Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

6. (Крупиште )

 

- Крупиште
- Запара
- Црквата Св. Никола
- Базиликата под црквата Св. Никола. Археолошки ископувања и истражувања
- Објект на Агијазма
- Кружната црква на Клетовник
- Крстовидната црква на Кале
- Архитектонска декоративна пластика
- Керамика од гробовите крај црквата
- Катедралниот храм co Martyrium
- Martyrium
- Карактеристики на градењето и градежниот материјал
- Архитектонска декоративна пластика откриена во црквата
- Градежни тули
- Градот каj Крупиште низ археолошките податоци

 

 

КРУПИШТЕ

 

Со археолошки истражувања, a потоа и ископувања кај Крупиште, недалеку од утоката на Злетовска Река во Брегалница, започнавме во 1975 година. Поради нерешените имотни прашања ископувањата продолжија во текот на 1984—87 година. Веќе во првата работна кампања се откриени неколку црковни објекти во нивите крај селото. [1] Поголем дел од овие архитектонски објекти сѐ до 1971 година стоеле како урнатини на обработливите ниви и во самото село со висина и до 3 м.

 

Со изградбата и проширувањето на селото кон северозапад голем број од старите објекти се урнати и над нив се изградени куќи за живеење. Градежниот материјал по правило е употребен во новоизградените објекти. Со изградбата на системот за наводнување во текот на 1971—72 година обработливото земјиште по Брегалница, па и во ареалот на Крупиште, е приспособено за одгледување на ориз. Во нивите во кои дотогаш се одгледувала пченица е пуштена вода, поради што секоја парцела требало да биде израмнета. Заради израмнување на нивите, тогаш со механизацијата се разурнати сите стари архитектонски објекти на просторот помеѓу Злетовштица и Брегалница и на северозапад од Крупиште. Градежниот материјал од овие објекти е искористен за изградба на новите куќи во селото. Во Крупиште нема куќа ниту плевна во која не се вградени обработени камени блокови од бел мермер или дацит што им припаѓале на старите архитехтонски објекти на градот расположен крај Брегалница.

 

Како што веќе одбележивме, Брегалница како источна притока на Вардар минува низ Кочанската Котлина, во чиј југоисточен дел се спушта големата маса на Плачковица, додека на запад е пониското терцијарно земјиште на Овче Поле. [2]

 

Овче Поле е рамнина, што се издига над Скопоката Котлина за 100—150 м, и има средна висина од 400 м. Неговата граница на запад ja сочинува Вардар, и тоа од утоката на Брегалница до утоката на Пчиња. Северната граница ја сочинуваат низа ерултивни купи, a вододелницата помеѓу Злетовштица и Азмак е негова источна граница. На југ има низа поврзани ридишта и падини од кои е највиок Богословец. Во овие граници Овче Поле е долго во правецот С—Ј 40—50 км, a широко во правецот И—З околу 30 км и зафаќа околу 1400 км2. [3]

 

Тоа е во целост централна езерска рамнина што е слабо расчленета со постлимиска ерозија, од неогенот на натаму. На десниот брег на Брегалница, кај Крупиште, се гледа дилувијална песочна тераса каква што е и онаа пред Кочани.

 

Овче Поле е отворена рамнина и поради тоа има погодни комуникациони врски како со северозапад, така и со југоисток во Македонија и пошироко на Балканскиот Полуостров. [4]

 

Реката Злетовка извира по Лопен, со силен извор и се вика Злетовка голема река. Нејзините притоки, што минуваат низ најбогатите рудни жици во оваа област, носат галенит, пиролозит и железна руда, така што во нејзиното корито има црвени талози од хидрати на железо. Целиот слив на Голема Река е богат со руди. Во кратовско-злетовскиот басен е експлоатирана оловна и сребрена руда, како и сулфур.

 

Злетовка влече многу наноси и до утоката е бујна река. Брза е и во лето богата со вода. Злетовка се влева во Брегалница под селото Уларци. [5]

 

 

1. Алексова, Крупиште, 85—100.

 

2. Цвијић, Основе, 229.

 

3. Ibid. 200; Стојанов, Геолошки состав, 45—63.

 

4. Цвијић, Основе, 223—225, 229.

 

5. Ibid. 161, 164.


73

 

 

Јеротие Рачанин, кој во 1704 година, на пат за Ерусалим, поминал преку Овче Поле, ги опишува убавините и плодноста на овие краишта и одбележува дека од селото Горубинци од едно место избројал 14 големи бели цркви од камен. [6]

 

Селото Крупиште се наоѓа на десниот брег на реката Брегалница, малку подолу накај Штип од утоката на Злетовка во Брегалница под селото Уларци. Од источната страна, покрај самата Злетовка, се издигнуваат два брега кај народот познати како Голем и Мал Цапар. [7] Во подножјето на овие два брега е месноста Кале расположена во рамното поле. На нејзината западна страна е брегот со зарамнето плато познат под името Клетовник. Во самото село и неговата непосредна близина има извори на студена вода и здрава вода. До неодамна постоеле и термални извори, кои од непознати причини пресушиле.

 

За овие области по средниот тек на Брегалница се врзани повеќе историоки и литературни изворни податоци за кои веќе зборувавме порано. Да одбележиме само дека земјите по текот на Брегалница источно од Вардар пред доаѓањето на Римјаните ги населувале пајонските племиња и тоа по долниот тек на реката Астибос, додека спрема Стримон оваа област опфаќала трачки елементи. Реката Астибос ja споменува и Полиен. [8]

 

Според Tabula Peutingeriana, [9] од Стоби тргнувал кон североисток пат што водел за Сердика. Првата станица на тој пат се викала Транупара и се наоѓала на 30 милји растојание од Стоби. Втората станица Астибо на реката Астибос [10] се наоѓала на 20 милји оддалечена од Транупара, што значи дека од Стоби по Брегалница до градот Астибо оддалеченоста изнесувала 50 милји, што приближно одговара на 75 до 80 км. Токму, всушност, изнесува растојанието од Стоби до утоката на Злетовка во Брегалница, недалеку од Крупиште, каде што бил расположен еден антички град. Општо мислење е дека Астибос се викала денешната река Брегалница. A со измена на редоследот на станиците што ги има предложено Милер, некои автори претполагаат дека градот би можел да се бара кај Штип. [11]

 

Досегашните истражувања укажуваат дека на утоката на Злетовка во Брегалница, каде што патот водел од Стоби по Брегалница и скршнувал на североисток кон Пауталија и понатаму кон Сердика, се наоѓала расположена една античка населба од градски карактер. Развојот и животот на овој град на еден од главните крстопати во источна Македонија бил условен со неговата местоположба. Поради тоа градот заземал значајна стратешка положба во античкиот период.

 

За неговиот расцут и просперитет придонела и експлоатацијата на рудното богатство во Кратовско-злетовската област, [12] чии големи добра од трговијата се слевале во овој град, уште во античкиот, a потоа во византискиот и словенскиот период.

 

Античкиот град што бил расположен на утоката на Злетовка во Брегалница на месноста Кале бил опашан со бедеми од една тврдина во рамнината. Toj подоцна претрпел големи обнови и проширувања. Траги од архитектонски објекти се констатирани по дворовите на селските

 

 

6. Ibid. 224—226.

 

7. Алексова, Крупиште, 85.

 

8. Папазоглу, Градови, 58, бел. 2; 224, бел. 68.

 

9. Tab. Peut. VII, 5: Stopis — XXX — Tranupara — XX — Astibo — L Pautalia, ed. Müller. Ptol. p. 486. Милер го изменил редоследот на станиците, прво го става Астибо, a потоа Транупара, на Астибо го лоцира кај Штип.

 

10. Polyaen, IV, 12, 3.

 

11. Папазоглу, Градови, 244—245, бел. 62, idem, Les Villes Macedoine. 337-339 ce сомнева за локацијата кај Штип.

 

12. Цвијић, Основе, 164; Стојанов, Геолошки состав, 62—63.

 

74

 

 

куќи. [13] Голем број мермерни сполии од овој стар антички град се наоѓаат употребени секундарно во подоцнежните сакрални и профани објекти или вградени во селските куќи. Голем број на откриени остатоци од архитектонската лластика им припаѓал на јавни антички градби. Импозантни по овоите димензии, овие сполии се претежно од бел мермер со прецизна и фина техничка изработка.

 

Некрополите на градот се наоѓале на неговата североисточна страна, каде се прекопани многу гробови. Досегашните истражувања ни даваат можност за претпоставка дека една од станиците одбележани во Табулата би можела да се бара на овој простор. Со оглед на тоа дека растојанието од 75—80 км одговара на 50 римски милји, постои можност тоа да бил градот Астибо на самата река Астибос. [14] Овој град што не зафаќа големо пространство, поради својата стратегиска положба израснал во важен воен и стопански центар по средниот тек на Брегалница. На ова укажуваат досега откриените остатоци од архитектонска декоративна пластика од бел мермер со високи уметнички квалитети.

 

Понатамошните истражувања на овој простор се надеваме дека ќе дадат одговор и на ова прашање во науката, со што би се отстраниле многуте претпоставки за убикација на стариот антички град Астибо. [15]

 

 

ЗАПАРА

 

Со мошне значајните податоци за градовите во провинцијата Маcedonia Secunda или Salutaris што ни ги дава Хиероклиј се споменува и градот Запара. [16] Извесни појаснувања за градот ни даваат и списоците на V екуменски собор во Цариград одржан во 553 година. [17] Тогаш Sabinianus episcopus Zapparenae civitatis одбил да присуствува на овој собор од солидарност со својот архиепископ Бененат од Prima Iustiniana, [18] со што ја изразил својата поддршка на царската политика по однос на црковните прашања во Источен Илирик. По тоа време Запара припаѓала под јурисдикција на архиепископијата Prima Iustiniana и на новооснованата провинција Средоземна Дакија. [19] Поради тоа на соборот во Цариград во 553 година нив ги претставувал епископот Фока од Стоби, [20] и покрај тоа што исходот на соборот испаднал во корист на Јустанијановата црковна политика.

 

Името на градот е трачко. Ив. Венедиков и Ф. Папазоглу ја идентификуваат Запара со денешното село Сапарево во Дубничкиот крај. Врз основа на сличноста на името, Томашек и Хонигман го изедначуваат со Цапари кај Битола. [21] Авторот на овој труд има изнесено претпоставка дека Запара би можела да се убицира кај Мородвиз. Меѓутоа,

 

 

13. Остатоци од градските бедеми се откриени на северната страна на селото. Границите на градот се надзираат во рамното Овче Поле. Во нејзиното централно подрачје откриени се остатоци од повеќе градби од една цела инсула.

 

14. Алексова, Крупиште, 87—88. Уште првите истражувања укажаа дека овде треба да се бара еден од градовите одбележени на Tabula Peutingeriana.

 

15. Папазоглу, Градови, 244—245, бел. 64, градот го лоцира кај Ежов Град, Ерџелија, каде има траги од една тврдина и доцноантичка населба; Санев, Од предисторијата, 67—96; idem. Каталог, 59—196. Врз основа на остатоци од скулптована пластика во Штипскиот музеј за кои, не се знае точно местото на наоѓањето, градот го лоцира кај Штип.

 

16. Le Synekdèmos, 642, 6.

 

17. Папазоглу, Градови, 247—248.

 

18. Mansi, IX, р. 199; Папазоглу, ор. cit. 247, бел. 76.

 

19. Папазоглу, ор. cit. 247, бел. 77.

 

20. Папазоглу, ор. cit. 96.

 

21. Папазоглу, ор cit. 247; Венедиков, Баргала, 84.

 

75

 

 

сите претпоставки не се прифатливи бидејќи не се докажани доволно со материјални остатоци. [22]

 

Топонимите на Голем и Мал Цапар источно од градот кај Крупиште се доста блиски со Zappa—Zapara. [23] Сличноста на името е неоспорно, меѓутоа, не и сигурна за идентификација на градот. Дали епископијата на градот Запара кој израснал во град со статус на civitas го заземала овој простор треба да покажат понатамошните истражувања. Градовите по Брегалница што се наоѓале во провинцијата Macedonia Secunda веќе од 535 година потпаѓаат под административна и црковна власт под новоформираната архиепископија Prima Iustiniana основана од Јустинијан I. Главен град на оваа провинција станува Стоби. Големата градежна активност [24] по текот на цела Брегалница укажува дека и двете епископии — таа во Баргала кај Горен Козјак и во Запара [25] чија убикација засега не е сигурна — потпаѓале под јурисдикција на архиепископијата Prima Iustiniana. За карактеристиките што ја одбележуваат оваа црковна активност ќе стане збор понатаму.

 

Во понатамошното наше излагање ќе ги изнесеме резултатите од досегашните истражувања кај Крупиште и ќе укажеме на богатите историски и литературни изворни податоци од времето на населувањето на Словените врзани за областите по Брегалница.

 

 

ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА

 

Овој црковен објект се наоѓа на месноста Подцркви, западно од утоката на Злетовка во Брегалница, покрај самиот пат што води од Штип за Кочани. Градбата е расположена на едно зарамнето плато десно од патот, што ја дели оваа месност од селото Крупиште. Од јужната страна, спрема Брегалница споменикот е опкружен со оризови полиња. Источно од градбата се задржани стари гробни структури, a околу самата црква се наоѓаат селските гробишта.

 

Црквата. Св. Никола за прв пат ja споменува Р. Груиќ, кој во 1932 година го обиколувал регионот по Брегалница. Тоа го одбележувг при разгледувањето на прашањето за убикација на Крупиште споменато во Повелбата на Стефан Душан од 1355 година. Врз основа на остатоците од архитектонска пластика и градежниот материјал покрај црквата, тој дошол до заклучок дека објектот лежи над една пространа градба, во која претполагал дека Стефан Душан го одржал споменатиот Собор. [26]

 

Разгледувајќи дел од живописот во нартексот на црквата, тој го објавува кирилскиот ктиторски натпис што се наоѓа над вратата на црквата, a кој не известува дека храмот бил подигнат од непозната ктитори и настојатели во 1625/6 година и живописан во 1627 година.

 

За обновата на црквата дава податоци вториот натпис, што се наоѓа во припратата на вратата што води во наосот, a кој не известува дека целата црква била прекриена со живопис во 1880 година од зографот монах Исаија Дебрели.

 

Црквата е одбележена како споменик од XVII век од авторите на рекогносцирањата изведени во 1971 година. [27] Од археолошките ископувања

 

 

22. Алексова, Мородвиз, 388.

 

23. Skok, Etimologijski rječnik, 251, „može se uzeti da je to možda ilirotrački leksički relekt-upor. ZAPPA."

 

24. Kraufheimer, Architecture, 186—198; 201, 202.

 

25. Supra бел. 18, Гранић, Архиепископија, 130, 131.

 

26. Грујиќ, Археолошке белешке, 203—205; Радоичиќ, Сабори, 141—145; Славева-Мошин, Грамоти, 67, 68, 82, 86, 88, 199, 214.

 

27. Николовски и други, Споменици, 90—91.

 

76

 

 

и истражувања што ги изведовме под овој објект во 1975 година и документацијата на живописот, уследија два одделни иззештаја. [28]

 

Црквата Св. Никола кај Крулиште е еднокорабна градба со припрата и полувалчест свод, кој е во припратата нешто понизок од тој во наосот. Поради нерамниот терен во припратата се влегува преку три скали. Црквата е осветлена преку тесниот отвор во апсидата и еден прозорец на јужниот ѕид. Во малата олтарна апсида е изѕидана основа за чесната трпеза, која ја сочинува една надгробна плоча со грчки натпис. Во ѕидовите на олтарот се изградени две полукружни ниши на источната страна и една на северната. На западниот ѕид на припратата се наоѓа една правоаголна ниша. Подот во наосот е покриен со четари правоаголни плочи од постари гробни конструкции. Тие се поставени по средината на наосот и отстрана надополнети со помали плочи. На една од нив релјефно е изрежано лежиште за поставање на метален крст. Подот со припратата е препокриен со правоаголни и плочи со неправоаголна форма. Во 1943 година, по должина на целиот јужен ѕид е изграден отворен трем со дрвени арки, поплочан со неправилни плочи од песочник.

 

Црквата заедно со припратата е изградена од обработени камени блокови, од кршен камен и од многу сполии од стари антички и црковни објекти. Овој градежен материјал е од разни видови камен. Во ѕидовите наоѓаме вградени блокови од дацит, диорит, варовник, песочник и од бел ситнозрнест мермер, како и големи блокови од бигор. Фасадите на црквата, посебно јужната, имаат изглед на крупен полихромен мозаик, кој колористички делува мошне ефектно.

 

Градењето на објектот е изведено на брзина со градежен материјал од разурнатите антички и ранохристијански објекти, каков што е случајот со црквата Св. Горѓи во Козјак, крстовидните цркви во Мородвиз, Теранци и еднокорабната црква со припратата во Оризари — сите од IX—X век.

 

Целиот градежен матермјал од камен и вградените сполии од бел мермер, со кои е изграден овој споменик, одбележани се со многу знаци, графити, рецки и црти, што ги придружуваат крстови и глаголски букви, како што ќе видиме понатаму, карактеристични за сите црковни објекти од раниот словенски период по Брегалница. [29]

 

 

БАЗИЛИКАТА ПОД ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА

Археолошки ископувања и истражувања

 

Со ограничените археолошки ископувања изведепи во 1975 година [30] под темелите на црквата Св. Никола се откриени остатоци од еден стар црковен објект. Од старата црква ce откриени северниот и јужниот периметрални ѕидови, кои формираат стралични кораби на објектот. Централната апсида на наосот завршува со едпа апсида на источната страна, која однатре е полукружна, a однадвор полигонална. Во североисточниот дел на објектот се задржани остатоци од стилобатниот ѕид на овој објект. На западната страна е одбележана линијата на корабите и на страничните ѕидови што го формираат нартексот. Според досегашните нецелосни податоци од истражувањата, објектот претставува

 

 

28. Алексова, Крупиште, 88—92; Расолкоска-Николовска, Св. Никола, 131—155.

 

29. Градежниот материјал од камен, тули и архитектонска пластика од словенските цркви по Брегалница ќе биде разгледан понатаму во посебно поглавје.

 

30. Истражувањата и ископувањата ce изведени во организација на Археолошкиот музеј под раководство на Б. Алексова. Во работите имаат земено учество: З. Белдедовски, П. Ананиев, К. Мартиновски и М. Милоевиќ. Ископувањата ce изведени од студенти на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

77

 

 

базиликално решение со централен кораб и две странични крила со нартекс на западната страна.

 

Димензитие на стариот објект укажуваат дека се работи за скромна црковна градба чија должина заедно со апсидата изнесува 16,20 м, и ширина од 10,20 м. Наосот е широк 4,90 м, a страничните кораби 2,65 м. Ѕидовите на стилобатите се широки до 1,20 м. Темелите на стариот објект се изградени од кршен камен со хидростатен малтер и имаат ширина 0,80 м. Задржаниот ѕид од стилобатот на североисточната страна на објектот укажува дека над нивото на подот тој бил изграден во opus mixtum, со појаси од тули и камен.

 

Старата црква е подигната крај една доцноантичка некропола. На ова упатуваат остатоците од гробови покриени со имбрекси, констатирани во долните слоеви на профилите источно од црквата, како и доцноантичкиот саркофаг употребен за корито во чешмата крај самата црква. Постои можност сакралниот објект да е изграден над гробот на една area martyrum. Тоа значи дека црквата би можела да претстанува објект ad corpus или supra corpus martyri, подигната надвор од градот среде доцноантичките гробишта рано по престанувањето на прогоните на христијаните. [31] За постоењето на еден ран ранохристијански црковен објект на овој простор упатува и архитектонската пластика покрај црквата карактеристична за ранохристијанските базилики од IV век.

 

Сите прибрани податоци укажуваат дека црквата претставува култна градба, како што нагласивме, подигната среде доцноантичките гробишта. Луксузните мермерни фрагменти од парапетни плочи и мермерните колони ни даваат можност за претпоставка дека овој стар архаичен објект во текот на својот живот бил преуреден a можеби и ремоделиран или пак оваа пластика припаѓала на некоја друга блиска црковна градба. Големите преуредувања и обновите на црквите по Брегалница при крајот на V и во првата половина на VI век се вообичаени и чести. За ова како добар пример ни служи веќе одбележаната обнова на Епископската базилика во Баргала.

 

Овој ранохристијански објект среде доцноантичките гробишта е разурнат, како и многуте други црковни споменици по Брегалница и во Македонија, во текот на големите аваро-словенски инвазии. По населувањето на Словените во овие области црквата е обновена. Над темелите на стариот ранохристијански разурнат храм е подигната еднокорабна црква со нартекс. Таа го окупирала централниот кораб на базиликата до линијата на нартексот. Изградена е од градежниот материјал и од сполии на ранохристијанскиот објект. Меѓутоа, на целиот вграден материјал од камен дадено му е словенско обележје, со врежување на загадочните знаци, рецки и црти и со многу глаголски букви од тукушто создадената словенска азбука. Ова одбележување го наоѓаме и на фугите од малтер околу камените блокови, како и на архитектонската пластика овде секундарно употребена како градежен материјал. Подигањето на еднокорабната црква врз темелите на ранохристијанскиот објект можело да стане во времето на ширењето на христијанството и покрстувањето на Словените по Брегалница во текот на втората половина на IX и во почетокот на X век. Оваа словенска црква, како и претходната ранохристијанска под неа, претставувала цеметеријален објект со фунерална функција. На ова упатуваат повеќето прекопани и уште доста сочувани гробови околу црквата со камена конструкција. Дали во црквата има остатоци од стар живопис треба да покажат понатамошните истражувања и проучувања на истиот.

 

 

31. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932, col. 2359—2512; idem. Martyrium, col. 2512—2523; Duval, Loca Sanctorum, II, помеѓу 458—464.

 

78

 

 

Треба да одбележиме дека идентичен случај на обнова на една ранохристијаиска базилика во словенскиот период е црквата од V—VI век во Демир Капија, врз чиј централен кораб во IX—X век е изградена еднокорабна градба a страничните кораби на стариот објект наменети за сохранување. [32] Двата кирилски натписа во еднокорабната црква Св. Никола нѐ известуваат за подоцнежните обнови и живописувањето на стариот цеметеријален храм на Брегалница.

 

 

ОБЈЕКТ НА АГИЈАЗМА

 

Во своите први согледувања ја имам изнесено мислата дека кај црквата Св. Никола би можела да постои и институцијата Агијазма αγιασμός co комплекс од стари градежни објекти.

 

Од античкиот период се познати многу нимфеони (nymphaeum), фонтани и луксузни базени во приватните и јавните градби украсени со богата декорација. Архитектурата на градбите посветени на Агијазмата заслужува посебно проучување. Култот на водата и на изворите е многу стар, па поради тоа и архитектонските типови на градбите од овие споменици се различни што, во прв ред, зависело од нивната намена и функција. [33]

 

Во византиската архитектура оваа традиција продолжува, што се гледа од елегантната едикула на агијазмата во базиликата на св. Јован во Ефез, потоа монументалната архитектура на фонтаната на базиликата A во Филипи [34] и низата луксузни базени јужно од Епископската базилика во Стоби. Треба да одбележам дека по Брегалница и денес наоѓаме примитивни градби крај изворите, претежно посветени на Богородица. Таква е онаа во Новоселани посветена на св. Петка и онаа над Бурилчево посветена на Богородица.

 

Во Скопје се познати изворите со агијазма на Водно кај Црниче, посветени на св. Јован, каде во поново време е подигната црква, и изворите крај Вардар посветени на св. Горѓи.

 

Деталните истражувања на комплексот околу црквата Св. Никола што се планираат мислам дека ќе дадат значајни резултати за откривањето на овој тип градби со природните извори на вода.

 

 

КРУЖНАТА ЦРКВА НА КЛЕТОВНИК

 

На ридот Клетовник југозападно од Крупиште во 1975 година се откриени остатоци од една црковна градба. На зарамнетото плато се останати траги од еден архитектонски објект кој има кружна форма. Објектот е изграден од делкани блокови, добро обработени, поставени над самата зарамнета карпа. Градењето е изведено со хидростатен малтер. Зачуваните блокови во објектот изнесуваат во должина до 1,00 м, како и оние откриени во подножјето на ридот, извадени од црквата. Кружниот распон на градбата изнесува 10,60 м. Издадениот дел на западната страна има зачувана конструкција од исто така големи камени блокови in situ. [35]

 

Во објектот од источната и северната страна има блокови кои во три реда навлегуваат во центарот на градбата. Тие претставуваат остатоци од конструкцијата на градбата како дел од нејзиното внатрешно решение

 

 

32. Aleksova, Prosek-Demir Kapija, 20—22.

 

33. Eyice-Thierry, La source, 64—67.

 

34. ibid. 67.

 

35. Алексова, Крупиште, 92—93.

 

79

 

 

за кое нема поблиски податоци за реконструкција. Меѓутоа, не е исклучено камените блокови поставени на нивото на самиот под да претставуваат основа за колоните што биле поставени да ја носат куполата.

 

Во овој архитектонски објект се констатирани остатоци од под на кој како субструкција му служи самата карпа. Подот е изведен од дебел слој хидростатен малтер над кој се поставени мермерни бели и сиви плочки во техниката opus sectile.

 

Централното решение на црковните градби е големата идеја на ранохристијанската архитектура, и тоа на големите градови во Мала Азија, Палестина и Сирија. [36] Централните градби, чии почетоци паѓаат во V век, многу се имаат раширено во Јустинијаново време во VI век, па и подоцна. Сите светилишта изградени од Јустинијан во престолнината и на многу други места низ Империјата се засводени и носат куполи. Многу варијанти од централниот тип на Martyrium-и се крстовидни или полигонални. Оваа градежна форма е ретка во средниот век и доцните споменици, како што одбележува А. Грабар, претставуваат копија на старите Martyrium-и што се во поголем број исчезнати. [37]

 

По својот општ план, објектот на Клетовник е црква Martyrium co централно решение со ориентација З—И. Издадениот правоаголен простор на западната страна служел за гробот или за ковчегот со мошти на маченикот. Централниот дел бил препокриен со купола. Судејќи според остатоците од архитектурата, објектот претставувал луксузен и богато граден Martyrium. Основите на внатрешното решение укажуваат дека куполата можеби не била од дрвена граѓа, туку била ѕидана. Оваа култна црква бездруго имала слично или идентично решение со многубројните досега откриени градби од овој тип.

 

Овој кружен објект со централно решение на Клетовник по својот општ план е идентичен со кружната црква Св. Григориј од Етциазмин на Арарат во Ерменија, [38] датиран во 650 година. Слична е и со црквата Ани во Ерменија, како општ тип на црквата Девре од Памфилија во Мала Азија од V век [39] и на Селеукија-Пиерија (Самардаг), црква Маrtyrium од доцниот V век во Сирија. [40]

 

Како автентични полигонални и кружни Martyrium-и A. Грабар ги наведува оној на Св. Еуфемија и оној идентификуван во Карпос и Папилос. Овие полигонални и кружни планови ги преземаат средновековните цркви во Константинопол за своите архаични Martyrium-и.

 

Во Преслав во Бугарија во IX—X век се имитира еден martyrium во црквата со централно решение, со многу ниши во внатрешните ѕидови. [41]

 

На територијата на Македонија црква со централно решение е ротондата од Коњух, во која е најден и натпис кој укажува, заедно со основата и внатрешното уредување, дека објектот претставува црква Martyrium. Храмот со изразито централен поткуполен простор има околу средниот круг јасно одделен ходник ambulacrum што е типичен за овој вид на цркви.

 

Црквата е датирана co еден распон од VI—IX век. Новите истражувања треба да укажат дали се работи за ранохристијански храм обновен

 

 

36. Sotiriou, Bizantine Arheologia, 329.

 

37. Grabar, Martyrium I, 375—376.

 

38. Sotiriou, op. cit. 340, fig. 215; Brentjes-Mnazakanjan, Armenien, 75.

 

39. Sotiriou, op. cit. 331, fig. 206.

 

40. Krautheimer, Architecture, 105 № 39; Lassus, Sanctuaires, 107, fig. 46; 156, fig. 72; 154, fig. 70; Balty, Apamee de Syrie, 189, 190, fig. 72.

 

41. Grabar, Martyrium I, 375, 349.


80

 

 

од Словените, за што постои голема веројатност. Археолошките сстатоци укажуваат дека населба од градски карактер на овој простор постоела уште од II—III па сѐ до XIV век. Испосниците врежани во највисоките карпи на Големото коњушко градиште Ј. Иванов ги датира во XI век. [42]

 

На пластиката во црквата и пред една од овие испосници во 1988 година откривме многу врежани крстови, цртежи и знаци какви што наоѓаме на градежниот материјал во словенските цркви на Брегалница од IX—X век. Оваа територија преку која преминувал главниот пат што водел од котлината на Брегалница за Деве Баир и Сердика, бездруго, била една од териториите под јурисдикција на првата словенска епископија на Брегалница, на оттаму и под влијание на нејзините културно-просветни струења.

 

Објектот со централно решение на Клетовник е едно култно светилиште во кое се наоѓал гробот на маченикот. Овој објект не е наменет и определен во него да се врши служба на литургијата и на синакосот на нормалната евхаристија. Овде можела да биде вршена служба определена за маченикот чиј гроб се наоѓал во црквата.

 

Во ранохристијанската црковна архитектура постојат повеќе категории светилишта. За сите нив е важно да се одбележи дека треба да се прави разлика помеѓу култни цркви и светилишта што му служат на еден генерален култ. [42а]

 

Црквата на Клетовник претставува стар ранохристијански објект какви што се среќаваат низ целата Империја, a особено во нејзините источни провинции, и тоа во Ерменија, во Мала Азија, Палестина и Сирија. Kaj нас, на Балканот овој тип на градби е пренесен како сириско влијание преку познатиот центар во Тесалоника, и тоа од тајфа мајстори од источните провинции. [43]

 

Овој храм е обновен по населувањето на Словените во Македонија и во областите по Брегалница. За тоа сведочат многуте графити, цртежи и знаци со глаголски букви со кои се обележени градежните камени блокови од кои е изграден овој храм. Од црквата се зачувани блокови од темелите кои претставуваат основа на објектот. Тие носат обележување над нивото на подот од надворешната страна, што значи дека фасадата на објектот, како и онаа на црквата Св. Никола, била обележена со симболика, со желба да се укаже на словенската припадност на храмот.

 

Стариот храм на Клетовник не останал далеку од очите и вниманието на Словените во времето на покрстувањето на Брегалница и создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, со чии букви се обележени градежните камени блокови на објектот. Неговата обноиа и изградба е изведена од средината на IX до почетокот на X век, време кога на овој простор е формирана словенската епископија на Брегалница.

 

 

КРСТОВИДНАТА ЦРКВА НА КАЛЕ

 

Во месноста Кале, под самиот селски пат што води за Уларци, во 1975 година се констатирани остатоци од една сакрална градба чие откривање е изведено во 1981 и 1984 година. [44]

 

 

42. Radoičić, Konjuh, 148—178. 160 i d.; Ivanov, Starini, 394—418.

 

42a. Grabar, Martyrium I, 349.

 

43. Hoddinott, Churches, 104, fig. 47, ротондата Св. Горѓи e конвертирана во црква за време на Теодосиј Велики (379—395).

 

44. Алексова, Крупиште, 93—95.

 

81

 

 

Откриениот архитектонски објект претставува црковна градба чија јужна половина е откриена под патот, a северната во приватна нива. Откривањето на објектот се состоеше од отстранување на дебел слој од околу 1,00 м на градежен материјал што ѝ припаѓал на самата црква. Оваа црква, според исказите на В. Недков, [45] сѐ до 1959 година била сочувана во висина до два метра. Таа со години била уривана од сопственикот на имотот.

 

Објектот е зачуван во темели до нивото на подот и на места со траги од остатоци од ѕидови. Градбата претставува црковен објект од типот впишан крст во квадрат или правоаголник.

 

Црквата на Кале претставува правоаголна градба со издадена апсида, која е однатре полукружна, a однадвор полигонална. Впишаниот крст во правоаголникот го формираат четири еднакви крака на крстот. Источниот крак е малку издолжен поради проектираниот предапсидален простор.

 

Со ваквата програма на планот се формираат четири четвртести анекси додадени на слободниот крст, поставени помеѓу двата крака на крстот, одделени со полни ѕидови и тесни влезови. Како што е назначен на планот централниот квадратен простор, така е и на надворешната елевација. Централниот дел е со купола што ја носи четвртест тамбур, додека краците на крстот се заоводени со полуцилиндрични сводови чија конструкција се формира долу од компартиментите во аглите. Крстот е одбележан и на покривот на црквата.

 

На западната страна црквата има нартекс. Од него се зачувани мали остатоци од јужната страна. Од нартексот низ широка врата се влегувало во црквата. Еден тесен влез се наоѓа и од северната страна. Сочуваните остатоци од ѕидови на овој објект, и покрај тоа што се минимални, даваат податоци за нивната структура. Црквата има длабоко изградени темели и до 2 м под нивото на подот. Овие темелни ѕидови се градени од кршен камен со малтер, солидно и со чисти профили. Од нивото на подот ѕидовите се градени во opus mixtum со појаси од по пет реда од тули што се сменуваат со појаси од делкани камени блокови. Од надворешна страна на нивото на подот црквата е опкружена со еден ред од делкани камени плочи, кои формираат рамка во која е подигнат објектот. Во изградбата е користен хидростатен малтер.

 

Четирите масивни столпци, поставени врз масивните ѕидови што го формираат наосот, и акцијалниот крак на крстот се изградени од добро печени тули со хидростатен малтер. Под нивото на подот, во праговите и на статички значајните партии на ѕидовите употребени се мермерни сполии од стари антички објекти. Во зачуваните ѕидови над нивото на подот при обновата употребени се меноа и градежни тули од урнатините на ранохристијанскиот објект.

 

Апсидалното осветлување било решено со една бифора чиј капител и меното се најдени во апсидалниот простор. Од сводовите и куполата се најдени големи количества делкани блокови од бигор.

 

Подот во црквата бил решен со бели и сиви мермерни плочки во техника opus sectile, чии остатоци се најдени во северниот крак на крстот, in situ. Прагот на тесниот влез од северната страна е послан со мермерна плоча од стар антички објект. На оваа плоча, излижана од газење и долга употреба, има траги од дополнително врежани словенски кирилски букви.

 

Централниот дел во наосот под куполата бил решен со една широка розета од осум големи мермерни плочи кои формираат правилен круг, приближно со ширина како калотата на куполата.

 

 

45. В. Недков го има видено споменикот задржан над земја во висина од 2—3 м, во 1959 година со рекогносцирање на теренот.

 

82

 

 

Во текот на расчистувањето на просторот што го зафаќала оваа црковна градба се откриени повеќе земјени садови со остатоци од цели скелети од птици. Овие садови се откриени во прекопаните гробови од мештаните. Остатоци од гробови со камена конструкција се констатирани источно од црквата. Големата некропола што се простирала на јужната страна е прекопана при изградбата на куќите во овој дел на селото. За наодите на земјените садови и наодите во нив ќе стане збор понатаму.

 

За појавата и формирањето на типот цркви со впишан крст во четвртест или правоаголен простор во ранохристијанската архитектура имаат пишувано повеќе учени. Една од најцелосните студии е секако онаа на A. Грабар во делото на Martyrium. [46] Авторот одбележува дека многу светилишта со слободен крст се зголемени со додавање на дополнителни простории поставени помеѓу краковите на крстот, со што оформуваат корисни простории. Додадените анекси се адаптираат така што прават составен дел на споменикот, a понекогаш му припаѓаат на оригиналниот плаи на проектираната градба. [47]

 

Култните цркви со впишан или слободен крст му припаѓаат на еден ист тип крстовидни споменици, бидејќи слободниот крст се трансформира во впишан крст. Toj премин од еден во друг вид нема некаков хронолошки ред ниту определена формула, бидејќи постојат споменици од типот впишан крст во квадрат или правоаголник и од типот слободен крст реализирани одеднаш, во првата половина на V век, на поради тоа A. Грабар констатира дека конструкциите на овие цркви не формирале една нова форма, туку надополнуваат една форма одредена порано. [48]

 

Покрај многуте типови цркви, во раната христијанска архитектура, одбележува Г. Сотириу, се појавуваат и цркви со впишан крст чие потекло е квадратна градба со вкрстени сводови, што ги среќаваме уште во античкиот период, соединети со еден систем од пет куполи. Како главни примероци од овој тип цркви ги наведува гробишната црква во Сергиополис-Русафа во Месопотамија, што е изградена надвор од ѕидовите помеѓу 561—582 година, потоа II Алдерин во северна Сирија и црквата Хосиос Давид во Солун. [49]

 

A. Грабар, според А. Ксингопулос, одбележува дека последнава црква во Солун е, секако, најхармоничен пример на ораториум од овој тип. Според мозаикот во нејзината апсида потекнува најдоцна од V век и во извесна смисла ја приближува до мавзолејот на Гала Плацидија во Равена. Првобитно црквата била посветена на пророкот Захарија. Врз основа на мозаикот од V век во малото светилиште го препознава Martyrium-от на Захарија и заклучува дека тоа е сеќавање на Балканот на еден палестински култ што се раширил на запад дури до Равена, во првата половина на V век, во времето на подигањето на црквата-ораториум во Солун. [50]

 

 

46. Имам посебно задоволство да можам да ja користам богатата студија на А. Grabar, Martyrium, кој во првите две глави предава типолошки регистар на мавзолеи, Martyrii познати до 1946 година од Константинопол, Грција, малоазиските градови, Африка и Балканскиот Полуостров.

 

47. Grabar, Martyrium I, 161.

 

48. Ibid. 165—166.

 

49. Sotiriou, Byzantine Arheologia, 390.

 

50. Grabar, Martyrium I, 164; Evyenidou, Latomos Monastery, 68—75. Црквата била посветена на Христос Спасител како catholicon на Latomus или Latomi Моnastir. Името Hosios David на црквата ѝ е припишано во почетокст на столетиево и останало до денес. Во изворите од IX век позната како Latomos Monastery со легендата за нејзината изградба. Подигната е кон крајот на V или на почетокот на VI век. Со ископувањата во 1973—76 година се откриени мозаиците во полукалотата на апсидата, што ja претставуваат визијата на Езикиј. Мозаиците се датирани во V—VI век. Во средината на XII век црквата била живописана. Фреските претставуваат единствени примероци на живопис од ова време во Тесалоника.

 

83

 

 

Како втор ораториум од времето на подигањето на Хосиос Давид во Солун се споменува едикулата, која папата Хилер (461—468) ја поврзал со баптистериумот во Латран, што се рангира меѓу најавтентичните мартириуми, a таа била градба со впишан крст. [51]

 

Спомениците што ги наведува Г. Сотириу имаат сличност според типот на планот и според архитектонскиот карактер. Разлика постои само во решенмето на олтарниот простор, што се толкува како одлика на месните традиции, на одделните области, a има разлика и во типот на куполите. Нешто сличен програмиран план има и црквата во Цариград конвертирана во Атик Мустафа-паша џамија, датирана во 458 година. [52]

 

Споменативе споменици имаат квадратна форма однадвор и правилен грчки крст однатре, формиран од ѕидовите, од пиластрите и од самите сводови, што имаат куполи карактеристични за оваа архитектура. Централната купола не се држи врз ѕидовите и врз краците на крстот, туку врз целата градба, бидејќи тежиштето се дели преку полуоблите сводови на надзорешните ѕидови. Куполите над компартиментите по аглите се слепи и не се гледаат однадвор. Архитектонската поделба на овие споменици не е на крстовидни, туку на квадратни и се мисли дека општиот тип е од персиско потекло, од храмовите од богот на огнот. [53] До појава на ваков тип црковни градби на грчка почва доаѓа под влијание на сириските архитектонски типови на цркви од VI век, за кои се смета дека се претходници на подоцнежните петкуполни цркви со впишан крст, кои имаат повисоки куполи поставени на краиштата, така што се гледаат однадвор.

 

Зачувана во темелите, црквата на локалитетот Кале по својот општ план припаѓа кон типот цркви со квадратно, односно правоаголно поле во кое е впишан крст со еднакви краци. По општиот план таа е најблиска до Хосиос Давид од Солун и претставува локална варијанта на црковна градба. Овој споменик, како што веќе имаме одбележено, претставува црква Martyrium околу кој подоцна се оформила некропола, така што црквата има фунерална функција.

 

Оваа црква на Кале со функција на култен објект, и покрај нејзината зачуваност само во темелите, дава извесни податоци врз основа на кои може да се зборува за времето на нејзиното градење и нејзиниот долг век на живеење и обнова. Во нејзините темели се најдени сполии од стари антички споменици од бел мермер. На градежните тули се откриени печати со ранохристијански монограми. [54] Нејзиниот план има голема сличност со црквата Хосиос Давид во Солун. Поради тоа на мислење сме дека објектот можел да биде подигнат во текот на V—VI век.

 

Археолошката евиденција укажува дека оваа црква била урната, можеби, со варварските зачестени инвазии. Во нејзините делумно зачувани ѕидови над нивото на подот наоѓаме сполии од ранохристијанскиот објект употребени како градежни камења. На нив се наоѓаат многу цртежи, знаци, крстови и глаголски и кирилски букви невешто изрежани со остер предмет. На еден од обработените камени блокови се наоѓаат врежани цртежи на неколку типови црковни градби. Сѐ ова укажува дека црквата е обновена од Словените и тоа во времето на

 

 

51. Grabar, Martyrium I, 164—165.

 

52. Supra, bel. 49.

 

53. Sotiriou, Bizantina Arheologia, 392; D'Onufrio, Le Chiese di Dvin, 92—93, 98; Strzygowsky, Die Baikunst, 70, 71.

 

54. Алексова, Крупиште, 93—96.

 

84

 

 

нивното интензивно примање на христијанството и во времето на ширењето на првата словенска писменост.

 

Основниот тип на оваа црква на Кале е од источно потекло и припаѓа кон црквите изградени во Ермеиија, Анадолија и Сирија. [55] Ова влијание, преку Солун во Грција, преоѓа во внатрешноста на Балканот, така што оваа црква, заедно со црквата на Петнаесетте маченици во Струмица, засега претставува прва градба од овој тип во Македонија, па и на Балканот. Влијанијата од малоазиските градски центри во Македонија доста се силни. На ова укажува црквата од слободен крст во Орман кај Скопје, [56] на Голем Град на Преспа [57] и во Улпијана во јужна Србија. [57а]

 

Истражувајќи ја непосредната околина на оваа црква, по сѐ изгледа дека таа се наоѓала покрај една голема црковна градба, главна црква-католикон, чии темели се наѕираат западно од неа. Околу обновената црква во IX—X век се оформила некропола, така што црквата добила фунерална функција и служела како гробишна црква.

 

 

АРХИТЕКТОНСКА ДЕКОРАТИВНА ПЛАСТИКА

 

Во прекопаната и до темели уништена црква се најдени остатоци од архитектонска пластика со која било решено внатрешното уредување на објектот. Меѓутоа, архитектонска пластика е откриена и во темелите на црквата. Под нивото на подот на најзначајните оптоварени партии на градбата се употребени сполии од антички јавни градби за изградба на ѕидовите. Тоа се бази, венци, калители, сите од бел мермер употребени поради своите огромни димензии. Во зачуваните партии на ѕидовите се вградени остатоци од архитектонска пластика од ранохристијански црковни градби. Од самата црква е откриен мено од бел мермер co врежана буква и еден блок со Христовиот монограм и пајажинести цртежи на црковни градби дополнително нанесени со остер предмет како оние од Равна во Бугарија и Бегов Даб кај Македонска Каменица. [58]

 

Од подот во црквата се зачувани две мермерни плочи што формирале кружно поле под куполата во наосот на црквата. Прагот во влезот од северната страна претставуза секундарно употребена мермерна плоча што припаѓала ,на некој антички објект и на која дополнително се панесени словенски кирилски букви, што укажува на обновата на објектот во словенскиот период.

 

Овој објект од типот на впишан крст во правоаголно пространство претставува култна црква и припаѓа на една инзула во градот. Со нејзината обнова од страна на Словените оваа црква станува цеметријален објект со фунерална функција. Крај неа започнува да се оформува пространа словенска некропола чии гробови со камена конструкција се прекопани при изградбата на околните куќи. Траги од овие гробови и од наодите се откриени при расчистувањето на урнатините над објектот. Овој објект, и низата други во Македонија, отвораат мошне важно прашање за закопувањето и оформувањето на некрополите околу разурнатите, a некаде и обновени, ранохристијански објекти од страна на Словените. Тоа се однесува на цркви споменици што биле внатре во градот околу кои во доцноантичкиот ранохристијански

 

 

55. Hoddinott, Churches, 174; Krautheimer, Architecture, 122, 123.

 

56. Алексова, Орман, 77—85.

 

57. Битракова, Реферат, Симпозиум Доцна антика, Охрид, 1987.

 

57a. Hoddinott, Churches, 218, 219.

 

58. Георгиев, Равна, Т. III, 3; Микулчиќ, Македонска Каменица, Т. В. № 4.

 

85

 

 

период било забрането закопување, бидејќи гробиштата се наоѓале надвор од градот околу цеметеријалните базилики. [59] За решавање на ова прашање во науката авторот посебно се има ангажирано, за што ќе стане збор на друго место.

 

 

КЕРАМИКА ОД ГРОБОВИТЕ КРАЈ ЦРКВАТА

 

Гробни наоди. Оваа црква во месноста Кале, како и сите останати објекти на овој простор, се наоѓала на приватен имот и долги години служела како каменолом за сопственикот на нивата и неговите соседи. Расчистувањето на теренот не го зафатило само уривањето на споменикот, туку и неговата околина.

 

При прекопувањето на просторот околу самата црква сопственикот, a подоцна и други лица, имаат откопано повеќе гробни структури. Според исказите, гробовите имале конструкции изведени од камени плочи од песочник. Во профилите источно од црквата се задржани гробови од оваа голема некропола што била оформена околу црквата. Овие гробови поставени непосредно крај црквата го следат правецот на ориентација на самиот објект.

 

Со нашето откривање на црквата се најдени повеќе земјени садови во форма на грнци што им припаѓале на прекопаните гробови. Прибраните податоци укажуваат дека во секој прекопан гроб е најдено по еден земјен мал сад. Ние досега имаме прибрано повеќе од 15 цели грнци и повеќе фрагментирани. Тие ce со мали, средни и големи размери во распон од 12—15—21 см. Грнците имаат конусна, крушовидна и јајчеста форма. Некои од нив имаат рачка. Дното им е рамно и неговиот дијаметар е приближно еднаков со отворот на садот. Најшироки се на средината на телото.

 

Шијата на садовите е лесно исправена и свртена кон надвор, задебелена или раамно изрежана. По телото и по широкиот раб на отворот ce врежани хоризонтални и брановидни линии, посебно или во комбинации. Понекогаш по целото тело се врежани прави хоризонталии линии. На некои примероци овој орнамет е мошне релјефно изведен. На дното немаат никакви релјефни знаци.

 

Kaj помал број примероци глината има крупни кварцни зрна, додека поголемиот број е изработен од добро пречистена глина и добро се печени. Бојата на глината е светлоцрвена до темноцрвена како на добро печените тули од самата црква. Има садови и од темносива глина. Однатре садовите имаат сивкаво црвеникава боја. Површината на грнците е доста мазна и на неа се истакнува врежаниот орнамент.

 

Наодите на керамичките садови од Крупиште потекнуваат од гробовите на една стара словенска некропола со скелетни гробови што се оформила околу црквата бр. 3 на месноста Кале. Садовите претставуваат култна керамика, засега ретко откриена во словенските гробови во Македонија. Неколку земјени садови откриени со истражувањата на ранохристијанската базилика на Св. Еразмо кај Охрид исто така претставуваат гробни наоди од словенската некропола крај базиликата. [60]

 

 

59. Duval, Loca Sanctorum, II, 513, Урбани цркви. Обичајот да се бара близината на гробот на светителот за подигање на цркви на некрополите ce одржува до V век. Во двата подоцнежни века се наоѓаат закопувања и во урбаните цркви. Во сите провинции на Империјата е издадена забрана за закопување во град. Голема помош во интерпретацијата на нашиве споменици ми претставуваше извонредната студија на Iv. Duval, Loca Sanctorum Africae, во која, посебно во т. II, врз основа на анализата на богатиот епиграфски материјал од Северна Африка доаѓа до мошне значајни заклучоци за почетоците на христијанското градителство во Африка, a тоа ce однесува и на другите провинции во Империјата.

 

60. Маленко, Нови наоди, сл. 15.

 

86

 

 

Обредот со инцинерација, што е исклучително редок во погребувањето на словенските некрополи, на Балканот, засега не е познат кај нас во Македонија. Наодите на гробните жари во Кашиќи, во северна Далмација, поставуваат прашање дали кај Хрватите во Далмација во VII век постоело биритуално погребување. [60а]

 

Во Македонија се познати одделни примероци од стара словенска керамика од населбински карактер. Постојат извесни наоди од Демир Капија, од Прилеп, затворениот наод од IX век од црквата Св. Софија во Охрид [61] и богатите наоди од керамика за секојдневна употреба од Баргала.

 

Наодите на керамика од старите словенски гробови во Крупиште, според своите техничко-типолошки особини, ги имаат сите битни особености што ги има словенската керамика воопшто. Гробните наоди од керамика што потекнуваат од прекопаната некропола крај црквата бр. 3 на Кале најблиски аналогии наоѓаат со словенската керамика од Охрид и Баргала од IX—X век, потоа со култната керамика од старословенските гробови во северна Далмација од VII—IX век, [62] според Ј. Белошевиќ, и со керамиката од II група Салтовка Б, од VIII—X век во Бугарија. [63]

 

Што се однесува до паганските обичаи при погребувањето на покојниците во словенските некрополи во Македонија, досега можат да се одбележат неколку примери. На големата старословенска некропола во Демир Калија се откриени траги од палење на оган над гробот на покојникот кај некои од истражените гробови. Ова се толкува како ритуален чин на ослободување од лошите духови. Римски и византиски монети во својство на обол се откриени во повеќе истражени гробови од некрополите во Демир Капија и Стоби. [64]

 

Во прибраните земјени садови од гробовите се најдени коски од мали птици, и тоа без исклучок во секој откопан сад. Садовите се најдени во различна положба над урнатините и во шутот над црквата, каде биле исфрлени по растурањето на гробовите. Сите садови биле покриени со камени плочки, од кои се најдени во поголем број крај самите грнци. Во садовите се најдени птици од различна големина, бидејќи тие биле приспособени според големината на садот.

 

Поставањето на садови крај покојникот, во кои се наоѓа јадење и пијалак, претставува пагански обичај и се објаснува како патнина за задгробниот живот. Ставање на храна во гробовите е констатирано во старословенската иекропола во Демир Капија. Во некои од гробовите ce најдени цели скелети од риби и лушпи од јајце што биле ставени покрај покојникот. [65]

 

На подрачјето на Брегалница досега се откриени остатоци од повеќе старословенски некрополи, и тоа во Оризари, Аџи Бегово, Караорман, Кочани и Баргала, како и некрополи од тој хоризонт во другите краишта на Македонија, кои врз основа на општите археолошки податоци, по начинот на погребувањето, по гробната архитектура, a најмногу по археолошките наоди по гробовите можат прилично прецизно да ce определат и датираат во IX—X век.

 

 

60a. Belošević, Materijalna kultura, 135, 136; Jelovina, Nekropole, 148.

 

61. Алексова, Керамика, 199—212.

 

62. Belošević, op. cit. 16, 135, 136; Маленко, Св. Еразмо, 232—234, сл. 15.

 

63. Вжарова Въжарова, Славяни, Втора група Салтовка, 385—391, 396.

 

64. Aleksova, Prosek-Demir Kapija, 27; Belošević, op. cit. 134.

 

65. Belošević, op. cit. 79, 135; Миатев Миятев, Керамика, 62—65; Aleksova, op. cit. 27.


87

 

 

Гробовите во Крупиште, од некрополата крај крстовидната црква на Кале, бездруго, претставуваат најстар хоризонт на старословенските некрополи co инхумирано погребување, во кои се задржани паганските обичаи при изведување на ритуалот на полагање на покојникот во гроб. Овој стар пагански обичај е задржан и при погребувањето на покрстените Словени закопани крај една христијанска црковна градба.

 

 

КАТЕДРАЛНИОТ ХРАМ CO MARTYRIUM

 

Во октомври 1984 година во месноста Кале, североисточно од Крупиште, на нивата на Р. и Б. Божинови се започнати мали сондажни работи. На источната страна на споменатата нива е поставена сонда С-И-1984 co правец С—Ј во должина од 10 м и широчина од 2 м, со претходна дозвола на сопственикот на имотот.

 

При исфрлањето на горниот слој земја, измешана со фрагменти од градежни тули и големи количества хидростатен малтер, на околу 0,30 м под нивото на зарамнетата нива, на источниот раб на сондата започна откривањето на ѕидови од повеќе апсиди. Со сондите С-И-1985 и С-И-1986 во двете наредни години истражувањата се проширени кон западната и северната страна, a во 1987 година се проширени на јужииот дел на објектот. [66]

 

Истражувањата на овој објектот, како и на крстовидната црква на Кале и сите понатамошни ископувања на месноста Кале треба да се наречат отстранување на градежен материјал над веќе прекопаните објекти. Откако објектот е урнат, целиот градежен материјал е изнесен од сопственикот. Нешто од архитектонската пластика е останато во самата црква. Каменот од ѕидните структури се однесени, така што градбата е сочувана во темели со исклучок на неколку места каде што ѕидовите се сочувани над нивото на подот. Од подовите што биле послани со мермерни плочи, останати се само извесни партии.

 

Уривањето на објектот на месноста Кале и разнесувањето на неговиот градежен материјал е иззедувано систематски во низа години. Градбата се до 1970 година била задржана во висина и до 3 м. [67] Нивелирањето и расчистувањето на големото пространство на кое таа се протега е изведено со механизација, a потоа се присталило кон рачно рушење на ѕидовите. На тој начин целиот простор е израмнет, потоа е нанесена плодна земја и нивата оспособена за сеење на ориз.

 

Од овој објект во месноста Кале крај Крупиште, што претставува репрезентативна црковна градба, откриен е источниот дел што го сочинуваат пет масивно градени апсиди. Ширината на објектот изнесува 28,90 м. На запад црквата е ослободена од урнатините со кои била израмнета до линијата на канцел преградата. Над целото откриено пространство е отстранет прво слој од земја од 0,30 м, и околу 0,80 до 1,00 м урнатини од црквата и е дојдено до нивото на нејзиниот под. Ѕидовите на откриените партии на градбата се разурнати до нивото на подот со исклучок на извесни ѕидови што на места се зачувани и до 1,00 м над подот.

 

 

66. Археолошките истражувања се изведени во организација на Археолошкиот музеј на Македонија. Објектот го имаат откриено Б. Алексова и Д. Црневски во 1984 година. Во понатамошните истражувања раководени од Б. Алексова од 1987 година имаат земено учество Л. Велковска, М. Бошковски, Ј. Намичева и В. Кипријанов.

 

67. Според исказот на сопственикот на имотот Б. Божинов од Крупиште.

 

88

 

 

Источните партии на планот на овој архитектонски објект укажуваат дека се работи за крстовидна градба впишана во правоаголна пространа сала, опкружена со коридори.

 

Централната апсида, во која е сместен презвитериумот, со другите четири распоредени по две од јужната и северната страна, што ги претставуваат анексите и пастофориите, ја претставува линијата на крстот со правец С—Ј. Централниот кораб, одделен од страничните кораби со високи стилобати со масивни столпци, го формираат другиот аксијален крак на крстот со правец И—3. Toj е составен дел на страничните кораби и нивните периметрални ѕидови. Целиот овој план на црквата пак е составен дел од големата правоаголна сала што го формираат ѕидовите на надворешните две сали од северната и јужната страна.

 

Централната апсида и двете странични крај неа се полукружни однатре и полигонални однадвор, додека крајните се решени полукружно од обете страни. Нивните ѕидови се зачувани во темелите до нивото на подот, освен на првата северна крај презвитериумот што има ѕидови високи до 1,00 м над нивото на подот.

 

Ѕидовите во темелите се масивно градени од кршен камен и хидростатен малтер. Над подот се градени со појаси од пет реда тули наизменично со појаси од камени блокови со правилно хоризонтално насочување. Во градбата е употребен хидростатен малтер освен во темелните ѕидови под нквото на подот. Тие се градени со кршен камен и малтер.

 

Во централната апсида се откриени остатоци од конструкцијата на синтроносот што бил изграден со неколку скалила во нејзиниот полукружен простор. Репрезентативниот синтронос бил изграден од тули и тој претставувал монументално решение во олтарот. [68]

 

Од презвитериумот, кој бил сместен во овој централен дел, откриена е канцел преградата in situ. Изградена е од камени и мермерни блокови од постари објекти, овде секундарно употребени и приспособени да ја држат правата линија на канцелот. Камените блокови немаат никакви жлебови ниту вдлабнатини за парапетните плочи. Таков е случајот и со канцел преградата од првата градежна фаза на Епископската базилика во Стоби, изградена од мермерните седишта на театарот.

 

Канцелот укажува дека олтарната преграда на презвитериумот на оваа црква одел по ширината на целиот наос, така што олтарната преграда од северната и јужната страна котерминирала со главната колонада на црквата. Камените блокови од канцелот се на нивото на подот на презвитериумот и на наосот. Презвитериумот со парабемите од источната страна формира тричлен олтар. [69] Подот во презвитериумот и во страничните анекси крај него бил послан со мермерни бели и сиви плочки, решен во opus sectile.

 

 

68. Според исказот на сопственикот, кој ги растурил скалите, по сѐ изгледа дека внатре во апсидата постоела низа од скали што се издигала до ѕидот на апсидата. Од супструкцијата на синтроносот се сочувани остатоци во централниот и северниот дел на апсидата. Синтроносот е од типот на примероците што ги наоѓаме кај: Orlandos, Basilike II, п. 489—509, fig. 451 синтроносот од Парос; Mathews, Architecture, р. 75—88, Pl. 62, fig. 45, 47, Св. Ирена од Константинопол. Двата синтроноса имаат по неколку скали во полукружниот апсиден простор; Krautheimer, Architecture, р. 205, fig. 82 укажува на синтронос со седиштето крај самата апсида и централниот простор за епископски трон.

 

69. Krautheimer, Architecture, 201, 202. Византиските градби меѓу 600—850 година според концепцијата се од архитектонските типови карактеристични за Јустинијановото време. Различните типови цркви од Македонија до Мала Азија и Еуфрат, одбележува авторот, претставуваат проблем да се определи приоритетот на престолнината или на провинциите. За тричлените олтари на Равненската црква и Плисковските базилики како продолжение на старата византиска традиција на Балканот види: Георгиев, Равна, 88—89, бел. 67 и 68.

 

89

 

 

Централниот кораб во продложение на презвитериумот бил одделен од страничните со широки и масивни стилобатни ѕидови со ширина до 1 м. Над нивото на подот се задржани до 0,80 м. Над нив биле поставени столпци градени од камен и тули со ширина од 1,00x1,00 м. Интерколумниите биле послани со големи бели мермерни плочи од кои една е најдена во јужниот стилобатен ѕид in situ.

 

Стилобатните ѕидови се градени во темелите од кршен камен поврзани со хидростатен малтер во opus incertum без хоризонтално услојување. Над нивото на подот изградбата тече во opus mixtum со по пет реда тули, a потоа со појас од обработени камени блокови хоризонтално насочени. За ѕидањето е употребен хидростатен малтер.

 

Оваа црковна градба претставува доста компликуван објежт по својот план. Тоа станало поради специфично програмираната содржина на храмот. Презвитериумот со олтарот, сместени во централната алсида со ширина од 6,10 м, бил посветен на општиот култ на Евхаристијата. Јужно, во апсидалниот простор на анексот е оформена црква-Martyrium за сместување на мошти и на реликвии на маченици. Поради тоа архитектот уште при градењето на темелите извршува извесни измени и оформува во овој простор еден крстовиден Martyrium кој е составен дел на самата црква, a не долепен до неа.

 

Северниот, исто таков простор крај прсзвитериумот, нема траги од некакви градежни конструкции. Двете оформени простории крај презвитериумот се отворени кон западната страна. Крајните странични анекси од обете страни формираат пастофории. Во северната пастофорија е најден и мермерен блок што служел за менза на која биле подготвувани виното и лебот за причестување. Од горната страна тој е украсен со мотив на две конфронтирани претстави што пијат вода од изворот изведен со тенок цртеж. Мотивот на релјефот го симболизира причестувањето.

 

Од крајните агли на пастофориите продолжуваат ѕидови кон запад кои формираат коридори што ja опкружуваат црквата и така го надополнуваат правоаголниот план на овој комплициран црковен објект.

 

 

MARTYRIUM

 

Источниот дел со апсидалниот простор покрај презвитериумот претставува посебен објект во главната црква. Едикулата формира во јужниот кораб една крстовидна култна градба — Martyrium. Toj е инкорпориран во големата црква, која има план на впишан крст, во една правоаголна градба на чело со пет правилни апсиди. Централната од нив го претставува главниот олтар. Култната црква Martyrium во јужниот кораб претставува составен дел на пространата црква и е изграден истовремено со целиот објект. [70] Комплетното презентирање на планот на големата црква со нејзините западни и централни делови ќе почека до нејзиното откривање. Засега има можност да се согледа нејзиното решение, но во целосното дефинирање се можни извесни корекции.

 

Конструкцијата на култниот објект е оригинална и многу детали во планот укажуваат на барањето на архитектот, во оригиналниот и доста комплициран план на големата црква, да му даде посебно место на Martyrium-от со реликвиите на светителите.

 

 

70. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932. col. 2359—2512; Martyrium, col. 2512 — 2523; Grabar, Martyrium I, 357—368; 364—365 — Kaalat Seman vo Martyrium II, Pl. VI, 3; M. Lassus, I, 220 мисли дека крстовидниот споменик е подигнат истовремено со Martyriumot во вид на крст поставен отстрана.

 

90

 

 

Со симетрично формираните краци на северниот и јужниот ѕид заедко со апсидалниот простор е оформен планот на култната црква со впишан крст во јужниот кораб. Кон запад тој се отвора кон една долга сала на јужниот кораб.

 

Зачуваните остатоци на аранжманот на самиот Martyrium претставуваат една издигната рамна платформа во средината на апсидалниот простор со висина од 0,80 м до нивото на подот. Централната рамна платформа е опкружена со две скалила од источната страна покрај внатрешниот ѕид на апсидата. Со тоа на нивото на подот е создаден ambulacrum.

 

Централниот аранжман, изграден повисоко над нивото на подот во апсидалниот простор на јужниот кораб, има полукружна форма од источната страна околу која оди опходот. На западната страна во трошните остатоци од платформата се откриени лежишта на базите што ги носеле колоните. Целиот овој аранжман на платформата и оформениот опход од источната страна се изградени од мермерни плочи и хоросан малтер. Тие биле исто така послани со мермерни плочи, на што укажуваат отпечатоците најдени in situ и многу фрагментирани плочи. Откриените мермерни плочи, што му припаѓале на овој аранжман, имаат од едната страна врежани со остер предмет многу загадочни знаци, крстови, и глаголски букви.

 

Martyrium-от комуницирал преку тесен влез со презвитериумот и со јужната пастофорија, a на западната страна бил отворен спрема долгиот кораб. Симетричните ходници, од северната и јужната страна на црквата се испланирани така што да соберат повеќе ходочасници при разните свечености врзани за славењето на мартирите.

 

Западно од делумно зачуваната и тешко оштетена платформа со ambulacrum-от се најдени фрагментирани колони од бел мермер. Тие, бездруго, му припаѓале на аранжманот поставен над реликвиите и го носеле балдахинот над нив, бидејќи според старите христијански обичаи гробот или просторот каде што се наоѓале сместени реликвиите на маченикот биле наткрилени со балдахин што го носеле четири колони.

 

Мермерните колони откриени во култната црква во своите долни зони имаат врежани многу знаци, крстови и букви од двата словенски алфабета. На една од колоните во централниот дел релјефно е предадена големата буква М. Ова одбележување со словенски букви е еден од податоците што укажуваат дека колоните му припаѓале на аранжманот над ковчезите со моштите на мартирите. Според исказите на сопственикот што го прекопувал овој простор, овде се најдени „многу" човечки коски, меѓутоа, не во гробовите, туку на купчиња.

 

Големата црква на месноста Кале е изградена по однапред испланирана програма во неа да биде сместена една култна црква за чување на мошти и реликвии на маченици. Треба да се одбележи дека таа не е подигната над гроб на маченик што загинал за Христовата вера, туку за реликвии на веќе создаден култ на маченици. Поради тоа и целиот аранжман на оваа култна црква е изграден над нивото на подот со една посебно изградена платформа со ambulacrum за сместување на моштите на мачениците.

 

Целиот план на Големата црква е подреден и програмиран со цел да му се даде посебен акцент на сместувањето на Martyrium-от со моштите. Поради тоа се изведени и корекции на ѕидовите уште во основата и е програмиран план на црква што може да собере многу поклоници и ходочасници.

 

Во големата и пространа градба на црквата главниот олтар со централната сила е резервиран за монументалниот култ и е посветен на тајната на Евхаристијата. Веднаш до него, од десната страна, архитектот изградува еден монументален sacrum под балдахин, фиксиран

 

91

  

 

на средетната на коработ, што е одлика на повеќе христијански светилишта. Сите градежни елементи на култната црква се испланирани за да го задржат во центарот на една голема градба со цел да служи на еден култ со различни манифестации. [71]

 

Така оваа градба со пет апсиди им припаѓа на црквите на генералниот култ и го адаптира планот за да биде во самата црква сместен монументалниот крстовиден Martyrium. Поради тоа оваа голема црква претставува храм со посебна култна црква во нејзиниот јужен анекс изградена со цел да ги чува моштите и реликвиите на еден познат култ во градот како на епархиско седиште на Епископијата.

 

Архитектонскиот план на култната црква е карактеристичен за овој тип градби. Едикулата со моштите и реликвиите посветена на култот на мачениците, колку и да претставува автономна градба, е поставена во самото тело на црквата, за разлика од слични објекти кои само се врзани за главниот објект. [72]

 

Сѐ ова ни дава можност да го поврземе подигањето на оваа црква со изворните податоци од Житието на Петнаесетте тивериололски струмички маченици од Теофилакт, [73] кое не известува за пренесувањето на моштите на прочуените мартири во храмот изграден за нив во Епископијата на Брегалница. Поради тоа сме на мислење дека Големиот храм со Martyrium-от на месноста Кале, во нивите западно од Крупиште, ја претставува црквата посветена на култот на Струмичките маченици. Обагатување на градот со моштите на прочуените мартири, чиј култ е создаден уште од IV век, претставува посебно значење не само за областите по Брегалница, туку и пошироко, за територијата на цела Македонија.

 

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАДЕЊЕТО И ГРАДЕЖНИОТ МАТЕРИЈАЛ

 

Во денешната фаза на истраженоста на објектот, кога ни се познати само неговите источни партии, постои можност да ги изнесеме нашите забележувања во врска со техничките одлики и стилските особености на изградбата на оваа голема црковна градба. Сите откриени апсиди, освен првата до презвитериумот од северна страна, се зачувани во темели во висина на нивото на подот. Ѕидовите на стилобатите и на северниот кораб се задржани до 1,00 м над нивото на подот. Сите овие ѕидови во темелите се градени од кршен камен поврзан со хидростатен малтер, солидно, со чисти површини на профилите. Сите пет апсиди уште од темелите се градени одеднаш и нивните запци се поврзани во градењето. Северната апсида, чии ѕидови се зачувани до 1,00 м над подот, е изградена веднаш над подот со пет реда тули и тоа со појас од делкан камен во opus mixtum со посебно вертикално услојување. Овој манир се појавува на ѕидот од северниот кораб и на двата откриени стилобатни ѕидови. Големината на употребените делкани блокови од песочник и дацит зависи од местото каде се употребени во ѕидовите.

 

 

71. Babić, Les Chapelles, 10 и н.

 

72. Babić, Les Chapelles, 79, формирањето и функцијата на анексите кај главата на црквата во X век ce различни од една до друга, па и мозаиците, павиментите и ѕидното сликарство во нив. На стр. 10, 33 — разликата на литургијата во главната црква и во капелите настанала во првите векови на христијанството. Според Goar F. Ј., „Euchologion", sive rituale Grecorum, Paris 1647, 16 ed. 1960 за анексите на црквата или ораториа е определена специјална служба што ги слави нелитургиските денови.

 

73. Teofilakt, Мъченичеството, 239—269.

 

92

 

 

Иста е положбата со изборот на тули. За ѕидовите и стилобатите се подготвувани тули co поголеми димензии и со поголема дебелина, додека останалите имаат различни големини, според карактерот на ѕидот каде што се употребени. Во досега откриените ѕидови како градежен материјал се употребени сполии од постари објекти. Целата канцел преграда е изведена од мермерни блокови што им припаѓале на стари антички објекти.

 

Во сите досега откриени ѕидови како средство за врзување е употребен хидростатен малтер, фино изработен, со доста примеси на толчени тули. При изградбата на партиите на ѕидовите co тули малтерот е нанесуван во слоеви од 4,09 см, точно колку што изнесува дебелината на тулите. Ова посебно е нагласено во ѕидањето на стилобатите. Начинот на ѕидање во opus mixtum co појаси од тули во пет реда, што се менуваат наизменично co камени блокови, е карактеристичен за стилот на сакралните градби во метрополата Константинопол во времето на V—VI век и подоцна во византиската архитектура низ целата Империја. [74]

 

Големиот црковен објект на Кале, чии особености на планот можат да се согледаат уште во почетната фаза на истражувањето, претставува архаичен архитектонски објект, со посебни особености на црква со Martyrium, малку позната во ранохристијанското и средновековното градителство на Балканот.

 

Овој црковен објект, по својот генерален тип, претставува впишан крст во правоаголник, опкружен со коридори од северната, јужната и западната страна. Како најзначајно треба да се одбележи дека во самата црква е инкорпориран еден посебен архитектонски аранжман на крстовидна култна градба.

 

Оваа архаична архитектонска програма наоѓа извесни аналогии со црквата во Ќурлине кај Naissus, од Р. Ходинот и В. Кондиќ—В. Поповиќ датирана во ранохристијанскиот период a од В. Петковиќ во времето пред XII век. [75] Оваа последнава според планот определена е правилно во црквите со впишан крст во квадратно или правоаголно поле, карактеристични за Јустинијановата и постјустииијановата епоха од VII—IX век, наменети за цркви Martyrium-и. [76]

 

Објектот на Кале, со внатрешното решение добива посебен невообичаен внатрешен аранжман, бидејќи во генералниот план на црквата е програмирана посебна конструкција на крстовидна црква. Оттаму разликата во распоредот на пастофориите помеѓу нашава црква и онаа од Ќурлине, додека решението на одделување со столпци помеѓу централниот и страничните кораби е идентично кај двата објекта. [77]

 

Слична варијанта на генералниот план има решениего на црквата Martyrium во Мајарфаркин (Мартириополис) во северна Месопотамија, од VII век. [78]

 

Развојниот пат на архитектурата над гробот на маченикот и на црквите со гроб или реликвии на маченици има долга и стара традиција. Веќе од II—III век учењето на Христа е пренесувано директно и за афирмација на верата има придонесено долгата традиција, така што

 

 

74. Mango, Architectura, 11; Кораћ, Између Византије и Запада, 49.

 

75. Hoddinott, Churches, Curline, р. 195, fig. 104; Кондић—Поповић, Царичин град, 155, 156, сл. 119, Петковић, Преглед, 333, сл. 1044, цитиран М. Валтровић, Старинар VI, 1888 120—122.

 

76. Krautheimer, Architecture, 199—200; 201-214.

 

77. Hoddinott, op. cit. p. 195, fig. 104; Krautheimer, op. cit., од овој тип co куполи: fig. 82 црквата во Никеа, Коимесис од VIII век; fig. 83 во Солун Св. Софија од VIII век; fig. 91 Абоба Плиска од IX век, Kissas Hagia Sophia, 76—86.

 

78. Grabar, Martyrium I, 363, fig. 92 тип крст во крст co купола, од VII век.

 

93

 

 

следбениците убиени за Христовата вера се нарекувани маченици — мартири, што доаѓа од зборот μαρτυς што значи светител умрен за Христовата вера. [79]

 

Гробовите на овие маченици се наоѓале на гробиштата надвор од градот и биле обично одбележени со една едикула или надгробна градба, според паганските антички гробови, над кои се издигале надгробни споменици, едикули, мавзолеи, понекогаш богато украсени со скулптурирана пластика и релјефни претстави на капели ad corpus. [80]

 

Од IV век е мошне раширено верувањето дека остатоците од следбениците загинати за Христовата вера се свети, па поради тоа христијаните загинати за верата ce прогласуваат за маченици и светители. [81]

 

Археолошките откривања даваат можност да се следи развојниот пат на архитектонската форма на градбите над гробовите на мачениците, нивната трансформација во цркви или на цркви со гроб на маченик или со негови реликвии.

 

Првата архитектонска конструкција на овој вид светилишта било оформувањето на гробот, a потоа обезбедувањето на сала или просторија за изведување на обредите и извесна архитектонска конструкција што ќе ги штити и ќе ги покрива реликвиите. [82]

 

Пред Константиновата епоха, за време на прогоните на христијаните, конструкциите на овие градби се подигале под земја со оформување на едикула или гробница. Скалите за слегуване под подот Грците ги нарекувале κατάβασις или καταβάσιον скали за слегување или κρύπτη, a на Запад Martyrium или Confessio или Krypta. Така старите култни градби претставувале обично една изолирана апсида, во која мачениците се полагале под земја. [83]

 

Како пример за почетоците на развојниот пат на архитектурата над гробот на маченикот служи Martyrium-от на Св. Јован во Ефез. Toj од примитивен споменик со цибориум на четири столба, сукцесивно, со додавање на страничните крила и обновата во Јустинијановата епоха, станува голема црква со хомогена и монументална конструкција за потребите на еден генерален култ. [84]

 

Овој развоен пат го следат повеќе споменици како Antioch-Kaoussie, крстовидна градба од крајот на IV век, потоа Св. Апостоли во Константинопол, основана од Константин и обновена од Јустинијан во VI век. Култот што го слави не е ограничен на апостолите, бидејќи светилиштето се смета за една од главните цркви на генералниот култ во византиската престолнина. [85]

 

Зголемени, приспособени и уредени за потребите на еден општ култ, во текот на V—VI век, овој тип комеморативни споменици се претвораат

 

 

79. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932, col. 2359—2512; Grabar, Martyrium I, 28: Duval, Loca Sanctorium, II, Истражувањата и студиите на епиграфскиот материјал од Северна Африка претставуваат голем придонес за проучувањето и извор за првите градби над гробовите на мачениците и изградбата на базиликите ad corpus. За последново види: Grabar, Martyrium I, помеѓу 434 и 439.

 

80. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932, col. 2432; Duval, op. cit. 460—461 и н.

 

81. Grabar, Martyrium I, 357 и н.; Duval, op. cit. ...

 

82. Grabar, Martyrium I, 357 и н.; Duval, Loca Sanctorum, II, 582—585, 584. Според податоците од споменот во епиграфските споменици во Северна Африка. Споменати ce градби: basilica, memoria, sedes, ecclesia.

 

83. Orlandos, Basilike, 454—468.

 

84. Grabar, Martyrium I, 359—360; Krautheimer, Architecture, 81, fig. 26 od c. 150 god. и fig. 67 od 565 cod.

 

85. Grabar, Martyrium I, 361.

 

94

 

 

во цркви продолжувајќи да го чуваат во својот центар гробот на маченикот. [86]

 

Овој тип комеморативни споменици го имаат задржано цркви со различни планови од VI—VII и подоцна од IX—XI век. [87] Еволуцијата на црквата може да се следи во споменикот Каалат Семан, што претставува црква на Евхаристијата и на маченикот и почетно јадро на споменик во кој ce слават реликвиите на светецот, a не целиот негов гроб. Така, во Грција и во нејзините провинции почнуваат да се подигаат цркви во кои во централниот дел на светилиштето се поставуваат реликвии од маченици загинати за Христовата вера прогласени за светители, што продолжува и подоцна во средниот век. [88]

 

Во сите византиски и словенски земји во средниот век типот на градби со впишан крст е многу омилен и претпочитан како црква за сите определби. За повеќето цркви на Балканот, што претставуваат архаични градби, А. Грабар има изнесено мислење дека претставуваат реминисценција на типот на впишан крст, наведувајќи ги Нерези од 1164 година и Св. Јован во Месемврија од XIII век. Ова го објаснува со побавната еволуција на уметноста во провинциите кои ги преземаат достигањата на развојот на црквите во престолнината. [89]

 

Што ce однесува до развојниот пат и потеклото на типот цркви со впишан крст, постојат две различни мислења. Ј. Strzygowski и голем број негови истомисленици, развојниот пат на овој тип цркви го бараат во Сирија и на исток, во Персија, како можен модел меѓу персиските храмови на огнот. [90]

 

А. Грабар укажува дека архитектите во провинциите овој тип градби во христијанската уметност го употребуваат ограничено. Toj тврди дека појавата на истиот тип во средновековните градби е инспирирана од византиската уметност, па не го исклучува директното влијание на градбата на Martyrium-от во јужна Италија и Сирија, наведувајќи ги примерите на црквите Св. Апостоли во Гераса, Св. Елија во Езра и црквата во Латран.

 

Понатаму, разгледувајќи ги спомениците од овој тип во провинциите, смета дека тие нудат формула на еден план што еволуира во својот развоен пат, па заклучува дека овие христијански споменици не се на Сирија, ниту на Месопотамија или на Египет, туку на оддалечените грчки провинции на Византија. [91]

 

Архитектонската форма на спомениците и нивното просторно решение уште во ранохристијанските објекти се предодредени за функција на литургијата на една црква. Компаративните студии на повеќе споменици укажуваат на тоа колкаво влијание имале литургиските потреби врз формирањето на различни типови култни градби за време на првите векови од развојот на византиската архитектура и во колкава мера литургијата придонела за трансформацијата на религиозните градби.

 

Црквата поставена во синаксот на христијанската Евхаристија во IV век има три принципиелни дела по нејзината оска И—З. Тоа се олтарот, наосот и нартексот или атриумот, наменети за клирот, верниците и катехумените. Секој од овие делови има свој посебен карактер.

 

 

86. Sotiriou, Agiu Dimitriu, 1952; Marki, St. Demetrius, Thessaloniki and its Monumente, 48—59; црквата Св. Димитрија во Солун подигната над гробот на маченикот со посебна крипта во апсидалниот простор. Коцо-Миљковић Пепек, Резултати, 93—96. Над гробовите на Петнаесетте тивериополски маченици во Струмица е подигната црква во слава на нивниот култ.

 

87. Grabar Martyrium I, 369—379.

 

88. Grabar Martyrium I 364—365 и н.

 

89. Grabar, Martyrium I, 369—371.

 

90. Strzygowski, Baukunst, 70—71 и н.

 

91. Grabar Martyrium I 371—372 и н.

 

95

 

 

Ваквата основа на црквата имала анекси на источната или западната страна. Нивната функција е различна, како што се различни и нивниот план и поставеноста. Тие се употребуваат како баптистериуми, мавзолеи и Martyrium-и, понекогаш како skeuphylakioni, ѓаконикони и протезиси. Нивната функција се менува во текот на развојот на литургијата, во текот на првите векови. [92]

 

Во ранохристијанските цркви еден анекс можел да биде предназначен за различна намена. Анексите на зглавјето на црквите имаат посебен влез и помалу се издигнати од црквата, меѓутоа, тие се инкорпорирани во планот на црквата и се чини дека се дел од светилиштето и за нив не се зборува како за вистински анекси. Како дел од светилиштето, тие му служат на клирот за време на богослужвнието.

 

Определувањето на функцијата на анексите покрај зглавјето на црквата, кога четири сали засводени со мали апсиди се распоредени отстрана покрај олтарот, на една црква со пет кораба, може да се одреди според археолошките податоци и студиите на иконографската програма. [93]

 

Според Euchologijata на Ј. Goar (1647), што се однесува на ракописите од VIII—IX век, литургијата определена за анексите се изведувала во страничната црква paracclesion или во оратории. Можеле да се слават две литургии во ист ден, едната во црквата анекс (iunctas ecclesiae), прилепена до главната црква, што значи во една од нејзините paracclesia, или пак во оратории (oratoria) определени за специјална служба. [94]

 

Во грчките цркви било резервирано едно важно место за комеморативната служба, предназначена за светителите, за мачениците или за нивните реликвии, како и за донаторите и за основачите на црквата. Посебни служби за нив се определени уште во IV—V век во сите христијански цркви околу целиот Медитеран, a ги наоѓаме и во Византија за време на целиот среден век. [95]

 

Во текот на IX—X век култот на мартирите и на нивните реликвии во Консатнтинопол е силно распространет. Археолошките откривања укажуваат дека култот на реликвиите е исто така раширен и во оддалечените провинции на Византија. Реликвиите се транспортирани од едно светилиште во друго, a околу нив се подигнати специјални градби. Тие се славени не само од свештеничкиот клир, туку и службено.

 

Најомилен и многу почитувач култ, што се раширил во византиската престолнина, бил култот посветен на Богородица. Чудата на Богородица се изведувале co реликвиите или co иконите и околу објектите, во кои тие биле сместени, брзо се развиле различни активности во врска со култот. [96] Прочуен култ бил на Четириесетте мартири од Севастија што се проширил од Ерменија во самата престолнина и низ целата Империја. Така, храмови посветени на овие светители наоѓаме на Балканот па се до Бреша во Италија. [97]

 

Во византиската градителска уметност е познато дека со ширење на култот на реликвиите, тие често се внесувани во црквите и за нив се изградувани посебни градби во склопот на самата црква или крај неа. Така, императорот Јустин II и Софија (565—578) за реликвиите на Богародица подигннале еден σορός-капела, покрај црквата на Халкопратеа.

 

 

92. Babić, Les Chapelles, 7, 76.

 

93. Babić, Les Chapelles, 8; Mathews, Architecture, 155.

 

94. Babić, Les Chapelles, 9, 10, 16 и н.

 

95. Babić, Les Chapelles, 10 и н.

 

96. Duval. Loca Sanctorum, 751; Babić, Les Chapelles, 36—37.

 

97. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932, col. 2438. S. Guadance, Seren. XVII, P. L t. XX, col. 965; Leclercq, DACL, Quarante Martyrs de Sébast, t. 14, 1948, col. 2003 —2004; 2005—2006.

 

96

 

 

Како инспирација за тоа послужила една едикула подигната од Леон I (457—474), покрај еден друг манастир кај Влахерна. [98]

 

Врз основа на литературните извори, Аркадиј (395—408), син на Теодосиј I, ги поставил двете реликвии на Богородица во ковчег каде што биле затворени до епохата на Леон VI (886—912). [99] Ова го одбележуваме пoсебно за да го разбереме големото интересирање за реликвиите на мачениците во самата престолнина на Византија, што се пренесува и во провинциите и на Балканот.

 

Во оддалечените провинции на Грција и на Балканскиот Полуостров имало многу христијани загинати во текот на прогоните што биле подоцна прогласени за маченици и светители. Култот што е создаден во градот, во кој тие загинале, придонел да се подигнат репрезентативни култни цркви над нивните гробови, што придонесувале за славата не само на црквата, туку и на самиот град. [100] Така е изградена црквата над гробот на св. Димитрија и над гробовите на Петнаесетте мартири од Струмица. [101] Вакви култни градби на Балканот има многу, меѓутоа на мал број маченици се познати имињата над чиј гроб се подигнати.

 

Сѐ ова има големо и пресудно влијание во почетоците на организирањето на првата самостојна црква на Словените во Македонија која се создава врз темелите на старата византиска црковна организација. Оттаму и организираното пренесување на моштите и реликвиите на Петнаесетте мартири од Струмица во Епископијата на Брегалница, со што е јасно изразена желбата да се обогати Епископијата со прочуениот култ создаден уште во IV век на почвата на Македонија.

 

При набројувањето на црквите — Martyrium-и во престолнината, според податоците од Синаксаресот — конзерваторот на црквите во Константинопол, А. Грабар одбележува дека во новата црква со ковчег, што е посветена во IX век на Брегалница во Македонија, телата на Петнаесетте мартири од Тивериопол се закопани деано од наосот. [102]

 

Откриените остатоци од Големата црква на Кале кај Кругтиште укажуваат дека храмот е одново граден. Црквата е од типот на впишан крст во правоаголник со инкорпорирана крстовидна култна црква — Martyrium, од нејзината десна страна крај наосот. Целиот источен комплекс на објектот е изграден истовремено. Негова најблиска аналогија, според планот, е црквата во Ќурлине кај Naissus, која не е истражувана. [103] Многу значајно е што еден идентичен план на црква се јавува источно од Вардар и источно од Морава. Тоа може да има извесна основа во врска со традицијата, влијанијата и времето на подигањето на двата храма. Развојниот пат на овој тип крстовидни градби е од источно потекло, на што укажува црквата во Мјарфаркин во северна Месопотамија изградена во град посветен на мартирите.

 

Во изградбата на Големиот храм на Брегалница се употребени сполии од антички и ранохристијански објекти, како и антички надгробни споменици од некрополите околу градот. Градежните камени блокови, градежната керамика и архитектонската пластика, секундарно

 

 

98. Babić, Les Chapelles, 37.

 

99. Ibid. 37 и н.

 

100. Grabar, Martyrium I, 436—457.

 

101. Supra бел. 86.

 

102. Grabar, Martyrium I, 344. not. 4, објаснувајки го развојот и сместувањето на Martyriumite во една од апсидите покрај наосот на црквата, според Migne, P. G. 126. col. 208 одбележува: Bo новата црква со ковчег посветена во IX век на Брегалница во Македонија, телата на Петнаесетте мартири од Тивериопол ce погребани — ἐν τῶ δεξίω μέρει τοῦ . . . ναοῦ.

 

103. Hoddinott, Churches, 195, fig. 104; за цркви од овој тип види supra бел. 77.

 

97

 

 

употребена во внатрешното уредување на црквата, се одбележени со многу знаци, графити, крстови и со глаголски и кирилски букви. На ист начин се сигнирани и мермерните плочи од внатрешниот аранжман на култната црква — Martyrium, како и колоните што го носеле балдахинот над него. Над подот на канцелот во 1987 година е откриена монета на Леон VI (886—912). [104]

 

Комплетната археолошка евиденција и градежните карактеристики на објектот, со сите досега откриени наоди на декоративна пластика, даваат можност овој споменик да го датираме во средината на IX и на почетокот на X век. Toj е изграден за време на покрстувањето на Словените на Брегалница. Податоците што ги дава Теофилакт во Житието на Петнаесетте тивериополски мартири од Струмица [105] се совпаѓаат со архитектонските остатоци на откриениот храм, поради што сме на мислење дека Големата црква во нивите на Крупиште го претставува храмот каде што се пренесени на два пати моштите на Струмичките маченици од Струмица во Епископијата на Брегалница.

 

 

АРХИТЕКТОНСКА ДЕКОРАТИВНА ПЛАСТИКА ОТКРИЕНА ВО ЦРКВАТА

 

Градежниот материјал и голем број архитектонска пластика, што му припаѓале на овој објект, е разнесена за градење на селските куќи. Во досега истражените источни партии на објектот е останат голем број архитектонска пластика што припаѓала на внатрешното уредување на црквата. Дел од откриените примероци претставуваат сполии од постари антички и ранохристијански објекти овде секундарно употребени.

 

Во изградбата на црквата се употребени исто така голем број антички надгробни споменици, бази, плочи, капители и големи камени блокови претежно од бел мермер и во помал број од песочник. Ова укажува дека при изградба на овој голем и репрезентативен храм се користени и градежни материјали од разурнатите стари доцноантички градби во градот на Брегалница.

 

Најзначаен наод од досега откриената архитектонска пластика претставуваат фрагментираните мермерни колони од аранжманот на ѕаcrum во Martyrium-от. Во долната зона на една од овие колони се наоѓаат многу врежани крстови и словенски кирилски букви и знаци, изрежани со остер предмет без никаков ред. Во средината на колоната пластично е изрежана голема буква М.

 

В. Григорович, истражувајќи го регионот на Брегалница во 1845 година, барал да ги открие „комени их столбов" на Струмичките маченици, [106] меѓутоа, до нивно откривање дојде со нашите археолошки истражувања во текот на 1986—87 година.

 

Значаен наод претставува и големиот мермерен блок од мензата во северната пастофорија на чија предна страна пајажинесто се изрежани две животински претстави како пијат вода од изворот. Тоа е мошке честа еклезијастичка сцена уште од ранохристијанскиот и низ целиот среден век на камените споменици и на подните мозаици на целиот Балкански Полуостров и во земјите на Медитеранот. И овој споменик има многу знаци и букви изрежани отстрана на грубата површина. Начинот на кои цртежите се изведени укажува на времето од раниот словенски период.

 

 

104. Grierson, Byzantine Coins, Тур Leo VI, Class III, № 820. Constantinople (886 — 912), според нумизматичарот J. Кондијанов.

 

105. Теофилакт, Мъченичеството, 264.

 

106. Vukanović, Martyrs, 45, not. 2.

 

98

 

 

Од повеќето импост капители, искршени или оштетени, треба да се одбележи капителот од бифората на централната апсида. Овој мермерен капител е украсен со медалјон во кој е предаден Христовиот монограм со сигма знаци. Помеѓу краците се наоѓа орнамент од врежани лисја со остри врвови слични на лист од бршлен. Toj овде секундарно е употребен, a бездруго припаѓал на еден постар ранохристијански споменик. Овој капител исто така носи од едната страна многу цртежи, графити и знаци со што е обележана неговата употреба во словенскиот период.

 

Подовите во црквата биле послани со бели и сиви мермерни плочки во посебни аранжмани во opus sectile. Нивните траги се откриени во сите досега истражени партии на објектот. Мермерните плочки откриени во конструкцијата на sacrum-от во Martyrium-от сите од ред имаат многу врежани знаци и глаголски букви. Еден дел од овие плочи припаѓаат на супструкцијата на овој архитектонски аранжман, a еден дел на поплочувањето на ambulacrum-от.

 

Градежните камени блокови, откриени во зачуваните ѕидови на апсидите, имаат исто така многу цртежи и поголеми изрежани загадочни знаци. Вакви обележувања наоѓаме и на обработените камени блокови однесени од овој објект и вградени во селските куќи и плевни. Со понатамошната планирана систематска евиденција и документација на архитектонската пластика и градежните камени блокови од објектот што носат обележувања со знаци таа ќе се надополни со податоци значајни за изградбата на овој црковен објект.

 

 

ГРАДЕЖНИ ТУЛИ

 

Градежните тули за овој објект со големи димензии се посебно приготвени. Изработени се од пречистена глина, добро печени и со правилни форми. Тие имаат различни димензии во зависност од нивната намена и местото на употреба. Овој керамичен материјал е одбележен со многу знаци. Во поголем број тие носат стандардни цртежи извлечени со прсти во меката глина пред печењето. Ова е одлика на керамичкиот градежен материјал на сите доцноантички и византиски градби од црковен и профан карактер, a што продолжува во градителството и во словенскиот период на Балканот.

 

На голем број градежни тули од ранохристијанските црковни објекти во Македонија наоѓаме втиснати печати со крстови, медалјони со Христовиот монограм, цртежи на птици, животни, човечки претстави и цртежи на црковни планови. [107]

 

На одбележувањето на градежните тули од црковните градби од словенскиот период досега не се има посветено посебно внимание. Откривањето на бројните остатоци од градежни тули во истражениот комплекс во Баргала и малиот број сочувани тули од црквите кај Крупиште ќе укажат на потребата за евиденција и документација на овој археолошки материјал така значаен за градителството на Словените на Балканот. [108]

 

 

107. Градежните тули од Епископската базилика во Стоби имаат печати на крстови во круг, додека тулите од подовите во Северната базилика имаат стандардни орнаменти изведени со прсти во меката глина пред печење. На еден примерок од оваа црква се наоѓа претстава на орантес. Градежните тули од Епископската базилика во Баргала имаат многу цртежи на птици, пауни, животни, a една од тулите под арка со кандило има грчки натпис. На тулите од Македонска Каменица има печати и крстови и цртеж на црквена градба. Во Охрид на една градежна тула од црквата Св. Софија и од поликонхалната црква се наоѓаат цртежи на црковните објекти. На тули во крстовидната црква на Кале се откриени печати на Христовиот монограм слични како во црквата Св. Димитрија во Солун.

 

108. На евиденција, систематизација и обработка на овој археолошки материјал работи Л. Велковска.

 

99

 

 

Тоа што треба да се истакне овде е дека градежните тули употребени во изградбата на оваа голема црква, покрај стандардното обележување, носат посебно одбележување. На голем број фрагментирани примероци наоѓаме пластично врежани букви и знаци пред печењето на тулите. На сите нив доминира буквата М. Меѓутоа, на голем број примероци наоѓаме по печењето над целата површина на тулата врежани со остер предмет многу знаци, крстови и кирилски букви. На градежните тули како и на камените блокови со ова одбележување се дава словенски печат.

 

 

ГРАДОТ KAJ КРУПИШТЕ НИЗ АРХЕОЛОШКИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Сo ограничените археолошки ископувања и истражувања во Крупиште досега се откриени во месноста Кале траги од еден антички град со тврдина расположен во рамното Овче Поле. Оваа античка населба се развила на просторот каде што била расположена една бронзанодолска населба, на што укажуваат остатоците од населбинската керамика откриени на северниот дел на селото во месноста Кале.

 

Извесни траги од ѕидови што му припаѓале на утврдениот град се констатирани во месноста Кале. Меѓутоа, истражувања на старата античка тврдина и на нејзините подоцнежни проширувања треба понатаму да се преземат, бидејќи трагите од многуте подоцнежни средновековни градби укажуваат дека градот претрпел големи промени.

 

Археолошката евиденција укажува дека на патот од Стоби по Брегалница и понатаму кон Сердика постоеле многу населени места, фортификации од различен одбранбен карактер и повеќе утврдени градски населби. Един од тие утврдени градови се наоѓал расположен во рамното Овче Поле недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница. Според трагите на досегашните откриени остатоци од материјалната култура на овој простор, земајќи ги предвид податоците што ни ги дава Табулата, на мислење сме дека овде бил расположен градот Астибо на истоимената река Астибос.

 

Археолошката евиденција и новите археолошки откривања укажуваат дека во јурисдикционите области на архиепископијата Prima Iustiniana се одвива жива градежна активност од сакрален карактер. Во Стоби, главниот град на провинцијата Macedonia Secunda, констатирани се големи преуредувања во Базиликата на епископот Филип. На Брегалница треба да се одбележи дека во старата Епископска црква во Баргала е изведено големо ремоделирање. За нејзините луксузни аранжмани во баптистериумот се донесени проконезијански мермери за капителите.

 

Во многу населени места по средниот тек на Брегалница и во градот, недалеку од Крупиште, во месноста Кале и по течението на Злетовка и од јужната страна по течението на Козјачка Река, подигнати се или обновени многу црковни градби. Меѓутоа, освен старата Епископска базилика во Баргала, сите досега откриени цркви од раниот христијански период на оваа територија претставуваат култни цркви Магtyrium-и. Тие носат посебни белези и карактеристики како по плановите, така и по архитектонските особености. Тие, главно, се крстовидни црковии градби од типот на впишан крст во квадрат или правоаголник или од типот на слободен крст. A тоа се карактеристиките на црковни градби од Јустинијановата епоха и од времето од 600—850 година. [109]

 

 

109. Krautheimer, Architecture, 201—202 и н.

 

100

 

 

Треба да се одбележи дека во градот кај Крупиште, во месноста Кале, ниту во негова непосредна близина, до денес не е откриена ранохристијанска црковна градба која би можела да претставува епископски храм. Поради тоа сме на мислење дека култните цркви на Епископијата во Баргала се распоредени во нејзиното подножје и од спротивната страна на Брегалница. Каков е случајот со големите ранохристијански центри во Тесалоника, Стоби, Салона и други доцноантички градови?

 

По долгогодишната анархија во Византија, предизвикана со аваро-словенските инвазии, доаѓа до населување на Словените на Балкансккот Полуостров. Во непосреден контакт со заостанатото византиско население, како и со преземените експедиции и мисии за покрстување од страна на Константинопол и Рим, доаѓа до брзо примање на христијанството од страна на Словените. Со формирањето, пак, на првите словенски државни јадра на Балканот, во 864 година доаѓа и до официјално примање на христијанството од страна на Словените.

 

Со покрстувањето започнува и обновата на ранохристијанските разурнати храмови во долгогодишните борби и изградба на нови црковии градби во градовите и населените места. Богатите историски и литературни извори сврзани за областите по Брегалница, даваат многу важни податоци за почетоците на покрстувањето на Словените, за создавањето на првата словенска азбука и за почетоците на создавањето на првата словенска црковна организација.

 

Археолошката евиденција на новите откривања по средниот тек на Брегалница, во градот Баргала кај Горен Козјак и во рамниот град кај Крупиште во Овче Поле, ги надополнуват и ги потврдуваат тие известувања.

 

Недалеку од Крупиште, во месноста Кале, подигнат е и изграден голем град со пространа тврдина, чиј план е од типот на доцноантички castrum со функција и на civitas. Градот зафаќал голем простор во месноста Кале се до благите ридови на Голем и Мал Цапар на исток, на запад до Балвански Рид, на југ до Брегалница. Со понатамошни истражувања треба да се утврди дали средновековниот град следи дел од дуктусот на старата античка тврдина на овој простор.

 

Во градот, по Брегалница и крај Злетовка се откриени обновени стари христијански храмови, одбележени со карактеристичните загадочни знаци, крстови, и словенски букви. Овој палеографски споменичен фонд е многуброен. Ова укажува дека овде се започнало со првото организирано покрстување на Словените и во градот во рамното Овче Поле се ставени почетоците и темелите на првата словенска писменост.

 

Подоцна, во овој простран град се градат многу јавни и приватни градби со траги од богато и луксузно внатрешно уредување со пластика од бел мермер. Во градот се гради одново голем катедрален храм во кој се пренесуваат моштите на Петнаесетте тивериополски мартири од Струмица во Епископијата на Брегалница.

 

Катедралниот храм со култната црква Martyrium за сместување на моштите на мартирите е откриен во месноста Кале, во рамното поле западно од Крупиште. Катедралната црква е од типот на впишан крст во правоаголник со широки коридори од страни. Меморијалниот храм е, исто така, крстовиден со посебна конструкција покриена со балдахин над четири мермерни столба. Храмот и меморијалната црква носат печат на словенско обележување, што потврдува дека на Брегалница е откриена црквата за која не известува Житието на Петнаесетте тивериополски маченици од Теофилакт. [110]

 

 

110. Теофилакт, Мъченичеството, 239—269.

 

101

 

 

Изградбата на големиот град на Брегалница и основањето на првата словенска епископија во него не е случајно. Стариот ранохристијански епископски центар во Баргала, со многу изградени цркви во јурисдикционите области по Брегалница, имал мошне важна улога во брзото покрстување на Словените во овие области. Поради тоа, и културно-просветната мисија на Константии Филозоф се одвива во градот Равен на Брегалница во кој подоцна е организирана првата самостојна словенска црковна организација — Епископијата на Брегалница.

 

Од последната година на владеењето на Стефан Душан, 1335 година, се зачувани неколку повелби, во кои за прв пат се споменува Крупиште во Овче Поле, каде што е одржан Српскиот државен собор на втори мај, кога е издадена повелба на манастирот Хиландар. [111]

 

Соборот во Крупиште е споменат и во Повелбата на Стефан Душан од 17 мај, кога е потврден метохот на Св. Петар Коришки и повелбата издадена во 1344 година во Крупиште, во која царот ги потврдува имотите на манастирот Св. Никола од Дебрушта. Се претполага дека и оваа повелба била издадена во 1355 година.

 

Во овој случај, одбележува Н. Радојчиќ, Соборот вршел функција најблиска до судската, што не е често во повеќето српски државни собори. Инаку соборите за време на владеењето на Стефан Душан се споменуваат како законодавни и судски цареви работи. [112]

 

Соборите му давале посебен надворешен сјај на неговото владеење, a не ја ограничувале неговата моќ. Вакви големи и сјајни прстставнички тела, какви што биле српските државни собори за време на владеењето на Стефан Душан, преку својот надворешен сјај ја претставувале и внатрешната моќ, неговото богатство, углед и сила. Ваквите сјајни претставништва биле свикувани во прв ред поради величината на владетелот и неговата моќ.

 

Во издадената повелба на овој Собор за прв пат за градот расположен недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница го среќаваме името Крупиште. [113] Тоа значи, како што веќе нагласивме, дека Соборот е одржан во еден голем град, достоен да го прими владетелот со патријархот Сава и највидните духовни и световни српски и грчки претставници. Стефан Душан не го одржал овој величествен собор во Призрен, во кој ја подигнал својата задужбина, ниту пак во Скопје, престолнината на државата. Што е тоа што го натерало царот во своја полна владетелска моќ да го одбере Крупиште во Овче Поле за место на одржувањето на вака значајниот државен собор.

 

Досега изнесените резултати од археолошките истражувања кај Крупиште укажуваат дека на овој простор се наоѓала голема средновековна населба од градски карактер со многу црковни и јавни градби. Овие откривања ги потврдуваат и ги надополнуваат богатите литературни извори врзани за овој град и пошироко за областите по Брегалница. Како што повеќепати досега одбележавме, градот на Брегалница, недалеку од Крупиште, во месноста позната под името Кале, претставувал мошне значајно стратегиско и стопанско средиште во средновековната српска држава, бидејќи се наоѓал на еден од најзначајните

 

 

111. Радојчић, Сабори, 141—145; Славева—Мошин, Грамоти, 67, 68, 82, 86, 88, 199.

 

112. Радојчић, Сабори, 141.

 

113. Jiriček, Geschichte I, 411; Радојчић, Сабори, 141; Славева-Мошин, Грамоти Крупишта — 67, 68, 82, 84, 86, 88, 199, 202, 214.

 

102

 

 

крстопати на Балканот. Toj ce наоѓал во соседство на една од метрополите на Византија, на апостолскиот град Солун.

 

Градот со своите многубројни величествени христијански храмови и репрезентативни профани градби давал можност за сместување на голем број видни духовни и световни претставници на чело со царот и патријархот.

 

Како најзначајно, градот имал своја мисионерска традиција, со тоа што Константин Филозоф ги поставил темелите и основите на писменоста и на христијанизацијата на Словените на Брегалница, a тоа значи во Македонија и на Балканот.

 

Тоа е градот во кој била основана првата словенска епископија на Брегалница, со катедрална дрква со култна градба Martyrium посветен на Петнаесетге мартири од Струмица, седиште на првата организирана словенска црква во Македонија. Тоа е градот што станал центар и за ходочастие на целото христијанско население на Балканот.

 

Треба да ce одбележи дека тоа е Епископската епархија која, на чело со Климент, станала основа за словенизирање на црквата, на просветата и на културата во Македонија и во соседните земји. Мислам дека токму ова е пресудно за изборот на овој град за одржување на Државниот собор во 1355 година од страна на Стефан Душан.

 

Овој град со репрезентативните црковни и профани објекти придонесол владетелот да го покаже сјајот и богатството на својата земја пред домашните и грчките претставници. Од друга страна, богатата словенска црковна и просветна дејност, што се развивала во минатите векови во него, требало да ја потенцира старата словенска традиција на градот пред грчките пратеници и да укаже на едно силно културно и просветно словенско жариште кое отсекогаш, па и во времето на одржувањето на Соборот, претставувало главен отпор на византиската политика. Со изборот на Крупиште во Овче Поле за одржување на Соборот Стефан Душан ја враќа славата на овој епископски град и на свечен и јавен начин го потврдува значењето на овој црковен центар за словенското христијанско население на Балканот.

 

Кога е разурнат и како настрадал овој град на Брегалница не е познато. Во еден пописен дефтер од 1573 година се споменува село Крупиште. [114] Постои можност да настрадал во еден од земјотресите, бидејќи се наоѓа на трусно подрачје. [115] На ова не упатуваат повеќе траги при откривањето на архитектонските објекти што укажуваат на последици од земјотреси. Во самото село Крупиште постоеле термални топли извори кои обезбедувале функционирaње на старата античка бања. По нивното пресушување објектот на термите е урнат. Во 1986 година извори со минерални топли води се имаат појавено на источната страна во подножјето на Голем и Мал Цалар. По доаѓањето на

 

 

114. Соколоски, Штип и штипско. 125, 146. Пописниот дефтер бр. 85 од 1573 година се чува во Катастарската управа во Анкара, во кој се споменува селото Крупиште со 77 христијански семејства и 1 муслиманско. Цитирано според Расолкоска-Николовска, Св. Никола, 132, бел. 8.

 

115. Shebalin i drugi, Catalogue of Earthqukes, II, Sheet 10. После земјотресот во 1353—54 година со епицентар на грчкото и тракиското подрачје продолжуваат земјотреси во 1366, 1380 и 1383 година во егејскиот регион и потоа многу земјотреси на Балканскиот Полуостров, Sheet 11—16, cѐ до 1573 година кога Крупиште ce споменува како село. Постои можност со еден од многуте земјотреси, чии епицентри ce наоѓаат во различни делови на Балканот, да бил разрушен и Големиот град кај Крупиште, За можноста да ги користам податоците од Каталогот на земјотресите во регионот на Балканот му благодарам на Проф. Др. Д. Јуруковски Мр. М. Симова и ...

 

103

 

 

Турците во Крупиште се споменуваат повеќе имиња на бегови, чии имоти се наоѓале во рамното Овче Поле. [116]

 

Интензивирањето на археолошките истражувања и ископувања ќе дадат податоци и за ова мошне значајно прашање — за престанувањето на животот на големиот град кај Крупиште кој има посебно значење за историјата на самобитноста на македонскиот народ и за развојниот пат и организирањето на самостојната словенска црква во Македонија и на Балканот.

 

Монета на Лав VI (886—912).

 

 

116. Според исказите на Донка Арсова и Анание Коичев од Крупиште познати се неколку имиња на бегови во чиј посед било селото и неговата околина. Тоа се: Дурак бег, Муста бег и Аварат бег.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]