохристијанските објекти, кој носи извесни обележувања. Со археолошките ископувања и истражувања на доцноантичките градови со ранохристијанските комплекси по Втората светска војна во Македонија е откриен богат градежен материјал што го сочинуваат пластика, камени блокови, градежни тули и покривни ќерамиди. При истражувањето на црковните објекти на овие наоѓалишта е откриен сличен или идентичен градежен материјал, бидејќи објектите се градени со мешан материјал, со тули и камен, во opus mixtum. Ова е карактеристично за Цариград, за малоазиските крајбрежни градови, за балканските провинции и за Италија. [1] Од ова правило има и исклучоци кај нас во Македонија, бидејќи се појавуваат споменици градени само од камен.

 

На градежниот камен од овие ранохристијански објекти не е констатирано никакво обележување со знаци или цртежи. Меѓутоа, откриените градежни тули во овие објекти се украсени со различни орнаменги извлечени со прсти пред печењето, карактеристични за доцноантичката градежна керамика.

 

Во базиликата на епископот Филип во Стоби од V—VI век се подготвени посебно тули кои се обележени со врежани крстови во кругови во неколку комбинации слични на тулите со знаци од базиликата Св. Димитрије од Солун [2] и црквата бр. 3 од Крупиште. [3]

 

Во Северната базилика во Стоби е најден еден примерок од градежна тула на која е нацртана со остар предмет човечка фигура во ставот orantes. Градежните тули од другите базилики во Стоби имаат стандардно доцноантичко обележување со орнаменти нацртани со прсти. [4]

 

На еден фрагмент од тула, откриен во црквата Св. Софија во Охрид, релјефно е претставен план на ранохристијанска базиллка, a на еден друг фрагмент, најден при ископувањата, е предаден планот на поликонхалната црква на Имарет во Охрид. [5]

 

Во Епископската базилика во Баргала е откриен богат градежен материјал. Поголем број од тулите стандардно се украсени со цртежи пред печењето, што е карактеристично за доцноантичкото градителство на Балканот. На бројни примероци од градежни тули наоѓаме нацртани пауни, животни, човечки фигури, знаци и натписи. Еден примерок има нацртана арка што е поставена на два тордирани столба и од која виси кандило. Долу под кандилото се наоѓа грчки натпис: [6] Χριστε βοπθπσον Μουσωνιον.

 

 

1. Mango, Architectura, 11; Кораћ, Између Византије и Запад, 49.

 

2. Sotiriu, H. Basilike tu Agiu Dimitru, p. 94, fig. 235.

 

3. Алексова, Крупиште, 93—95.

 

4. Aleksova, Basilicas, 13—82.

 

5. Алексова, Материјална култура, 145, сл. I, 2.

 

6. Aleksova- Mango, Bargala, Bricks with Incised Decoration, № 29, 30, 31.

 

107

 

 

Цртежи — графити изрежани со остар предмет наоѓаме и на фреско-живописот во ранохристијанските базилики. Во Старата епископска базилика во Стоби од IV век на задржаниот фреско-живопис, покрај насликаните натписи има бројни графити со монограми и имиња на епископи меѓу кои и на епископот Евстатиј кој ја обновил црквата. [7]

 

Сите овие податоци за обележување на градежниот материјал и графитите на фреско-живописот во споменатите базилики во Стоби и Баргала ги наведуваме за да се запознаеме со начинот и карактерот на нанесување на знаците, цртежите и натписите во објектите од овој период, што ќе ни послужи за споредување со обележувањето изведено на градежниот материјал на спомениците од словенскиот период.

 

Со истражувањата по средниот тек на Брегалница, и тоа во Баргала и недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница кај Крупиште, во досега откриените црковни објекти од словенскиот период на градежниот материјал за прв пат констатиравме остатоци од цртежи, знаци, крстови и букви.

 

Градежниот материјал во самите црковни објекти го сочинуваат делкани или кршени камени блокови од варовник, песочник и дацит и големи парчиња обработен бигор. Откриената богата архитектонска декоративна пластика во овие објекти ја сочинуваат меноа, капители, импост, венци, колони изработени од бел мермер и црвена бреча. Оваа пластика претежно претставува сполии од старите ранохристијански објекти, секундарно употребена во словенските храмови и обележена со многу знаци и цртежи.

 

На камените блокови и архитектонската пластика знаците се нанесени со остра шилка или со релјефно врежување во каменот. Поголемиот број градежни тули од објектите во Крупиште се орнаментирани со линии и цртежи во различни комбинации, обично нанесени со прсти пред печењето. Меѓутоа, на голем број тули се откриени знаци, букви и цртежи нанесени со остар предмет на суровата глина, како и по печењето на тулата. На еден број примероци се нанесени релјефно предадени знаци и поголеми букви, понекогаш во комбинација со помали бужви нанесени по целата површина на тулата, без никаков ред.

 

Со досегашната евиденција на овој градежен материјал, за која може да се рече дека е во почетна фаза, освен во црквите и во нивните зачувани ѕидови, камени блокови со знаци се откриени вградени во селските куќи и плевни, во оградните ѕидови и собрани на купишта крај оризовите ниви.

 

Овие обележени камени блокови со знаци им припаѓаат на прекопаните црковни објекти, како и на ѕидовите од бедемите на големата тврдина на градот чие простирање на месноста Кале, и покрај тоа што се гледаат нејзините граници, допрва ќе треба да се утврди. Според досега откриените објекти и оние што се наѕираат, се насетува големината на градот со неговите бедеми и кули. Toj зафаќал големо пространство во рамното Овче Поле крај Брегалница. Во Крупиште во оградите на селските куќи има обележени камени блокови и од соседните тврдини што потекнуваат од Балвански Рид.

 

Со понатамошните истражувања ни претстои детално обележување на градежниот материјал што содржи остатоци од загадочното писмо и други симболични белези, што се наоѓа во голем број на овој простор на Брегалница.

 

 

7. Aleksova, The Old Episcopal basilica, 50—62.

 

108

 

 

 

ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ОБЕЛЕЖЕНИ CO ПИСМЕНИ СИМБОЛИЧНИ ЗНАЦИ

 

БАРГАЛА

 

Во сите досега истражени објекти на ранохристијанскиот комплекс во Баргала откриени се остатоци од загадочното писмо и разни други симболични знаци и букви. Тие се врежани и на повеќе камени блокови што припаѓале на обновените бедеми на тврдината по населувањето на Словените во градот.

 

Вакво обележување наоѓаме на ранохристијанската архитектонска пластика како и на градежните тули што биле повторно употребени во обновата на разурнатиот храм на Епископската базилика.

 

Во одаите за живеење во станбениот комплекс, севорозападно од Епископската базилика, на малтерот од вториот слој и на капителите од тремот, се откриени цртежи и разни други писмени знаци. Овие одаи, како што веќе имаме речено, по рушењето на доцноантичкиот град Баргала повторно се населени од нов етнички елемент. Присуство на Словените е евидентно и по наодите на керамика откриена јужно од Базиликата, каде што градбата на consignatorium-от е приспособена во простории за живеење.

 

Во црквата Св. Горѓи крај јужните бедеми на Баргала [8] наоѓаме остатоци од епиграфски материјали што содржат траги од загадочното писмо и други писмени симболични знаци и букви, и тоа на мермерната пластика, на градежните блокови, надгробните плочи од некрополата крај црквата [9] и на живописот во самиот храм.

 

Врз првиот и вториот слој на живописот во црквата има траги од цртежи што претставуваат елени насликани и изрежани со остер предмет. Фреската на Исус Христос IC ХС Ο АНТИ(ФОΝ)НТΙ(С) е прекриена со голем број цртежи кои претставуваат коњаници и сцени од лов и повеќе словенски записи од кои се читаат:

 

 

и други.

 

 

ЖИГАНЦИ

 

Црквата Св. Спас крај Злетовка му припаѓа на големиот црковен центар на Брегалница. Изградена е врз постар црковен објект. Во нејзините ѕидови се наоѓаат вградени сполии од постарата градба. На голем број од вграданите камени блокови се наоѓаат врежани загадочни знаци и крстови. Тие се поставени со лицето на надворешната фасада на црквата и имале посебна функција на обележување на храмот.

 

На малтерот од првиот слој во оваа црква на неколку места се зачувани графити од знаци и кирилски и глаголски букви, додека вториот слој има траги од сликани кирилски букви. Објектот го датираме во IX—X век. [11]

 

 

8. Алексова, Крстовидните цркви, 269—284. Со цитираната литература.

 

9. Расолкоска-Николовска, Св. Горѓи, 219—227.

 

10. Истражувањата изведени од З. Белдедовски.

 

11. Алексова, Крстовидните цркви, 269—284; idem. Првите словенски цркви, 179—198.

 

109

 

 

 

БУРИЛЧЕВО

 

Крај селото се констатирани траги од еден црковен објект со многу остатоци од архитектонска пластика по нивите. Недалеку од култното место Св. Петка на еден поголем блок од камен има остатоци од загадочни знаци врежани со остар предмет. [12]

 

КРУПИШТЕ

 

Откриените цркви во Крупиште се градени во opus mixtum од појаси co тули и големи делкани камени блокови, освен кружната црква на Клетовник која е изградена само од големи делкани камени блокови. [13] На градежниот материјал во овие цркви се откриени многу цртежи-графити, загадочни знаци, крстови и словенски глаголски и кирилски букви. Поголемиот број од црковните градби претставуваат стари ранохристијански објекти обновени од Словените, освен катедралната црква која одново е изградена и во неа инкорпорирана култната црква — Martyrium. [14]

 

Спомениците од овој голем црковен центар се тешко оштетени со прекопувања и нивниот градежен материјал е употребен за изградба на селските куќи. На градежниот материјал откриен во црквите и на тој разнесен по куќите наоѓаме обележувања со знаци од загадочното писмо и словенски букви.

 

Еднокорабната црква Св. Никола е подигната над темелите на еден култен објект. [15] Целата е изградена од делкани камени блокови и сполии од антички објекти. Употребелиот камен за нејзината изградба е во различни бои и од различни видови камења. Тие се обично од варовник, дацит, песочник и бигор. На голем број од овие блокови наоѓаме многу врежани знаци, рецки, крстови и глаголски букви. Такви се откриени и на фугите од малтер околу камењата. Со загадочни знаци се обележени и многуте камени блокови крај црквата и блоковите вградени во двете чешми. Тие можеле да припаѓаат на придружните градби крај црквата или пак на некои други објекти.

 

Зачуваните темелни камени блокови од црквата на Клетовник се обележени со многу цртежи-графити, загадочни знаци и глаголски бухви. Обележувањето е изведено од надворешната страна на камените блокови, што значи дека со знаците биле украсени надворешните фасади на храмот. Знаците и буквите не се нанесувани со некаков ред. Објектот претставува култна црква Martyrium обновена и изградена од Словените во текот на IX—X век, време на интензивното покрстување на Брегалница.

 

Крстовидната црква на Кале [16] е градена во opus mixtum. Нејзините ѕидови се разнесени до нивото на подот. Вградените мермерни сполии од јавни антички објекти како потпора под нивото на подот немаат никави знаци. Меѓутоа, архитектонската пластика од ранохристијанскиот објект, секундарно употребена при обновата на црквата, има многу знаци и цртежи од црковни градби со крстови. Мермерното мено од бифората носи знак на буквата алфа a мермерниот праг од северниот влез има врежани словенски кирилски букви и по некоја глаголска буква, расфрлени по целата површина на плочата.

 

 

12. Алексова, Првите словенски цркви, 181.

 

13. Алексова, Крупиште, 88—92.

 

14. Алексова, Брегалница — словенски центар, 216—221.

 

15. За црквите бр. I, бр. 2, бр. 3 во Крупиште откриени 1976 година види: Алексова, Крупиште, 85—100.

 

16. Алексова, Брегалница — словенски центар, 216—221.

 

110

 

 

Градежните камени блокови од овој храм носат исто така знаци и цртежи какви што наоѓаме и на керамиката вградена во објектот. Овој црковен објект од типот на Хосиос Давид или Monasteri Latomi во Солун го датираме во V—VI век a неговата обнова во IX—X век. Тогаш се нанесени и многуте обележувања на градежниот материјал на оваа црква.

 

Катедралната црква на Кале е објект од крстовиден тип со Martyrium од јужната страна. Градена е во opus mixtum, со по пет реда тули над нивото на подот и појаси од камени блокови. Овие камени блокови носат изрежани загадочни знаци. Со знаци и глаголски и кирилски букви се обележени и примероците од архитектонската декоративна пластика, која е претежно од бел мермер. Најдени се на мермерниот блок од ѓакониконот што бил употребуван како маса, потоа на мермерните капители, колони, импости на мермерните плочки од конструкцијата во култната црква — Martyrium и на сите откриени мермерни плочи. Знаци носат и големите импости од репрезентативниот објект крај храмот.

 

Градежните тули имаат стандардни цртежи извлечени со прсти пред печењето. Голем број тули имаат врежани знаци, многу крстови, кирилски букви и Христови иницијали, обично врежани со остар предмет врз печена глина. Извесни примероци имаат пластично изрежани знаци и букви на суровата глина пред печењето на тулата. На низ се појавува често буквата М. Овој знак доминира и на една од мермерните колони од конструкцијата на Martyrium-от.

 

Археолошката евиденција и архитектонските карактеристики, заедно со досегашните наоди, ни даваат јможност објектот да го датираме од втората половина на IX и почетокот на X век. Обележувањето на неговиот градежен материјал оди во прилог на нашето датирање на овој црковен објект и тој покажува дека црквата е подигната во времето на интензивното покрстување на Словените на Брегалница во Македонија.

 

 

        (Други по Брегалница: Балван, Виничко Кале)

 

Бројот на споменици обележени со загадочни знаци и првите глаголски букви се шири на Брегалница. Такви обележувања наоѓаме на градежните блокови од Балвански Рид, што припаѓале на бедемите од тврдината кај Балван. Глаголски букви има врежано и на архитектонската пластика од Македонска Каменица.

 

На Виничкото Кале наоѓаме друг начин на обележување на градежниот материјал. Бројниот наод на градежни тули носи релјефни претстави од Стариот и Новиот завет, потоа претстави на крстот и на архангелот Михаил. Сите овие тули имаат релјефно предадени натписи со латински букви. [17] Овој градежен материјал што бил вграден во фасадата на еден храм, како и блоковите со знаци и крстови од црквите во Крупиште, Баргала и другите наоѓалишта на Брегалница ги поврзуваме со времето на покрстување на Словените по Брегалница. Црковниот објект на Виничкото Кале можел да биде изграден во текот на дејноста на Латинската мисија, 866—869 година. [18] Градежните тули со релјефните претстави и латинските натписи ја краселе фасадата на црквата. Тие по 869 година можеле да служат само како градежен материјал, поради што има и траги на нив од хоросан малтер од обете страни.

 

 

         (Други: карпата кај Коњух, Кружната црква во Коњух, црквата Св. Горѓи во Старо Нагоричино, старата црква на Прохор Пчињски)

 

Епиграфските материјали со траги од загадочното писмо, разни симболични знаци, графити и букви што ги откриваме на Брегалница не се врзани само за овој регион. Нивното откривање и регистрирање на територијата на Македонија допрва претстои. Баргала и Крупиште,

 

 

17. Balabanov, Ikone iz Makedonije, kat. I, 2, 5.

 

18. Гиозелев Гюзелев, Княз Борис I, 231—233 и н.

 

111

 

 

каде го убицираме градот Равен, покажаа дека старословенски епиграфски материјали се наоѓаат во Македонија. Потребно е нивно откривање и систематизирање на документацијата.

 

На ова ни укажуваат многуте графити, знаци и крстови на еден од влезовите на испосницата на карпата кај Коњух, [19] каде во стена е изрежан еден цел град. Симболични знаци и графити носат и градежните камени блокови од кои е изградена Кружната црква во Коњух, како и нејзините импозантни меноа што се наоѓаат in situ во нејзиниот кружен архитектонски аранжман.

 

Многу остатоци од загадочното писмо и други писмени знаци, графити и букви имаат и камените правилно обработени блокови на сите четири фасади вградени во црквата Св. Горѓи во Старо Нагоричино кај Куманово и во старата црква на Прохор Пчињски. [19a]

 

Треба да споменам дека патот што водел од Стоби по Брегалница кај Крупиште скршнувал на североисток и продолжувал кон Деве Баир и Сердика. На ова упатуваат низата утврдени градови и фортификации со различен одбранбен карактер што биле во системот на заштитата на самиот пат.

 

Поради тоа големата акција за покрстување на Словените, чиј центар се наоѓал на Брегалница, многу брзо ги зафатила овие области и цела Македонија густо населена со Словени.

 

 

        (Теории за "загадочните знаци")

 

За различните знаци на надгробните споменици, плочите и градежните материјали распространети во областите од Монголија до Источна Европа постои богата научна литература. [20] Првата појава на турските руни не е позната. Таа писменост во VIII—IX век широко е распространета во областите на Русија, Унгарија, Романија и Бугарија. И. Гошев е на мислење дека во IX век уште се во употреба во владетелските структури во Подунавска Бугарија пренесените родовски и други рунски знаци, кои ги имале сродните туркмени и други племиња и народи, што ги населувале земјите од Бајкал па сѐ до Дунав. [21] Според Артамонов, азбуката на тие епиграфски споменици не е грчка, a е блиска до орхано-турските натписи од VII—VIII век. [22] И. Гошев, разгледувајќи ги натписите од Провадија и Мадара, заклучува дека во IX век постоеле услови и потреба за создавање на устроено посовршено словенско писмо. Toj одбележува дека едновремено со употребата на грчкото писмо се употребуваат различни „тамги" и некакво рунско писмо, за кое се прашува дали имало нешто општо со орхано-енисејските турски натписи од VI—VIII век. Потоа одбележува дека не се знае ништо сигурно и конкретно за словенските постари писма или веќе помешани со други писма од некакви „черти и резки", бидејќи не се систематизирани досега најдените загадочни знаци во Преслав и Плиска и околината кои се употребувани во „навечерието на изнаоѓањето на словенската азбука", како што одбележува Успенски. По ова прашање В. Јагиќ има изнесело мислење дека Словените, Иранците и народите на Кавказ не користеле рунско писмо. [23]

 

 

19. Радојчић, Црква у Коњуху, 148—165. Црквата за која зборува Св. Радојчић се наоѓа во подножјето на карпата во која е изрежана цела една населба со многу простории. Планот на црквата претставува раскошна ротонда посветена на мартирите, на што укажува и откриениот натпис кој гласи: DOMATRIRS.

 

19a. Петковић, Преглед, 203—209, Нагоричино Старо; 269, Прохор Пчињски. За усмерување на моите истражувања во манастирот Прохор Пчињски благодарам на Проф. Д. Миладинов.

 

20. Дончева-Петкова, Знаци, 21. Трудот претставува посебна и исцрпна студија за знаците на спомениците од VII—X век во Бугарија, во која се опфатени научните резултати на широко подрачје.

 

21. Дончева-Петкова, ор. cit. 22 и н.; Гошев, Надписи, 14.

 

22. ibid. 23, bel. 128; Артамонов, Историая Хазар, 269 и 313.

 

23. Јагич Ягич, Вопрос о рунах, 25; Штенбак Штербак, О рунической писмености письменности, 76, бел. 1—4, Гошев, Надписи, 15—16, бел. 6.

 

112

 

 

Врежани знаци ce познати и на север од Дунав. Л. Дончева ја отфрла теоријата, исто така, за словенско потекло на знаците и смета дека тие можеле да бидат донесени на Балканот од јужнословенската татковина на Прабугарите, кои имале блиски врски со турските и сарматските племиња, и заклучува дека извесни знаци се пренесени по традиција и проширени помеѓу Словените. [24] Појавата на букви меѓу знаците ја објаснува со преземање од грчката или латинската азбука. [25]

 

Д. Овчаров, разгледувајќи ги цртежите-графити од Плиска и Преслав укажува на појавата, простирањето и исчезнувањето на оваа културна традиција од народното творештво во Бугарија и на нејзиното прабугароко потекло, како и на одразот на христијанската религија во цртежите. [26]

 

Што се однесува до значењето на знаците, постојат различни мислења. Се претполага дека означуваат родовски знаци, [27] потоа, кога се јавуваат по неколку знака, личат на писмо, [28] a може да имаат и апотропејско значење. [29] Во својата исцрпна студија Л. Дончева заклучува дека сите досегашни претпоставки не можат да дадат целосно објаснување за потеклото и значењето на знаците. [30]

 

Градежни камени блокови обележени со знаци ce јавуваат и кај Србите. На камениот блок во манастирот Шудиково кај Иванград, старо Беране, во Црна Гора, наоѓаме изрежани знаци, како и на вез во Босна. Г. Фехер и Н. Мавродинов констатираат дека знаците од Шудиково ce исти со оние од Мадара, Плиска и Преслав и со оние од Унгарската Пештера и сметаат дека се наоѓаат на етничкото подрачје на Прабугарите, поради што ги сметаат за прабугарско писмо. [31] Г. Радоичиќ изнесува мошне интересно мислење во однос на потеклото и распространетоста на знаците. Toj вели дека знаците можеле да потекнуваат од различни страни, од руните и од каменоделските знаци. Тие знаци од различно потекло ce прифатени од Словените и проширени на целото словенско подрачје, од Русија до балканските земји. Словените, продолжува тој, навикнале на нив и ги чувствувале како свои. Константан Кирил знаел за тоа, па според нив го обликувал глаголското писмо. [32]

 

Големиот славист В. Штефаниќ ги разгледува теориите на повеќе учени слависти и заклучува дека не е потврдено постоењето на словенски руни. Имајќи ги општите степени на развитокот на писмото и на особените знаци, откриени од Русија до Балканскиот Полуостров, слични на турските руни и на така наречените „прицрноморски" знаци и другите загадочни знаци, тој го одбележува со тоа словенскиот стадиум на „чрти и рези" од Храбар. Тоа не претставува никакво развиено ни слоговно писмо кое со еволуција можело да доведе до вистинско гласовно писмо. [33]

 

Извонредниот познавач на развојот на словенското писмо, големиот учен В. Мошин, старотурските натписи пишувани со грчки букви ги означува од времето на хановите, од првата половина на IX век. [34]

 

 

24. Дончева-Петкова, op. cit. 23—26.

 

25. Ibid. 27.

 

26. Овчаров, Рисунки-графити, 6—83, 84—123; Медъинцева-Попконстантинов, Надписи, 98—115.

 

27. Тотев, Знаци од Преслав, 36—39.

 

28. Георгиев, Расцвет, 14 и н.

 

29. Бешевлиев, Надписи, 82.

 

30. Дончева-Петкова, Знаци, 18.

 

31. Радоичић, О почецима словенске писмености, 209—211, бел. 26, 27; Ковачевић, Варварска колонизација, 23—24, бел. 66, сл. 38.

 

32. Радоичић, op. cit. 210, 211.

 

33. Штефанић, Глаголска епиграфика, 13—15 и н.

 

34. Мошин, Кирилска епиграфика, 36.

 

113

 

 

Во овој дел на мојава опсежна студија сум должна да се запрам на проблематиката на јужнословенската епиграфика. Моите излагања немаат претензија да дадат подлабока аналитичка студија, ниту со овие излагања имам намера за создавање на една поопширна синтеза. Едноставно, новите наоди на бројните споменици обележени со знаци и букви, цртежи и почетоци на натписи, откриени во Баргала и посебно бо Крупиште наметнуваат потреба да се укаже на нивното значење во контекстот на другите археолошки откривања и на нивното значење во историјата на словенското писмо.

 

 

        (Глаголски букви, крстови и кирилски букви покрај загадочните знаци по Брегалница. Старословенски епиграфски стадиум на „чрти и рези" од Храбар)

 

Новооткриениот споменичен фонд дава мошне значајни податоци, кои нѐ збогатуваат со нови сознанија што ќе придонесат науката да ја осветли улогата што ја одиграла Македонија со областите по Брегалница во времето на покрстувањето на Словените и на почетоците на создавањето на словенската писменост.

 

Досега во Македонија не беа познати споменици од ваков карактер, поради што многу учени со чудење ја одбележуваа оваа празнина. Поради тоа центрите на создавањето и почетоците на првата писменост кај јужните Словени ce бараа во други црковни и просветни средишта на Балканот.

 

Откриените споменици со археолошките ископувања и истражувања претставуваат автентична научна граѓа, која како првостепен материjaji ќе придонесе за осветлување на создавањето и еволуцијата на словенското писмо на Балканот.

 

Овие исклучително значајни споменици, чија евиденција, систематизација и комплетната научна интерпретација понатаму претстои, бидејќи првиот увид укажува на нивна бројна застапеност, ќе придонесат да ce сфати значењето што го одиграл големиот црковен и културен центар, градот Равен на реката Брегалница.

 

Во досега откриениот градежен материјал во црковните објекти и тврдините во Баргала, Крупиште, Балвански Рид и другите овде споменати објекти на камените блокови се откриени изрежани загадочни знаци, рецки и цртежи.

 

На дел од блоковите и на архитектонската пластика знаците се изрежани со голема прецизност и фин цртеж, додека на извесен број блокови, можеби од ѕидовите на тврдините, знаците имаат поголеми димензии и длабок, доста груб цртеж. На дел од овие споменици со знаци се наоѓаат и глаголски букви. На архитектонската пластика, мермерните плочки и на градежните тули во некои од црквите во Крупиште ce појавуваат, покрај многуте загадочни знаци, и глаголски букви, крстови и кирилски букви. Вакви комбинации со знаци и букви наоѓаме и на премазот од малтер во црквата кај Жиганци и на фугите од малтер во црквата Св. Никола кај Крупиште. Бездруго овие градежни материјали: врежани знаци и букви откриени на наоѓалиштата на Брегалиица и пошироко, претставуваат први палеографски споменици и главни извори за најстарата историја на словенската писменост.

 

За почетоците и историјата на словенската писменост, покрај овие налеографски споменици, мошне се значајни податоците што ги даваат Панонските легенди, Житието на Константин Кирил и посебно расправата на Црноризец Храбар „О Писменех", како и Солунската легенда.

 

Во славистичката наука е прифатено мислењето дека авторот на апологијата „О Писменех" е Наум, ученик на Методиј и прв соработник на Климент. [35] Храбаровата расправа е позната од руската, бугарската и српската редакција и од повеќе ракописи, сите на кирилски, со најстариот од 1348 година. [36]

 

 

35. Штефанић, op. cit. 13; Мошин, op. cit. 37.

 

36. Штефанић, op. cit. 13.

 

114

 

 

Храбар-Наум на почетокот на својата расправа вели:

 

 

Потоа продолжува дека Константин Филозоф, наречен Кирил, им создал на Словените 38 букви, едни по „чину грчких писмен", a други по „словенсцеи речи".

 

В. Штефаниќ во расправата на Храбар разликува три стадиума на развиток на словенската писменост: првиот стадиум на „чрти и рези" од времето пред покрстувањето; вториот со употреба на латинско и грчко писмо „без устроение" што започнало со покрстувањето; третиот стадиум на ново писмо со 38 знаци што ги измислил Константин Кирил. [37]

 

Првиот увид во палеографскиот материјал на Брегалница ги дава следниве податоци. Голем број од досега откриените градежни блокови имаат врежано знаци и рецки понекаде со цртежи. Исти такви блокови, покрај знаците, имаат и врежани глаголски букви. На некои примероци рецките се наоѓаат во една низа, како да формираат ред, додека на други примероци се расфрлени по површината на каменот. Ист или сличен начин на обележување среќаваме на архитектонската пластика од неистражените објекти и на блоковите што им припаѓале на ѕидовите на тврдините во Баргала и Крупиште.

 

Дел од овој споменичен фонд бездруго му припаѓа на стадиумот на „чрти и рези", според Храбар, и е од времето пред покрстувањето на Словените. Испишувањето на глаголските букви на блоковите на кои се наоѓаат и загадочните знаци зборува веќе за создавањето на глаголицата и внесувањето на буквите од овој нов алфабет крај постојните знаци, a тоа е веќе времето на престојот на Константин Кирил на Брегалница, пред Моравската мисија, и создавањето на првата словенска азбука-глаголицата.

 

Палеогрфските споменици откриени во црквите во Крупиште со грчко-кирилски букви „без устроение", т.е. без знаци за означување на негрчките гласови, во науката се смеатат дека започнуваат со покрстувањето. Откриени се токму во црквите обновени или изградени во врска со ширењето на христијанството и покрстувањето на Словените на Брегалница.

 

Архитектонската пластика и градежните материјали од камен како и градежните тули на кои се појавуваат грчко-кирилски букви поединечно или расфрлени по целата површина имаат многу изрежани крстови. Со ова истовремено сака да се афирмира христијанската религија и словенското писмо. Ова откривање, што е во почетна фаза во Македонија, претставува време на покрстување на Словените по Брегалница и ширење на писменоста на словенски јазик и со словенски букви.

 

Словенската азбука-глаголицата не е создадена постепено со еволуција од некое друго писмо. Кирил измислил едно ново писмо хронолошки прилично одредено во времето од 861—863 година, одбележува В. Штефаниќ. Toj нагласува дека во ова се сложуваат сите извори. Похвалата на Кирил и Методиј, a и Црноризец Храбар зборува само за едно писмо. Тоа можела да биде глаголицата. Понатаму одбележува дека Кирил го измислил глаголското писмо откако го стилизирал според грчжата минускула и му додал некои букви од ориенталните писма. [38]

 

 

37. Ibid. 13 и н.

 

38. Ibid. 123—17, и н.

 

115

 

 

Покрај повеќето теории што ги наведува В. Штефаниќ за создавањето на глаголицата ќе ја споменам онаа на Г. Чернохвостов. Неговото мислење е дека Кирил го создал глаголското писмо врз комбинаториката на христијанските симболи, крст, триаголиик и круг. [39] Тие симболизираат: крстот го означува избавувањето, триаголникот Светите Троица, a кругот совршенството и бесконечноста. Помеѓу мгногуте обележени блокови со знаци, откриен е и еден блок со овие знаци, со тоа што кругот е поставен помеѓу крстот и триаголникот.

 

Глаголицата била прв графички систем и прво словенско фонетско писмо сообразено со особеностите на јазикот на Словените. Податоците во Краткото Кирилово житие и преписите во Солунската легенда сведочат дека глаголицата е создадена од Кирил овде, на Брегалница, во градот Равен, кој подоцна станува голем црковен и просветен центар и седиште на првата словенска организирана црква — Епископијата на Брегалница, наречена Величка епископија на чие чело застанува мудриот Климент. [40] Ова наше мислење го потврдуваат досега откриените споменици по средниот тек на Брегалница и посебно архитектонските црковни и профани градби кај Крупиште, како и градежниот материјал, што претставуваат први палеографски споменици.

 

Во научниот свет е општо прифатено дека изворот на глаголската Константинова писменост била Македонија, што со нашиве нови откривања уште посигурно се потврдува. [41]

 

Општо е познато дека во темелите на старословенскиот јазик лежи дијалектот на солунско-македонскиот крај, родното место на Константин. Toj го применил гласовниот систем на едно македонско подрачје. [42]

 

Глаголицата во Македонија била подолго во употреба отколку во Бугарија. Постојат теории што укажуваат дека во Македонија се пишувало со глаголица, што во последно време се отфрлаат. [43] Од епиграфските споменици со глаголско писмо досега беше позната само колоната со натпис од Св. Наум на Охридското Езеро. [44] Од територијата на Македонија се познати епиграфските споменици со кирилски натписи од Св. Аранѓел во Варош кај Прилеп, [45] натписот на Јован Владислав од Битола [46] и натписот од Преспа. [47]

 

Епиграфските материјали од Брегалница што ги презентираме овде се посебно значајни за историјата на развојниот пат на словенското писмо во времето кога тоа е создадено и од нив можеме да сознаеме за првобитните облици на словенските букви тукушто изникнати. Откривањето на зачудувачко бројни споменици на Брегалница и на уште побројни што го чекаат нашето одбележување ја пополнува досегашната празнина и укажува на Македонија како на лулка за создавањето на првата словенска азбука — глаголицата.

 

 

39. Ibid. 16.

 

40. Алексова, Брегалница — словенски центар, 211—225.

За Равен види: Иванова, Имиња, 296, РАВЬНЬ старослов. РАВЬНЪ — planus, поименичена придавка, како Равен — Гостиварско; Рамна — Битолско, Гуменичко; Рамне — Бродско, Охридско; Рамно — Кумановско; Долна Рамна — Кукушко.

 

41. Штефанић, ор. cit. 17.

 

42. Ibid. 18.

 

43. Гошев, Кирилица, 285.

 

44. Иванов, Старини, 53.

 

45. Ibid. Варошки надпис од 996, 26—29.

 

46. Мошин, Битолска плоча из 1117 година, 51—61;

Заимов, Битолски надпис, 9—124;

Коцо, Битолскиот натпис, 59—60;

Стојчевска-Антиќ, Битолската плоча, 598—601;

Ташковски, Битолски натпис, 507—520.

 

47. Иванов, Старини, Цар Самуиловиот надпис од 993 година, 23—26.

 

116

 

 

Повратниците од Моравија, Климент и Наум, во Македонија развиле голема просветна активност. Тие ги обучуваат своите ученици со глаголско писмо, со кое се служеле во Великоморавија.

 

Кон крајот на IX век, поточно на почетокот на X век доаѓа до создавање на нов графички систем — кирилицата, која се поврзува со Климент Охридски. Според Грчкото житие на Климент, што го напишал охридскиот архиепископ Хоматијан во првата третина на XIII век, И. Гошев одбележува дека словенските просветители Кирил и Методиј создале само една азбука — глаголицата, a другата, кирилицата, според анализата на епиграфските споменици изникнала од неа мошне рано. На Климент му се припишува создавањето на појасни форми на букви од оние што ги составил Кирил. Потоа, тој го постава прашањето не е ли кирилицата словенско писмо создадено едновремено со глаголицата, кое уште од почетокот имало посебни буквени знаци за чисто словенските звуци. Со тоа што првобитно го претставувало грчкото писмо и 14 глаголски букви, затечени или преработени од солунските браќа, авторот смета дека ова прашање и ред други остануваат нерешени во науката. Toj во извесна мера се придружува на мислењето дека Климент го реформирал глаголското писмо и неговите реформи влегле во кирилскиот алфабет. [48]

 

Сo ова мислење се согласува и В. Мошин наспомнувајќи за постоење на неустроена кирилица до крајот на IX век и појава на систематизирана кирилица дури по Климентовата смрт, што оди во прилог во Климентовото учество во систематизацијата на кирилицата. [49] Toj понатаму одбележува дека неустроената — неуредената кирилица за цело време била во употреба со глаголицата во Македонија, за што како пример ги наведува столбовите во Св. Наум. [50] Во досега откриените палеографски споменици во Крупиште постојат повеќе вакви примери.

 

Прашањето за појавата на кирилицата се објаснува на повеќе начини. И. Гошев подвлечува дека различните хипотези и мислења се темелат во прв ред врз податоците од литературните извори, a не врз сигурни постојни епиграфски споменици од IX—X век, кои ја оддразуваат вистинската форма во развојот на словенското писмо. Разгледувајќи ги теориите на повеќе учени, како на В. С. Киселков, Е. Георгиев и Јакубински, тој одбележува дека негрчките букви во кирилицата непрестано ја менувале својата форма. Поради тоа повторно тврди дека кирилицата изникнала од глаголицата. [51]

 

Големиот учен и добар познавач на развојниот пат на создавањето на словенското писмо И. Гошев е на мислење дека познатите досега глаголски и кирилоки писмени споменици се од подоцна и тие не претставуваат голем придонес за сигурно запознавање на првите форми на кирило-методиевското словенско писмо.

 

Поради тоа тој изнесува мислење дека археолошкото проучување на старословенските културно-политички средишта можат да откријат епиграфски споменици, во кои може да се најде нешто повеќе од сестраното проучување на литературните извори. Поради тоа изворите треба да земат второ место во проучувањето на проблемот за потеклото и развојот на словенското писмо. Прво место треба да имаат старите споменици a пред сѐ епиграфскиот споменичен фонд, од кои може да се разбере не само бројот и составот на буквените знаци, туку и самата форма на тие буквени знаци. A познавањето на нивната форма во определна епоха има големо значење за графичките влијанија и заемки, како што претполага, дека имало. [52]

 

 

48. Гошев, Кирилица, 275—286, посебно 285; idem. Надписи, 6 и н.

 

49. Мошин, Кирилска епиграфија, 37 и н.

 

50. Мошин, op. cit. 37.

 

51. Гошев, Надписи, 10—11 и н.; idem. Кирилица, 285.

 

52. Гошев, Надписи, 12—13 и н.

 

117

 

 

Едно такво црковно и просветно-културно средиште во Македонија е Епископијата на Брегалница. Со археолошките истражувања во Баргала и кај Крупиште откриени се архитектонски споменици од сакрален карактер, за кои веќе стана збор, кои се трезори со епиграфски споменици од некоја старословенска примитивна писменост, која се служела co „черти и резки", која по сѐ изгледа дека никнала во Македонија, a за која некои учени претполагаат дека потекнува од југоисточните и особено од прицрноморските земји. [53]

 

Откриените архитектонски објекти и епиграфските споменици вградени во нив, за кои веќе укажавме, дека се од IX—X век, од времето на Климент и Наум, изградени се во времето на големата градежна активност на Брегалница. Тоа е времето на формирањето на првата организирана самостојна црква на Словените во Македонија, која претставува основа во понатамошниот развој на самостојните словенски цркви на Балканот. Ова е времето на покрстувањето на Словените во Македонија и период на поставање темели на словенската писменост и книжевност.

 

Ширењето на христијанството меѓу Словените во нашиве области се одвивало во тесен допир со христијанскиот свет на Византија или преку посебни експедиции преземани од византиските власти. [54] За ова придонела и големата мисионерска дејност на Константин Филозоф на Брегалница.

 

Поради тоа во Македонија интензивната христијанизација започнува многу рано пред официјалното покрстување од 864 година. Ова го имаат одбележано повеќе учени, меѓу кои Ив. Снегаров укажува на многу покрстени Словени во Македонија и Тракија пред официјалниот чин на акцијата за покрстување. [55] Новите археолошки откривања на Брегалница, преку многубројните архитектонски споменици и нивниот градежен материјал одбележен co букви, знаци и христијански симболи уште поцврсто ги потврдуваат досега изнесените мислења.

 

 

53. Гошев, Надписи, 13 и н.

 

54. Гиозелев Гюзелев, Княз Борис I, 86—103, 100. Византиската црква се обидела да ги покори Словените co крст и меч на југ на Балканот и во Македонија.

 

55. Снегаров, Християнството, 195. Повеќе учени имаат изнесено мислење за покрстувањето на Словените многу време пред официјалното покрстување:

Д. Цухлев, История, 1910;

Е. Георгиев, По въпроса, 5, 82;

Д. Ангелов, Покрстуването Покръстването, 38;

Гиозелев Гюзелев, Княз Борис I, 100.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]